Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК многу работи ми се случија во последнава недела затоа и ме снема кој примети, примети кој не арно. :)
    Некои убави некои не. Повеќе грди, но сепак сум некако мирна.
    Смртен случај во фамилијата.
    Мама е добра, направи тестови на крв, мокрача, срце, бубрези..се. Ќе пие некои апчиња, но во главно е добра, тоа ме направи неизмерно среќна !! Затоа што премногу ми треба. Ја сакам !! Иако тоа не и го кажувам со зборови...едноставно не сум таков човек. Го покажувам со дела што мислам е многу побитно и знам дека знае, нема потреба да изговорам ни збор.
    Полудувам со обврските на факултет и колоквиумите. Но и покрај се што ми се случува ќе ги јадам со заби книџулињата ако треба. ]:) Барем се трудам па што биде нека биде.
    Финансиски проблеми, ме загрижуваат секако, но ништо страшно се додека мама ми е здрава. Стравот што го чувствував дури да ги добие резултатите ме обзеде, па сега се приметува колку ми олесна, до толку што не се грижам за ништо друго, само сум среќна што испадна се така добро.
    За викендот си поминав одлично, во посета ми беше една од најдобрите другарки, која ја обожавам, а живее во друг град. Постојано ми недостига.
    Ме чека тежок период, а јас си се чудам на мојот мир и опуштеност, не знам што ми е.
    Утрово станав и одлучив да си направам прошетка, пешки си слегов до град си купив кафе си седнав во паркот и 15 минути си уживав во сонцето и мојот дом-овој град кој ми е најголема љубов. Ваков или онаков мене ми е секогаш најубав. И потоа си се вратив дома и се посветив на науката.
    Во последно време имам огромна желба да се најдам во Охрид на неколку дена, само да ги слушам брановите и да си читам книга. Се нервирам затоа што воопшто немам време за читање книги. |(
    Сакам да одам во Охрид, сакам да одам и на кафе со другарка ми ама спие пилето, не крева слушалка, утре ќе биде казнета поради тоа, ќе ја терам да станува рано и да ги задоволи моите потреби за кафе и женски муабети од неколку саати.
    Сакам да го видам и новиот симпатија. :) Фин, опуштен, пресладок.
    Ах, мали и големи желби, стварни и нестварни, откриени и неоткриени.
    http://www.youtube.com/watch?v=OUTLu_ui ... re=related
     
    На bittersweet, ines.h, Shelea и 14 други им се допаѓа ова.
  2. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Сакам да кажам..колку работи не сум знаела за личностите околу мене. Овој пат пријатно изненадена!
    Патем уште нешто : " Тие си го живеат својот сон и единственото нешто што ти преостанува е да им посакаш среќа. Моментите кои ги поминуваш со твоите избрани луѓе се тука, само еднаш, само сега. Времињата се менуваат, животот си добива свој тек, ништо не стои во место, иако сите би сакале да е така."

    Но :!: ..Не само времињата туку и луѓето се менуваат.
    [​IMG]
     
    На TeddyGrey, booba, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Абе телефонот е толку фина направа, ама кога некој виси на него 27835632532 саати во денот и не можеш да ги добиеш, ти се иде да го акнеш од најблиското дрво. :@
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Некои луѓе постојат само за да ги нервираат другите околу нив.
    Ме полнат со негативна енергија, а супер си бев расположена. Ама ај, избегнувај ги да те видам! Насекаде се.
    Изроди! :@
     
  5. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Значи факултетов ме уништи!!!!Смачено ми е од спремање испити и спиење по 5-6 саати.Знам дека вложувам во себе но не можам да не се нервирам кога некој се труди и учи,а друг положува со прашања па уште и ти ги нуди да ги купиш од него :devil: До каде стигнаа луѓево стврно се прашувам???Толку себични и покварени особи одамна не сум сретнала,ама Господ гледа и враќа!!!!
     
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Езерово е мојот рај!

    Не ми треба ништо повеќе, само да сум на брегот и да го гледам. Толку е убаво, мирно и чисто. Се чудам како може скоро секогаш да е такво. Не го мачи ништо. Ниту птиците кои со секој допир ја брануваат површината, ниту дечињата кои фрлаат камчиња сакајќи да направат жапче, а всушност го заматуваат. Но повторно, само по неколку секунди станува исто толку бистро како и предходно. Не му смета ни сонцето кое ја менува бојата на неговата површина. Можеби сака секогаш да биде сино, наместо да блеска и луѓето со секое повторно трепнување да гледаат друга нијанса на жолта и црвена боја во брановите. Којзнае ..
    Но знам едно .. дека му завидувам зашто е секојдневен сведок на изгревањето и заоѓањето на сонцето. Секогаш се случува на еден исти начин, рутина .. но секој ден се` поинаку се доживува.

