Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ајде бе сонце,каде сиииииииииииииииииииии....Каде е моето сонце ?!?
    Значи времево колку ме прави депресивна и јас самата се чудам.Ми идат некои мисли во главата,плачам,се досадувам.Ах,ајде нека се стопли,сакам сонце,сакам да одам на стадион,да испаѓам преку ден.
    ГО МРАЗАМ,ГО МРАЗАМ,ГО МРАЗАМ,ГО МРАЗАМ ВРЕМЕВО ГЛУПО!!!!! :@ :@
    Никој нема појма колку го мразам ова време и зошто го мразам.
    Подосадни,подепресивни денови мислам дека никогаш нема да имам.Освен во мај,јуни ама од сосем трета причина.

    Да не замарам јас многу тука,ќе одам да позамарам во што би му кажале...
    Вие имајте убав ден :*
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    http://www.youtube.com/watch?v=4sHGVophyO4
    http://www.youtube.com/watch?v=Ghe070-U8EQ
    Си готвиш тестенина со свежи печурки и зачинки и си го чекаш... Ооооооо ... саботааааа...убава! Уште да не се посипев со кафе,два пати. Оооо како ќе се гушкааааааам. Еве,вака,вака,вака. Смислотија на постоењето,ич не удобна зошто сме тро рогати суштествија кои си суштинствуваат многу различно, но со иста љубов голема. Ме плашат разликите во секоја смисла. Еве на пример ми рече,ако ја запалиш кујната дур дојдам (пф,поим нема шо готвачка сум јас бре!),не се грижи,јас ќе ја поправам! МаШ!

    Ни пмс не осетив месецов! Ете ти! Убоости!
     
    На bittersweet и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    387
    Сакам и морам да кажам дека најубавото нешто пред и во тек на колоквиумска е кога ќе си легнеш, не можеш да заспиеш и со саати размислуваш ШТО СЕ ќе направиш кога ќе ти заврши последниот колоквиум! :rock:
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.708
    Допаѓања:
    6.642
    Ммммм,девојки посакајте ми среќа за вечер.. незнам, уште од сега ми трепери срцево а и ко што не сум го видела цела недела, не да сум нестрплива сега, ма одвај чекам. :$
    Иако не требаше да го прифатам предлогот да одам кај него.. бидна работата,ама знам дека нема да отидам предалеку, а и него го познавам.. не е таков. Иако не му верувам целосно, сепак ќе го земам ризикот и тотално ќе се препуштам.. па што сака нека биде.

    http://www.youtube.com/watch?v=bMp-AgGh ... re=related

    А песнава.. доволно си зборува самата за себе. :angel:
     
    На baguf4e, srcekrsacka и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Читајте и гледајте каде живееме...


    Денес умре татко ми. Умре во болница, пред да го однесат на операција. Умре, затоа што не доби одреден лек, кој ќе му помогнеше да остане жив. Ми рекоа јас да го набавам

    Не го набавив.

    Немав пари да го набавам.

    Земјоделец сум.

    И лани и оваа година не продадов ништо.

    Малку, колку за леб.

    Од ветените субвенции, не добив ни денар.

    Некои велат дека добиле.

    Јас не добив.

    Не знам зошто ама сигурно има зошто, не се сомневам во тоа.

    Дома едвај врзуваме крај со крај.

    Да ги дадев сите пари кои ги заработев минатите две години, пак ќе немав пари за лекот.

    Татко ми умре, затоа што после 40 години работа, здравството немаше пари за неговиот лек.

    Ама, не е битно.

    Седам на кејот на Вардар, под едни палми.

    Немам пари за јадење и пиење, па си седам на ѕидот од кејот.

    Гладен и жеден.

    Ама ако, навикнат сум, не ми е прв пат.

    Позади мене тивка музика, некои спокојни луге си седат по масите и си уживаат на сонцето.

    Пред мене, отаде Вардар, се градат едно чудо нови споменици на плоштадот.

