Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Сакам да кажам дека сум уморна, едвај чекам да си одам дома и да си легнам да си пуштам музиче и д апробам да спијам, и сакам да кажам дека времето надвор е пркрасно само за шетање е :D

    Неготино13°Претежно облачноВетер: 18km/h12:59ч.
    ДЕНЕС Ведро 12° / 2°
    УТРЕ Сончево 16° / 3°
    САБ Сончево 19° / 4°
    НЕД Сончево 19° / 6°
    ПОН Сончево 20° / 6°
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Моментот кога откако убаво ќе ги светнеш плочките со средство, кучето ќе си се прошета
    нагоре-надоле по скалите со извалкани шепи :up:
    :swear: :swear: :swear:
    ------------------------------------
    Ајде Ана, фаќај џогерот, и одиме одново...
    Само како успеа да се извалка на вакво суво време, стварно не ми е јасно. Отсекогаш знаев дека во претходниот живот била прасе!

    Туку, сакав да кажам дека многу живчани келнерки работат во факултетските бифиња.
    И покрај тоа што на едно одење им оставаш сметка за цела нивна дневница, прво ќе чекаш 35 минути за да те услужат, за на крајот да добиеш сендвич со кечап и мајонез, иако си нагласил да нема мајонез.
    За „повелете“ како да не знаат, а за „извинете“ да не правиме муабет. Доаѓаат и без дозвола ти го земаат недопиеното кафе, чашата вода или солта, што читано меѓу редови би значело: Ајде станувајте, веќе пола саат тука седите. Летаат меѓу масите како некои ветрушки, и нервозно реагираат кога треба да ви вратат кусур. Шират негативна енергија на радиус од километар!
    А на крајот, откако ќе завршите со дружбата и ќе треба да си се вратите на предавања, ќе ве испратат со убиствен поглед зошто сте ги разместиле масите.
    Да не треба и да ги избришам? Или шолјата да си ја измијам? |(
    Како ние студентите да сме некоја посебна категорија на муштерии. Во ваквите бифиња секогаш работи лош персонал.
     
    На Noemi, stylishh, blond и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.311
    Сдк...немам ни што да кажам.
    Се мислам како да соберам сила да имам доверба во некого... Изгледа е време да се насочам само кон себе... Овој пат ќе треба многу време...
     
    На femina90 и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.527
    Допаѓања:
    174.107
    Како син ми да го слушам.
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ех колку се заштитени студентиве на државниот
    пред некој ден кога му изигрував шпиун на брат ми на факултет :lol: -како грижлива сестричка отидов да видам дали се запишал 2 семестар, што се случило со испитите-положил, неположол, што и како, од продеканот за настава до вработените во службата за студентски прашања ми кажаа дека штом се работи за полнолетно лице, немаат право да даваат такви информации и дека само со писмено одобрение може да ги дознае сите работи родителот, и ми беше чудно зошто е така
    оти имало случај пред некои 6-7 години, студентот ги криел оцените, дома станало скандал, и на крај студентот ги тужел т.е. го тужел факултетот :fubar: после ми стана јасно
    кога на врело млеко ке се изгориш, и на ладен јогурт ке дуваш :D
    а кај нас на американ колеџ само кажи број на ај ди, и се ти кажуваа-ако те знаат по име и презиме може
    разликата е во сумата на пари која ја инвестираш, многу јасно :)
     
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ...Некаде средина на март.Убаво минува.Убава е и тишината во собата.И сонцето,надвор.
    Не,јас не мо=ам да уживам во него,и види не е причина купиштата книги туку проклетиот грип!
    Ау не го можам мајке ми!Ме убива,полека но сигурно,ме разгорува,уништува!
    Мислам дека 3 килограми ослабев.
    Четири дена седам дома,четири..
    Кога си болна брат ти ти носи филмови од дивидитека,мама и тато те галат по цел ден,баба прави палачинки само за тебе..Не е ни чудно што сакаш болеста подолго да трае или што посакуваш да си болна засекогаш.
    Епа сето ова паѓа во вода мили мои,ужасно е,без оглед колку ме галат како принцеза..
    Белите ходници на полниците,чичковците и тетките во бели мантили,суровиот мирисот на лекови..морничаво!
    Не се исплатува да си болен... заради малку внимание!

