Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Kога наутро ќе се разбудиш и почуствуваш бакнеж на усните,шепот на увото и нежно милување по лицето,не плаши се тоа е мојата мисла која лежи до тебе. :$
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    едвај чекам лето ,сонце море песок мхмх,плажа
     
  3. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не ги разбирам оние личности кои сметаат дека се најубави и најпаметни.Кои мислат дека се главна шема во градот, и кои мислат дека шминката ќе им ги покрие дури и внатрешните недостатоци.
    Искрено не сфаќам.Прашуваш која си, а добиваш одговор дека таа е најубава и најпаметна.А два по два незнае колку е.
    Ако ќе и простиме на убавината.Се случува де.Ние другите кои учиме и читаме книги , помалце сме убави.
    А и јас кога излегувам не излегувам за да ме видат другите луѓе, јас излегувам за да се забавувам и да си поминам убаво.
    Ах туку ми е гајле, имам и други м`ки.
    Бившиот |( ми сакан (читај омразен) ме барал повторно.... И сега што.
    Ништо бре :emo: ... Ќе си кулирам јас.Имам матура за полагање.Каква љубов нека чека до август.За после ќе размислиме.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Неподнослива сум, незамисливо неподнослива. Ненормално надуена, страшно нервозна. 5 минути среќна 5 минути тажна, 5 минути насмеана, 15 минути расплакана, пола саат неутрална. Ме нервира се. Ме нервира испитот што го имам утре а не можам една реченица да научам, ме нервираат сите што се прават паметни а не се паметни, ме нервираат мачките на комшивкава, ме нервира што немаат моите да ми дадат пари за нови фармерки а старите се излитени, ме нервира и тој, ме нервира зошто кредит не си ставил, ме нервира зошто не можеше вчера да се видиме, ме нервира што денес не се снајде да се јави а сега си дреме со другарите, ме нервира што ме нервира, ме нервира што му кажав дека ме нервира и ме нервира. Ме нервира што мајка ми прави мрсна сарма за ручек а јас ја сакам посната, ме нервира татко ми што на секои 10 минути ме вика да му преведам по едно зборче или некое речениче, ме нервира баба ми што ми досаѓа и ми подарува нејзини тренерки, ме нервира музиката од собата на брат ми, леле се ме нервира, и јас си се нервирам, и не се поднесувам, и страшна сум, страшнаааааа! Се сакам да е како што ќе зацртам, се како што ќе замислам, се како што си мислам дека е најдобро. Ме нервира и свеќава што џабе гори поим си нема од мирис ама така е кога купуваш една плус една гратис, ме нервира папагалов што устааа не затвори, ме нервира сијалицата од терасата на комшиите што очи ми избоде и покрај затворените венецијанки, ме нервира и комшивката што урла како да и фали нешто, ме нервира и продавачот кој пола саат те гњави за да купиш еден сок! е така, се ме нервира. И се нервирам затоа што не сакам да се нервирам, затоа што во други нормални денови ништо од ова не ме нервира.... само побрзо да заспијам, мака ми е од себе веќе ;(
    Не треба да се бега од ѓаволот, тој е безопасен покрај жена која нема добиено 3 месеци... е од неа треба да се бега што подалеку(во случајов од мене)... :bandit:
     
    На femina11, Smilly, LilBaby и 5 други им се допаѓа ова.
  5. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Вавав..
    Добар ден..
    За разлика од другите...
    И да....
    Не го очекував ова...
    Ми беше другарка повеќе од 7 години..
    Застана некој помеѓу нас каде отидоа сите тие 7 години..???
    Ама еден ден ќе сфатишш...
    Ќе ти требамм..
     
  6. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.524
    Допаѓања:
    35.492
    Пол:
    Женски
    СДК...колку е само убаво....уште да биде и вистинито...
     

    Прикачени фајлови:

    На eli25 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Испод мира, триста вира..
     
    На x.Daisy.x, eli25, ViktorijaMari и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    СДК
    Светот се состои од несовршени луѓе. Сè друго е лага. Или смрт. Совршените луѓе се во гроб. Па тоа и веќе не се луѓе. А кај живите има малку повеќе зло или малку повеќе добро, па понекогаш натежнува едното, понекогаш другото. Но, злото најчесто.
     
