Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Има моменти кога сакаш, а желбата не ти е исполнета.
    Кога љубиш, а љубовта не ти е возвратена.
    Кога плачеш, а солзите не можат да потечат.
    Koга она што срцето чувствува, усните не можат да речат. :^)
     
    На Libera и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ја „силував“ категоријата Одмори и патувања :D Ме тресе некоја предодморска треска, а уште не е ни пролет официјално :?: А плус ни пари не се собрани, нити испити положени, битно убаво е да се мечтае. Дефинитивно општо земено како период во годината поубаво од лето нема. Колку и да се жалам на топло, нема поубаво. Сакам лето и сакам да ми се спојат сите коцкички и да отидам на одмор, си се уценувам ако положам се дека тоа ќе ми е награда. Не ми личи на годините ама ајде :lol:
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    СДК дека и до некои теми еден дебел мрсен ! треба да се стави оти секој не е при сета своја свест кога отвора некои теми. Информацијата е злато. И следејќо, повелеле на медена тортица каква сум ја нагодила народски кажано мхмхмх
     
  4. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Сакам да помине неделава, да ја преспијам, да не постојам, да хибернирам ... Си викам "ајде Капкејк, можеш ти уште малце, и тебе ќе те огрее сонце после цело сивило".
     
    На maca99 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Знам дека некогаш многу се жалам што сум во моја кожа, ама па, фала богу што не сум во нечија туѓа.
    Можеби знам да сум неодговорна, неорганизирана па дури и незаинтересирана, но по некое време ете сфаќам дека, всушност таков луксуз не секој може да си дозволи, да биде во лер со паметот.
    Мене најголемо чувство на слобода ми е кога ќе ги пуштам уздите и ќе ги оставам работите да си течат без јас да ги водам, онака од чиста глупост понекогаш, да видам кај ќе ме однесе животов. Ама повремено е, дури и мило ми е што сум способна и покрај тоа што ги пуштам конците, пак имам некоја контрола врз животов...или можеби е фактот што не ме фаќа паника кога нешто не оди по планот. Секако сум навикната да не оди ништо по планот. Некој тоа, не го може. Се гуши во сопствената слобода, или не знае да живее без некој друг да му диктира.
    Се прашувам некогаш колку може некој да не е свесен за изборот што го има или нема. И да го нема ќе го направам бре! Барем ќе ми биде убаво живеењето во илузија.

    А ми текна и дека нема повеќе девици во невоља, сега има само девојки во невоља. Аналогно на тоа, нема па ни џентлмени/кавалери. Има само свиркачи по улици, евентуално и сеирџии, или неопределени мажи кои оговараат со нивните „френдици“.
    Интересен ден беше ова, си живеам со мислата (или лагата, сеуште не сум се одлучила) дека ако имам нова книга ќе ми биде мерак да ја учам. Реков јас, убаво е да се живее во илузија. Cheers to that. Каде cheers ма колоквиумска е.
     
    На mims-89, Strumfeta93, NoellePage и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Го запознав него,се затрескав,почувствував нешто толку силно,а не беше љубов.
    Си мислев,во него го пронајдов се за кое долго фантазирав.Тој совршено се претстави,совршено зборуваше и совршено се однесуваше.Го гледав како мало слатко и добро човекуле.
    Ми угодуваше.Дојде и со моите дома зборуваше како да сака целиот живот да го помине со мене.
    Моите го засакаа многу.Ми влеваше толку сигурност што невозможно беше да се посомневам во него или пак да се разочарам.
    Ме запозна и мене со неговиот град.Со неговите блиски.Со фамилија.Со пријатели.
    Го делевме креветот заедно.Имавме убави моменти.Се смеевме на глупостите кои ги правевме.
    За на крај да ми каже дека ке оди во Грција,а после 2 недели ми каже дека му праќале пораки дека ме видувале со други машки и дека е разочаран.
    Замислете,пред да појде тој,јас му реков дека ке го чекам и ке се борам за нас.Да не заборава дека го чека некоја која го сака и дека не е сам.

