Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Која божја сила треба да се појави, да ја избрише од лицето на земјата онаа Сител Телевизија. Аман со секакви селјачки шоуа, секакви идотски серии и емисии со водители што да ми платат нејќам да ми се појават во животов мил, па со тоа српските сељандурки и фарми и кокошки и сурвајвори. Дајте малце едукација за децава, дајте филм драма, комедија, не само плачки за турскине богаташи и индискине деца, дајте емисии со добра содржина, што држат вода да ги глеаш и да чекаш со радост да почнат, па да проверуваш по 3 пати во неделната програма кога се, кога има репризи, кои се следни гости... :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:
     
    На slavica999, maca99, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    СДК оти едвај чекам орелски крилја јас да си ментнам, и в наши страни да си прелетнам....во мојот јужец, кој и на -20 и кусур знае да ми биде најтоплото место и моето најслатко прибежиште.

    СДК 2 Љубов најубаво се крадело така рано на сабајле и оп сега сите си замислуваат некои сцени од филмови коса така помалку разбушавена, па тоа насмевки, бакнежи , утрински секс ваууу...а реалноста е во косата си како скубана кокошка, тој каде залепен каде му стрчи некој дел, очи на пола копје од гурелки не можиш да ги доотвориш, насмевка ајде чиниш го спасава моменатот али ај да те видам бакни се со тој свеж утрински мирис од спиење и здив на накиснато маче. Није све као на филму децооо
    Затоа на наткасна задолжително еден чешел, или ајде и со раце бидуе, чаша со оплакнувач-освежувач за здив и влажно марамче за морнинг шаур ин бед хухуху
    Ама пуста љубов си е само чисто љубов, со гурелки или без 8)
     
    На CIA и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  3. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Е па веќе тоа рикање ме шекнува крај ќе земам ќе пијам лексилиум или дизапам да се смирувам крај веќе не можам па не е еден ден не се два стаанаа веќе осум месеци е крај не можам и сега кога го слушам се тресам од нервоза веќе ,па ми се иде да отидам некаде на една недела и да се одморам од се и да престанам тоа ненормално рикање да го слушам
     
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    СДК дека се надевам дека ќе нема веќе жбрц жбрц по нашиве скопски улици.
    И се радувам на времево за оваа недела ќе се затоплува шуќур ќе може да се трча по кејов да се загреат малку патиките :)
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Вторник.
    Би сакала да го преспијам. :)
    Брзо ми минува времето, се надевам дека ќе продолжи вака, до Петок. :wasntme: ах бре, ко за Петок да живеам. :rofl: Не дека нешто посебно има Петок, ни испаѓам по локали, ни се пијанчам, ама дома бре си идам. :rock:

    ах, природа, одвај чекам да се истегнам у некоја ливада. :drunk:
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ќе има надеж сепак за дождовава депресија .
    Стомак FULL што е битно слачки на кило ама порцијава одлична погледнете ако ви потечат лиги одма во лп .Шала на страна човек сум што повеќе уживам во декорација од како во самото дегустирање .Сутлијач(или со Ш) кокос и чоколадно , и да се телепортирам на планетата на балагојадачите .
    Друго сакам да кажам криво ми е што некогаш ќе почувствувам поголема култура и опуштеност од луѓе од друга култура од друга земја одкако од нашиов народ , а мајке ми не сме до толку ама како да не се даваме до толку .Имам една пријателка се запознавме сосем случањо на фејсбук ,девојката си има кариера како модел , не се фура не се филма сосема сталожена ,фина културна дружељубива ...абре секој можен празник ми го честитала ,постојано одржува контакт , не ме заборавила во толку многу пријатели кои ги има ....ние овде во ова поднебје отвараме профили само да зјапаме и манијачиме слики по туѓи профили , и на бебенцеа им направија профили , з анели д авидат другите дека Петко од Петковци колкав пораснал што му купиле каква торта за роденден му купиле , во која игротека е правен роденденот ,кај била свадбата каков бидермаер носела ,од кај и бил фустанот ,каква поза направила качена на спална ,чиниш пајажинаа ја турка од тоа таваните ..И за што ти се таквите луѓе во фб , за еден единствен збор да не ти прозборат пишат или да те потсетат дека ги знаеш од негде ,културни не културни ти се прават.Фатив исбобришав се или барем им го скрој планчето се им забранив и не си ги замарам очите со албуми од по 39499484 слики во самиот албум.
    Имајте убав сончев ден девојки.
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo-2763.jpg
      Photo-2763.jpg
      Големина на фајлот:
      19,3 KB
      Прегледи:
      190
  7. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    10.113
    Со првтото отварање на очите наутро се што ми треба е: топлината на неговото тело, неговиот сонлив поглед, јаболко на гладно и кафе во кревет. Вака почнува совршен ден :)
     
