Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Си направив мартинка.
    И се сеќавам на годините кога Бабето доаѓаше на овој датум пред спиење да ми ја врзе околу зглобот, да ме чува, да ме кити, да внимава да не промашам некоја птичка пролетна, та да ја обесам на јоргованот што го имавме во дворот за да ми исполни убави желби. И се сеќавам дека секогаш замислував да ми пишат петка на училиште или па да ме сака симпатијата од клас :inlove: И богами, двете се исполнуваа. Само уште не знам дали беше до мартинката или до мене :?:

    Убавина.
    Убаво зборче. Составено од четири убави слога.
    У како усни, како уво, како сето она што не‘ краси.
    БА како балерина, како балонче, како сето она што со ветер или без него лесно потскокнува и со сласт се движи.
    ВИ како вино, како вистина, како што во виното вистината ја наоѓаме.
    НА како начин, како намера, како средства и патишта кои не‘ водат до она што се нарекува убавина.
    Ми оди филозофирањево во доцниве часови. Убави мисли ми се мотаат низ глава, убави како розеви очни капаци, како скриен цвет во косата кој само ти знаеш дека е таму и се чувствуваш убаво, како емисија на радио која ти развлекува насмевка на лицето. Мисли светли како сјај во очите на заљубена средношколка, како одблесокот на сонцето во твоите очила. Мисли заразни како насмевката на лицето, омилената песна, ритамот на твојот чекор.

    Енергијата човечка е како чајно колаче.
    Го јадеш, милно го грицкаш и тоа е така убаво и како што се‘ повеќе се приближуваш до крајот, земаш се‘ помали залаци, подолго да потрае. Но знаеш дека има уште во кутијата.
    Ете тоа е среќа.
    Среќа е да најдеш среќа во две трошки сладовина, во дремката на фотелја, во раката на Сестра ти која те буди, во кафето кое Цимерката со скршена рака се потрудила да ти го направи, иако веќе оладено.

    Среќа е да чекориш по исти улици среќавајќи нови луѓе, да го диктираш ритамот на музиката со твоите чекори и да начекаш семафор на зелено.

    Денот по утрото се познава.
    Утрото ми беше розево.
    Денот пак... се прелеваше во сите бои на виножитото.
    Така барем јас го познав :)
     
    На Hopeful, CIA, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  2. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Вистински победник во животот е оној кој, во секоја ситуација, очекува дека ќе биде подобро.

    [​IMG]
     
    На Hipica, Adi888, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Многу е тешко, а јас давам се' од себе. Ми треба само малку помош, само мааалку.
    Имам некој немир, нешто како предчувство кое не можам да го дефинирам дали е добро или лошо и тоа дополнително ме нервира.

    ..очигледно премногу го поминувам времето чекајќи пред мене да се појави идеалната патека на животот.
    Морам да дејствувам.

    Ми се патува. Ми недостига адреналин.
    Сакам да планирам. Очекувам...
     
    На Serafima, Adi888, princesstiki и 3 други им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.033
    Допаѓања:
    123.900
    Кога бев малечка,кога не можев да спијам ,моите ми велеа да бројам животинчиња :) Си замислував еден куп мачиња и ги броев....
    Синоќе не можев да спијам.Не ми одеше со животинчињата,па пред мене си поставив сто препреки,и ги броев една по една како ги скокам....Неколкупати паднав... исто како во животот.Но никогаш не се откажав да не станам и да земам залет отпочеток
    [​IMG]

    Исто како кога на физчко ме тераше професорот отпочеток,се додека не ја совладам препреката.И ми успеа,после многу обиди,па потоа бев прва за скокање :lol:

    Во реалноста е потешко,но се може.Уствари се се може ако се сака.Да знаеш до каде можеш да одиш и тоа да го достигнеш,да не земеш залет премногу да не се разочараш....

    Соочувањето со реалноста и прифаќање на истата е она што треба.Ја прифатив,уште да се помирам.......