    Сега се гледа до што му било.Јас му се предадов целата,се занесов и изгубив.Се изгубив целата јас.Се сменив,станав друга личност благодарение на него..
    За да сега излезе дека сум само искористена и отфрлена..
    Многу грдо се чувстувам,се тресам и ми се плаче :(
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Вторник, а згора на се и сончев - па и јас да сум пензионерка ќе си ги извадам наочарите, и ќе одам да пијам кафе на Водно. Автобусиве денес беа фул, а и во последно време не се баш безбедни, па го одбравме побрзниот и подобриот начин да стигнеме на предавања.
    Дојде да ме земе, и како и вообичаено доцнеше 15 минути, за на крајот да ми рече: Ајде влези, ти ќе возиш до факултет и назад.
    And I was like...
    [​IMG]
    Денес имав 45 потенцијални инфаркти додека да стигнам до посакуваната дестинација! Милион пати си реков: Ах, сега ќе си бев на седиште до прозорот и ќе си читав книга!
    А тој, иако со слаби нерви, овојпат сосема смирено ми помагаше со инструкции. И ми пушти цеде од La Bouche, за да влезам малку во филм жена - возач 8)

    Интересен вторник...
     
    На mims-89, la-chicka, Nymeria и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Циклуси - месечни, годишни, животни, осцилации, вртоглави искачувања и паѓања, повреди и саморегенерации, мигови кога лебдиш од среќа и љубоморно и тајно ја чуваш, да не ја урочат натрапници и мигови кога си подал дланка и парче душа, па ти ја одгризале раката до рамото како ајкули и затруле душата со предавство, мигови кога си целосно немоќна, а некој близок изгубил неповратно премногу, за да бидат неговите циклуси слични на твоите и оние на повеќето... Мачка ли му питерина!!!

    Туку, Фуле одговорен за проширување ни го стеснува името на Скопје, со изговор имињата не биле значајни. Здраво, Муле, така е... Од друга страна, внатрешно почна да ми наликува состојбава на Clockwork Orange, ултранасилни недоквакани детишта задоени со национал-шовинизам-накај фашизам, кои го сметаат за свој идол Чика Куре од Ране, така да имам впечаток дека до Македонија треба да стои и Дистопија, може одделени со цртичка, како двојно презиме на еманципирана доминантна невеста со хард кор феминизам, плус либерализам вграден во софтвер... И онака под цела emotion wise фасада, најчесто се чува во некој најмрачен ќош на некој подрум или таван, вистината во облик guilt more likely (точка разно)... Плус, зошто имам впечаток дека и рекламиве на ТВ (а немав изгледано бааги време ни една, сега наеднаш неколку, па ми го уништија споменот и филингот кон реклами, кој си го градев од детство) се правени за лица со блага заостанатост во развојот... И навистина е крајно иритантно кога се изнесуваат впечатоци за недочитана книга (која што никогаш нема личноста да ја дочита) или за книга врз база на филм, бидејќи е БЕСМИСЛЕНО и не ве прави никако да заблескате као попаметни во очите на другите и престанете со време. Истото се однесува и на ужасна (зло)употреба на српски и англиски јазик, седи Ќец! И уште нешто, луѓе кои се преценуваат поради тоа што завршиле факултет, па со оглед на тоа што тој е наменет и прилагоден за просечни лица, не ми изигрувајте гении ве моЉам. И во ред е да се биде површен понекогаш, ама не и постојано плиток како плитка чинија и тоа празна... Ова навидум личи на мисловен хаос, ама како целина е содржаен концепт и тоа доста конструктивен, а има и прогресивни тенденции, и тоа на развој :rofl: ...

    Јас и натаму ќе си бидам луцидна, ќе сонувам најчесто бизарно обоени сонови, но последниот беше љубАвен, си спиев на перница, локните ми беа баш убави и раскошни (какви што ретко се погодуваат во стварност) и тој (не знам кој, не му видов ни лице), ме гледаше (осетив бе) и тоа онака :geek: , со многу љубов :inlove: и продолжив да се преправам дека спијам, дури задоволно си се смешкав (под :!: депилиран брк) и тоа да ти било комлетирање на целината, пазлот што недостасувал... И да, доста кукање за љубовни проблеми, сетете се на Шрек таму има најдобра поента - каков и да си, ќе се најде и за тебе соодветен изрод :emo: ...

    И од гради ми се откина воздишка, тешка ко планина (копирајт Благица Павловска :D ) инаку имам омилен спамбот на форумов, кога се логирам го барам дали е и бил он-лајн тој ден, мој си е :rofl: , оп стоп!!!
     