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека денов ми помина додека да трепнам, дека денес се разбудив среќна, го поминав и последниот ден од моето тинејџерство, послем 12 часот ке бидам за една година поголема.. :)
    Сакам да кажам дека сватив дека имам многу личности во мојот живот што ме сакаат и се покрај мене, и дека сум многу среќна..
    Дека годинава што помина имаше многу апс анд даунс ама претежно беа апс.. Дека плачев и се смеев и дека доживеав работи .. и прекрасни и лоши, како и да е!
    И дека, многу научив, многу созреав, некои солзи ме научија на подобро..
    Запознав луѓе што многу ги сакам, и сватив дека имам доста луѓе што немаат место во мојот живот..
    Сватив дека сум била многу несреќна, но и многу среќна. Сватив дека сепак не сум толку себична и дека не сакам да живеам сама..
    Сватив дека ми фалеше семејството и дека сега имам дом. Има кој да ме пречека и кога ке стигнам знам дека мајка ми ми ги има направено омилените тестенини, и знам дека ке се караме и дека ке ми вика дека како гостинка сум во куќата и дека ништо не чистам и дека само шетам.. Ама на крај пак ке се гушнеме :)
    Знам дека животот го живеам онака како што јас го сакам. Ништо не ми фали.. Знам дека не ми поминало времето, знам дека го следам срцето, знам што сакам да постигнам од животот. Знам дека имам јасна цел, знам дека ке ја зграпчам кога ке ја имам :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Сраааааам да ви е КАНАЛ 5..Поради лигава на шапиони нема Величествен :@ :@ :@ :@ :@ :@
    Можевте порано или покасно да го емитувате Величествениот...али да бевте асална телевизија можеби и ќе беше така...НЕОРГАНИЗИРАНИ ЕДНИ!!!!! :devil:
     
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Жива сам,жива сам !
    Им реков на моите дека одам да учам,ако не се симнам за 2 саата да одат да ме бараат во собата,дека се имам онесвестено од глад.Па освен тоа увијачот и кромпирите што ги јадев у 3 саатот ништо не сум јадена,еве сега со пуканки си го задоволувам гладот,ама изгледа нема да издржам и ќе си каснам едно рибанче маргарин.Ако ако,од понеделник стварно ќе одам на стадион ама најстварнооо.Утре со пица у 10 саатот вечерта многу ќе ослабам,знам,знам.

    Туку одам да го гледам тоа сексиот манекен шо е на сурвајвер,јаоо шта је згодан,па и леп :P
     
    На Hipster, Adi888 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Поздрав цуци.
    Имам нова симпатија.
    [​IMG]
     
    На JoxyTheFreak, FortuneTeller.xD, Buttterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Me again :tmi:

    Колку и да е лошо нешто што ќе се случи, поддршката од најблиските ни дава барем трошка надеж.
    Поддршка....Хм, колку чудно ми звучи тоа во моментов.

    Денес го доживеав еден од најголемите удари во мојот живот до сега. Шок. Како гром од ведро небо. Бидејќи сум таква каква што сум, веднаш ги известив најблиските. Од мајка ми добив загрижени прашања и на крајот коментар „Епа, добро де......ќе се среди.“ :o Од татко ми ништо не слушнав, само ме побара да ме праша каде сум. Не ме праша ништо, знаев дека знае што се случило, но не сакаше да ме праша ништо, чекаше јас да му кажам. Немав сила, се гушев во солзи, а бев на сред улица. Рече ќе се слушнеме вечерва, не се јави. Сестра ми претпоставувам не знае, не стигнав да и' кажам. А тој.....иако беше известен со 2 СМС што ми се случува, на првото слушање само ме праша: „А тебе што ти е?“-„Како бе што ми е?“-„Па, само за тоа ли си ваква?“ :o :x „Па малку ли е???“-„Па не е малку, само прашувам...“ :^) :o А за она што се случи понатаму нема ни да спомнувам, не вреди да се коментира.....

    Имам најдобра другарка, која не живее во МК. Можам да не ја видам или да не и' пишам со денови, ниту таа мене. Но знам дека е тука. Секогаш. Ме прочитала и осетила дека нешто многу лошо ми се случило. Се јави веднаш, и' се изнаплакав и и' раскажав што е работата......Се истуфка што не може моментално ништо да направи за мене, како таа да е крива..... :l: Зборувавме и зборувавме на телефон.....Не и' беше проблем да троши скапи импулси и да ми дава совети што да правам, и да смислува стратегии како таа од таму да ми помогне. Ете затоа ја сакам најмногу на светот. Зашто е незаменлива. Зашто секогаш знае што да каже и да направи. Зашто вреди колку сите богатства на светов. Зашто другарството со неа е повредно од се' што имам во животот. Од сите луѓе овде, само таа се најде да се јави и да ми даде вистинска поддршка. Никогаш нема ова да и' го заборавам. А нему нема да имам сила да му простам.....