    Имајте убав ден :coffee:
     
    На Strumfeta93, Hipica, maca99 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Моментот кога се спремаш за на работа, се качуваш во кола и на пола пат се погледнуваш во меѓуножјето и забележуваш огромна дупка :^)
    Поголем мотив од ова за диета нема.
    Вајда е од вишок килограми, не сум се ширела никаде со овие панталони па од друга приказна да е дупкава :D
    И фино лепо мама ми даде игличка и конче, на работа у тоалет и домаќинка у 8 часот изигравав. И тоа успешна домаќинка.
    Диета да, ама од утре, мекиците денес мора да се изедат, за здравје на детенцето не за друго :)
     
    На CIA, stylishh, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Чукни во дрво, вистина е... Надвор е пролет, живи сме! :)
     
    На crazylady, Strumfeta93, Hipica и 21 други им се допаѓа ова.
  7. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Лесно е да одиш на заболекар...дур не ти најде расипан заб :)
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Кажи кај има пролет да дојдам. Во центар е грдо и облачно, никако да изгрее тоа сонцето
     
    На Srekicka, glow и rossonerka им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.672
    Допаѓања:
    202.261
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Па дојде и Летник, денот кога бабите ни врзуваа мартинки, денот кога и јас ќе му ставам мартинка на рачето на моето годиначе (нема да ја носи, одма ќе ја извади :lol: ама да си го почитуваме адетот).
    Феминки мои, ви посакувам да ми бидете здрави и среќни цела година, насмевката никогаш да не исчезне од вашето лице. И покрај сите облаци што надвиснале, секогаш има зрак светлина некаде.

    Мојот малечок денес полни година. Зад нас се прекрасни моменти, денови и ноќи полни со бебешки солзи, насмевки и прегратки... и сакам да ги има уште многу, многу... среќен роденден најмило мое! :*
     
    На tanja6, ozbilnazena, Strumfeta93 и 38 други им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Ана среќен нека му е роденденот на малиот! Голем да расте умен да биде ... и да му славите и да се радувате на уште многу, многу родендени. :)

    СДК ... ризикувајте, понекогаш не секогаш. За некого тоа е мотив и успех, за некого е страв или разочарување. Но, треба да се проба затоа што ...

    [​IMG]
     
    На Hipica, Hopeful, Bright и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам се наспав :lol:
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знам за календарот, ама кај мене пролетта веќе пристигна :nod:
    Нови прекривки во светла боја, свежо цвеќе во вазна, и нежен пролетен парфем.
    Денес си дадов слободен ден, а откако убаво се наспав, го отворив прозорот за да ја почувствувам свежината. Утрото ми почна со вежби за растегнување и пуштено радио во позадина.
    Во меѓувреме, случајно ја отворив старата mp3ка после толку време, и видов што сум слушала пред 2-3 години :tmi: Па се навратив на некои стари хитчиња и почнав да шизам низ дома :dance:
    http://www.youtube.com/watch?v=C6MOKXm8x50&ob=av2e
     
    На Magnolija, tweety26, eli25 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.527
    Допаѓања:
    174.109
    СДК.....дека никогаш нема да биде како што беше.

    Мој најдобар,најмил....татичко мој....зошто баш ти ....зошто баш таа проклета болест,името да не и се слушне ,проклета да е.

    Знам дека ќе успееш,
    Знам дека си борец,како мене.
    Или пак јас сум борец како тебе?Сеедно е ,заедно ќе се бориме,верувам во тебе.
    Вистината не подсетува дека животот е само една голема борба за здравје,среќа,љубов...се друго е занемарливо.

    Знаеш тато како ми велеше,дека после дождот доаѓа сонцето?
    Ќе бидам со тебе ,ќе те држам за рака и заедно ќе го чекаме сонцето да изгрее ,да ги растера облаците.
    Те сакам ,немој да се предадеш,не си сам....
     