    Овие два дена ми е подобро,ве читнав малку,многу сте испишале,убаво..убав е март нели :f:
    Кивите до мене и топлите зборови на баба,и се е поубаво.

    п.с И успешните грешат,но никогаш не се откажуваат!..затоа грабнете го денот !
    [​IMG]
    Ве љубам :l:
     
    На BeLLaDona23, srcekrsacka, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]

    Малото прсте for my best friends.. :hug: Нема ништо повредно од вистинско пријателство!
     
    На BeLLaDona23, Strumfeta93, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Одсега кога ќе видам 15 годишни кај што се фалат како имале најубав провод, колку биле пијани и главни, се колнам дека ќе им ја оставам сликава. Чисто да кршам филм.
    Па и не мора само на 15...

    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, Loritaa, stylishh и 5 други им се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Ќе си дојде некој од никаде и се што сака да знае, ќе дознае. Па барем за парите што ги давате, треба поголема заштита на лични и приватни информации, според логикава моја?!
    А според твојата логика, лошо е што на државен ги штитат студентите, а помалку плаќаат?
    Па јас да плаќам 2000 евра годишно за да секој има пристап до моите информации и резултати, ќе се запрашам малку дали е паметно!
     
    На MandyLane и LilBaby им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Надежта е преценета...Всушност сите мислат дека надежта е добро нешто а не е така,лошо е.Кога гледате на улица некое куче скитник мислиш подобро е да му дадеш нешто,што имаш,малку...Не :!: Така само го залажуваш да продолжи да живее во пеколот и колку повеќе луѓе го "залажуваат" така толку подолго ќе биде неговото страдање.Инаку страдањето може да биде пократко и побрзо,а ти сакајќи да му помогнеш страдањето ќе му го направиш подолго и поболно.Што би се рекло на ранет војник поарно скрати му ги маките и убиј го отколку да го оставиш сам да искрвари.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Имало и полошо од тоа баба ти да ти најде кондом во ташна. |(
    Да и објасниш на мајка ти дека треба да правиш ПАП-тест, а немаш дечко.
    Фак бади?? Френд уит бенефитс? Ќе и текне за бившиот, ако се изнервира и го распраша, тој ќе испадне крив, сирото дете. Може ќе се премисли отпосле за некои работи. :rofl:
    Ќе и паднат забите на женава. :x

    Ма иди бре... И кога ќе увидат дека си специфичен случај, па уште и со некои неусогласени хормони - УАУ! Мора да се види! Ќе се соберат сите надежни гинеколози и ендокринолози во државата, и додека си расчеречен како кобила кога раѓа ждребе, те зјапаат, та дури да се пресрамиш веќе.

    [​IMG]


    А во меѓувреме, кежуал муабет, што правиш во животот, како си, едно друго. Па да, добро сум, фала на прашање, немам гаќи, и ваџејџеј ми ја видоа 15 луѓе, фала на прашање, стварно сум добра. Од што ми помина срам, ми иде утре да правам Нејкед Фрајдеј, кад је бал, нек ја маскенбал. :!:

    Не стварно, се заебавам ама сабајле ич не ми беше смешно. :D
     
    На kate21, Marilyn-Monroe, la-chicka и 24 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Скопје на дланка. Брзаници, две лименки Скопско, осмеси и впивање сонце. Станувам жена на хедонизам, еротика, храна. Си припаѓам на себе. Тука сум, своја сум. Знам дека сум премногу самостојна во одредени ситуации, ама ми одговара бар засега многу.. незнам што да кажам. Убаво ми е..
     
