Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    4.899
    Оваа категорија моментално ја разгледуваат: angel92 и 0 гости

    Forever alone? хааха :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Разни луѓе, разни цени.
    Денес сретнав два сосем спротивни примери кои сосем различно гледаат на една иста личност: мене. Интересно е кога ќе се погодат во ист ден. Го доловува шаренилото на карактери и сфаќања и баш во вакви рандом примери кои воопшто не те познаваат, човек најдобро ќе сфати дека никогаш не треба да се труди да шармира и да го остави најдобриот впечаток кај луѓето. Тие секогаш ќе те гледаат според нивните сфаќања и шаблони.
    Враќајќи се накај дома со скапаниот ми автобус, до мене седна човек налик на академик. Абе ги намирисувам таквите. И не бев грешка. Ама срам да ми е ако е некој попознат, а не го знам. :D
    Иако ме зачуди појава на таков човек во таков автобус, ми падна и интересно.
    Учтиво праша дали е слободно, си седна и веднаш си извади некои листови. Чкрташе, препишуваше, си беше внесен во работата.
    Јас и љубопитноста ѕирнавме во нив, навидум личеше на скрипта од драма.
    Ме примети, иако беше на секунда, се насмеа и почнавме да ги правиме оние клише муабети за времето, човечките навики, училиштето итн. Пријатен муабет.
    Сепак, ме пофали како добар соговорник и дека одлично би се снашла на телевизија. :o
    Ма немој да ме јебеш бре. „Me name potato“ сум за пред камера.
    Мајка ми дома ми се изнасмеа да не сум налетала на некој загорен што во мене видел лик за филм за возрасни. Срам да и` е. Па за „Ух, ах и ох“ не треба скрипта. |( Но тоа е друга приказна. :D
    На излегување се завртов да му кажам „Пријатно“, се лизнав на скалата од автобусот и се избрукав.
    Сепак мораше дозата задовољство со себе да ми ја „појача“ јак батица.
    Поминувам, ме вее ветрот, косата на 300 страни, фаца замрзивач, стуткана ко 5 паре. Ама се најде Рамче, 3 метри понизок од мене да помине и да ми даде дневна доза од неговиот шмек.
    Цитирам: „Леле многу си убава. Може за 50?“ :D :D
    Цели 50 ќе оддвои за мене! Љокум тој на дада.
    Немав време да му вратам. Исчури пред да добие одговор. Храброст. :D

    Туку мал милион други работи ме јадат.
    Само се молам и надевам на подобро. Само да се среди. Па зошто јас? Немам јас направено ништо од гревовите кои носат низ круговите на пеколот...
     
    На Cynthia, Trendafilka, Artemission и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Како што веќе секаде се пофалив ќе се пофалам и овде. :rofl:
    Може немам возачка ама имам кола :D Денес ми ја купија и едвај чекам да положам за да почнам без страв да ја возам :rock: :rock:

    И фала на тие што ми помогнаа околу фустанот за матура, го земав пред некој ден и да ви кажам право поубаво ми стои на мене одколку на таа женската 8) :) :)
     
    На Hipster, Bright, Trendafilka и 15 други им се допаѓа ова.
  4. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    СДК дека уморна сум од се. Некогаш сакак да ми дојдат гости, ама денеска очигледно тие што додјоа први ги влечеле нозете :lol: :lol: :lol: . Навистина. Па по нив втори,па трети. Па не можам веќе. Па подади, па крени. Ми пука главата,башка имам несоница. Очиве ко пишови ми се отворени, а срцето ми спие.
    Ми треба одмор, иако е понеделник. Од викендов ни В не видов. Уморна сум многу.Веќе мозокот не ми прима информации.
    Башка никако не можам да поднесат исфрустрирани личности и фалбаџии. :puke: :puke: . И да понекогаш јазикот ми е многу побрз од умот. Не можам да претрпам неправди. Таква сум и тешко дека ќе се сменам.
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Маченцето ми се врати по два месеци скитање :) .А си мислев дека нема да дојде и дека нешто му се случило штом толку долго го нема.За среќа,живо и здраво си е.Изеде се што имаше во фрижидер и се излежуваше на сите кревети дома.Кој е како него.
    Туку знам јас што е работата.Се врати за да ги гледа Реал Мадрид во Лига на Шампиони :) .Ќе си навиваме заедно за кралевите во среда и ќе си славиме четврт-финале :rock:

    Денеска многу чуден ден иначе.
     
