Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.255
    Допаѓања:
    140.637
    Сакам да кажам, ама никако не ми доаѓа, ми застанува во грло, и не можам никако да го извадам. Исто како сонот што милион пати сум го сонувала - дека ми треба помош, сакам да викам, ама никако да пуштам глас.

    Исцрпена сум од температурава што веќе втор ден ја имам, ми се смачи од лежење, а сепак има еден дел во мене што се радува на безделничењето, затоа што само кога сум болна можам да си го дозволам без грижа на совест. А слатко е понекогаш!

    Мачно ми е и тоа што чувствувам како некои луѓе ми се оддалечуваат, полека ги губам, а процесот е болен. Се чувствувам како вишок, а не ми е убаво кога се чувствувам така.

    Уште помачно ми е што чувствувам како сама себе да се губам, и ми доаѓа да почнам на цел глас да викам Ариеееееееееллллллл, каде сииииии... а немам глас. Исто како во сонот.

    Ова е само привремено чувство, главно поради температурата.
    Среќна сум, само болестиве и обврските ме спречуваат да се видам со луѓе кои ги сакам, а тоа ме фрустрира.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Ситуацијана надвор претходно ја имам видено само на хорор филмовиве.
    Празно,темно,се е затворено,ниту еден човек не мрда по улица, буквално пост апокалиптично.
    Језиво.
    Бар некое зомби да имаше,колку за разонода..
     
    На Cynthia и anabel-a им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Кој знае какви не глупости ќе му напишев на дечко ми да ми беше сега споменарот од 5 то одд :rofl:
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.708
    Допаѓања:
    6.642
    Незнам,незнам што да кажам... Реков дека нема да отидам предалеку но сепак отидов. Не прејдов на главното, ама сепак жалам, жалам за тоа што го направив.
    Иако беше преубаво, уживав и знам дека сакам пак да се повтори, незнам, нешто не ми дава мир во душава, незнам како ќе спијам вечерва, којзнае како изгледам сега во неговите очи. Како најобична лесна девојка, ку*ва?! Не верував дека ќе го направам ова, иако постојано го замислував но мислев дека се ќе остане само на моите фантазии, дека нема да дозволам.. Но беше едноставно посилно од мене, ме понесе моментот..и се случи што се случи. Па сега макар колку и да се обвинувам тоа нема да се смени. Сакам да останам со него, убаво ми е... се чувствувам топло и заштитено во неговата прегратка.. А штом ова еднаш се случило, колку и да не сакам колку и да се спречувам да не го направам, знам дека ќе се случи пак. Но тогаш нема да биде грешка, веќе ќе биде навика.
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Добро бе,шо се дешава во то Скопјето ? Ко некое бојно поле ми изгледа! Ц ц ц страв да му е на чоек да живее таму,дури и на улица да излези :x САмо читам тепачки,овај онај го нападнал,кршат,палат,тела се наоѓаат,шо не :x Страшно!
     
    На booba, Elennaa и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  6. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Едностовно...тој не е тој...
    Требаше да знам веќе подолго време..
    Но, добро е...
    Никогаш не е предоцна...
    Барем така мислам.
    Повторно идеализирав, повторно го живеев сонот кој го сонам пред да заспијам.
    Не е лесно, сепак мислев дека тој ќе биде посебен, оној баш како за мене...оној кој треба да „ме спаси“..
    Но, добро е, никогаш не е доцна..
    Зарем и после се, немам воопшто самодоверба... добро тоа е тежок збор..
    До толку не верувам во себе, после се...
    Како можев да не го слушам својот внатрешен глас, како можев да не се слушнам СЕБЕ, а толку гласно си викав одвнатре...
    Како можев насилно вака да се разболам..
    Но, добро е...се надевам дека искрено сфатив дека ТОЈ НЕ ТОЈ..
     
