Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    дај боже, досаден е. Ниту можеш да го избришеш нит ништо, кој ме тераше да си правам профил.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Се чуствувам заглавена во една точка и никако да мрднам од таа точка. Па мислам дека време е и на мене да ми се случуваат убави работи.
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене ми започна прекрасно утрово, со кафе и ќесичка Стоби флипс. Јака реклама мавам, ама тој ми е единствен вкус од детството што не е променет и можам уште да се радувам на него.
    Радиото си свири во позадина, јас се занимавам и подработувам нешто. Вчера направивме торта со мајка ми, сомнително успешна. Утрово станавме порано да ја видиме и филуваме со хопла. Уште не сум ја пробала.....
    Откако заклучивеме дека проводите во диско во последно време се тапа, со женулињата, решивме дека од сега поубаво би било да правиме редовни собиранки. А, и како стојат работите, да ви кажам, не се мрдам од мојава населба. Што е сигурно, сигурно е. Ако некогаш ми идеа на живци навивачките групи, сега се радувам што постојат.
    Наопаку. И тортата и луѓето.

    Ми треба некој да ме потсетува на обврските, целата сум завеана.
     
    На bittersweet, TeddyGrey, drugarka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.873
    Пол:
    Женски
    Разговори без престан, скришни бакнежи на камера и насмевки кои ни ги краде секој поглед. Месеци без него, понекогаш се ко вечност, а понекогаш ко вчера. Неисполнети планови, да беа на лист запишани ќе ме разочаруваа со секој поглед насочен кон него. Среќа, не ги запишувам, само ги помнам и споделувам со моите.
    Поткуп за насмевка, шопинг за душа и чевли за среќа.
    Шега на моја сметка, вкусен ручек и сестриното кафе.
    Не е многу, но морам да престанам да се жалам.
    Жени ко жени колку и да се чувствуваме немоќни понекогаш, всушност сфаќаме дека сме столб на семејството на фамилијата. Матријахат, тоа е тоа кај нас, за кај вас не знам :^)
     
    На bittersweet, JuLleE, Divinebutterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Полош ден АМИН :worried:
    значи да посакаш да умреш по секоја цена :|
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    [​IMG]
     
    На bittersweet, IvanaMkd, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.804
    Пол:
    Женски
    Убаво утро.
    Нека ни се множат месеци и години љубов.
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Во денешно време не е луксуз да имаш кола. Луксуз е да ја возиш.
    Да, да...Бензините од вечер поскапи за 2 денари. По милионити пат...
     
    На AnaKarenina, Divinebutterfly, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Тешко е во денешно време да бидеш глуп.Има голема конкуренција |(
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Stronger than yesterday!

    My loneliness ain't killing me no more! :sun:

    [​IMG]
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    го молам Господ да ме извади од оваа каша и да нема повредени :) :worried: :sweat:
     
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...понекогаш се изненадувам од тоа колку силна личност сум.Да беше некој друг на мое место, до сега ќе беше толку скршен, што најверојатно ќе беше или во депресија, или на некоја дрога, или насред 150-тиот обид за самоубиство :lol: Ама, јас, не сум слаба.Иако се чувствував немоќно, тоа траеше само еден момент.Сега, повторно се вратив на патеката по која што сум тргнала.Се враќам похрабра и посамоуверена, посамосвесна и повнимателна, се надевам и попаметна.Направив уште една грешка, но ќе ја поправам.Побрзо и полесно отколку што сите очекуваат дека ќе ја поправам 8)
    Уживајте во животот и не се плашете од грешките-тие се оние што не прават уште посилни :!:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.036
    Допаѓања:
    123.901
    Цел ден немир и страв.
    Може не во соодветна тема,но искрено цел викенд се мислев како на работа во понеделник? Исплашена до смрт,сонував кошмари.На маж ми му реков да ми набави спреј за очи,со оглед на седиштето на фирмата каде работам и со оглед на автобусите со кои стигам до таму.
    Цел ден ми се превртува желудникот и не можам да работам.

    Одам попладне во потрага по невестински чевли...Барем нешто да ме развесели.......
     
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    СДК дека машките се големи пе*дери. За жените зборуваат свашта ку*рви биле накви биле, а тие се прават пе*ери - се зачленуваат на женски сајтови :rofl:
     
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Да ја поддржам модата на форумов на слики со пораки, абе толку се мудри и оргинални мислиш животот ќе ти го сменат. А кој ги применува? :wasntme: ...

