Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Денес меланхонија.
    Сакам да одам во Тајланд, да се изгубам во Бангок и никој да не ме најде. Да се претворам во азијка, да играм на шипка во некој бордел. Да, ова ми е скриена желба, одсекогаш сум сакала да бидам стриптизета. Сакам да ме има на билборд и да трепкам, сакам да уживам во тајландската кујна, да пливам, да шетам во џунгла и да гледам најнеобични птици и риби. Го сака она растение што јаде бубачки, тоа ми е најголемото чудо на природата.
    Потоа сакам да одам во Индија, да носам сари, премногу накит, да мирисам на некој егзотичен парфем и да имам точка на челото. Сакам да ги пробам сите индиски јадења. На крај сакам да отидам во Шангај, а што и како ќе правам таму незнам.
    Сакам да сум секаде само не тука и сакам да сум сама.
     
    На Buttterfly, bittersweet, thinkerbell и 10 други им се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cдк фала феминките на честитките,еве ви малку од тортите,две имав не можев да се одлучам која да ја купам :rofl:
    Kога се разбудив сабајле ми текна дека порано роденденов дома ми го славеа на 10 Mарт,кога имав некаде 7-9 години,и после им текнало да видат во изводот и виделе дека роденден ми е на 11 :D
    Kако сум се смеела сабајле :rofl:
    Eве тортите,и да знаете белата беше повкусна еве каснете :angel: :rofl:

     
    На drugarka, bittersweet, srcekrsacka и 14 други им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    И си капнаа 2 солзички синока додека лежев во твојата прегратка, и доколку забележеше најверојатно ке ти речев дека ми се иритирале очите. Клише изговор, за солзи кои не знам од каде и поради што дојдоа. Дали беа радосници бидејки си мислев колку е убаво што те имам и што сме заедно цело ова време, и што додека да трепнеш пак ке се спремаме за одмор, ке славиме годишнина на 23 Август, ке се караме за глупости и после пак ке се смириме... Или пак беа солзи бидејки ми е мака што некои грешки беа направени, иако одамна сеуште болат. Како и да е, си живееме ден за ден. Ако денес ни е преубаво, утре и да се скараме, ако, доволно е едно потсетување на убавите моменти за да сватиме дека јас и ти, и покрај се, сме еден за друг. Ах љубов...
    [​IMG]
     
    На CharmedGirl, Cynthia, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    11 март...пред 10 години за првпат се бакнавме со моето либе.А утре ни е седмата годишнина од брак.Како времето брзо поминува. И замислете, ние жените толку ги памтиме тие датуми, а јас воопшто не се сетив.
    Се разбудив сабајле, а тој цело време весел и внимателен до бесвест.Си помислив дека сака да се гребне за слободна вечер со другарите. И додека ме облетуваше со љубов и внимание, воопшто и не се освестив дека ме наведува да се вратам една деценија наназад.На крај, со доза разочараност ме праша:
    „Добро, ти не знаеш која дата е денеска?“
    За момент застанав и му се фрлив во прегратка.
    Среќна сум што го имам.Среќна сум за секој поминат миг од овие 10 години и сеуште сум вљубена како тинејџерка.
    Тој е моето сонце и успеа да ми го стопли срцево и да ги разбие тешките облаци и во овој навидум тмурен врнежлив ден.
     
    На Buttterfly, Theodora, enca.69 и 38 други им се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК едвај чекам сонце бре а и + немам чадор т.е имам ама тие се големи сакам малецок ќе мора некој од тие да носам :( Гледам дека од четврток сонце па ајде да се порадувам малкуцка :lol:
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    И кога после неколку заеднички минути, кои ги проколнуваш шо си ги потрошил за џабе, ќе се најде со неговото скапано постоење (баш ме потсеќа на јаболко разјадено од лигави црви), еден толку голем и свеж момент во животот да ти го претвори во ефтин, благодарејќи на неговиот народњачки стил на живeење... мммм најс
    Имам зајче, од оние шо почнуваат на буквата п и не растат многу, абе како влакнеста топка е целото. Џуро го крстивме и сите го сакаме. Држите среќа да се осмелам да го држам во раце оти јас и животните слабо, слабо. Море имаше една кучка, Суска се викаше и беше бела како снег. Само неа си ја сакав ама ми ја убија :( Ми недостига и сега, кога ми се чини дека некој поставил рез меѓу сегашноста и детството.
    Срцка е Џуро наш, како да постои за целата негативна енергија да ти ја исцица.