    На ines.h и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  6. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Admit it! Sometimes, no matter how much you tell yourself you're over someone, your heart knows the truth...
     
    На x.Daisy.x, baguf4e и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Се што сакам да кажам е дека тонам во длабоки на ноти на меланхолија. Сега сфаќам што значи да си туѓ на туѓа земја. Без свои луѓе. Ми скисна искрено. Ми фали нашиот менталитет топлина имаме ние , овде што има ? Корист, пари и лицемерие :clap: . Не фала.

    Си ги сакам пријателиве назад, си сакам да си излезам слободно навечер, си сакам да шетам слободно по улициве, си сакам да сум опкружена со луѓе што ги знам.

    Само непознати маски гледам овде, немам немам место, нема ќош овде за мене доволно голем ил мал за да се пикнам и да се вклопам. Да бидам и овде дел од некого и нешто , ко небаре во родната ми земја имам, ама поразлично е. Со свои си таму, овде иако свои туѓинци ти се чинат сите!

    Деновиве, си венеам дома, чекам на еден битен одговор од моиве дома. Чекам. Тој одговор многу работи ке ми смени, дури и светлина ке ми внесе малку овдека. Незнам колку се свесни за истото, незнам колку им се битни моите потреби, чуства, желби и сфаќања. Ама потребно ми е тоа Зелено Светло од нив. Незнаат дека би ме направиле по ведра, и можеби повеќе среќна, ама не само мене, ами и друг некој.

    Знаат всушност ?

    Одкако решив време да си посветам на сама себе, сфатив дека ми е џабе времето без луѓето околу мене... Затоа цврсто се молам на Универзумот да ми ја исполни желбата. Знае Он барем знае , што ми значи мене тоа нели ? Знаеш нели ? Дај ми знак, кажи ми само што да направам ке направам знаеш дека те следам секад. Само давај ми ги потребните знаци, инаку ке се изгубам на патов, осеќам . Ми треба некаква гаранција дека се движам, дишам дека постојам.

    Сакам физички да патувам во светот на сеќавањата. Физички им го чуствувам мирисот, ами физички не сум таму, само духовно се враќам на некои убави времиња, сакам барем за миг низ истото да минам, само да минам онака нема да застанувам нема, потребно ми е .
    Да, тоа ми дава знак дека сум го живеела животот, и дека сум уживала во него, во секој миг кој ми бил понуден. Чудно како еден мирис од ветер може да те однесе години и години наназад, како еден поглед кон небото може да ти го отслика моментот од едно далечно лето...

    И ке завршам со тоа што сакам и сум спремна да Сакам уште повеќе. Многу повеќе од некогаш.

    А и сакам одговор за брзо време да чујам. Сакам да израдувам некого со тоа, сакам да пружам некому насмевка од срце.

    Нека биде.
     
  8. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    http://www.youtube.com/watch?v=XxaR7Ybpmpg

    денееееееееееес ми е родендеееееееееееееен!!!!
    ајде да ве почастааааам и вас :party: :party:


    [​IMG]

    [​IMG]

    аааааааааааааааааа 22 годинкиии тралалалала најсреќна сууууууууууууууум!!!! :party: :party:

    И јас си пораснаааав 8)

    :party: :d: :^: :d: :party:
     
    На WildCherry, Divinebutterfly, plavusaa и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.407
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека гласот ми е во некоја невозможна скала, мол ли е, дур ли е - немам појма.
    И да, М. ми рече дека сега без проблем ќе ја "фатам" Video Games од Ла(ј)нето.
    Ма би го фатила јас и тоналитетот на Nina Simone, само нека потрае басов до викендот. :lol: :wasntme:
    Плановите за следниот викенд се направени, а неделава само што почна. Ако, одамна веќе одам по тертипов - денес е денес, утре ќе биде вчера, задутре - завчера, и ете го викендот.
    Ко забрзан филм да следам, само минливи случувања и магливи силуети доаѓаат и одат. Ништо битно.
    Сè така, од викенд на викенд, од понеделник до сабота. И недела. И до кога вака !? :?:
    Сакам нешто ново.
     
