Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Кој полага, знае како е да збудалиш ден пред колоквиум.
    Кој сеуште не знае, ќе дознае. 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=RTyX2-mpojk

    Ретро Македонски песнички на репертоар денес.
    Три саати кафе пијам, уште три дур ручам, па уште три дур се стабилизирам книга да фатам, ама затоа вечерва-нема спиење. :devil:

    Шизам, Шизам, што од среќа, што од мака, што од с`клет.
    Битно Шизам.
     
    На sanjalica, thinkerbell, IvanaMkd и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Најјако нешто е човековата психа...
    Kолку само моќно и значајно оружје...Недискриминаторско!
    Зависи како си ја тренираш но некогаш и како таа тебе те тренира.
    Мене мојава добро ме игра деновие.
    Не само овие денови, веќе неколку недели.
    Баш синоќа ме фати несоница и размилував убаво за ова.
    Решена сум да не се предавам и да не допуштам туѓите мислења и паники и мене да ме понесат и да ме фрлат во вртлогот на безсознанието.
    И да не дозволам туѓите психилошки бомбардирања да ја нападнат мојата и да ја разнишаат.
    Држи се силно 8)
    Само уште малку.....
    [​IMG]
     
    На CIA, IvanaMkd, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    СДК мило ми е шро сум повторно со вас.. :D
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Пред 7 години ова време, јас бев облечена во шампањ боја венчаница, со бидермаер со кори од дрвја, со романтична фризура (без сармици, летечки чинии и рајски птици) и срце што ќе излета од гради.
    Во црквата пееше црковен хор, а јас треперев како пламенот на свеќите што кумот и старосватицата ги држеа во раце. И блескав, знам дека блескав.
    А тој ... посериозен за разлика од мене, се трудеше да и пркоси на земјината тежа да не му ја повлече круната од глава и од време на време под око ме погледнуваше со восхит.
    Не знам дали да го наречам „Величенствениот“, но знам дека ниту еден момент, сите овие 7 години, не зажалив што на денешен ден го изговорив судбоносното ДА.
    Поминавме низ едно многу тешко искушение (мојата бременост), а тие страшни моменти само уште повеќе ја продлабочија нашата поврзаност. Но пак успеавме, заедно, давајќи си подршка еден на друг, сега му се радуваме на она малечко што не предизвика да го допреме пеколот.
    Се надевам дека овие 7 години, некогаш ќе ги славиме со двоцифрен број поголем од 50.
     
    На Strumfeta93, miss.ella, enca.69 и 45 други им се допаѓа ова.
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]

    :lol:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.327
    Марш на мирот...у сабота! А до сабота бе копуци едни?! Туку да,дел од вас се на работа,а на другите не им се ѕемне сами,колку више,толку боље или па и позабавно. Толку од револуционерниот дух. Кенкачи глупи! Парадокси у движење! Идиотштина! Чисто да ви кажам,не ви се важи ова у сивито пуно со револуционерни потфати. Марш,утре во 12,бојкотирам работа,факултет,школо и секој од нив што ќе се осмели да ми даде отказ,неоправдан ишотијазнам, е еднаков на мов! Неморален паразит кој порадо би сакал детето да му биде убиено,отколку да потклене пред своето тн големо его. А не у сабота,на школка! Купете пиво дволитарки и молете се времето да ни се погоди!

    И фб ќе се затварал. Леле,леле,денес е катаклизмата,еве кај и да е! Запишете си ги родендените на симпатиите во вашите смартфони,под итно! И запишете си која му е омилена книга, инспиративна личност, филм бла бла бла! Леле што ќе правите без вашето поле за слободна реклама,ај куку нонен! Гулг плус!

    Тешка недела ќе следи! Више си почна! Јас банкротирам,лека,полека,а месецов ни до пола! Мама,тато...срам,срам со се пердиња! Ич не барам! Прв пат ми се случува,ама од црн фонд не вадам до моментот кога ептен ќе морам! Е така! Поверојатно е дека ќе се сакам себе си ако не ја мавнам нутелана у фрижидер еве сега и одма (хипотетички,искрено не ми се јаде),отколку да си направам таков хедонистички потег и да ја срамнам со земја. Докажано,дисциплинираните се сакаат себе си повеќе,ама месецов таков си беше,роѓенденски и допрва ќе си биде! Јас сум умна и дисциплинирана момичка!

