Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    страв ми е да излезам од дома вечерва, ама па ич не ми се седи дома. :| :(
     
    На Elennaa и Rozich им се допаѓа ова.
  2. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК
    Би сакала да имам сестра близначка и да видам како изгледам од страна. :D Како би реагирала во одредени ситуации.
    Одсекогаш ме интересирало тоа. :angel:
    Во многу ситуации секогаш знам да одлучам подобро за другите отколку за мене.Тоа е бидејќи ги гледам работите само од моја страна. :)
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.701
    Допаѓања:
    23.036
    Пол:
    Женски
    Ти си една слаба и искомплексирана личност. Се надевам дека ќе се разбудиш од кошмарот во кој своеволно живееш и ќе сфатиш која беше теси...ама се надевам дека ќе го сфатиш тоа откако ќе биде предоцна, изеди се жив стоко една искомплексирана...карма ли, Божја казна ли...ќе те стигне во секој случај.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам дека денов беше прекрасен..од кога станав со мајка ми кифли и пита правевме, па после цеел ден љубов. Кога сум веќе во вери мач романтик муд, а и кога сме веќе кај љубовта .... лец бигин со еден пост кој ќе немам време да го напишам на денот што треба, а некогаш ќе сакам да го прочитам и да се насмевнам.
    Уште некој ден и ќе се заокружат 3години, по новиот календар. Кога би одела по стариот наш календар слободно можам да кажам и 6 години, ама не, поубаво е вака.
    3 години заедно, а како вчера да беше. Како вчера да беше кога решивме дека јас сакам со него а тој да биде со мене...заедно, како вчера да беше ама не беше. Одамна беше. Измеѓу има многу. Многу расправии и кавги, многу испади и неубави зборови искажани, многу солзи исплакани но уште повеќе насмевки, прекрасни моменти, топли спомени, мирни срца, две тела, едно срце и душа. Јас не знам како без него, не е клише, вистина е. Колку и да ме нервира, колку и да посакувам да го убијам понекогаш, колку и да посакам да се тргнам од него, јас не можам. Го има тоа нешто, тоа нешто што одново и одново ме враќа кај него, и не сакам да престане. Не сакам да престанат тие раце да ме дочекуваат, не сакам никогаш да престане она што го гледам во тоа синило од негови очи, не сакам да престане трепетот, скокотот на срцето одново и одново секој пат. Заедно пораснавме, заедно осознаваме многу работи, се учиме, се караме, има работи кои за мене се огромни а за него претставуваат ситници и обратно, има периоди кога не ја поднесувам неговата опуштеност и воздржаност а има и периоди кога и се восхитувам, се поправаме, си ги укажуваме грешките, и колку и да звучи чудно, се менуваме ... или уште повеќе созреваме. Ни една кавга ни болка не се мери со чувството кога сте биле заедно со саати и кога ќе дојдете дома уште толку саати не сакате да се истуширате за што подолго да мирисате на него. Ви иде да се самогушнете и да заспиете. Кога лежите полуголи, со главата потпрена на него и ве гали со раката по грбот ... ни еден збор во полутемнината не треба да биде изговорен, се е кажано, и посакувате тој момент да трае и трае. Можеби тоа е љубов, куп среќа, измеѓу по некоја болка чисто да не заборавите што имате и колку е вредно, слатките маки негови кога сака да ме насмее а сум му лута, кога ќе му летне сосем случајно едно ми недостигаш, или уште послучајно те сакам, ја вади од вас онаа најискрена насмевка што ретко кој ја видел, и тогаш сте две невини суштества на овој огромен свет кои на никој не можат на му наштетат, кога среќата на некој ви е побитна од вашата, кога сакате да го гледате како се смее, како излудува, како беснее, како вози кога сте го налутиле, како ве слуша кога дрдорите без престан, кога го фаќате како смешка на вашите глупости, кога гледате во неговите очи а ја гледате вашата душа, кога станувате свесни дека пак сте станале две свинчиња и се смеете премногу, го гризнувате, малку па малку повеќе, и ништо друго на светот не ви е битно.
    Со се до сега што ни приредил животот убаво се изборивме, после се пак заедно стоиме, пак во најтешкото тој ми подава рака и низ солзи ме смее. Немам никаква намера да се откажам од нас, што и да носи животот, колку шлаканици и да ни врзе, другиот образ секогаш ќе биде спремен да биде свртен, и лошото да биде победено.
    И по неколку години сакам уште да копаме и копаме подлабоко и подлабоко едниот во другиот за да дознаеме се, се што е скриено најдлабоко во нас, никогаш да не знаеме се, за да сакаме да дознаваме секој нов ден нови работи за оној што го љубиме повеќе од се.
    Она што е најбитно е дека после се, таа негова прегратка секогаш беше, е, и ќе биде моето најбезбедно место на светот, онаму каде што секогаш сум смирена, и му припаѓам целосно...
    Јас сум среќна, будалесто дете, бескрајно среќно и не ми е гајле воопшто што ќе рече овој или оној ... додека сакам и сум сакана имам премногу, убаво е и нека трае ...
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, LilBaby, green.eyes и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    лелеее колку сум среќна ...јухи јухи јејјј .....Ќе прават голем парк за кучиња со фонтана со друштвени игри ...НИКОЈ ВИШЕ НЕМА ДА НИ ЈАДЕ ТРИЦИИИ...ИИИ кучињата ќе ни бидат слободнииииии... :* :* :* :*
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Boom boom
    Отидов во бољи живот, што би рекла мајка ми :)

