Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Правам пауза, земам Кит-Кат! :D :l: :l: :l: :l:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк пролета се ближи,а со тоа све се буди,се будат кокичињата,расцветуваат дрвцата,прорабутуваат хормоните,љубовта,разголени девојки,абе милина.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.695
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    Сакам да си го земам мажот под една рака и куферчето под друга и веќе оваа средина очи да не ми види, а ни јас на неа...такво ми е моменталново расположение...
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Едноставно денов конечно беше убав,ми тргна со кафе и муабет уште по сабајле. :)
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    8.959
    Пол:
    Женски
    СДК многу сум депресивна во последниве неколку дена.Си правам штета сама на себе,непромислени грешки и избрзувања за кои подоцна се каам ама не можам да ги избришам.
    Многу сум разочарана,ништо не ми се прави,не ми се оди на школо,не ми се излегува со друштво,не ми се учи,не ми се шета,не ми се работи...Денес и температура качив,по цели денови лежам и спијам,а додека не спијам, плачам.
    Не знам што ми е,ми фали поддршка,ми фали љубов и внимание,ми фали некој,а не можам да одредам кој е тој некој.Многу,многу ми е тешко.Барам некоја личност што ќе ме ислуша од почеток до крај и нема да ме осудува,не постои таква личност во мојот живот,не постои и поради тоа сум најмногу разочарана.Премногу сум осамена,очекував многу дури и повеќе од колку што треба за на крај се` да се претвори во голема лага и одбивање.Изморена сум,не знам на кого да го искажам ова па затоа пишувам овде...Не дека ми е гајле некој дали ќе ме прочита или не,сакам само да го напишам она што го чувствувам кога веќе не можам да го кажам на никој затоа што од личностите што ги познавам не верувам на никој или уште полошо,на таа личност што и верувам не можам да и кажам.Максимално ќе ме осуди.
    Го достигнав врвот на се`,не можам понатаму.Сите ме сожалуваат,некои можеби и потајно ме се исмеваат и ми се ситат на болката.
    А него сакам да му кажам се`,ама не можам да ги одберам зборовите со кои ќе му кажам.Сакам да знае,ама не сакам да бидам јас таа што ќе му каже.Не сакам веќе да зборува ништо,чувствувам самата дека сум вишок во секоја можна сфера.
    Кога само би знаел како се чувствувам,која неизвесност ме мачи,кога само би знаел колку ми е грдо после се` што се случи,бар едно здраво,извини што нигде ме нема 3 дена,ама не сакам веќе да контактираме би ми било доволно,ќе знам бар на што сум и ќе страдам некое време,а потоа ќе ми помине.Вака,навистина не знам што чекам и што да очекувам.
    Главата ме боли многу,вријам од температура,солзи непрекинато ми течат и ми ги замачкуваат буквите овде,дури не ми се ни гледа добро.Морам да легнам повторно,кога спијам ми е најубаво.
    И за крај,сакам да кажам...
     

    Прикачени фајлови:

    На TeddyGrey, tweety26, femina11 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    http://www.youtube.com/watch?v=STKkWj2WpWM

    Во тишина, за мојот мир, мојата Љубов, моите пилешки прстиња во кујна, насмевката на мама, старите адидаски на тато, штафелајот на даде, постерчињата од другарките.

    Понеделник, толку близок до душата.
    Мекост на перница.
    Поезија на моите редови, што не можам да ги премолчам, ги викам гласно.
    Си возам точак и ме шибаат ветрови.
    Му купувам мус од чоколада и едвај чекам да го видам.
    Се гушкам со колегите на работа и Блажо се чуди што не спопаднало.
    Убави чувства, ете така. Оти ни се сака.
     
    На Hipster, tweety26, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Душава ми бара одмор, а времето не ми дозволува.
    Сакам јас и тој да заминеме неколку дена на планина и да одморам од целиот стрес, обврски и гужви. Да се разбудам наспана и опиена од свежиот воздух, да се протегнувам во кревет не мислејќи на времето, да пијам кафе на тераса и да и се восхитувам на глетката. Да фотографирам и уживам, да одморам од телефон и интернет и да бидам недостапна за сите.
    Снегот уште не е стопен, па немаме пристап до викендичката, а и колоквиумите чекаат на прагот. Ќе ги оставиме плановите за во април, кога обврските ќе стивнат, а природата ќе почне да се буди. Па ќе фотографирам верверички, качунки и печурки.

    Понеделников е нетипично убав. Денешен моден додаток ми е насмевката која не ја симнав цел ден! Само си велам на арно нека е. Се одморив со цврст сон, се расонив со вкусно кафе, па шкртнав уште еден ден од календарот.
    9 дена не делат од пролетта, која веќе пристигна во мојата коса... расцвета :lol:
     
    На caroline.costa, Springy, TeddyGrey и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    8.736
    Споделената мака е полесна, особено со некој кој минал низ истото.
    Но најстрашниот суд за направената грешка доаѓа од внатре. Совеста.
    Те јаде како црвот здравото дрво се додека не те претвори во плева. Се додека не навлезе до сите делови на телото, да те растрепери. Да не спиеш и не јадеш со денови.
    Некои трауми се минливи, некои избледуваат, а некои болат повеќе од физичката болка.
    Ќе биде во ред, се ќе биде во ред. Само еден месец и сум дома.
    А дома е се розево, рај во мало.
     