  8. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Му пишав како е,кога ке си дојде,дали знае,.што како.
    Ми врати најладнокрвно што можеше.Ми рече дека ништо не гарантира за враќање и дека нема да се вклучува на фб повеќе.
    Се разочарав.Незнам што се случува со мене,толку грдо се чувствувам.. ;(
    Можеби ме избегнува и откачува на 100 начини,а јас никако да сфатам??! |(
    Многу ми е тешко.Ке го оставам,не му пишувам.Не ги влечам јас конците веќе.Ке биде како е пишано.
    ;( :( :( :(
     
  9. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Надвор гужва.Излегувам на балкон и гледам на доле метеж во сообраќајот.Чичко полицаец застанал на средина и се обидува да воспостави некој ред.Сите некако брзаат и единствено што се слуша е чкрипењето на гумите а потоа сирените дека поминува некоја делегација.Ова во текот на денот го слушам барем 3-4 пати.Ех понекогаш сакам да седам во некоја населба каде што нема вака метеж, каде што е мирно а не тука, но тоа е.Сонцето почнало по малку да светка и ми краде по некоја насмевка.Ѕвонат телефони за на кафе, а јас си се спремам за на факултет- ех каква иронија.Ама ако ене кај е 6 јас ќе завршам па после ќе си одам на кафе ;) Со кафето до мене се спремам а воедно и се будам од овој зимски сон кој што никако не сака да ме напушти :lol:
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Треба почесто да се потсетувам дека една небитна и негативна личност не може да го расипе денот.
    Ќе излезам надвор и ќе играм како улава. Од мака тоа.
    Штом времето покажува знаци на подобрување, мене ми се згуснува периодот за учење. Мееех....
    Тоа е еден фин обратнопропорционален однос создаден во завера против мене.
    Епа нема!

    [​IMG]
     
    На maca99, MandyLane, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    8.727
    Моќта на некои луѓе со зборови да те стоплат е неверојатна.
    Сфатив дека имам кому да се обратам за помош и подршка. Неизмерна.
    Чудно, за денешно време.

    Животот е прекрасен и времето е сончево.
    Храброста е со мене. Можам сама, воспитана сум да ја избуткам секоја препрека макар влечејќи се низ калта. Ќе ме измие дождот, ќе ме исуши сонцето и спокојот ќе ме завладее.
    Нема да се разочарам.
    Само малку време и ветер да го истурка облаков кој ме опседнал.
     
    На BeYourself, bittersweet, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    СДК

    Ќе почнам да шетам низ Скопјето со камен во рака, мајке ми. Таков збир на кретени на едно место не сум видел ви живот, па преку глава веќе. Само последнава недела три пати ќе ме згазеа коли качувајќи се на тротоар од никаде. Се некоја сељачина со запушена кола и мобилен во рака и луп на тротоар. Фали уште и да те исвирка, да те направи тебе виновен...
    И како пешак на пешачки премин + зелено светло пак не ти е сигурно.

    За пештерци што возат брзо и бањаат луѓе со тие барите вода, ил да не зборуваме...

    Сепак за нешто сум благодарен. И моментално додека го пишувам ова, зборувам со другарче од Државен.
    И како и многу други, и тој е преполн со приказни за тоа место...

    Се паѓа ако професорот не бил на ќејф тој ден, ако едноставно не му се свиѓаш, ти поништил дадените одговори на тест а не ти кажува кај ти е грешката, поткупи, услуги, улизувања, преполагања по 10+ пати....

    И тие приказни ги поврзав со тоа што сум го слушал од родителите, од нивното време и искуства во тие академски води. Многу малку се променило од тогаш, и едно прашање ми се вртка и никако да го откачам...

    КАКО, после толку децении на тие боговски позиции и стотици студенти психички силувани, до сега не се нашол ЕДЕН, само еден од мајка роден да начека професор таму и да му учука една - две, for good measure, за да се свестат дека не можат да се заебаваат со туѓи животи.

    Е за ова сум повеќе од благодарен, што избегнав таква средина на факултет...

    И овие 14 месеци животарење во главното селце ми потврдија нешто што веќе го знаев за себе.

    Јас не сум карактер што може да издржи минималец. Не сум карактер што ќе се моли за работичка со 9 илјадарчиња платичка....се додека еден ден толку не отидам во аут, еродиран и без да осетам цел живот ми отишол во демунитив.

    Не ми е гајле за изговори од типот епа таков ни е стандардот, или стрпи се, уште си млад, епа гледаш општа сиромаштија, така е за сите...

    Видов оприлика што може да понуди политичкиот, економскио и културно - уметничкиот центар на државава на некој од страна што нема никакви врски. И благодарен сум за освестувањето.