    Сум заборавила како е да пишуваш за алманах, кога сите од страна ти сугерираат да и пишеш та за окцето сино та за витката става и плус да додадеш дека се тотално индеферентни кога се однесува на наставата. Траги-комедија ол деј ол најт ... ма јас за мене прво да си напишам, ама врска немам :D доброволец? :D најозбилно помош добро би ми дошла
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Добро загревање пред учење менаџмент, мммм омилено ми е!

    [​IMG]
     
  8. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Уфф никогаш не било вака досадно.. не се издржува. :envy:
    Сите спијат дома само јаааасссс така си седам како од поплава излезена пред компјутер чекам некој да се разбуди да ми праи друштво за кафее... Времевоо проклето све уништува,дури и расположение! :devil:
     
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Кога ќе кажете ДОБРО СУМ.. секогаш има некоја ситница која не ви дава мир..*
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Мислам дека сум трудна...во последно време само јадам,јадам и јадам.
     
    На IvanaMkd, Adi888 и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.330
    Овој свет...да ти бил...немилосдрен. Оти?! Оти така и требит и не требит,све да ти биде јинг и јанг! Сполај им на величествените во мојов живот! Срцево,полјана со качунки и слични природни убајни.
    Денес брате никој не те шливи,освен д чоузн уанс у твојот живот. Ќе те мират, чуваат, сакаат, думкаат... другите,цк! Ќе упознаеш дечко на кој шо ќе му спомнеш де онака,не дека мора,ама ете...имам добиено,ааау добиено?! Вие не треба ни да какате! Ни да јадете!!! Иди бе шетај! Ти ќе ми кажеш! Како се снаоѓаш со парадоксот на твоето постоење?! Требало да останеш јајце клетка! |(

    Умна ти или не,начитана или не,најубаа или не, начешлана или нечешлана, најнегувана у свет или со кашкавал на петиците...све исто ти се фаќа. Зошто ... луѓето се чудни и себични,без изузетак. Дури и оние кои ти викаат дека те љубат молто бене! Ааа на баба ми федерфуфните ак не па! Те љубат од себични побуди,за да им речеш,леле шо си добра! Е не си мори! Не си! Лицемерко ѕверска!
    Јас со фенеров уште си барам љуѓиња,вистински. У преговори сме со Коце,една арка да ни даде и потоп (за мене ќе се гласа,не е утврдено дал сум човек ил сум да?! :lol: )!

    Со секакви ќе се справам,ама со хиперстрастни сфатив дека не можам. Оти?! Оти увек ќе го наебеш со истите. Оти?! Оти ништо ни до пола не завршуваат,губат интерес при првата извесност. Од страст можат и да те утепаат (пример,шиптарине страстно сакаат голема држава!)! Несигурни се и увек разочаруваат. Страста не увек има мирољубив контекст,а пацифистички пак никогаш не ни имала. Ај оние у љубовен се ко животињи на парење од енимл планет,тро посимпатични се. Ниски страсти фуче,замислете им ги сите виуги у пози кама сутра! Ќе ти го заѕвонат ѕвоното и тебе ако си човек кој разликуе љубав од забава и не се врзува,ама и тие се скроз неточни со сериозен недостаток.Емотивна лабилност и сакатост. Ќе ми те испијат и аш за тебе после.Е де,сите сме биле барем еднаш такви,но има хроници по темава што више преоѓаат во категорија за во сенаториум. Си има тоа посебни имиња за секој од нив!
    При прва досада бре не им се работи! Ааа па ова досадно станува. Е ај,сакаш да ти донесам болви и да ти правам претстава со нив да ми те анимирам?!
    Не држат внимание,немаш доверба у нив,не се луѓе од збор! Јас мојата страст ја чувам у тегличка,некаде кај хипофизата,кога ќе видам симбол кој има потенцијал да го сакам (чевли,работа,хоби,мушки објект,кафе,живот) дозирано ја конзумирам! На пример де!