    На blueeparadise, lola-86 и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Кога текстов би требало да се вика,насловот сигурно ќе беше ''Последниот мафин''.
    Зошто..не прашувај,не ти кажувам.
    Ко да пишувам состав за кралицата пролет,шо ја облекла својата зелена наметка и со своето магично стапче прави виножиткасти лудории.Петто одделение далечната 200?.Ме мрзи да бројам кога беше.И вака и така времето си минува..
    Дур се мислам да го гризнам последниот мафин од кутијава..под изговор оди со млеково,ми текна дека е сабота вечер.Јас тазе туширана и по пижами,дремам пред компјутер..не дека нешто ми фали,ама глупо ми паѓа што цел сет му го знам на диџејот.Епа така,од секое дрво свирче не бива.
    Татко ми се заебава на моја сметка дека сум патетична денес,зошто мажот ми бил ван града.Тој се заебава,ама можда е во право.Стварно можевме да се туткаме кај мене,кај него..негде.
    Ама можда и не е во право стариот.Пак ништо не ми фали.
    И можам каква сакам приказна да раскажувам..
    ...но пука филмот.Од време на време.
    Ко вчера,ко пред тоа.Некоја критична точка кај шо се мешаат реалноста и нереалноста,интуицијата и паранојата..лагата и вистината.Уствари точка,стадиум,ниво како сакаш речи го..кај шо се губиш во просторот.Мака ти е од смеење,мака ти е од плачење..мака ти е од климање со глава и мака ти е што ти е мака.И не ми е поентата да се жалам на животов што го имам,зошто кармата е кучка.
    Се плашам да си играм со неа..и дефинитивно студена ноќ и бивши љубовници е глупа комбинација.
    Друго глупаво што ми доаѓа е што..ништо,не знам ни јас.
    Си играм пиши-бриши.
    Не знам да пишувам за лоши работи. Ама си имам добра и лоша карма. Сношти дур го чекав него да се јави,сакав да напишам љубовен текст..ама ме прекина.И налути..па ме смири.
    Па можда татко ми е во право..
    а дур му се мислев на мафинов,тој заспа..па немам со кого да го поделам.Дефинитивно е за мене..ќе те лупам,ќе те јадам..ќе те лупам,ќе те јадам..и толку е.
     
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Живеам за овие ноќи!
    Кога сум слободна и имам можност да бирам. Кога нема лимит и поставена граница, а сепак постапувам разумно. Кога го гледам како се смее, а срцево ми игра од среќа!
    Некогаш ми се чини ќе ми излезе од градиве..

    Живеам, чувствувам. И после целодневни убави емоции, дојде време да почувствувам умор.
    Сладок ми е, но веќе неиздржлив..
    А, морав да го напишам постов за да се сеќавам. Камо секој ден да беше ваков.. ќе се спротивставував на сите други мислења кои тврдат дека животот е тежок!
    Не, не е, посебно не кога околу тебе се сите што ги сакаш и што ти требаат. Што ти даваат потребна доза среќа, зошто не милуваат да те гледаат во поинаква состојба.
    Вистинско е ова. Постои..

    Мое е и не го давам!
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    По утрото денот се познава? :o можда.. ама ноќта не хахаха :D.Како ми почна денот, абре ко да бев станата на лева нога, а кога и ке размислам подобро мислам дека стварно станав на лева нога :D.Се ме болеше вака така онака, и одеднаш оп се се опраиии..Ко некој со волшебно стапче да ги промени работите.Божем ке останев дома да учам ама ништо од тоа бе..Си искочив надвор.Малце плачев малце се смеев.Важно ја постигнав змислената цел.Некогаш мораш да бидеш кучка за да успееш бре, да покажеш запчиња.Амаа кучето што лае не каса.

    Дефинитивно оваа ноќ може да се вброи во мојата листата на топ ноќи.