    На gingerchild, Bright, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    СДК такво време дојде што луѓево веќе не искажуваат чувства со зборови туку само со лајк или постирање песна. Џабе си бил некаде, ако не си направил check in.Ќе дојде денот коа ќе треба некој да запроси некоја и само ќе лајкне група "OMFG ЕРГЕН Е ДОСАДНО, БРАК 4 EVER", таа ќе коментира "ДА!", попот ќе лајкне и ќе пише "ве прогласувам за маж и жена, можете да ја боцнете невестата" ... и толку. :fubar:
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Стварно не ми е јасно, зашто некои луѓе се толку безобразни, абе да фатиш да ги утепаш!!!
    Уф како сум нервозна, значи кога се однесувам добро спрема тебе, толку сум фина, расположена секогаш со тебе, искрена пред се, играм со отворени карти, зашто злоупотребуваш??? Мислиш јас неможам така???
    Не за џабе го лајкнав, јас сум најдобра спрема тебе- се до моментот кога ќе ја разбудиш кучката во мене!!!
    Така со некои треба уште одма, веднаш без размислување... ама пусто кога не си таков ке си го јадеш цел живот.... ах брееее ти треба тебе гушка силна. околу врат. со јаже! :D :D :D
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Добро утро :hai:
    Времево денес предчувствувам дека ќе биде љубовно, со умерен до силен ветер од емоции и топол дожд од бакнежи. А јас ни минута нема да изгубам од денов.
     
    На IvanaMkd, AnaKarenina, princesstiki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Се чувствувам како да си го одложувам животов за некоја подобра иднина,а времето поминува...и не знам дали да си останам на stand by или да се мрднам малку од точкава? Па нели јас одсекогаш бев за moving forward..
    На минатото не помислувам(лажам), на сегашноста не и верувам, од иднината се плашам..
    Морам да продолжам.



    Good things happen when you go for it!
     
    На ines.h, julie77, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека новата колешка ми е закон.. влева низ врата и ми поставува милион прашања во секунда: што праиш, кога стигна, се одмори, што правеше синоќа што има ново? а јас ваква :yawn:

    и велам имам чуство како да не сум се разделила од тебе тебе последна те видов синоќа , денес прва :D

    како и да е драга ми е, знае да ме насмее и е премногу позитивна. токму тоа ни требаше во овој куп на намуртени мажи.

    колешке ти посакувам прекрасен ден и убаво да си пројдеме и денес :*
     
    На CIA, nesa, Fearless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    епа женски, добро утро на сите!
    Одамна немам станато рано, ама да сум наспиена. 9 е јас сум свежа ко марула :D . Треба да се учи, и да се НАУЧИ :) , Отидов по едно варено ѓеврече.

    Имајте убав ден, искористете го сонцето и за мене ! :coffee: :coffee:
     
  16. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    и така денес ја почувствував за прв пат годинава ПРОЛЕТТА
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Добро бе, до кое дереџе дојдовме?

    Се сеќавам, бев втора средно. Имавме час по англиски кога пукна нешто, експлозија, се затресоа прозорците. Ни рече професорката ништо не е. И продолживме со читање за нешто кое се викаше - и сеуште се вика - ИНТЕРНЕТ. Се чудевме. Надвор се случуваше хаос заради атентатот кој се случи во моментот кога ние читавме за иднината која се вика интернет.
    И би интернет.
    Тогаш не можев баш конкретно да замислам што е тоа. Си викав, како е возможно ова?!
    Денес, без него не можеш да замислиш еден ден од твојот живот.
    Плус - кој моќен алат за шпионажа, манијачење, помалку информирање повеќе дезинформирање, и секако - за манипулација, пропаганда и ширење невистини. Уствари не ни е крив интернетот, ниту фејсбукот, ниту не знам што - ако знаеш како да ги искористиш да не речам, злоупотребиш за твоја полза.