    Зошто некои луѓе необузданиот секс без заштита со секој и секого и ... сешто,го сметаат за живеење на животот ту д фулест?! Би рекла супер позитивно. Хив позитивно!
    И зошто некои луѓе неможејќи да го најдат својот баланс и точка на сигурност,мислат дека живеат квалитетно и исполнето и со пуни гради тврдат дека тоа е тој живот?! Шо треба,сите по 5 години од своите животи да им дадеме у знак на признание пошо они као умеат?! Мислам,нешто мене очигледно не ми е јасноооо... Да не се лажеме... секое људско биќе,тежнее кон точка на рамнотежа и секаква сигурност... секое застранување се смета за соципат,чудак,особењак,неумеење,каосакатебе. Сакал нејќел,ти брате,ова е круг, у овој круг има и по некој триаголник на кој ти мора да му ја пресметаш тежата и аголот,е трето од тоа нема! Ако не те бива за математика,особено геометрија (најди ја поврзаноста,ха!),осуден си на сериозна осаменост во просторија полна со луѓе. Тоа и не е толку комплицирано ко што изгледа, малце е депресивно,но така си дробеше де. Туку ќе рече некој,пих генерализации. Нех! На пример, Ронда од Уганда,ја не ја знам,ама она тврди дека сака да биде стара тетка,со стар чичко кои патуваат по светот и не сака да имаат деца. Сасвим ок и сасвим легитимно,пошто не ја знам, но веројатно е у право за истото,зошто деца може да има секој,она одлучила да не и ги нема,боље него да ги оштетува и да ги прави ко наредниве шо ќе ги спомнам. Меѓутим, Ристе на Добрејци,со кој сум садела крастајци, на кој му го знам темето од глаата, му ги знам прстите како му се движат, како го растеле, од кој сируп пиел, крстен на ист ден со мене, знам од кои причини прави нерационални потези,да ми тврди дека тоа е животот,а јас знам дека Ристета го маваат адолесцентските кризи и не знае кај тера,ниту шо сака...е немој ти се молам!
    Ристе,поштовање,ама...да не те знаев,ќе ти поверував еј! Ако ти Ристе си толку алфа мужиште, молим те покупи се лепо и појеби се сам са собом. Зошто кога јебеш туѓи чувства зошто тебе така ти се сакало, освен морон пар екселанс и балкански идиот,да не речам чорбаџија,ништо друго не си. Извини Ристе,ти живеј си го твојот живот,ама кога и го е*еш мозочето на Стојанка,чувствата на Митринка, плановите на Трајанка...ни малку мангупски,туку си осквернавил повеќе различни надежи,соништа,планови,чак и цели животи,а тоа те прави нечовек.Они сите до една се паметни,возрасни моми кои...знаеле што сакаат, но не знаеле дека ти не знаеш шо сакаш,а не оти не знаеле да се чуваат! Ниту Брус Спрингстин, ниту Брус ли, ниту Бурс Олмајти, ниту Коен, ниту Вејтс, ниту Мундог, ниту нејмит. Ти стануваш црна точка која се јаде самата себе до степен кога ќе стане едно огромни ни-што!
    И јас дрнкам во ситни сати на новогодишниот подарок,со шпакла ринам виножита, местам кревети,гугуткам по телефони, флертам (условно речено де) со 3ца различни мажи со кои не спијам,а ги сакам суштинско различно,многу платонски и искрено, готвам и додавам алкохол у секое јадење шо може, кречам по дома, садам и цвеќе зошто мене апсолутно ми има смисла во задно време,еве последно си купив тако звани Примули. Се опијанувам ко средношколац и пишувам глупи смс за кои СЕ ИЗВИНУВАМ УТРЕДЕНТА, ризикувам осуди зошто нејќам да се мажам у догледна иднина или било кога,а замисли... никого не повредувам,зошто сум чиста ко суза со јасен сон без интриги,а ти братче...си ко Вардар со водоскоци. Кај си матен,па и скокаш!Немој,седи си,те молам.

