Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Знаев што да ви кажам се додека не се најавив на фемина,.сега незнам мајке ми :x

    Денот ми помина ужасно благодарение на мојот професор кој ме малтретира како луд и ми го расипува расположението со неговите злобни муабети!
    го мразам бре !
    Ми вика: Лорита,некако најслаба си ми во пракса..Замислете! Па знам,. што да правам кога не ме интересираат кондензатори,отпорници..мерење на напони и струи.Не ме интересира! Безволно учам!
    Напони и струи над глава да му никнат,дебил еден!


    Не бе ... не! И после да сум расположена,нели?
    Но и покрај сите нервози од училиште...кога дојдов дома и ги видов лицата на моите најмили,насмеани! :clap: Аххх,

    Се на се, некој тмурен период ми е оваа.Ајде нека помине побрзо :worried:
     
  2. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    СЕ РАЗБОЛЕВ ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ;( ;( ;( ;( ;(
     
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    • 7623.jpg
      7623.jpg
      Големина на фајлот:
      69,9 KB
      Прегледи:
      193
    На maca99 и julie77 им се допаѓа ова.
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Како може значи една личност да ми го расипе расположението. Прокет да е.
    Го мразам бе! :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    • sad-face.png
      sad-face.png
      Големина на фајлот:
      16,5 KB
      Прегледи:
      188
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    СДК дека многу ми е страв и Господ да ми е на помош!
    Не знам навистина што ќе излезе од ова, се е катастрофа !
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски
    Бебушот мал беше на гости, срце малецко е тој. Д. ми вели дека кога сум со бебиња после сум разнежнета и лигава. Е ако. Ме испогреба, ме испоскуба, срце мало. Ако постојано зборувам дека луѓето си ги прават многу напредни децата ама ова за месеците е ептен напредно. Многу го сакам мирисот на бебе, ми мирисаат толку чисто, невино, слатко, би го држела и душкала со денови.

    Имам и симпатија тра ла ла. Немам среќа ко Мисс да ми е професор, нит да го гледам често ама ах каков е. Само два метри е висок, баш ќе си одговараме со моиве 160 :wasntme:

    С. го откачив 4,5 пати и сега жал ме фати, ма и ако почне се да ми се враќа, тешко мене. Ветувам утре ќе му се јавам.

    Денес пак не отидов на факултет ама убаво ми беше дома. Топло, чај од јаболко и цимет, дури и компјутеров сега го уклучив, а тоа ретко се случува.

    Имајте убава вечер.
     
    На zhap4e, eli25, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    :^)
    Позитивното мислење и тоа како може да влијае на реалноста, не си го уништувајте оптимизмот со вакви демотивирачки пораки, па и уште да споделувате на форум каде има еден куп млади девојки кои сега си го градат карактерот :!:
     
    На sesilija, Phyramide и Doozy им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Некои не заслужуваат да бидат професори по професија!

    Толку од мене.
     
    На eli25, Linn1, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    СДК Samo se vi kurvajte, videcemo ko ce sutra da vas zeni... -.-

    ете толку :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Се си доаѓа во право време - вреди да се чека!
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Стварно почитувам и ценам малку човечност, добра душа, искрена насмевка и подадена рака.
    Ептен ценам. :clap:

    Одам да се струполам врз нешто, од типот, кревет, кауч, фотелја, маса.... Дооооооолг, долг ден.
     
    На maca99, zhap4e, eli25 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Морам да се надоврзам на постот на Дузи...
    Сето тоа што го наброја страшно многу ми значи кога станува збор за нечиј карактер... Денес подадов рака за да извлечам дооолго годишно другарство од кал иако вината не беше моја а за возврат добив само „нема што да се средува“.