    Сега...идемо даље
     
    На sanjalica, mims-89, Neytiri и 16 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дека навистина убав збор железни врати отвара-во тоа се уверив денес
    жена со која посетуваме ист курс ми помогна преку нејзина роднина како да аплицирам за државен службеник знам дека се е по партиска основа ама да се обидам (подетално ми објасни, и сајтови, треба и правни прашања да учам 400 се :lol:а тоа дека луге со години ги полагаат ме утеши ептен :sweat: ) се прашувам ЗОШТО се мачев бизнис коресподенција да учам :fubar: ама ете од каде да знам :doh:
    и го видов монистерот за економија Валон Сарачини со боди гардот пред него (инаку бил директор на маркетинг на Американ Колеџ јас не знаев-вчера дознав од сајтот, и сега ми е јасно кога ги гледав сите тие луге за реклами на колеџот) ех, што ти се вика живот, и луге што случајно ке ги сретнеш на пат колку можат да ти помогнат :)
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    EleMental знаеш зошто не се нашол таков? Пошто после нема да го заврши факултетот никогаш! После и кај другите професори нема да можи да помини.А од кога поминало се,после тоа гајле им е на сите,важно завршило,па не сакаат да прават кривични дела кога веќе завршило...
    А понекогаш стварно ти иди да претепаш некој...
    Јас така имав еден,можи 5-6 пати и поќе ме туркаше,ама помина и тоа.Убо ќе беше да беше само тој да турка така...И се губи време...Иначе досега ќе имав завршено :( Точно,има такви работи,има и дискриминација па затоа после ако немаш врски или пари ќе студираш и поќе,па и дупло ќе ти дојди маката и средствата...Ама ајде сепак,некогаш ако се потрудиш повеќе ќе видат не ќе видат, ќе мораат да те пуштат.Ако не, си пополнуваш молба и оди до деканат,па ќе се испитувате со комисија.Имав една другарка така полагаше пошто цела година изгуби заради тој испит. :tmi: Е ако имаш избор де...

    Сепак други работи мене ми се допаѓаа овде,не можам за се да се жалам.Имаше и свесни луѓе што навистина ни покажаа и не научија. И еве ќе завршам,па после да видам...Некои од професорите (повеќето) се обраќаат со колешке кон нас,не секогаш не прават подолу.И во Мк некој да ми се понаша,не мислам да се расправам со нив.Пошто кога ќе завршиме не треба да се потценуваме ;) Затоа после,од кога знам како и со колку мака сум завршила,нема да попуштам на секој и да ми се прават паметни.
    П.С.Ауу ти си позеленел(цветчето),честито :D

    И СДК јас денес треба да учам,нема да ве дружам многу...Петок ми е испитот,па да видиме како ќе поминам.Тројца ќе ме испрашуваат,ќе ме запукаат со прашања,дај Боже да извлечам убави прашања.
    Преѓе бев до факс и на враќање седнав до паркот да ме издува ветрот малце,пошто не можам поќе,ќе цркнам жими се,тука само затворена... Ама сега кон 2ри Април си идам па ќе одморам малце :) Има да се изнашетам :)

    Имајте убав ден :*
     
    На EleMental, Adi888, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Дојде такво време, кога треба да правиш многу избори. :D

    Дали ќе се качиш во кола, и ќе трошиш бензин кој ако е уште малку поскап ќе помислам дека лечи рак/СИДА, или ќе одиш со автобус?
    Дали ќе се качиш во автобус и ќе те збуцаат со нож, или ќе одиш пешки по темниците и ќе ти рипне некој јабана? :^)
    Дали, кога веќе си тргнал пешки и си ги заштедил парите, ќе ги инвестираш во јадење или во кафе?
    Дали, откога ќе купиш сендвич, ќе ти останат пари за и наредниот ден да си купиш исто, или пак ќе си купиш два дена по ред ѓеврек?
    Дали да си купиш чизми или капут сезонава? Двете заедно, никако. Па и повеќе, пара, нема теоретски шанси.
    Ако си си купил чизми, дали капутот нема да ти се излиже до крај на сезона?
    Ако си купил капут, дали чизмите нема да ти се распаднат додека запролети?
    А наочари за сонце, ами ако си ги купиш нив, треба и да си купиш пролетни чевли.
    Дали затворени или отворени? Ако се затворени, ќе ти биде жешко сред лето, ќе ги носиш само 2 недели... Ами отворени, сега не можеш да ги прошеташ.
    А ако решиш да прошеташ, се враќаме на првиот проблем горе - ќе одиш со кола или со автобус? :wasntme:

    И ќе ми се прави некој мадафкр оти не морал да бира, па знаеш, животот е лесен, слобода дрн дрн. Море и слобода немаме веќе, туку ај. Е не е, живот је такав, чупав и длакав. После ќе ме снемало од тука, епа да... Ќе го направам и јас мојот избор за некоја година, па чиао тути.