    Најсреќна сум кога моите сакани се среќни. :l:
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека ја мразам тетката на фамозното - "Претплатникот кој го бaравте, го исклучил мобилниот или е надвор од мрежното покривањe, Ве молиме бирајте подоцна. Блаблаблабла, бла, бла бла. БЛА." |(
    Небаре се јавувам кај некој на Северниот пол, или некаде низ тундрата, па нема мрежа !? Абе ај !? :|

    И добро, не знам што се случува со мене, не можам да се изнајадам.
    Спојлерот не се препорачува за оние кои се на диета, или постат. :angel:
    Изедов, поточно испив цел тон лимонада, па сок од портокал, па ражничи со похован кашкавал и пржени печурки, увијачи, па плазма бисквити со еурокрем, пак лимонада, чоколадно млеко, маслинки - и пак ми се јаде, било што, само да ја допреполнам вреќава. :o
    - торба бе, и после пак 20 кила ќе имам преку сила. Да се наЈежиш, да си пукнеш од мака! :doh:

    Кога ќе подразмислам, вечерва требаше да има сосема друг шмек, ама отиде, повеќе среќа следниот пат.
    А К. уште го нема, не успеавме да се слушнеме денеска. Па и теткава со иритирачкиот глас ко црешка на шлагот.
    Ах, маки. Мали, никакви, глупави, непотребни - им нема крај, или не сакаме да им го ставиме.
    Жално и смешно. :|
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Какво позитивно расположение те обзема кога си ја гледаш љубовта покрај тебе.
    Млад, паметен, згоден, убав, моќен, со сигурен од и став, што би рекла јас, да ти е страв да помислиш на такво рипче, редок е, не си безбедна ни секунда! :!:
    Чуството кога рацете и снагата ти се тресе, одново, одново и одново...
    Како еден рингишпил, секогаш исто треперење, само што како се бројат секундите во возењето и се зголемува брзината, така и ти се посигурна во чуствата и се посилно трепериш.
    Тоа е таа моќ!
    Една и единствена движечка сила за насмевка.

    Плановите си ги нанижив уште на почетокот на годинава, само малку го модифицирав листот, заменив и засилив нови потточки. Лавиринтот кој ме гушеше одреден период, го оставам да се мачи сам себе,бидејки е толку прост и лош, јас ке го држам правиот автопат пред себе, од кој никогаш не требаше да скршнам и да се приклучам на мрачно едносмерно патче.
    Но шта је ту је, како викаат, она што не те убива те прави посилен и баш ти фала лавиринту.

    Се радувам на патувањето, како дете на тазе шеќерна волна , ќе ме прероди, осамостои.
    По него, го планирам и брзото преселување и отпочнување самостојно живеење, чепкам по интернетов продавници за мебел, бела техника, и сега за сега уживам, не е напорно.

    Сонувајте драги мои, сакајте ги будните соништа, тие се визијата и патот за и до успехот, а пред се љубете со цело срце, тоа е поголема среќа од сите шеќерни волни и фабрики за чоколадо.
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, booba и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Пливам во море од носталгија вечерва.

    Стари слики, стари разговори, стари работи што ги чувам.... Понекогаш мислам дека животов мој можам да го сместам во кутија. А понекогаш се прашувам зошто толку многу сум приврзана за старите работи и зошто не се ослободам од нив, еднаш и засекогаш. И сето тоа не би било толку лошо да не го правев во 4 по полноќ. Тишина, темнина, Балашевич во позадина...болна комбинација.

    Втора работа, ПМС. Треба дополнително објаснување?

    Трета работа, здебелена сум 1кг. Павлака+мајонез со секој ручек и не е најсреќниот избор, ако сакаш барем да останеш со иста тежина (silly me, сакав да ослабам).

    И за малце ќе заборавев, четврта работа - времето! Ужасно е! Сакам сонце и мали облачиња и јужно ветре и да се шеткам на кеј...

    I need a boyfriend or something lol
    And some sleep
     
    На booba и marama им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Tonight i'll be your naughty girl
    I'm callin all my girls
    We're gonna turn this party out
    I know you want my body
    Tonight i'll be your naughty girl
    I'm callin all my girls
    I see you look me up and down
    And i came to party


    And I'm feeling sexy....

    Само ќе вриштам, исто како што внук ми од 10 месеци вриштеше денеска од среќа дека на него беше целото внимание....
    Убаво е.

    Другарките ги обожавам.
    Се обожавам себе зашто баш тие ми се другарки.