    До толку некои луѓе не ја поседуваат таа човечност и не ценат.
    Сите ѕидови ми се рушат, оваа година измина доста лошо. Се надевам на посветли денови нареднава година.. Се надевам дека ќе ја доживеам онаа семејна атмосфера, дека нема повторно да бидам понижена и поразена од личности кои ми значат.. И тако даље.
    Благодарам, идам јас у пичку матер со надеж дека ќе имаат бесилка и за мене. :hai:
     
    На maca99, eli25, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    И додека минуваат секундите, постојано мислам на нешто што никогаш нема да се врати, а ни за миг не помислив на она што допрва треба да дојде и засекогаш да остане тука. И колку повеќе се залажувам дека неправедно сум осудена, толку повеќе реалноста "ми боде очи" дека сами сме виновни за се она што свесно сме го уништиле.
    Останува уште можноста, да продолжиме понатаму и свесно да ја затвориме вратата на нашата среќа и да го живееме само она што ќе ни го сервира животот. Но, секогаш има можност да се почне од почеток, без оглед колку мали ни изгледаат шансите за тоа!

    - Дното за некои луѓе е и премногу висока позиција ! ;)
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Браво за Сноу Квин, на 5 дена од зачленувањето успеа да одговори на пола и повеќе од темите на форумов. :yawn:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    И јас и се восхитував неколку поста претходно. Стварно е успех толку да напишеш |( :D
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ееее, така е кога некој некој туркаш не ти успева :D
    поранешна колешка да игнорираш за работа- а и предлагаш посета на обука, запознаваш НЕКОЈА СИ , и ај неа ке и казам на неа за работното место :fubar:
    нема јас да бидам на тоа работно место-го утнав датумот , ама ни ТАА не успеала, ама ми е мило :)
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Leggings ARE NOT pants !

    Не сфаќам, како некои девојчиња упорно и упорно ги носат како фармерки.
    Маичка, хеланки, капутче и чизми. Добро, толку ли се горди со своето тело, сакаат да покажат дека се згодни и во хеланки па ги носат во училиште, во град? :^)
    Колку тоа простачки делува, не се свесни.

    Хеланките се за по дома бре, евентуално за вежбање, трчање на кеј...а не за во училиште. :fubar:
    Па уште се тртат, и цели гаќи им се гледаат... срамота! :x

    П.С Ова не е љубомора, не сум искомплексирана или слично, сигурно и тука има што ги носат хеланките така, па да не мислите дека ви љубоморам. :D
     
    На Lov3, Magnolija и starbucks им се допаѓа ова.
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Рик Елиас седеше во првиот ред на летот 1549, во авионот кој принудно слета на реката Хадсон во Њујорк, во јануари 2009-та година.
    Какви мисли му доаѓале додека несреќниот авион паѓал надоле.
    На ТЕД конференцијата за прв пат ја раскажува својата приказна.

    Замислете голема експлозија кога авионот се искачува на 1000 метри.
    Замислете авион полн со чад.
    Замислете мотор кој звучи клик, клк, клик, клак . Звучи страшно. Имав уникатно седиште тој ден. Место 1D.
    Само јас можев да разговарам со вработените.
    Погледнав кон нив, а тие рекоа: "Нема проблем. Можеби не удрила птица. "Пилотот го сврти авионот и бевме толку далеку.
    Можеше да се види Менхетен. Две минути подоцна, три нешта се случија истовремено.
    Пилот го исправи авионот кон реката Хадсон.
    Ова не е вообичаениот пат. (Се смее) Ги исклучи моторите. Замислете се наоѓате во авион без никаков звук.
    И тогаш кажа четири зборови - најемотивните четири зборови што некогаш сум ги слушнал.
    Тој рече: "Подгответе се за удар." Не можев повеќе да разговарам со вработените.
    Во нивните очи можеше да се види ужасот. Животот е завршен.