    п.с. Инспирирана од една вчерашна случка, кога укопчав колку сме за гревови. :hai:
     
    На mims-89, sweet-cherry, tanja6 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ухууу today was a good day 8)
    Бев да ми го снимат зглобот, добро зараснува, сега место портокалов имам зелен гипс :D
    Туку кога го видов докторот со тоа како пила за сечење на гипсот, што сценарија си разработив во главата, еее ако кивне сега овој додека сече отиде раката на под......хорор филм, а уште еднаш за 3 недели ќе треба да го поминам истото.
    [​IMG]
    Ако кивне или се штрецне нешто, вака си ја замислував раката
    [​IMG]
    :rofl: :rofl:

    Добриот ден беше поради други причини, додека шетавме со бебушот да му купам есенска гардероба, го сретнав најобожаваниот кувар/chef :inlove: Таман се мислев дали да му ја купам новата книга/готвач од никаде се створи позади мене и не можев да го одбијам, како да му одолеам на некој што готви толку добро и што има неодолив француски акцент :$
    Ми ја потпиша книгата, се сликаше со мене и бебушот, абе убавини, лиги до коленици :rofl:

    Сите ние си имаме нешто што не пали, мене ме палат мажи што знаат да готват, уште и ако како мм ја исчистат кујната по себе......оооо јас сум во рајот :angel: а уште и ако зборуваат со акцент......крај I`m in lust

    Не е којзнае колку убав ама мене ми е ептен секси,а гласот супер секси, не е француз за џабе, ај отидов да спијам и така сум сама ноќеска ќе го сонувам Ману како ми готви само по престилка, улала :P

    [​IMG]
     
    На la-chicka, CIA, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Конечно ги завршив сите обрски,и симнав товар од грбов.Аnd i feel happy with myself.
    Среќа што мене ми се покасно колоквиумиве иначе ќе паднев у озбилна депресија,ма ВИШЕ НЕ МОГУ БРЕ!

    Денеска денов ќе биде тотално мој.Ќе го искористам за средување мисли,а и средување на тело.
    Само еден козметичар колку може да направи да се чувствуваш поубаво.
    Ко што ми ги корнеше влакната,така ми ги корнеше и маките...добро,може малце одвратно звучи,ама нема начин да се разубави постапкава. :D
    Топла миризлива маслена купка и ароматични свеќи :inlove: Денска ќе се релаксираме,а веќе од утре ќе ја фатиме пролетта.Утре ќе го зграпчам сонцето со сета сила и со сета љубов...само се надевам дека оно нема да биде срамежливо!
    Веќе ми се носат шорцеви и сандалки.
    Добро де,и само со балетанки и без јакна ќе бидам среќна.Oh god,yes i will!
    :sun:
     
    На LilBaby, maca99, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    вистина више не знам што да правам ,чуствувам некој ненормален притисок у глава,не задоволието го достигна својот врв,на се што и да прави дечкоми ја му наогам мани,се ми смета више не знам шо да праам ,чуствувам незадовлоство и главава ке ми пукне :@ ми иде да се дераммммм да вриштам на цел глас :@ :@ :@
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aааа Bittersweet колку сум љубоморна и јас го сакам на овој,да го гледам де :wasntme:
    Kitchen Rules само заради него го гледам :D

    Cдк дека ми недостига летото во Oхрид,прошетките низ чаршија,секое сабајале за доручек тост,панцероти од под нас пекарата и кафе направено од сестри ми,посетите кај една прекрасна девојка зачинети со кафе и алва :wasntme: Mирисот кога ке поминеш низ пазар,и гласните продавачи,прошетките навечер покрај езеро и грицкање семки.... :inlove:

    Aх ли како ке дојдам пак? E сега знам дека се жалев од таму но пак ми се доага,не е исто како овде,поживо е таму,едноставно дома си е дома :angel:
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    „Беше пролет, но јас сакав да е лето со топли денови и прекрасни прошетки. Беше лето, но јас сакав да е есен со пожолтени лисја и свежо, суво ветре. Беше есен, но јас сакав да е зима, со прекрасен бел снег и радоста на празничните денови. Сега беше зима, но јас сакав да е пролет, со пријатна топлина и расцветана природа. Бев дете, но јас сакав да сум возрасен, слободен и почитуван. Бев дваесет години, но сакав да сум триесет, да сум зрел и искусен. Бев средновечен, но сакав да сум дваесет, со младост и слободен дух. Бев пензионер, но сакав да сум средновечен, мудар и без ограничувања. Мојот живот заврши, нo јас никогаш не го добив тоа што го сакав! “
     
    На Hopeful и MacenceEna им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.