    Околу мене, саде убавини, како оние сликите што ги гледав на вести, додека имавме струја дома.

    И добро што немаме, дека ако гледав вести, ќе се нервирав како лажат оние дека не ни чинела Владата.

    Како не им е срам, комунистички шпиони и предавници, кога Владата толку многу направи за сите нас.

    Еве, на пример, уведе реформи во земјоделието.

    Сега за сега, не се многу видливи, ама Владата не лаже, таа остварува.

    Потоа, уведе реформи и во здравството.

    Е добро сега, пред малку умре татко ми, ама кој ми е мене крив кога немав пари да му купам лек.

    Владата ?!?

    Неее !!!

    Владата нема време да се бави со глупости, како што е животот на татко ми.

    И со лекови.

    Таа остварува.

    Па потоа, не се сеќавам баш што беше тоа другото што ни го оствари, ама работат луѓето, цело време.

    Градат.

    Споменици, спортски објекти и останати работи, неопходни за човек да се чувствува среќен.

    Ајде веќе нека почне тој митингот пред Влада, пошто ова личи како да ќе заврне.

    Нема да се вратам дома во селото со автобусите што ни ги организира Владата.

    Морам да останам до утре и да најдам начин го пренесам татко ми до гробиштата во селото.

    Белким ќе ми стасаат овие 500 денари што на сите ни ги дадоа од Владата, за да дојдеме на митингот.

    Еееј, по 500 денари одвоиле луѓето за секој од нас, па малку ли е тоа ?

    Вечерва ќе се снајдам, не е страшно, ќе преспијам на некој картон, во паркот.

    Само да не врне цела ноќ.

    А и да врне, нема врска, ништо нема да ме спречи да и помогнам на Владата да остане на власт.

    И да продолжи да остварува.

    И да ни помага како и до сега да се чувствуваме среќни, задоволни, горди и слободни.

    Слободни од стегите на Европа, курвата вавилонска.

    Него, ај полека да го фатам патот накај Влада, гледам стигнаа и другите автобуси, од секаде.

    Вечерва треба да бидеме возбудени, бучни и радосни.

    За Владата.

    За сите 500 денари.

    Татко ми ќе почека.

    Има време сега тој, колку што сака.


    http://www.sky.mk/makedonija/17247-%D0% ... D0%B2.html
     
    На Meggy, Divinebutterfly, Srekicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Е скромност ти е најубава работа, таман ти е и малку, а сепак си со мирна душа. Жена ко жена, не ми се верува дека може да биде скромна, а уште помалку пак целосно среќна.
    Јебига, ко месечина, во текот на еден месец 5 пати ќе се промени, и кога конечно ќе ја најде удобната положба, ќе ја затемни сонцето или ќе ја скрие некој облак. И патат смртници потоа.
    Јас од секогаш сум се усреќувала со многу чудни работи. Далеку сум од скромност, да не се лажеме или да светиме тука ко сијалици (во наше време светици) дури и не се ни знаеме јас и скромноста, се одбегнуваме ко женчиња што не им иде муабетот. Сепак никогаш не ме задоволувале нормални работи. И заради сето тоа најмногу страдаше никој друг туку мајка ми. Е никогаш не успеав да и докажам дека сум среќна и задоволна со тоа што го имам, секогаш мислеше дека глумам, онака, колку да не ја загрижувам. Цело време на памет и беа нормалните луѓе што си беа задоволни и среќни со нормални работи, или одлично глумеа во тоа, и ме споредуваше со нив мислејќи си дека јас никогаш нема да најдам среќа. Не дека и денеска не е така, ама ете, најверојатно се помирила. Ама и она е жена, мора да бара проблеми кај што нема. Задодуше и премногу е наивна, па верува на секој глумец што ќе го сретне, а ги среќава многу.
    Треба да се подели светов на глумци и искрени будали, и никогаш да не се мешаат едните со другите, за да има мир во светот конечно. Вака, ем лажеш некој дека ти е убаво, ем тој е љубоморен на нешто што не постои, а сите знаеме што прави љубомора.
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    81.409
    Пол:
    Женски
    Ветувам дека никогаш повеќе нема да правам планови пред време.
    Уствари не ...
    Ништо не ветувам. Ете така.