    [​IMG]
     
    На bittersweet и Phyramide им се допаѓа ова.
  16. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
  17. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Изгледа дека и мојот инат се најде за нешто корисно. Инатот не ми дава да паднам во депресии или да ми паднат рамењата. Се држам одлично, можеби ќе се најде некој да ми го расипе денот или барем дел од него, ама волјата за успех никако.
    Слушав синоќа за него дека пропаѓа од ден за ден и жал ми е. Лута сум му сеуште ама не му посакувам лошо напротив, му го посакувам целото добро на светот.Живеев и мечтаев за него со години и не моќам да му посакам лошо. Жално е бидејќи ќе изгуби многу, јас не знам што мисли до каде ќе стигне ако продолжи со темпово. Се надевам искрено дека во последниве месеци се сменил малку и дека не го користи тоа г****о оти погубно е.
    Ме фаќа страв од помислата на што бев спремна да сторам за него... би ги правела ли и јас тие работи за да го задржам покрај мене? Ме лазат морници.
    Мило ми е што се оттргнав од него и што тој самиот уби се што имаше во мене за него, ама искрено се надевам дека ќе ја смени насоката во животот и дека ќе биде среќен. Му го посакувам со целото срце!
     
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Секогаш било се до ИЗБОРОТ.. Во џебовите имаме илјада маски и секогаш имаме избор со некоја од нив да си го прекриеме лицето, а никогаш не избираме да бидеме НИЕ.. Пријателството се претвора во натпревар на лицимери.. Љубовта во некоја отровна игра во која секако се губи... Простувањето во сосема нешто непознато.. Успехот нешто на кое што се завидува.. Искреноста нешто што не се издржува.. Насмевката нешто што никогаш не е доволно... Среќата нешто што повеќе го нема отколку што го има.. А ЗОШТО ЛИ ЛУЃЕТО ИЗБИРААТ ДА БИДЕ ТАКА ? ..

    Препочитаат да бидат затворени за светот.. Од љубовта бегаат како да е таа заразен вирус.. Брзо се лутат, уште побрзо пламнуваат, а најлесно умеат да повредат.. Премногу уништуваат, а премалку градат.. Премногу зборуваат, а премалку размислуваат.. А најстрашно.. Премногу мразат, толку многу што забораваат и да сакаат.. И не само другите туку и себеси..

    Во такви времиња живееме. Секој е нечија марионетка , и секој со маска на лицето шета низ светот..
    Зошто пред светот не можеш да останеш свој на своето..
    Зошто не можеш да сонуваш за слобода кога те држат во синџири..
    Зошто на светот никогаш не му е доволно кога ќе дадеш се од себе..

    Зошто на луѓето им е тешко да бидат едноставни..
    и уште милион други зошто..

    И сеуште сите гледаат бледо во своето огледало, го гледаат својот одраз, а не продираат во својата душа.. Не знаат дека се моќни, доволно моќни да бидат сила која го движи универзумот туку бираат да бидат просечни од нејасни причини..

    Живееме во време каде ќе почне и искрената прегратка и топлиот збор да бидат луксуз..
    Во срцата на луѓето е ладна зима..
    Од срце до срце.. Oд човек до човек..

    Целиот свет смрзнува..

    Трагично..зар не ?


    [​IMG]
     
    На Adi888, TeddyGrey, IvanaMkd и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Само си пресметувам колку време има до лето и ме фаќа паника. Сакам да се ослободам од гумава за пливање на стомаков, а упорно и упорно на нет си разгледувам рецепти, на тв си пуштам емисии за готвење и си мислам што да си зготвам. Ај од едно помфритче нема гајле, ај од едно тортиче нема гајле. Е има! Умов само во јадење ми е, ова не е нормално! Ќе си ставам лепак на устава! :x
    [​IMG]
     
    На Izaabella, Adi888 и Doozy им се допаѓа ова.
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Не ставајте исти слики тука и на фејсбук.. После кога ќе ве откријат ќе си ја трескате главата од тастатура во темата „Испукајте се“ и ќе правите драми тука дека ќе го напуштате форумов :)

    Нејсе, денов прекраснотии. Уште рано сабајле ме разбуди мајка ми со кафе, онакво какво што го сакам и плус во омилената чашка. Со џенцките мои после часови фуравме маалско паркче шема со пиво и сончоглед и секако добри муабети. Одамна не сме си организирале ваква седенка, па то насмевки, жалопојки, смеење. Се преродив.
    Додека надвор дува и е ладно, мене душава сонце ми ја милува одвнатре :sun:
    Ви посакувам пријатна недела!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.