    Му ги сакам и смрдливите какушки на внукот.

    И го сакам виното, во било која боја,
     
    На bittersweet и CIA им се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Нема да имам време денеска ни книга да фатам :( ваљда горниов ќе ми прогледа низ прсти па ќе поминам со лесно на тестовиве во понеделник.

    Плус сакам да кажам дека преку таквото ми е од луѓе што само ги коментираат постапките на другите а не можат да си го видат тилот и да сфатат всушност дека имаат сериозни проблеми и комплекси и се бетер од особата која што ја оцрнуваат! Get a life!

    Многу несериозно почнав.
     
  15. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Драги Господе! :l:
    Ти благодарам што си тука за мене кога никој друг не е!
    Ти благодарам за утрата кои ми ги исполнуваш со радост без некои посебни причини.
    Ти благодарам што длабоко во мене ме убедуваш дека јас самата сум единствената причина за која треба да се борам секој божји ден!

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, Gordana10 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Денес ми е лошо, ме стега нешто внатре силата ми е исцицана и не знам од каде да црпам енергија утрово. Дланките ми се потат срцето ми чука ко лудо, а знам дека не треба и не смеам да размислувам вака. Па што ако е така како што мислам ? Што би можела да направам? И така сум во забранета зона ама не можам, ми смета. Офф леле колку сум само збунета. Ми треба воздух и ладен мозок, и далечина од него макар на ден, два.
    А таа, знам дека имаше корист од целата ситуација синоќа ама толку сум наивна што не ми дојде ни на памет таква мисла.
    Ќе си седам мирна во моето сигурно катче и оставам водата да тече околу мене. Нека тече нека оди, нека измие зло немири и мрсни мисли. Само смирено и полека, на врвот сум и не планирам да слегнам ни скалило удолу !
     
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Мразам разделби (макар и на неколку денови ) :!:
     
    На Serafima, Beauchamp и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Деновиве сум сама против сите. И пак сум во право, и не попуштам само за да бидам во тие „повеќето“. Ќе си стојам цврсто на мојот став, зошто тоа е вистината, а не она што се обидуваат да ми го наметнат.
     
    На IvanaMkd и Monroe им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Времето е топ,романтично!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Честитка со натпис "I Love you mommy"! Изрецитирана песничка "Очите на мама", и коментар "мамо твоите очат блескаат како месечината и повеќе". Гушкања, шетање, возбуди, сакања. Јас и таа повеќе од едно.

    Деновие искрени. Вечер пат за Софија. Умор ме совладува и мразам кога ќе помислам колкав пат поминав уште колку имам да поминам.

    За Келн потврдено 12 Јуни сум таму. Избрана како преставник од наши студенти кои студираат таму. Убаво ми е кога знаеш дека правиш нешто од љубов, не им се нудиш и пикаш под нос, а тие те повикуваат.

    Штипјани ме повикаа за изложба повторно во Април. Да се смирам малку и на сите им давам одговор. Деновиве ќе си купам многу книги. Тоа знам. Ќе љубам. Ќе ја сакам. Ќе пробам да ги средам односите со татко ми, ако воопшто е возможно. Ми се јави да ме праша до кај сум. Прв чекор. Знам дека вредам и сигурна сум во себе. Убаво е тоа чувство на себепочит.

    Скопјево тмурно е.. ама јас ќе си го развелселам денес. Одам со моите најмили на ручек, Мила сака да се дави во шопска, Е да ми збори за идни љубови, П незнам ама знам дека ќе го ислушам, љубово за прв го доживав како поинаква личност. Не се опишува. Друг сјај има во очите. Присутен е. Не е изгубен, со амбиции и почна да делува.. Мајка му ми се заблагодарува што сум успеала да направам нешто таа што неуспеала да го разбудам. Љубовта е помоќна од многу работи тврдам. Мајка ми ми вели најди се бре дете некој од таму. И велам да бе да, тоа иде така, плукни залепи.. Кој сака срцево на тој го давам. Не бирам земји и материјал, туку љубов.
     
    На green.eyes, FortuneTeller.xD, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.