    А од кај да знам дека ќе се разболам.
    И зоооштоо, зошто моите баба Ванѓовски моменти не доаѓаат кога имам потреба од нив !? |(
    Ми паднаа во вода сите планови.
    Нит фризер, нит леп провод вечерва, нит средбата со К.
    А ми кажа дека сум му недостигала, душа. Да знае само колку ми фали, и притисок и све по списак ќе му се качи. :D Ама ајде де, пусто срце не ми дава да признаам и ќе се мачам сега. Е нека ми е, нек ми личи за спомен и дуго сечање.
    Добро, не кажав ништо ново освен дека го имам најлошиот викенд во мојот живот (е сега се осеќам ко досадната фејсбук женска - леалеееее досаднооооо, подосадно не ми било никад у животов леле леле телееееееее!!!1111 аман заман дајте 4ареее, неможам веќе вакаааа!!111 аааа!!1), боље речено - најдосандиот, измонотонизиран, бетер од монотоно опаѓачка функција. :!:
    И се утепав од пиење лимонади со мед и чаеви и аналгини, далерони и мислам дека докторирав фармација со познавањата на лековиве. :D
    И добро.
    Наместо да ја мазам и пазам мајка денеска, обратно ќе биде. Уствари веќе е.
    Ќе ѝ направам вечера и ќе си ги покажам кулинарските способности, па макар готвела у седечка позиција!
    Еднаш ѝ е роденден, и еднаш ја имам можноста да влезам во кујна без да ми се развика поради направениот лом, еј. Среќна сум.
    Легенда е денов! :D
     
    На Divinebutterfly и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Моментот кога пиете вино, се церекате, и во очи те гледа и ти вика : Па ти си мојата жена. :$

    И молк.
    Па во стомак турбо фолк.
    Страв. Па срам.
    Па смеа.
    Па дома макарончиња, супа, а богами и жу жу тестенца полиени со маслиново и чат пат некоја тарабука по глава од што сум луда.
    И работа. Многу работа. И излупени нокти од нервоза, ко касиерка у Славија.
    И ред обврски, ред уметност. Па и побарувачка за моите несаглам идеи. Еј што ти е живот!
    Нов фен и греалка. Во Нептун, арам да им е, немаа ќеси. Па изролав очи ко на ролеркостер, и си викам, епа како ќе носам сево ова јас сега?
    Али што да се каже, освен корисничка грижа - нула!
    Нејсе.
    Сабота. Мене ми е среда. Сеедно.
    Си мекнееме. Ко на рели, двајцата во џиш бои пижами.
    Другаркиве ми се смеат.
    Ја не знам кај сум, али ок е. Рокам Оружјем против отмичара и се дерам: Младичу мооој, проблем је твоооој, што си ми тако сладаааааааааак... Итд!
    1000 зашто? 100 јебига!
    Епа шарен ден, до дна!
    Идам да си цувкам (не мрсули, ко што тоа општопознато зборче значи :lol: :lol: (гушки Лилит)) и да си барам драпачки низ животов!
    Wedding material еј.
    Чао фала.
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Денеска денот поминат со мајка ми и свекрвата. Треба уште нешто да кажам? :lol:
    Се натпреваруваат која попаметна да испадне и која подбро знае, ама и двете се лисици бре. Па јас ќе кажам дека сакам да купам нешто, мајка ми одма рипа, не, јас ќе ти го купам, а свекрвата па за снаата и живот дава. Циркуз, си се смеев цел ден под мустаќ. А гледани од страна толку се исти, и во градба и во памет. Ама жени, место да гледаат да се спријателат мора прво да се покажат која е подобра. Е ако не се испокараат, тек тогаш ќе се спријателат. Срцки ми се и двете. :)
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, Annie.mk1 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    http://x.taratur.com/x/24218/