    На tweety26, mims-89, Izaabella и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Море се вртат некои лепотани у Сурвајверов,ај ќе си плакнеме очи :geek:
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Се нервирам бе, до каде со оваа моја неодлучност!? Не го направив тоа што требаше, го оставив за подоцна и сега ќе си се изедам жива! Знам дека сум таква, во моментот знам дека ќе ми е мака подоцна и пак по старо си терам. :fubar: Ми иде да си залепам шамар сама. :punch: Никако да се научам дека за нешто не треба многу многу размислување, треба да се делува веднаш, додека се има шанса. Се надевам дека друг пат да дозволам вака.
    Дојдов само да го пишам ова и си одам сега, чао.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    џоа компјутер сум, решавам математика, гледам телевизија, играм игра, пишувам на фемина :D
    Cе од еднаш.
    :)
     
    На ines.h и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски

    Multitasking rules! ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    И така отиде вечерта по ѓаволите :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Иако не ги сакам промените, една од нив убаво ми дојде. Не сакам да ја симнам насмевкава од лицето. Има толку многу убави нешта околу мене... Им се радувам.
    И СДК, колку е добро кога ќе се одмориш од се. Како нова сум. :)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Денес беше прекрасен ден.
    Си ја добив и јас сликата од таблото на матуранти, фрчат драги комплименти и слични такви поддржувачки гестови, моите дома како и сите родители може и уште порадосни од обично ме опсипаа со убави зборови, мислам ќе ги изедат сликиве од гледање, ама ако баш ми е мило. Раздавање слики насекаде, додека има да има, ко ќе нема ќе развиваме уште еее, не е проблем!
    5ка математика со само 1 изгубен бод. Не ми се веруваше, јас да сум ти била една од ретките кои ја пројдоа најобемната воедно и најтешка тема со одличен резултат, браво за мене, частовка кока кола и грицки.
    5ка и менаџмент, класната ми вика „да му е мерак на човек да те слуша, како убаво учиш, ем се научено-ем логички, алал да ти е, што да кажуваш веќе се е јасно, ако сакаш да си збориме ајде“ и јас секако и зборев и ја терав уште да ме прашува, ме прашуваше што сакаше и си се вратив на место.
    Презадоволна сум од себеси, особено денес, ова беше многу успешен ден за мене, си посакувам себеси а и на сите луѓе многу успешни денови во животот.
     
    На starbucks, enca.69, la-chicka и 15 други им се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Сакам да го снема од мојот живот. Несакам повеќе да го видам никогаш!
    Со него донесува и темна сенка која не опкружува сите. Сите околу него. Неспособњак!
    Лажна маска носи постојано, лицемер невиден! Се сокрива зад својата алчност, зад својот гаден јазик!
    Лаже без тронка срам, манипулира.. но не и со мене!

    Потајно посакувам никогаш повеќе да не го видам. Потајно посакувам утре да нема ден за него.
    Ти не си ми татко.
     
    На Izaabella и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  17. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    мислев дека нема да го заборавам засекогаш ќе го сакам но не е така го заборавив! Среќна сум!! јупиии :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    [​IMG]
     
    На IvanaMkd, Gordana10 и Libera им се допаѓа ова.
  19. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Тема на денов - Ќе го има ли Фб после 15ти???
    Ми ску*чи веќе со тој ФБ. Ќе го имало ќе го немало, Марк рекол ова - Марк рекол она...
    Никој не го сака фб - а 90% имаат профили и ќиснат по 10 саати дневно...
    Па луѓе што навистина не го сакаат - не ни разговараат за него и не го спомнуваат. Логично е за теми кои не не интересираат да не зборуваме. Крај на крај нека си ги деактивираат профилите... :D
    И да врв е кога личности кои се цел ден уклучени ставаат статус - Јеееее ќе нема фб :^) :^) :^)
    Логика?! :rofl:
     
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Како сум го светнала вц-то, да ти е жал да мочкаш (а не пак за друго)! Всушност, колку само излегува негативната енергија додека така си се занимаваш со некои си домаќински работи (кои ги правам еднаш неделно), абе си се чудам!
    Сакам да кажам, нервозна сум по малце, така отсутна од себе и за себе и за него. Нетрпелива сум за да го видам и да си ја смирам душава. Да си соберам куфер топлина и љубов, да си ја напрскам пиџамата со негов парфем, да готвиме и јадеме заедно, да му пеам, а тој со светнати очи да ме гледа, или пак само да си се гледаме и да си разменуваме мисли и чувства со погледи... љубовта ме носи во некој друг свет, ново катче, со преубав видик.
    И ете зошто пекам да си дојде златно лето, та секој ден да ми е љубовен.

    Уште 3 дена... Ах, конечно ќе си ја изгушкам внуката! Мила таа убава! Ми зборува на телефон: one, two, three, four, five, seven, nine, ten! Aaaaaa душа ме пресмеа, па само 2,5 години има! Ех, овие најмалите, па како да не ги сакаш најмногу од се‘? Како не ќе те интересира како напредуваат во животот кога ги знаеш од тоооолку мали, уште кога биле во стомакот на мајката? И си дете исто како него, кога си играш, кога разговараш... Сонца!

    ~ ~ ~ Positive vibes ~ ~ ~ for good night ~ ~ ~
     
    На IvanaMkd, glow, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.