    p.s. Фала на сите за честитките. Ве сакаааааааааааааааааааам. :*
     
    На Lilliana, CIA, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ахх смешно ми е кога некој мисли дека незнам ништо,а јас уствари све знам,само си ќутам...едноставно ги чекам моите 5 минути. :D
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога ќе видиш дека најголемиот СЕЉАК во градот си фатил фино и добро девојче... :tmi:
    Е ај сега... :lol:
    Уште неможам да се совземам по шокот... :rofl:
     
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека ретки се тие вистински другарки..
    сакам да кажам дека вчера се виде кој колку ме почитува, и дека мило ми е што некои работи се десија, за да утврдам кој заслужува да биде дел од мојот живот а кој не..
    И дека периодов ми е убав, запознав други луѓе што многу ги сакам, и ме чуваат како принцеза, и имам малку, но вистински другарки!!
    И дека по малку ми е криво што јас сум таа што секогаш се правам, што секогаш им искачам во пресрет но ете се открија дека они не го мислат/прават истото..
    Ама нема врска, од грешки човек учи ;)

    П.с Со печат потврдувам дека сум станала тешка пијаница :lol:
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ух,еден светол ден во мојов студенски живот :D Денес си купив некои работи и си зготвив ко што треба,шо би рекле like a boss :D Среќна сум со тие мали работи што можам да ги направам,само...уште да ми беше се во ред и на едно друго поле...Ама ајде,ќе биди : ) Јас никогаш не се откажувам од љубовта ;)

    Денес знам дека се испофалив со новите работи,ама среќна сум бе :D Да имав 100 евра ќе се опремев цела,ама ништо...Преубави работи на попуст имаше...Среќа си најдов и за мене бројчиња,таман.
    Фатив и ги измирисав сите тестери во парфимеријата :D Ми се бендисаа Hypnose Lancome, Black XS i Burberry weekend : )
    Освен тоа си го зготвив пола од месото што си го купив пред некој ден на попуст (тоа ти е,се колку што можи поефтино : D ) ама си го направив поубаво од кафана :D Со сос од домати и вино,а и салатче мммм,ако сакате и рецептата ќе ви ја напишам : ) Ќе пукнев на крајот од што се прејадов.Па толку вкусно нешто немам јадено од мам ко правеше еднаш дома месо. Е ама овај пат и моето како на мама испадна.Ок,готова сум,знам да готвам вамте тамте : D Некој ден ќе си имам убава кујничка со секакви алатки и се ќе си правам :D
    Си се радувам денес ко мало дете кога ќе му купат балонче :D
    И ок сега,си удоволив се и сега почнувам да читам пак,да довршам тоа што треба и да повторам,тоа ми е сега работата : )

    А вас ви посакувам убава ноќ и да не ги гледате само проблемите,гледајте и вие сами да сте задоволни понекогаш.Што дека ќе се нервирав,кога на некој не му текнува да речи да решиме се? Тој кога не се нервира,зошто па јас само да се нервирам? Е нема така. А тој кога и да е,ќе се јави. Кај ќе најди бе тој ко мене ахахахах :D
    Ајде,знам дека и вие сте супер женски затоа не се секирајте,се ќе се среди. :*


    П.С. Teddybear I agree so much with everything,same here : D И да ви се множат : *
     
    На bittersweet, teddybear, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ние обичните граѓани ќе се испоубиеме меѓусебе Албанци-Македонци, едните иницираат-другите враќаат, ќе се провоцираме-ќе паѓаме на провокации, постојано ќе бидеме во вечна војна иако таа веќе официјално заврши пред 11 години и имам многу што да кажам околу ова инспирирана од фактот дека на едно дете што го знам татко му 66 годишен старец е претепан во Ѓорче, но едно е сигурно: Народот страда, пати и плаќа, за властите и мафијата да си ги полнат џебовите и да ги правдаат досега залудно потрошените пари.