    Ми фалат летните денови кога го гледав залезот легната на една бела лежалка. На исток се навестува ноќта, толку е мрачно што предизвикува студ и вознемиреност во душата. Додека пак, на запад е светло, небаре се раѓа нов ден. Над планините една портокалова топка пополека се губи зад хоризонтот при што небото го прави розевко, а пак езерото љубовно.

    Посакувам ваквите моменти на смиреност и убавина никогаш да не престанат, само да траат и да траат и да траат .. се` до вечноста. Посакувам малите бранчиња да ги измијат срцево и мозоков, да ги освежи за да ги снема сите болки и стравови, несредени мисли и неопределени чувства.

    Со секоја нова посета на езерцево, јас се` повеќе се заљубувам .. :l:
     

    Прикачени фајлови:

    • lake..jpg
      lake..jpg
      Големина на фајлот:
      59,1 KB
      Прегледи:
      269
    На bittersweet, sweet-cherry, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Заглавена во јама од гомна,измешани чувства и несредени мисли..Тоа сум јас деновиве.
     
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Здравиот човек има милион желби, а болниот само една, да биде здрав.
    Колку пати сме го слушнале ова? Ама не му се обраќа внимание додека не се најдеме во улога на болниот човек. И така е. Е па да, така е.
    И сега си сакам само едно, најважното, здравјето.
     
    На bittersweet, sparklie, thinkerbell и 13 други им се допаѓа ова.
  10. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Да, и јас имам дечко...Ама изгледа сум единствената што не може да ги прежали тинејџерските дружења со другарките, кога бевме од јутра до сјутра заедно, секогаш тука кога си бевме потребни.
    Далеку од тоа дека не ми е убаво во врска, прекрасно ми е, ама во душа сум уште онаа тинејџерка.
    Се сменија од тогаш многу работи, точно. Но, се повеќе и повеќе ми фалат прошетките низ маало со другарки, без никаков страв да те одбие, се јавуваш и викаш 'ај до доле' и веќе во следната минута шетате.
    Жал ми е што не ги споделувам ни најситните работи како што сум ги споделувала некогаш, тие мали слатки тајни, жал ми е што сега претежно е гледање со некаков повод, договарање месец дена унапред. Жал ми е што не ги искористуваме овие години како што треба. Што останува за понатаму?
    Секоја чест за одредени исклучоци :bow:
    http://www.youtube.com/watch?v=TptfHfojltk
     
    На TeddyGrey и marama им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Денес конечно и’ го дадов проектот по матура на професорката. Кога ми го испечатија, му се радував како мало дете на лижавче. :lol: Тоа е мој труд, мое дело. Едвај чекам да го одбранам.
     
    На eli25, anabel-a, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК, сакам да си ги признаам грешките кои како лубеници ги одбирам. Има големи, поголеми и најголеми мигови кои се достојни да останат лузна на животот. Малите се ситни, точкести и умерени, болни и радосни истовремено, затаени и невидливи, а дречат ко џиш зелено на џиш сонце.
    Ми требаат малку отповеќе секунди за да ги примам во правилен редослед и да си ги откуцам на срцево. Неретко ми бегаат од пред очи и ги здогледувам залепени на нечии трепки. Сакам да знам и знам да сакам.
    Знам и да згрешам, можам да поправам. И грешат сите кои мислат дека стореното не се поправа. Човекот има моќ да зацели, ако ја почуствува искреноста на својата сродна душа. Затоа, продолжувам да сакам. И да грешам понекогаш. За да имам што да размислувам, за што да се борам, за што да се надевам.
     
    На Sara123, bittersweet, tanja6 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Чувството кога имаш 1 тон за учење.
    Овие два дена ми се едни од најпеколните, морам конечно да ги доредам оценките, знам дека е касно :D ,ама јас сега се свестив шо и како :lol:
    Не ми се верва дека дојде и половината на мај, времето си лета пребрзо и пребрзо, дур да се свртам ќе дојди.Ексик треба и проектната да почнам да ја прам, пусти материјал кај ќе те барам. :|
    Ајде и то ќе се сврши знам.
    Одам да гледам Саваш :rofl: и после на учење, осеќам дека цела ноќ ваква ќе ми биди. :| :|
    [​IMG]

    Добра ноќ. :hug:
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, IvanaMkd, Adi888 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Среќна сум.
    Не знаев дека март ќе донесе среќа и радост.
    Како да ми влезе во срцето.
    Ама ако, нека стои таму.