    Добро си мислев да легнам кога си дојдов, да го преспијам остатокот од денот, зашто којзнае што ќе ми се случи до крај на вечерта.....И се каам што не направив така, ама тоа е. А сега....сега треба да соберам сила и да си легнам до него вечерва. :?: Проклетството на заедничкиот живот-мораш да спиеш со некого во истиот кревет, иако многу радо би го избркала на клоци од него.... :|
     
    На zhap4e, eli25 и Noemi им се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ПОЛУДУВАМ!

    Книги, книги, книги, а надвор сонце. Кај можам да дозволам некој зрак да ме погали, кога имам олкав литературен ѕид, а Марфи ми се смешка од под брк.
    Епа навистина животу, или дај ми време или дај ми концентрација. Или крајно, среди се. Душава не ми е мирна, не можам да учам.
    Ми треба инспирација, ми треба мотивација, а најмногу од се, ми треба една дообра партија ...
    Само воздишки и надеж, ништо друго продуктивно.

    И дај луѓе, кој лаже дека нема жива душа надвор? Цел живот мислите ли да се криете?

    Благо бре, благо ми треба, една добра чоколада. Не за џабе чоколадата дава чувство на оргазам. Оргазам во желудникот :lol:

    Не, сериозно, полудувам, и ме фаќа минимална паника. Мислите ми се се само средени не, секаде освен тука. И него го нема да ме среди. Марфи, ми фрлил око денеска.

    Од олку глупости што ми поминаа низ глава денеска, ако запишував може и бестселер ќе извадев. И сето бдеејќи над една страна од книгата. Ама тоа е, една страна од книгата, цело поглавје од животот. Анализи и анамнези. Можеби и лекот за рак го пронајдов, а не го запишав. Не, паметните луѓе или се самци или имаат некој совршен партнер кој не ги замара за време на учење, или евентуално не им дава поводи за екскурзии со паметот и режирање филмови.

    А во контекст на постов под мене, во мој случај подобро би ми било да биде илегално мислењето, барем ќе ми биде поголем предизвик и нема да го злоупотребувам ко сега. И плус, забранетото овошје ми е послатко.
     
    На MandyLane, Strumfeta93 и Monroe им се допаѓа ова.
  15. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]

    Па затоа...опуштено!
     
    На Hipica, Gordana10 и Nymeria им се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Еее што си направив сама. Не бев доволно добра, ниту доволно паметна, ниту упорна, а уште помалце борбена. Си оставив се да си тече, за да дојде до овој степен да си ја трескам главата. Ама што ми вреди сега. Ништо материјално не ми фалело, само малце повеќе памет.
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Чаша топол чај од боровница-ванила од Милфорд пред спиење, спакован куфер, убава музика во позадина што цимерката ја пушта, слатки љубовни пораки и одбројување часови... Охриде мој, си идам утре конечно! :sun: Велат, сончев викенд ќе бидне! Па нека! Да си се порадуваме сите, да излеземе надвор во светли бои и позитивни мисли!
    Готово, си легнувам! Сакам да ги отспијам часовите до утре и да ми почне денот :) Цел ќе ми биде во брзање и трчање... но кога ќе влезам во автобусот - ќе заборавам се‘ и ќе се радувам дека само 3 часа ме делат до таа негова прегратка, од моите мили родители, од мојата најмила внука... :inlove:

    За назад знам дека ќе си соберам еден куп убави мисли и спомени!

    Ах бре шо ти прајт љубовта.. :$ :lol:


    Добра ноќ! :*:
     
    На baguf4e, L-enna, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Да ми го поздравиш езерцено, да му кажиш дека многу го љубам и дека го немам забораено. И дека на десктоп си го чувам.
    Добар пат :*
     
    На L-enna и Bright им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=NJWIbIe0 ... ure=relmfu

    Боже дај ми сила! Несакам пак да зафркнам се задутре заради еден егоист...Дај ми сила да го поминам ова,дај ми сила да не полудам...

    Морам да продолжам да читам,морам,нема време... :doh:
     
  20. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Колку апла е премногу АПЛА, или попросто да се запрашам, колку нападно е премногу нападно!?

    И така од нигде никаде му пуштив на дечкото што го свиѓам порака. Па тоа де, дека го свиѓам... Не точно со овие зборови него он сам како што ми кажа, што да направам за дечкото што го свиѓам. :$

    Кад је бал, нек је маскембал. 8)

    Абе другарке бе, не си 13 години бе, засрами се, на што ти летаат пеперутки у стомак. :tmi:
    Па уште и не ми враќа!!!!

    ... :rock:
    :!: Близу Вардар живеам, нема гајле. На само пет минути пешки имам мост. :lol: :lol: :D :D
     
    На Srekicka, Izaabella, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.