    И да ви кажам,утрово се осмелив и влегов у автобус! Или сум ненормална или сум храбра. За второто не сум баш сигурна!

    Туку едно подпитање за Ристета. Ој Ристе,оти ослабе бе,кога е бед ес да се живее скроз удобно до крајот без да ти стиска од затнати артерии и замастени јетри?! Е Ристе бе,куќо стара! Како да те гледам секој ден,така ми оди да те шамарам и се повеќе ти ги гледам слабостите! Ристе,ти си и се и ништо! На крајот,само ништо! Дај не се бламирај више,те молам! Сигурно не било од страв за здравје!

    Одам јас да си цуфкам (тм Шилеа) во креветон,само да ми дојде мацолот бестрашен и да ме испапа како Твити! МЊА! Ом ном ном ном колку убаво ме галииииии. Антидепресив, релаксатор, ослободувач од секакви морални стеги, неморални злобнотии. И човек и бог! Му нема рамен! Занес бе!
     
    На ljubam, bittersweet, Shelea и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Никогаш не би помислила дека неплатените сметки може да претставуваат благослов, наместо нервози.
    Една недела и половина без интернет, каков одмор за мојот дух и тело.
    Доволно време за моите книги, за поезијата, кусите раскази.
    Одморен ‘рбет, многу пилатес, сончеви прошетки и светот почна да се насмевнува.
    Не се лажете, делува само ако и вие му се насмевнете.
    Тоа, за волја на вистината беше малку тешко во првите два дена после операцијата на моето предно запче.
    Беше вистински смешно да се гледа овогодинешниот добитник на оскар – црно-бел нем филм, со уште понема гледачка.
    Мислам дека двата дена незборување ми паднаа најтешко.
    Но помина.
    Во меѓувреме, прославив годишнина од мојата невработеност. Во духот на тој настан, нормално бев почестена на романтична прошетка со коктели . Нели, и нам невработените треба некој да ни го чува грбот. :muscle:
    И срцето.

    Фемина, здраво!
    :hai:
     
    На Strumfeta93, caroline.costa, ines.h и 27 други им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Утрово бев пријатно изненадена од една млада девојка која возеше автобус на Јсп :wasntme: Навидум нежна и кревка , чиниш не може ни едно кило да подигне а таа возеше подобро од маж :D
    Ех, жени за се сме способни :$ :wasntme:
     
    На Bright, Doozy, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  9. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Сите ве сакам а иначе ми е многу катастрофа...
     
  10. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Јас не мразам школо. Најозбилно.
    Ама можеби за тоа главен виновник е одделенскиот кој лесно го скроти мојот темперамент и секогаш ме бранеше од сите други наставници кога мојот брз јазик ќе стапеше во акција.
    Неможам а да не гледам на него како родител!
    И не бев само јас. Се трудеше да биде добар за сите нас. Несебично да ни помага,и да ја оддржува хармонијата во класот. Затоа секој час со него за мене беше забавен и позитивен.

    И вчера му беше роденден!
    На неговиот час се собравме целото одделение и со торта го пречекавме додека тој неможеше да се соземи од шок. :)
    Навистина се почувствував како да му се оддолживме...

    Имајте ми убав ден жени. Стеј стронг! :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.527
    Допаѓања:
    174.116
    Па и наставниците се луѓе.Некои од нив гледаат само оној дел за кој се платени да го реализираат,додека има и такви кои се однесуваат баш како што кажа ти„како родители“.
    Одговорна е оваа професија-нормално за оние кои си ја сфаќаат сериозно работата.

    А родителите.....ах ,тие се виновни што учениците имаат негативен став кон наставниците.Уште не тргнало детето на училиште,а веќе од дома го плашат„ќе видиш ти на учителка,само да појдеш на училиште....“
    Па не сме баба-роги ,бре луѓе....
    Претерав....ај ,поздрав.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
  13. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    СДК.. полека полека ги завршувам обврските кои ми се потешки и ми олеснува, и тоа многу.