    На Strumfeta93, JoxyTheFreak, maca99 и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... кога од устата ми излегува зборот детиште за некое детенце, тоа е сосема еднакво како кога некој ја нарекува жената кучка или мажот говедо. Или магаре.
    Навистина, нема понавредлив збор за дечиња од зборот - дечишта.
    Жал ми е кога го употребувам, ама не постои посоодветен израз за оние во мојата населба.
    Мајке ми, сум прошетала низ неколку, и ќе си речете - сите деца се исти.
    Не се.
    Во мојата се исклучително дрски, безобразни и невоспитани.
    Се мајмунисуваат, кажуваат погрдни зборови, покажуваат гениталии, искажуваат пцости и вулгарни изрази и се просто одвратни.
    Нема ниту еден фин гест кај ниту едно, ниту еден убав збор, како извини, повели или благодарам.
    Дури и фацките им се изобличени, има некој потсмев во секое едно од нив и невидена злоба за пакост, урлање и извици како при принесување жртвено јагне кон бога.

    Пак ќе кажам - жалосно е така мали и кревки суштества да ги нарекувам дечишта.
    Ама ги нарекувам и со полно право потврдувам дека децата во мојата населба се невидени дебилчиња.
    Се надевам дека нема да одгледувам дете во ова НЛо-во.
    |(
     
    На fashionista, LilBaby, Strumfeta93 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека чуството е бесценето кога си на двата телефона и глава ти чури од нервоза, а во ист момент доаѓа жената на газдата да ти каже два три збора бидејќи се брза за да остане имала масажа ... :( и во истиот момент си викаш а јас? кога јас ? :D

    али нејсе ... нека си пројде убаво :D
     
  16. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК Вашата Ани е денес мноооооогу среќна :rofl: :rofl:

    Ги дочекав сонцевите зраци, се пробија низ моите венецијанерки, ми измамија насмевка. Секој непроспиен час, трудот кој го вложив се исплатеше. Арно рекле постарите без мака нема наука :D Ама ако, затоа што многу е убаво чувството коа знаеш дека си постигнал нешто и кога твоите се горди и среќни што те имаат. Нема поголемо богатство и од тоа љубовта да ти посака убав ден во 6 наутро и да не спие затоа што те теши дека се ќе помине во најдобар ред :rofl: :inlove: Нема ништо поубаво и од топлиот чај донесен наутро од баба и од тоа да му се заблагодариш на Бога што дишеш и живееш и овој ден. Нема поубаво нешто и од насмевката која денеска гордо си ја носам, па дури со неа измамувам и други насмевки. Нема ни поубаво нешто од тоа кога ТОЈ ќе се искраде и ќе те гушне одпозади, а ти ќе вриснеш и ќе му удриш мал ќотек дека те извадил од памет :$ Нема ни ништо поубаво од тоа да Љубиш, да Дишеш, да се Радуваш, да Постоиш !!

    Имајте убав ден, а јас одам да го искористам максимално. Одам во Зоолошка со Него и внукичката негова :inlove: Ќе биде љубов денов чувствувам, а јас ни минута не би сакала да изгубам..

    Ве гушкам :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, tweety26, Adi888 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    аа мн. работи сакам да кажам, а не се за кажување ... нема веза имајте убав ден феминки :* :* :*
     
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Какво срање знае да биде животот , постојана трка за здравје , среќа љубов....
     
    На baguf4e, maca99, stylishh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]

    И кутрите мажи понекогаш се во право!
     
    На Elennaa, tweety26, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ако си го дозволам ова уште еднаш, сите по една шамар да ми мавнете.

    Човек одвојува време, фин да е, за на крај да те заебат за сите пари. Не можам да верувам до каде оди човечката себичност и лакомост!
    Посакувам никад да не завршиш факултет гуско една!

    И да си знаете сите што сте на факултет или ќе се запишувате: Пријатели немате! Колеги имате! А колегите ќе направат се да бидат подобри од вас, да ве згазат и да ве искористат што е можно повеќе.

    Одам да се напијам чај од камилица и да се помолам за чудо да се деси до утре.
    Вие прогурајте си ја средава без нервози!
     
    На Springy, crazylady, Strumfeta93 и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.