    Јас стварно мислам дека е редно време на фемина да има вакви статии !! :wasntme:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Што има појезиво од заболекар. :!:
    Можеби една лимонада со вкусот на лекот. 8) :x

    Саботно попладне со истиот тој вкус, зошто другарка "вртеше шема" со пластично лажиче во уста, и скрши забче. Бар пломба да беше.
    Бреј, Бреј ќе си туфкам ненајадена и ненапиена цел ден, зошто немам вкус. :?: Жално, а требаше скара да нарачаме со брат ми денес. :devil:

    Али трпи сестро за убавина. Што се мора не е лесно. 8)

    Ова од уроци ми е :devil: , али не биле големи, само мало делче пукнато.
    Гаоли бре, не фаќа на мене магија :D :lol: :D
    Од сега ќе си баам одејќи по пат, па да видиме кој е појак.
    Шала де, шала.. (утешна)
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Луѓето велат дека го сакаат дождот, ама кога врне - отвораат чадор...
    Луѓето велат дека го сакаат сонцето, ама кога грее - бараат сенка...
    Луѓето велат дека го сакаат ветрот, ама кога дува - затвораат прозори...
    Затоа кога ми кажуваат дека ме сакаат - само се насмевнувам!

    [​IMG]
     
    На Hopeful, marama, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Такоџе!!! :party:
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Форумов е проклетство! Проклетство, мајке ми. Еднаш седнеш, џабе напори, нема станување саат време. :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    ААААА ГО НАЈДООВ !! Златен фејсбук :party: :party: :party: И не игра фудбал туку крикет :devil: Лелее ќе се убијам :rofl:
     
    На macence85, BeYourself, JoxyTheFreak и 46 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес за малку немаше да успеам да ја спречам мама да ми ги фрли празните шишенца парфеми.
    За неа сосема непотребни работи кои само зафаќаат простор во шкафот, а за мене вистинска временска машина која ме навраќа на некои стари спомени.
    Јас сум носталгичар, и во мојот живот ми се потребни таквите предмети кои ќе ме навраќаат во минатото. Секоја мирисна нота ја паметам по одредени луѓе, места, случки, периоди од годината, одредени чувства и емоции. Секое вдишување на мирисните честички, мене ми создава слика пред очите на некои многу убави спомени.

    Откако се погрижив да не завршат во отпад, ги земав шишенцата и ги складирав во една посебна кутија. Ја ставив веднаш до кутијата со спомени, каде ми стојат сите дневници, стари фотографии, влезници, честитки, покани и најразно разни предмети.
    Мама вели дека не е убаво да живеам во минатото, ама мене ваквите нешта само ми помагаат да се потсетам на него. Живеам во сегашноста, ама имам убаво минато. И нема причина да ги закопам спомените и да бегам од него.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hopeful, thinkerbell и 15 други им се допаѓа ова.
  17. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Досаден и напорен ден.Се мрда времево се мрднав и јас.Чуствувам болка во секој од телото.Немам сила.Нема живот во мене.Имам толку многу за учење а јас само се излежавам.Али некако последниве денови повеќе се дружев со книгата.Мама се прашуваше дали ме акнала некоја цигла по глава :D.
    Епа тоа е.Вечер ке седам дома ке се дружам со книгата, а покасно пак со компјутерот. :)
     
  18. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]

    ...... :wasntme:
     
    На Rock-a-Fella, Divinebutterfly, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    сдк ќе го истепам најти. еден ваков бокс :punch:
    се шалам душо , и ја те сакам :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Моментот кога мајка ти ке те разбуди од спиење.
    [​IMG]

    Посебно кога е 11 часот а ти си се собрал дома во 4 ипол. И не си можел да заспиеш до 5. Цел ден на опаку. Не наспана, нерасположена, ништо не ми е по кејф. Ако на другите им е Понеделник најгрд ден мене ми е Сабота, се почесто. |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.