    Народе, свестете се. Не паѓајте на провокации, не сакаме војна! Сакаме живот во мир! Не дозволувајте да ве манипулираат!
     
    На booba, Elennaa, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ова тепачкиве меѓу Албанци и Македонци на секоја минута се дешаваат негде низ државава.
    Што фино, страв да ти е да излезеш од дома. Прееска гледам амбулантна кола, внатре со лекари и слично, а тоа да ти биле преправени полицајци. Се осеќав како да се наоѓам среде некоја Арапска држава ]:) а не во Ѓорче.
     
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Зашо е Четот така осамен и тажен? :lol:
     
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК море и јас се нервирам за тоа што се случува, а и за името и грците :devil: само тоа да кажам :wasntme: :worried:

    И сакам да кажам, очигледно луѓето не кажуваат отворено некои работи, не очекував дека ќе бидат такви.Само како не ги открив предвреме, тоа се чудам, обично имам осет за вакви работи :D а поради тоа што знаат дека згрешиле, немаат сила да ги поминат тие километришта до овде, знаат шо ги чека :D Човек и да згреши, треба да е свесен за својата грешка и да има лице да се извини.Лута сум им, само на крајот излегува дека не ни вреди човек да се замара со нив.Како и да е, од некои работи нема бегање :D и ќе мора човек да се соочи со истите, кога - тогаш.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    хахахаха...моментално не е баш....кој е онлајн нека се придружи(it's really boring!) :)
     
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Има многу работи што ми фалат. Можеби никогаш нема да можам да си дозволам да отидам во Венеција или пак Тенерифе, ама тоа не ме спречува да сонувам.
    Можеби наместо 500 имам 200 денари во џеб, ама тоа не ме спречува да имам добар помин.
    Не, мене не ми праќа пијачка секој втор дечко во диско. И не, никогаш нема да скокам од скут во скут. А види мајката, ме почитуваат.
    Не сум дете со познато име, мајка ми заврши факултет на 35 години, тато годинава се запиша, а сепак фаќам услов редовно. Просек немам, знаење имам.
    Можеби дечко ми нема јака кола, ама некогаш романтиката и во автобусиве ја наоѓам. Не дека сакам, ами морам.
    Можеби повеќе сме со пуканки во рака склопчени на тросед, со некои можеби никогаш неостварливи идеи, ама сонуваме. Заедно.
    А на крај не сум цура ипол затоа што ретко ме има по актуелниве места. Ама мене на душата ми е добро со мојот џез, винце и неколку омилени луѓе.
    И љубов...
     
    На caroline.costa, Annath, Adi888 и 29 други им се допаѓа ова.
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Животе не си фер.
    Ама воопшто не си фер.Некој има се а некој ништо.Не барам многу а сепак ни тоа малку што го сакам,не ми го даваш.Ми досади веќе да се жалам и да кукам ама нема друг начин.Се чувствувам толку глупаво,празно,индиферентно.И како минува секој нов ден,се повеќе се плашам дека станувам се поладна и поладна.Немам никакви чувства во мене.Не знам дали чувствувам болка или и од неа веќе отрпнав.

    Глупо е кога никој не те разбира.Кога со зборови не можам да опишам што ми се случува.Кога сите ме гледат како незадоволна без причина.Можеби како разгалена,тврдоглава,на моменти неподнослива.Но тие не можат да ме разберат,ниту ќе можат.Не очекувам ни некој да ме разбере.Само јас си знам што ми е и како ми е.
     
    На IndieGirl, femina11 и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    ОВА САКАМ ДА КАЖАМ! :swear: :swear:
     
    На gothchick, baguf4e, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Дај бе господе спој не и двата гледаш како се мачиме... се сакаме а се правиме на три и пол.
    Ајде го можиш ти тоа... ќе направиш големо дело :)
     
    На Hopeful, Lilliana, IndieGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.