Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Никој не умее да го искаже она што може да го исплаче...

    [​IMG]
     
    На zhap4e, maca99, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.277
    Пол:
    Женски
    Се отвори пандорината кутија. Отиде довербата во неповрат. Господ нека ми е напомош.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    Браво,така треба :) Иначе мора да најдам рецепта за чудава,додека имам уште неколку јаболка...
    Кај си ги нашла,преубави се !

    И СДК леле колку сум била секси и послаба пред 3-4 години,ни сама не сум свесна,а сега...Ко змефче се имам напраено :D Мора на диета,мора! А јаболчињата за доручек ќе си ги направам,ем малце благичко,ем овошје :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Не би требало да дозволам да ми дува промаја у бубрези,ама ме мрзи да го затворам прозорот.
    Не сакам да се помирам дека денов го потрошив..т.е не го ни потрошив,туку го изгубив.Ко во приказната..го имав на располагање и не сторив ништо.
    Да ми биде мотив за утре не може,зошто знам како треба.Во секој случај ме поттикнува утре вака,утре така..а утре е мистерија.Утре е под знак прашалник.
    Таква ни е природата..скоро секогаш утре и вчера се подобри.Не дека вчера не бил денес.
    Ама луѓе.
    Љубовни јадови и носталгии.И не ме болат сторените работи..туку тие несторените.Ме јадат зборови кои никогаш не се осмелив да ги кажам и затоа изгубив.И најапсурдниот дел е што свесно продолжувам.Личноста која замислував дека сум ми паѓа во сенка.И ко јаготка на шлагот,некој ќе ти лупне дека не го отвораш срцето доволно..па глупости.
    Навидум ова не сум јас.Си зборувам за некој будилник на свеста и се менувам.Овој пат на полошо.Го знаев најдобриот начин..сега не знам да живеам.
    Можеби е денов,можеби сум јас..
    ..но,сигурно не сонував за денес.
     
    На Gea и Magnolija им се допаѓа ова.
  5. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Со оглед на ситуацијава и напнатоста што владее по Скопје се чудам како ќе одам на факултет утре :( најискрено мн ми е страв :tmi: Ај да е рано кога се враќам ама до 19 и 30 сум, и во тоа време да се шетам по Бит Пазар аааааа :( Господе чувај не :)
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    ...Се во животот е малце на лево и свртено наопаку. Треба само да бидиш паметен и да ќутиш, да не прашуваш ништо, Туку да допуштиш одговорите сами да се состават во твојата глава...Секогаш постои време за вистинските работи. Трпението е одликата на големите, мудрите и сречните. :l:
     
    На stylishh, Divinebutterfly, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Последниве денови сум книгоманијак. Си ги влечкам книгите каде стигнам. Додека пијам кафе, во wc, по автобуси. Ако излезам на кафе, за секој случај. Додека гледам филмови или серии, на реклами да учам. Додека спијам, верувајќи дека со осмоза ќе ми влезе нешто во глава. Додека седам и ништо не правам, за да ми прават друштво.
    За арно или лошо, ама јас се навикнав. Како што се навикнав на турско кафе без шеќер. И несоница неколку пати во месецот.
     
  8. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Навистина посебен ден. И ние за прв пат се бакнавме на 11-ти март ама пред 7 години :$ .
    Уште бевме деца, тинејџери со главите во облаци и пеперутки во стомакот, мене плус и прв бакнеж во животов, прв дечко :wasntme: .
    Јас мислев дека не се сеќава ама сношти ме изненади кога ми рече - ти мислиш дека јас не се сеќавам која дата е утре? Ќе излажам ако речам дека не бев среќна и дека не ми затрепери срцево :$ што, ете, не заборавил.
    Изгледа има нешто посебно во 11-кава!
    И честита годишнина, многу љубов и убави моменти и нека ви се множат годините поминати заедно!
     
    На Doozy, LilBaby, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    JСП во соработка со МВР воведе интернет во автобусите за да можеш да се уклучиш на Facebook и тагнеш кој те тепа! :$
     
    На zhap4e, Adi888, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    ..I'm ready to date again! Yes I am! :wasntme:

    Уште да најдам некој задоволителен кандидат.. :D
     
    На Doozy, zhap4e, Adi888 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Мразам кога си мечтаам нешто и кога ќе ме потсетат дека тоа е тешко возможно. Е ако де, сакам јас да си се надевам малце :wasntme: Како и да е, подобро вистината откако розеви очила.
    И СДК дека спонтаното е најубаво. Без никакви планови, без стрес, опуштено и без преправање нешто што не си. Ама колку и да се трудиш не можеш секогаш така :)
     
    На crazylady, Chocoholic, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Здраво, јас сум Нимерија и сум познат одложувач за утре.
    Мојата кариера ја започнав уште во раните училишни денови кога го преместував учењето на тие претешки 3 лекции за тестот по историја до последната минута. Инспирација црпам секојдневно со секој поглед кој го фрлам на рандом книги низ дома. Љубовта кон било што освен учењето ме доведе до тука, да јас се дружам со мојата совест во овие доцни вечерни часови.
    Сепак, клучни за развојот на мојата кариера беа деновите во средно, кога просто не можев а да не одложам за утрото пред да тргнам, или во најинспиративните денови каде одложував дури до големиот одмор. Сето тоа допринесе за таков тренинг на мојот мозок да сега сум способна да научам било што во рок од 15 минути. Аха да.
    Всушност, јас сум притаен зависник од адреналин. Чувството кога вечерта пред колоквиум не знаеш кај ти е главата, се молиш на секое можно божество и виша сила за помош, изнаоѓаш најочајни техники за скратено учење, просто зголемениот крвен притисок оргазмично дејствува на мојата свест доведувајќи ја до делириумни трески и панични напади за повремено враќање во реалноста.
    О ви благодарам, навики мои, што и сега овие моменти не ги поминувам над книга туку овде. Без вас јас, не сум јас.