    На крајот,пошто уметноста ја посравте и ја направивте мејнстрим,зошто ВИЕ идиотите, не сфаќате дека тоа може да е споредна,но многу важна активност додека се занимавате со реална наука (секоја што икад фатила муда го сфати ко аудиција,па се фати и за микрофон (ја гледате поврзаноста?!), секоја што нацрта чича Глиша,фати таблет у рака,се прогласи за уметник,секоја што зашкраба песмичка за Валентајн,се прогласи за поет...). Земјава оди у курац зошто не умеете вашиот мозок да го употребите квалитетно и се движите по линија на помал отпор (и чат пат по некој крик како паднатиот биолог (читај,хипстер кој место лабараториски наочари,ги носи теглите и не му се оди на факс) кој ја сака својата професија,пошто чул дека нема ништо посекси од чоек шо си ја сака СТРАСТНО професијата. ма немој да ме јебеш бре. И под мишкиве да имав муда,ракава ќе ми беше курац!). Без да разберете дека денес ексцентризмот кулминираше и она што отстапува е балансираниот,уреден живот без куропецања и празни,неартикулисани извици. Имам другарче,едно...има 24 години...и е првото Македонско дете кое активно истражува за ракот на еден етаблиран амерички институт. Има издадено многу трудови и активно се залага да стане...човек.Би рекла дека тој е еден од ретките од земјава кои квалитетно го изнадишале воздухов (у негово име,би засадила еден јавор,за да му создава кислород за да го одржава моторот,зошто ние,останатите идиоти кои тврдиме дека живееме некако, ќе го ебеме светов квалитетно и ќе умреме без него сигурно). Кој курац си ти бе Ристе,мене да ми кажуваш дека шизикувањето и ризикувањето се де факто живеење?! Зошто бе ти Ристе генерализираш и мислиш дека ја имаш дефиницијата?! Кој курац бе Ристе?!

    За крај...мислам дека поголема уметност од тоа да создадеш креатура (миракул,светлинка,чинка,убаинка,близу совршенство) која личи на тебе,се движи како тебе, но е 10 пати подобар човек од тебе зошто си ги научил грешките на твоите родители и никогаш не си ги направил,не постои. Љубов кон маж и све останато,има многу варијабли кои не мора да бидат доживотни. Квалитетен секс е битна ствар,лична среќа исто така,за да не го унесреќиш тоа чуденче. Бидете својски среќни и создадете по едно човече за да го насмеете светот и да си го протрие мешето од задоволство (мешето некаде му е...на пацификот чинам). И не му всадувајте идеја дека е исклучително,туку дека е едноставно сакано и потребно за да не доживуваме унакази, емо деца, хипстери, војни, погрешни вредности и профаности.
    Луѓе,со избегани суштини...некако се разминуваме и многу ми е мило за истото.

    Недела,најпреубаа! Погодете како ќе ми мрда газето доцна во ноќта?!
    http://www.youtube.com/watch?v=_m2zGncgLjw
    До следното видување,довидување!
     
    На Elenaaaaaaaa, MSkorpionka, zhap4e и 10 други им се допаѓа ова.
  12. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Хахахаха оф туго, јас си мислев само јас сум пореметена.
    4-5 дена јадам како луда, мислам дека од тука ќе ме вадат со кран... ми се јади се и сешто и по цел ден. Се плашам, оти весели вести кај мене не се туку само проблеми со вагата... :lol:
    Ете каде мекици :D :D :D
     
    На Serafima и CIA им се допаѓа ова.
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Правење кифлички со мама. :mm: После се` што се случи, се чувствувам како јас и таа да сме странци. На работа е деноноќно. Имаше недели каде што воопшто не се гледавме, само ќе ме прашаше на телефон како сум. Сега дружбата со неа ми е бесценета!

    Те сакам мамичке! :* :)
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    Jaс цела недела сум таква,којзнае колку кила качив :lol: ...и да речеш да е ПМС,не е бре,којзнае што ми стана,човек стварно да си помисли дека сум трудна :rofl: :rofl:

    А да напоменам,слабеам иначе,слабеам со чоколадо секој ден 8)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Времево ми создава неверојатна депресија.Немам воља за ништо и никого.Сакам само да се затворам во соба и убаво да се изнаплачам.Ги мразам овие денови кога не знам што да правам самата со себе.Тој почна се повеќе и повеќе да ми влегува под кожа и не знам како ќе заврши таа работа.Често пати помислувам дека поради некои работи не е за мене,но очигледно не можам да си го признаам тоа сама пред себе.Вчера бев излезена и малата количина на вино си го направи своето и после разговорот со него се утепав од плачење.Зошто мораш се да жртвуваш ради мене,како да ти ги кажам моите дилеми????А уште ми требаше и еден другар да почне да ми се пушта и уште толку ме збуни.Не можам повеќе вака,сакам да исчезнам одреден период и да заборавам на се :(
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    ^^ Шо сторе мор Лилит?? :tmi: :D Филозофски мисли муабети тешки ... :wasntme:

    Да профилозофирам малку м? Некако ме погаѓаат работиве константно. Што да се прави кога сум сензибилна личност и тоа повеќе од дозволеното.
    Хмм ... дали се зависи од нас? Не! А искрено и не знам како, кој, зошто итн. ги раководи суштинските животни делчиња од мозаикот наречен живот?! :?:
    Некој има здравје, има кариера, има пари, пријатели итн. но, љубовта му оди нагоре надолу без крајна конкретна реализација. Не дека не се трудел, напротив.
    Некој има здравје, нема кариера, пари стандард, пријатели стандард љубов јок. Се трудел ... го бива ама се закотвило нешто не мрда бре ... Не оди ни нагоре ни надолу.
    Некој нема здравје, а се друго да. Кој е крив?? Се трудел да си го врати назад ама не оди ... Што со ова??
    Кој сака нека ме разубедува дека ние контролираме се што се случува, ние кроиме живот само ние ќе кажам не е така. Не се зависи од нас. Од нас зависат оние предизвици кои се помали и по конкретни, оние кои се решливи и не се суштински. Другото не знам ама некој, нешто, ги подредува или не. Дефинитивно ни она биди позитивен или негативен не помага. А бре или ќе биде или не. Или некому мозаикот наречен живот ќе му се реди како треба или нема ќе се измешаат делчињата а некои може и ќе се изгубат негде. Наше е само да прифаќаме.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.330
    Џули и јас се изваив од памет кога го видов колкав е! Постот! Чунки,си пишам за себе,мои муабети,пеки никој да не прочита,тешки гомца изваив од мене! :D Мисли од малио мозок,овај од под туш,па тука! :D
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    У Броз топлото чоколадо е густо како магла. Чоколадна магла.
    Муабетите за Дома, покрај сето лудило, се најголема помош на срцето!

    Нема, нема посладок мирис од оној на домашна супа, кафе наутро, роса на балкон, весници еден куп во ќошот во дневна, перниците на тате и мама, Ние...
    Ех така.
    Неделно, работно, многу весело. Тркалав портокали, зошто не знам да ги лупам! Грицкав сончоглед, зошто сум како дактилографка со забиве.
    Најдовме во подрумот кај мачорот мој, стара машина за пишување, ќе и набавиме топ хартија, па Шилеа ќе се занаса дека е писателски даса, од прва класа! :lol: :lol: Ама треба залет ко нилски коњ у река да земеш за да склопиш два три реда. Ако. Да ми е за убаво.
    Фиши вика дека инспиративно делувам по улици. Ме видела така заносна со торба полна овошје, ко некоја разгледница и ми прати абер.

    А ја од што сум вљубена, почнав да ждригам пеперутки! :$ :wasntme:

    Едночудо хипокризии и виртуелни експанзии ме спопаднаа вчера и денес, па затоа мирувам. Лидери и дилери, дали е тоа едно исто? Ќе праша Венко.
    Епа да. Молкум си ја толкувам неговата вистина!
    (а ќерка му се вика Веда, колку слатко!)
    И така.
    Сте сакале некогаш толку многу да кажете, што просто, ви се замолкнува?
    ...
    ;)
     
    На 1209, Bright, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  19. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    СДК..
    [​IMG]
     
    На CrazyStupidLove и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  20. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Се будам утрово т.е првата половина од денов :lol:... часот 11:11 незнам која случајност е ова.Незнам...
    Чуден е светот на вљубените,магијата на љубовта е посилна од се.
    Ме маѓепса 11,т.е тој ме маѓепса на 11.Денес правиме со дечкото 10 месеци..Не се многу,ама не се ни малку..Како и да е важно е дека се љубиме..Важно е тоа што мислам дека цел живот е покрај мене а не се важни месеците..годините.
    И така решив да го споделам ова со вас,не се фалам дека ете 10 месеци сум во врска,само некогаш ете така ти доаѓа од душата среќата да си ја споделиш ако треба со цела планета...
    Ах љубовв.. :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.