    И да, обожавам кога мислите ми шетат. Не знам дали сум единствена, ама убаво ми е.
    Како срцево да ми лупа, чиниш ќе ми сконе од градиве.
    [​IMG]
    О, навистина? :wasntme:

    И знаете што?
    Кога имате млеко - немате бисквите. Кога имате бисквити - немате млеко.
    А јас наместо бисквити понекогаш ставам мусли, а наместо млеко - па, постои и какао, јогурт, сок, хот чоколејт... Живот се вика тоа - снаџи се, па живи. Али сречно!

    Ма, среќна сум. И точка.
     
    На Sara123, Trendafilka, Adi888 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Во последниве неколку дена гледам, се чудам и не можам да сфатам како е можно да постои толкава завист и љубомора? Како некои луѓе можат да се толку преокупирани со животите на другите и да фрлаат отровни стрели, да се радуваат на лошото и да се молат да не успееш. Мене ми е сеедно за другите, мислам мило ми е секој да си успее во тоа што го намислил ама не размислуваат сите така.
    Љубомората ги кочи и не им дава да одат напред :x
    Back to me :) Се надевам дека ќе ја добијам работата, одам на колоквиум во петок на ручек и едвај чекам :)
    Се надевам и оти ќе ми помине оваа болештина оти не можам веќе полудев. Се на се денес имав прекрасен ден. Сонце, жештина кафенце со мамичка и многу прегратки, бош муабети и насмевки. И што и да кажам балканците сме си балканци! Си се влечеме бре, влегувам кај мојот матичен лекар и гледам шљивовица до бирото, ха! Па и најубави сме си, најтопол народ и си сакам маж балканец еден ден, не се за мене ладните швајцарци и гласните италијанци.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    8.727
    Денес светски ден на сонот, а јас будна уште во 7.
    Колоквиум-кафе од автомат додека се качуваш по скали- втор колоквиум.
    Си го сакам факултетот, иако деновиве имав некои недоумици дека сум направила грешен избор.
    Колегите ми се омилениот дел од денот, сите со своите приказни и проблеми, ама пред салата само еден муабет се врти. За тимска работа сме единствени. Не препишуваме, си помагаме :wasntme:

    Долг ден, завршени обврски, отворив прозорец и му се насмевнав на сонцето.
    Ги релаксирам ноздрите со мирисот на второто кафе за крајот на денот.
    Се е убаво во април. Април е мојот месец.
     
  18. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Првиот пат е грешка, а вториот-твој избор :)
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мислев дека конечно на факултет ќе сретнам женска/и особа/и оперирани од себичноста и злобата, што гледаат подалеку од носот, што нема постојано тема на муабет да им биде околината, и што ќе се обидат да ти се најдат кога ти е нешто потребно, и ќе се обидам да ги ставам како личности на кои можам да се ослонам и да им верувам ...
    Гледам сум погрешила и дека можно е никогаш да не најдам вистинска пријателка во буквална смисла на зборот, или барем во смисла каква што јас ја подразбирам.
    Туку не спаѓа сигурно: `Леле што добиииииии? Поминаааааа? Леле супеееееееер` пропратено со благо-кисели демек искрени насмевки или растерертувања од нивната душичка као :whew: .
    Или пак трубат, с*рат наоколу за некого, нареден ден седнуваат на кафе на иста маса едни до други и си комуницираат така слатко заборавајќи какави зборови произлегле од таа слаткоречива уста за некого.
    Не, не можам да разберам дека сеуште постојат и веројатно никогаш нема да изгине видот на себични индивидуалци, со по некоја количка прилепена за нив. Да, као јас сум Миа Колучи, еве ја Фелиситас до мене, све ќе напраи срцката за мене мва! Мислам стварно! Разбирам другарство и све тоа, реално разбирам, ама на некој да му го контролираш животот, или пардон! Нечиј живот да го прилагодуваш на твоите потреби ... :?: па баш и не ми е поим за другарство она BFF!
    Ќе се истепаат човече за еден ПЛУС! :puke:
    Па ѕиркаат под око дали ќе им го заверат, ако не им го заверат низ нос ќе им го извадат, знаеш: `Ејјјјј, и јас кажав нешто, ама не ми го запиша плусот хехе!`


    Сакам искрен пријател, а не лажен. Се дур сум во околина на вакви битија, тешко дека некогаш во мојот живот ќе пронајдам. :x
     
    На BeYourself, Trendafilka, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Си ја добив посакуваната тема за изработка на дипломска јееееее :rofl: Ај со лесно да ми е :D
     
    На Trendafilka, MSkorpionka, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.