    Како е возможно секој да си пише шо сака и никој да не сноси последици?! Оно као демек заштита на лични податоци ама у суштина ништо од тоа. Ова што го гледам повеќе не е ни хумано, ни никакво не е. Ми се згади. Објавуваш ексклузивна вест, демек види ти власта како те демнее и те евидентира, и го објавуваш без пардон списокот од сите тие жители со боичка - према партиска припадност.
    Отварам листата и шо да видам! Арно број на гаќи не стаиле или величина на прслук. Ќе можевме полесно да се спариме, вака партиска определеност, не ми е битна! Евентуално да стаеле кој не љуби чоколадо со оревчиња, таквите ми се посимпатични :?:

    У суштина нема ден, нешто да не ме изненади. Најмногу ме изненадува човечката непромисленост. Самата сум се изненадила на неколку наврати од непромислени реакции и потези направени во афект, под емотивен набој или од некоја друга причина. Она делче од секунда кога губиш разум и забораваш да броиш до 10, до 20, ма и до 100 и назад. И после си ја лупаш главата у ѕид. Ееее - глуп! Е глуп де глуп! Колку хомо сапиенс, толку обични животинчиња. Со моќ да кликаме и објавуваме непромислени статии на интернет. Да лаевме некад, поарно ќе беше. Вака, коа више некој ти дал моќ да збориш, лупни два прста у тоа тиквата, не избрзувај.

    Татко ми љубеше еден збор - башибозук. Епа тоа. Башибозук. Глобален а уште повеќе локален башибозук!

    А баш убаво ми почна денот а и ветува многу. Нејсе. Ќе се вратам кон она што му направи старт. Ароматична када. Обилен доручек. Колачиња. Кафе и ...француско chillout музиче.
    Апче за глава, нешто покасно.
     
    На maca99, CIA, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Се, се ама да станеш од сон во кој си сонувала како чекориш по глваната крстосница во градов Скопје во 04:00h со Кириленко е повеќе од убитачно, и причина да се разбудиш веднаш! :D
    Кириленко еј! Од каде бе чиче ти во мој сон?! Некој викаат соновите биле потсвесна состојба на умот, или пак на тоа мислел во текот на денот па го сонуваш ... се плашам ако потсвесно Кириленко ми бил во умов богами, дал ми е од добиеново само не знам .. :?:

    Слушам концерти се нижат, сва среќа не сме поплавени толку од вести во кои `Ти ходаш са њом, ти спаваш са њом` иде у позадина и најавуваат ѕвезда од Вардара па до Триглава, ама па и ова што го најавуваат некако ме плаши, seriosly ..
    Слушам ZaZ ќе имала концерта овде. Еве викам ќе ималА, могуче е да членува во група, па да испадне дека ќе имаАТ. Е добро, колку што разбрав карта е 850 ден. Да, од странство е, Франција е во прашање. И ќе оди некој на концерт само затоа што Je veux ја знаат и се прослави со песната. Еве не знам ништо за нејзе осим песнава, а и други знам што ја знаат само песнава а планираат да одат! Прво, немаат поима од француски или од било кој стран јазик, едино песната им фатила малце увце ... страшно со луѓево што се нема да напраат за да бидат видени! :o
    Исто и Раде Шербеџија! Ајде! Исто и за неговиот концерт е слична цената, ама Раде бе како примарна професија му е актерството, кој пејач е Раде пази молим те, рецитирал! Ни тоа не го праи, мумла ко Арбен Џафери да ме извините! Прави `дуети` да, меѓутоа тие ја вртат цела песна, а овој у позадина мумла, ене пуштете youtube факт е тоа. И ете и за него ќе лупнат пари само затоа што `Ни у твоме срцу` ја сакаат, несомнено и јас ја сакам многу таа песна, но пре би отишла на Монтено него на муми бој. Али тоа е ..


    А сега сонцето ме повикува, пардон! Оставам простор за некое друго мислење, одох ја да се доспремам, имам сончеви зраци за впивање во мојата кожа! :*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Неможам да му се нарадувам на сонцево надвор! Ми го разубаве денот уште рано наутро. Абе мераци, го обожавам! :sun: :f:
    Морам да го искористам денов на најдобар можен начин.
    Имајте и вие најубав ден Феминки! :*
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.