    Сакам да ги споделам со вас трите работи што тој ден ги научив за себе. #

    1 Сфатив дека сè се менува со текот на времето.
    Имаме листа на планови, она што сакаме да го направиме во животот и помислив на сите луѓе што сакав да ги контактирам, а не сум, сите недоразбирања што сакав да ги решам, се што сакав да доживеам, но не сум.
    Како што подоцна размислував за тоа, смислив една фраза, а тоа е "Собирам лоши вина."
    Бидејќи, ако виното е подготвено и личноста е тука, отворете го шишето.
    Ништо во животот не сакам да одложувам. И итноста, таа цел е навистина ми го измени животот.

    # 2 Втората работа која што ја сфатив - додека прелетувавме покрај Џорџ Вашингтон мостот, речиси го промашивме, за малку ќе удревме - си помислив, wow, се каам само за една работа.
    Јас живеам добар живот. За време на мојот живот, и покрај грешките, се обидувам да станам подобар во сè.
    И во мојата човечност му дозволив на моето его да се изрази.
    Зажалив за времето кое ми помина за работи кои не се важни со луѓето кои се важни.
    Помислив на моето однесување кон мојата сопруга, пријателите, луѓето.
    Подоцна, кога размислував за тоа, решив да ја елиминирам негативна енергија од животот. Не е совршено, но тоа е многу подобро.
    Две години не сум имал расправија со мојата сопруга. Чувството е одлично. Веќе не се обидувам да бидам во право, избирам да бидам среќен.

    # 3 Третата работа која ја сфатив - и тоа додека менталниот часовникот отчукува "15, 14, 13." Гледате како се доближувате кон водата. Си велам: "Те молам, експлодирај". Не сакам ова да се распадне во 20 делови како што гледате во документарните филмови. И додека се спуштавме, се чувствував како, Леле, умирањето не е страшно. Како да се подготвуваме за тоа цел живот. Но, тоа беше многу тажно.
    Јас не сакав да умрам, го сакам мојот живот. А тагата навистина истакна една мисла, а тоа е дека сакам само едно. Сакам да гледам како моите деца растат.
    Еден месец покасно, отидов да гледам претстава во која учествуваше ќерка ми нема многу дарба за уметност... сеуште.
    Солзи се тркалааа по моето лице, плачев како дете. Тоа имаше толку многу смисла.
    Во тој момент сфатив, што ги поврзува овие две точки, дека единственото нешто што е важно во животот е да се биде добар татко. Пред сè, над сите, единствена цел во животот ми е да бидам добар татко.

    Тој ден се случи чудо што не умрев.
    Добив уште еден подарок, а тоа е да ја видам иднината, и да се вратам да живеам поинаку. Ве предизвикувам Вас, Вие што летате денес со авион, замислете дека истото се случува на вашиот авион - Ве молам не - но сепак замислете, Како би се промениле?
    Што би направиле, од она што чекате да го направите бидејќи мислите дека ќе бидете тука засекогаш?? Како би ги промениле вашите односи и негативна енергија во нив?
    И најмногу од се, дали сте најдобар родител кој може да бидете?

    http://fakulteti.mk/news/11-11-08/tri_r ... vashe.aspx
     
    На julie77 и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Женски, тука се одјавувам. :hai:

    Паа, филмот ми почна. Патем, потребно ми е малце да се оптегнам на креветот.
    Деновиве сум како темпирана бомба. Уште да експлодирам.

    Чао.
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Како што поминува времево се повеќе и повеќе забележувам дека уствари никој не ме забележува. НЕ, воопшто не сакам внимание, ВООПШТО, ама имево може да ми го запамти некој некогаш, нели?!
    Или па ако се случи шеснасто светско чудо па да ме погоди некој како се викам и да ми се обрати, нека остане доволно долго додека зборувам, а не да се сврти и замине како да зборел сам со себе.. Мање битно за мене, мислам.. не е културно.

    Одамна се чувствував ко Каспер, ама не бев свесна дека полека, полека сум се претворила у него.
    Фала на некои луѓе кои ми го дадоа тоа до знаење...
     
    На maca99, la-chicka и julie77 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.