Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Глупавоста на народов е неизмерна. Како што гледам и заразна е, никој досега не се одбранил од неа. Сакал или несакал покрај сите тие луѓе и ти ќе отупиш.

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, ines.h, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    [​IMG]

    Така е или не?
     
    На bittersweet, Hopeful, IvanaMkd и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    СДК скршените срца заздравуваат, а кариерите напредуваат. ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    СДК никогаш веќе не ја отврам темата необјасниви случки :sweat: готово дефинитивно вечерва нема сон за мене :worried:
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    СДК дека ми е убаво. :$ Расчистив со некои работи од минатото. Сега знам кој и што навистина го заслужува моето внимание. Нема веќе враќање назад! :)
     
    На drugarka, Noemi, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК шо убо е кога човек цела нервоза или ете негативна енергија ќе ја пренасочи во зумба, фитнес 8) се набилда :muscle: :D после насмеан од увце до увце :D 8) :emo:
     
    На drugarka, Hopeful, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Имам чувство дека работите полека се средуваат...
    Го сакам ова чувство на оптимизам. Нека трае!
     
    На zhap4e, Hopeful, IvanaMkd и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Не ви се чини дека нашиве некако повеќе пишуваат за Јоксимович него за Калиопи? :)
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ви велам јас неделнава досада ме тера на готвење :lol: , преѓеска пита , сега торта со вишнички абре убавина испадна ....само малце усм ја претерала со вишните ми дадоа комплимент као да се наоѓале во градина со вишни ,многу ми е гајле мене ми е убава повелете
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo-2770.jpg
      Photo-2770.jpg
      Големина на фајлот:
      21,6 KB
      Прегледи:
      139
    На srcekrsacka, IvanaMkd, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  10. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    дека утре ич не ми се иде со глупине деца у школо
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    За прв пат го сакав дождот.
    Го сакав затоа што гледајќи го низ прозорец, не забележав дека и мојот одраз во прозорецот е полн дожд.

    Please don't stop the rain... :music:
     
    На zhap4e, bittersweet, Bright и 5 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.391
    Допаѓања:
    286.869
    Колку само боли кога милион зборови остануваат неискажани и освен тишината не споделувате ништо повеќе со личност со која некогаш сте ја делеле секоја ситница од секојдневието.
    Моментот кога се прашувате дали да ја искористите опцијата делите...или некогаш најблискиот да стане само еден стар познаник со кој никогаш повеќе нема да споделите ниту еден збор.
    Името останува да стои во именикот, во листата на пријатели и помеѓу останатите контакти за секојдневно да не потсетува на една личност помалку на која сме можеле да рачунаме, потпреме и радуваме.

    Не сум совршена, грешам и не ни очекувам нешто подруго од останатите.
    Човечки е да се греши но уште почовечки е да се каже извини и да се прости.
    Но што кога веќе никој не е ниту свесен како се се започнало, кој треба да каже извини а кој прости?
    Што кога не е повеќе важно ?
    Што кога само боли....
    Добивате чувство како бомба да експлодирала, бомба од зборови која има поинаков вид на деструктивна моќ.Оваа уништува пријателства и доверба градена со години.
    Не знаете што крвари.
    Јазикот можеби. Тоа би било логично објаснување зошто освен мало климнување на главата од општа култура не сте способни да изговорите ниту збор.
    Или можеби сопственото его, гордост кое не дава да споделите една пријателска насмевка и да речете здраво, што има ново.

    Отсекогаш сум сметала дека можам луѓето добро да ги проценам, со сите свои плусови и минуси.
    Најдобар одбрамбен механизам е да знаеш од кого што да очекуваш, така би се редуцирале разочарувањата на минимум.
    Но не е се така лесно предвидливо во животот.
    Оној еден единствен исклучок, пропуст ќе надокнади за целиот предходен успех и дебело ќе си наплати.
    А на жалост разочарувањаата од најблиските највеќе болат, посебно кога ги чуствувате како удар од ведро небо.
    Можеби истата ситуација со некој друг немало воопшто ниту да ве штрекне т.с сигурно не би, бидејќи тие луѓе не ни се важни.
    Тие зборови не се како ножеви во нашата утроба од кои така лесно прокрваруваме...


    Обиди да се одбегне средба на погледите низ ходник, зашто приметувате тага во очите на некој кој сеуште ви значи.
    Се држите на спротивни ќошиња од просторијата бидејќи не сакате да се започне разговор кој евентуално би довел до основното прашање: што е работата?
    А како да зуцнете нешто, како да отворите уста да кажете збор кога тоа би довело до крај на друго пријателство.
    Тројката веќе не постои.
     
    На Artemission, bittersweet и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Уживам во мирисот на ова какао додека чекам да се олади,а за тоа време си пијам сок од боровница. :)
    Овааноќ решив да останам дома сама и да си ги гледам филмовите. :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    штотуку изедов едно вакво и никогаш во животот не сум била посреќна. :wasntme:
    Толку време помина од кога последен пат пробав.
    Во секој гриз како да се криеше по едно делче од моето детство, како да се хранев со мирисот на мојот дом, топлината на мајчините раце, татковата налудничавост и храброст да изиграва витез со тенџере на глава само за да ме најде во игра. Како да вкусив од одразот на мојата неуредна детска коса во огледалото. Сестриното бебешко лиценце.

    Сега од сето тоа останавме само ние, како појави, како силуети. Ниту татко ми е витез, ниту топлината на мајчините раце не е иста. Ниту сестра ми е бебе, ниту мојата коса не е толку неуредна. Ниту огледалото е на истото место. Јас прераснав во суштество кое животот си го влече по куферот, а од моето детство ни д не гледам понекогаш. Освен кога јадам шеќерно јаболко. Тогаш сфаќам дека иако морав да размислувам како возрасен, иако животот ми нанесе толку удари, моето детство беше само мое. И какво е - такво е. Можеби немам многу радости на кои можам да се присетам, но колку и да се малку, колку и да се мали, тие се мои, мои. Јас сум среќно дете. :)
     
    На 1209, Divinebutterfly, Chocoholic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ме јаде. Ме јаде одвнатре совеста. Се каам.
    Изедов едно чоколатце. Забегав од диетата. Неможев да му одолеам. ;(
    Нема веќе! Не јадам! :envy:

    Страшно многу ми мава на психичка база ова.
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    И еве ме мене,пред компјутер,славам сама со себе затоа што денеска ме израдува црвената боја,слушам некој транс кој ме враќа некоја година порано и на кратко губам време,наместо да читам за имуноглобулинчиња и све остало.
    Ама си ветив сама на себе дека од утре ќе ја испратам неодговорноста,затоа вечерва си допуштам ова све.
    Јас не ветувам,затоа што не исполнувам,но вреди да се проба.

    Се читаме во некои послободни времиња.
     
    На Bright, Lilliana и L-enna им се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    сдк о д клинка и се восхитувам :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Абе Лана Дел Реј умрела?! :o На нејзините видеа на јутјуб видов. Као од дрога било..?
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Нема никакви вести околу ова, а и Википедиа одма реагира на ваквите работи ако се вистина, така да не умрела. ;)
     
    На Princess.S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сите проблеми почнуваат со мен :)

    [​IMG]
     
    На crazylady и IvanaMkd им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.