    А тоа што таа денес рано наутро ми го расипа денот, ќе биде казнета! :D
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Ви текнува кога светот беше подобар? Кога викавме добар ден на старите баби кои не ги ни познававме? Кога им ги придржувавме тешките торби? Кога немавме никаков страв? Кога нашите татковци го носеа целиот товар на светот и не потклекнуваа?
    Мене ми текнува. Не ни беше толку одамна. Десетина години се во прашање. Можеби ни толку.
    А ви текнува кога се се изгуби? Мене не. Наеднаш почнав да бегам од манијаци, да си ја држам ташната со две раце за да не ми ја украдат. Погледот почна да ми залутува во празно, а незнам зошто. Растам, не? Или светов отиде по ѓаволите? Не ми треба богатство, ми треба стариот мир. И насмевката на моите дека се е во ред. Штета што таа насмевка ја снема. Ја заменија брчки од умор.
     
    На sweet-cherry, JustSimple, Izaabella и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.327
    Дак фејс жените у стрес! Толку необјавени,фотошопирани слики.
    Рилекс бич,ит ис а џоук!
    Извините,шалили смо се! :D
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Шетам низ градов наш најубав, и се прашувам дали постои девојка што нема був закачен на ланче. И после сите оригинални биле, жими таквата. Една уникатност, па тоа е немогуче.
     
    На Chocoholic, teddybear, MacaLove и 8 други им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ќути Саја, зажалив шо го купив 1$ |(
    Него јас друго сакав да кажам и да побарам помош за пресметка на веројатност.
    Да знам дека учев веројатност |( ама со ова неможам да се справам.
    Колкава е веројатноста таксист што ви носел клуч до дома, уз пат да направил копија и да ве ограби?
    Не доцнеше колата, стигна навреме горе-доле. Ама... како се прави клуч? Доволно е само отпечаток од клучот да се остави или....?
    Помагајте параноична сум. ЛП :)
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека живееме во една голема илузија. Се будиме секое утро со намуртен лик, додека пред другите ја покажуваме онаа ужасна и лицемерна насмевка која е само маска ставена за да ја сокрие сета свирепост и тага во нашата душа. Еден сосема обичен. Мрзливо одам до автобуската постојка за да се качам во автобус. Секогаш седам на истото седиште, ги гледам истите здодевни лица, а на радио се вртат стари песни. Го минувам истиот пат, повторно, повторно и повторно. Ги слушам истите гласови кои ми зујат во ушите, длабоко ми одѕвонува нивниот егоизам и желба за доминирање во средината. Ми изгледаат како група лавови фрлени врз еден плен - секој се обидува да земе што повеќе за себе, борбата е сурова. Се враќам дома. Во онаа куќа која често ми внесува топлина, меѓутоа во последниот период за мене е многу ладно место. Не знам ниту што барам тука, во мојот дом сум тотален аутсајдер. Се шири некоја чудна негативна енергија, премногу проблеми затворени во една кутија чиј клуч е длабоко скриен, меѓутоа сите живеат во некоја надеж дека е токму на местото на кое што тие замислуваат дека е. Го чекаат возот кој најверојатно никогаш нема да дојде, тој воз веќе одамна е запрен. Јас не се надевам на ништо. Мислам дека е само една длабока и црна дупка до која светлината едвај допира. Би сакала се` да е само еден сон.

    http://www.youtube.com/watch?v=lAF8D0ugyVk
     
    На Hipster, ljubam, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е што мрежа може да ти сплете судбината никој не може :|
    денес се возевме во ист автобус со човек што не сме крвно поврзани,(го видов кога се симна од автобус) ама го викам тетин-на личност што не е дел од мојата крв маж ама јас си ја викам тето како тетка да ми е
    инаку типот боледува од рак(незнам точно на што беше) терапијата му помага и е со помалку болки
    кога се вракав накај дома ми текна тетка ми се што ми има кажувано за него-женкар невиден, вонбрачно дете има, а во пијана состојба бил страв и трепет низ дома(кршење столици, фрлање каде ке стигне со пепелници и др. работи) можам да замислам братучедка ми како помала кои стресови и трауми ги има преживеано од него :sweat:
    многу полошо од оној што ме створил, и единствена причина е тетка ми што не се развела од него-учеството во изградбата на куката, секако дека еден дел ке му припадне нему :x
    се секавам дека еднаш посегна да ме удри, ама тетка ми го спречи, а мајка ми застана позади мене-божем мало дете сум па се плашам, и ако тоа беше пред неколку години
    кај најде баш денес да го видам, и онака сив ми е денов тој ми го зацрни ептен :puke:
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... кога непромислено и во брз потез со жешка вилушка ќе си го изгорите јазикот ... немање памет. :devil: И сега го чувствуваш како се пликосува пецка и жари. :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.