    На mims-89, bittersweet, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    СДК дека стручно се обучив за превод од српски :@ очи ми истекоа да си е...т мамицата овие професориштата шо не се способни да најдат соодвеетен материјал па полесно му е да ни лупнат некоја српска книга :@
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.195

    Еве јас завршив на државен и ниту еднаш не се најдов во ваква или слична ситуација.
    Не велам дека не постојат, ги има, да, ама во помал процент од порано. Оваа веќе ми личи на оправдување или на изговор на студентите.
    За чудо некое не познавам ниту пак колега/колешка која имала ваков проблем.
    Јас, пак, знам студенти, кои беа прилично лоши, па оваа им беше како еден вид изговор за неположените испити и незавршениот факултет.
    Професорите секогаш ми биле достапни, освен во случаеви кога биле отсутни.
    Телефонски броеви немам, а и не ми ни требаат.
    Сум имала проблеми, но ситници, а и каде и ги нема таквите административни пречки, со оглед на тоа во каква држава живееме.
    Арогантни професори и ассистенти има секаде, било на државен, било на приватен, но тој што учи на оваа воопшто нема да гледа како на проблем.
    Но постојат исклучоци, за жал, кои се жртви на државниот факултет, ама но не и поголемиот број кој бара утеха само.
    Јас, кратко кажано сум задоволна од факултетот на кој завршив, третманот и знаењето кое го добив. Да треба пак да бирам, пак би се запишала на државен, на истиот факултет.
     
    На EleMental, maca99, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК чудно е колку може да ти биде мил некој кој не го познаваш многу :angel: имат такви луѓенца кои зрачат со некаква позитивна енергија :)

    И сдк ова потсвеста чудна работа е, како и да е мајтап си игра со мене :tmi: :o
    Ами шо убав беше сонот, прекраснотии :angel: ^_^ толку беше живописен, мераци, мислам до толку што во сонот си мислев дека е вистина и така се фино си беше се до оној момент кога ми заѕвонија на телефон, ту бре ме прекинаа |( :D и тогаш ми светна дека е сон :tmi: Да потраеше, којзнае како ќе завршеше. Како и да е, ништо чудно и да се оствари :wasntme:
     
    На marama, Serafima, glow и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    СДК дека за мене почнува нов живот
    без една особа шо секој ден ме ранеше со болка наместо со љубов
    од сега ќе имам повеќе време за мене и ќе си мислам само на себе....Денеска нема да плачам туку ќе бидам радосна и благодарна на господ шо ме тргна од многу неубај работи шо ќе ми се случуваа во идина фала ти господеее
     
    На femina11, maca99 и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... само љубовта кон добра храна и капка добар пијалок никогаш не исчезнува.
     
    На marama, glow, smiley-94 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]

    Најголемата вистина.
     
    На baguf4e, A-j-a, zhap4e и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    ауууу боже златен, очајно е РУЖНА :D :D :D ,си знам јас што зборам :lol: :lol: :lol:
    друго што сакам да кажам е дека баба е подобра, веќе не е во болница, и искрено се надевам дека нема да се повтори тоа што и се случи сега, Нека ми е жива и здрава она, другото и не е баш битно.
    Плановите за викендот у вода ми отидоа, ми потонаа како титаник, јас капетан па потонав со нив. Ама не ми е мака ич, ќе има многу поубави викенди од овој што иде сеа