    Сериозно, мора да се смени ова, алармантно е веќе. Претеризам и упорно трескање на главата во ѕид. Проклета надеж за утре, со мотото што можеш да направиш утре, дефинитивно остави го за утре.
    Утре утре утреееее!!!!
    Нема утре, ама што дека ќе напишам.
     
    На Strumfeta93, Buttterfly, CIA и 11 други им се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Се чувствувам како да ме дрма ПМС 30 дена во месецот 24/7 ...

    Ме нервира се , ме нервираат настани и појави и луѓе . О како ми се бега некаде , ама никој да нема поима кај сум , да се ислучам од светов од веков . Толкава тензија , толкав притисок се дуам како балон . Кај и да е ќе пукне . Ми се плаче , ми се вреска , сакам нервозава да ми исчезне . А како ? !
    Како кога околу мене само нервози и стресови и неправди и борби за кои јас не сум сигурна дека имам сила . Се осеќам истрошено , се осеќам како да паѓам како да се предавам , а немам таква намера . Се ми е премногу ! И оние малкуте што ме познаваат во гласот почнаа да ме препознаваат дека нешто недобро ми се дешава , дека сум напната , и пренервозна. А мојава нервоза не е поврзана со тоа зошто дечко ми не ми пушти порака денеска , или ноктот ми се скршил или не најдов мој број од штиклите што ги намерив . Ова е многу подлабоко , ова е многу повеќе . Се разочарав од многу работи , и од личности за кои си створив погрешна слика . И сега ...
    Сега сум како изгубен германец , немам правец , т.е имам одам во една насока ама како поминува времево гледам дека не е исправна и дека може треба да одберам лево или десно .
    Луѓето немаат доверба во мене ни јас во нив ... Ми дале причина не дека е попусто .
    Боже дај ми сила , дај ми мотив , причина да останам на нозе
     
    На Izaabella и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Или уште подобро:
    Акција на ЈСП : со секоја купена карта од 10 возења, добивате гратис панцир и шлем....

    А што да кажам јас? Епа многу имам за кажување.
    Времето си поминува,а наместо одговори јас добивам нови прашања.Најдобриот совет што можам да си го дадам сама на себе е што помалку време да бидам сама, бидејќи сум прилично лошо друштво во вакви моменти. Го прифаќам и строго си се придржувам...тоа е, понекогаш знам да бидам и паметна.Ама најчудно и најненормално во сето тоа е што баш тогаш кога се трудам да размислувам рационално,паметно,се чувствувам најгрдо. :drunk:



    http://www.youtube.com/watch?v=Lr0xJBsVbZY
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сте имале ноќи кога не можете да заспиете,го дочекувате утрото изморени и исцрпени а сепак не ве фаќа никаков сон? Така ми е се почесто.Не ме фаќа сон а ако евентуално ме фати не спијам многу долго,сонувам секакви глупости и повторно се будам во реалноста.Колку би било убаво ако се е како нашите замисли и соништа,кога се би течело по моите планови.Кога сама би го режирала својот живот.Е би било но за жал не е така.Тука престанувам додека не сум откачила сосема.

    Имајте убаво утро :) .

    http://www.youtube.com/watch?v=8mojlRyHbi8
     
    На Divinebutterfly и CIA им се допаѓа ова.
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СДК - Се што е со пари, не е страшно!
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На bittersweet, Divinebutterfly, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ‎8 од 10 Македонци живеат под СТРЕС, другите 2 живеат во СТРАНСТВО! :D
     
    На Strumfeta93, Loritaa, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Пред еден месец и два дена, беше денот на вљубените.
    Тој ден 14ти од месецот мене повторно ми е најочекуван и најочаен ден затоа што тоа ќе биде денот на моето спасение и пролевање крв.
    Тој ден го чувстувам секоја секунда се повеќе и повеќе како се наближува. Секоја ебана секунда во мојот желудник се случуваат бројни процеси кои праќаат сигнали до нервниот систем да ми каже дека повторно сум гладна иако сабајлево изедов два мамини зелници, n број наполетанки, цвекло, кисело млеко и портокали. Сега се спремам да си истопам и едно чоколадо за да го заокружам доручекот како најдобар, дека нели што повеќе јадеш на сабајле тоа поголема енергија имаш.
    Мојата енергија е на завидно ниво. Поенергичен беше бившиот ми професор по физика.
    Овој понеделник го поминувам вака или онака.
    Го чекам петок, го чекам викендов.
    Собир на помладата генерација братучеди, додека поголемата се дави во работа...а, толку си ги сакам сите.
    И на мајка ми и доаѓа роденден.
    Треба на некој чичко да му пеам "кеш кеш" за да и купам поклон.
    Или да се задолжам како Грција.
    И двете старееме пополека.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.