    и така женски... си ја олеснив душава, отидов да учам сеа зошто треба да се полага,а а бога ми и да се положи
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам мала куќичка на мирно место, со нежна прекрасна фасада.
    Голем убав прекрасен двор со трева и цвеќиња и дрво засадено со нашите раце, со детски играчки наоколу, со мала фонтаничка за пријатни звуци, со некоја скромна количка паркирана, со куќичка за седење и опуштање. А може и една куќичка на дрвото.
    Сакам дневна, голема. Бела дневна во која ќе има камин околу кој ќе се собереме и ќе седиме на празници во зима со топло чоколадо во раце раскажувајќи приказни, списанија под убавата масичка, колачиња над масичката, тук таму цвеќенце, некоја уметничка слика на ѕидот, а еден од ѕидовите цел со наши слики, затоа што сликите се спомени, среќни спомени, никој не се слика кога е тажен, сликите се оние што ни ги поврзуваат среќните моменти, и гледајќи ги сликите лошото се заборава, а лошото сегде го има, па јас затоа сакам да гледам секој ден во сликите, некои сувенири и спомени наоколу, мек тепих, нормален телевизор, семејни слики, топла атмосфера.
    Сакам кујна, ооогромна, drvena и пријатна со голема трпезарија а на таа маса секогаш свежи цвеќиња. Жолти рози, розеви гербери, кали ооо љубов. Се да има во кујната, фрижидер прекрасен, сите можни и неможни состојки, најпрактичен шпорет, убав шанк на кој половина простор ќе биде опфатен со книги за готвење а половина со платени и неплатени сметки од месецот, тук таму и расфрлано по некое благце, а можеби и од оние миризлици работи ароматизирани. Шанкот ќе ги дели кујната и трпезаријата, а во трпезаријата во едно посебно катче место за кучето, не сум го смислила какво ќе биде, ама дебелко го сакам да е и штом слушне дека си доаѓате дома да ви потрча во вас да се мушне и да се гали.
    Сакам спална, кафеаво кремаста, со огромен кревет и свилени чаршави на кој ќе може да се спружиме сите и да спиеме, со шкаф кој ќе биде убаво среден, едно огледало со масичка за моите козметики и се остало, една закачалка за јакни, едно местенце скриено во паркетот за криење пари и работи што не се за муж и деца и само јас ќе го знам, едно ситно вц заедно со спалната соба кај што ќе бидат сите негови козметики и мојата четка за заби за баш во тоа ве це да се туркаме додека се миеме, а после јас да одам во другото ве це. Инаку сакам уште две вц-ња, на долниот и на горниот спрат. Сини и прекрасни.
    На горниот спрат ќе бидат собите за децата(надежно три деца, пол небитен) и една моја соба, мислам сечива ама моја. Полна со книги, полици, катчиња кде што сум седнувала да читам и да избеган од светот. Секакви книги, најмногу оние што ги сакам највеќе, лесни а всушност толку тешки, и да гледа накај градината полна со прекрасни цвеќиња.И од оваа соба може да има тераса, на терасата само лулашка и мала масичка да можам да си го оставам капучиното или несот или сокот од портокал, и некое цвеќе наоколу, да можам да седнам и да ги гледам децата како трчаат наоколу а во меѓувреме и да читам или работам, надежно работа која што ја посакувам и срцето да е полно од убавини.
    И сакам една соба за гости, тоа на долниот спрат, за куќата секогаш да биде отворена за секој, за сите како дома да се чувствуваат и ништо да не им смета и кога сакаат да дојдат.
    И подрум сакам, полн со зимници мармалади, слатко, вино, кутии со стари работи ... сакам.

    Сакам уште многу работи ама за денес е доста, друг пат повеќе .... адиос, се гледаме веднаш штом се вратам во реалноста. :lol: :)
     
    На anabel-a, MacenceEna, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    “Да не беше 5 до 12 многу работи немаше да бидат направени“- рече Старфиш и како многу пати претходно реши да се збрца во обемниот материјал.

    Монолог:
    5 минути, ако де, кој ти ги дава.
    Викаат човек не учи од туѓите грешки, туку од сопствените. Зошто не можам јас ни од моите да научам?
    Ооо Атино, божице на мудроста, дај ми еднаш памет, еднаш засекогаш.
    Дај ми сила да можам мотово Party now, study later! да го превртам наопку, па задников да ме заболе од седење врз книга. Па да се порадувам на повисок просек, и да мафтам со индексот пред носот на татините ќерки што покрај тоа што мислат дека се најпаметни и снаодливи ако плачат пред канцеларија на професор, буљаат во дечко ми како јас да не сум до него.
    Ооо Аполон, дај ми разум и трпеливост, да горенаведените кокошки ми бидат само мотивација.
    Можам јас, можам!

    “Ееееј почнува Сулејман. Ќе гледам па ќе учам“- Старфиш ја напушта сцената и завесата се спушта.

    :punch:
     
    На LilBaby, mims-89, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК дека некои личности многу ми недостигаат во животот.
    Зошто сте толку далеку?!!!
    Можете веднаш да заминете, но само еднаш да ве видам и силно да ве прегрнам.
    Ми недостигате премногу!

    [​IMG]
     
    На Fearless, anabel-a, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Невино дете уште пред 15ина години заклучува кој е всушност виновник за проблемите помеѓу снаите и свекрвите :D

    http://www.youtube.com/watch?v=Iafnj2sW ... re=related

    Да одам книга да фатам не ќе е лошо. Ама неможам пустата...
     
  20. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    СДК дека сум среќна, ете така без причина, убаво ми е ! сакам и да прашам, ама ја видов новата тема за македонски менталитет и добив сама одговор... зошто кога читам книга во автобус ме гледаат како марсовец! некакво зло правам, кутрата ја туткам книгата, седнувам во најскришното ќоше, за да не се правам научник и пак сум чудак. не дека се срамам дека читам, ете убаво ми е среќна сум која купувам книга за себе, кога ја читам. грд менталитет!

    ете сакам да одам некаде далеку, каде никој не ме знае, никој не знам, сакам се од почеток, сакам грешки кои ќе бидат мои, ќе знам дека не се заради никој друг, не сакам овде, не-са-кам!
    можеби го сакам него, но од почеток, да се запознаеме како што доликува, да се сакаме од ново, како некогаш, сакам, проклето сакам!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.