    На MandyLane, IvanaMkd, Butterfly15 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.082
    Пол:
    Женски
    Брат ми кој е една глава повисок од мене, го видов како плаче. Со искрени солзи од болка на душата. За човек што не го ни познава, кој починал пред незнам колку време. Тој човек е неговиот идол. Кога го видов се стегна нешто во мене. Не се трудеше да сокрие. Ме разнежни и растревожи. Макар и 5 глави да бидне повисок, засекогаш ќе остане моето мало братче. Буцко што не сака фудбал. Ќе излезам со него вечер. Ќе го частам една палачинка. Затоа што го сакам, иако скоро никогаш не му кажувам.
     
    На kate21, Mishela, Izaabella и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ...дека животот е и-ро-ни-ја!!! Ми понудија да се вратам на старото работно место... Да, ми требаат пари, но повеќе ми треба здравје... Ми треба и љубов, но не можам да ја создадам кај што ја нема. И во вакви мигови, најголем дел луѓе помислуваат да се некој друг или барем некаде на друго место, бидејќи некогаш нема ништо позаморно од тоа да си ти, па уште да ти е понудена ексклузивна можност, да потонеш пак во истиот жив песок, во кој си се давел до неодамна... Ама, ни на северен пол, ни на Венера, ни на Марс, ни на Сатурн не можеш да избегаш, барем додека се носиш себеси со себе, со сите придружни неразрешени проблеми, кои те влечат како окови и дури ги имаш на себе, ниедна околина нема да е јузер френдли!!!

    Сакам скоро ништо да не разбирам, вака имам толку многу шанси да се изневерам себеси, а толку малку да се восхитам од нешто или некого... До пред едно 2 века луѓето се навлекувале на идеи... Да осетиш идеја - напоменувал Достоевски... Најголемото достигнување денес е да осетиш - оргазам веројатно. Го мразам овој свет кој почива на бесмислици, па уште и ретроградност ми нуди. Море марш, ама не на мирот... И чисто се сомневам дека и покрај тоа што сите ,,јадеме од јаболкото,, научивме да спознаваме добро од зло. Веројатно јаболката на дрвото на спознанието се зелени, па затоа толкава е зрелоста и киселоста на овој свет...
     
    На kate21, bittersweet, Marilyn-Monroe и 15 други им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    сд ти к, ти имај си го овој, пошто е време на постови, јас си фатив јак верник :D
     

    Прикачени фајлови:

    • like a boss.jpg
      like a boss.jpg
      Големина на фајлот:
      629,5 KB
      Прегледи:
      349
    На bittersweet, Beauchamp, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Реков јас Баба Марта е со триста ума...Се отепа во снег врнење надвор :^) Ама ајде,нека врни што сака нека прави...Ко да не иди пролет...

    А и какво времето,такви и луѓето :x
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... Теодора кажа иронија, јас ќе кажам мизерија е животов. Не во смисол на материјалното туку на оние други социолошки, духовни ... човечки и какви уште (не)вредности. Значи како оди времево се полоши и полоши моменти носи ... нервози и ограничувања. Некои сиви нијанси, некакви залажувачки моменти и еден куп расипани луѓе. Не знам како се измени се?! Имам надеж, но џабе е кога реално не гледам никаква промена на ништо, никој. Се навикнав и да не очекувам, да немам доверба и да не се трудам да менувам или барем да убедувам. Едноставно ќе мизерувам во ова мизерно време со мизерни луѓе.
     
    На Strumfeta93, Gordana10 и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Моментот кога во просторија со луѓе покрај таа врева која не ти годи ставаш слушалки и пушташ тупцс, тупцс песна... Like a boss 8) :D
     
    На Gordana10 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  19. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Животот е вечна борба. Борба за подобра иднина, борба за здрав, исполнет и успешен живот. Но, понекогаш среќата не е на наша страна. Некои од нас боледуваат од тешки болести, други просат за сува корка леб, трети се родени со хендикеп, четврти не можат никаде да ја сретнат нивната потенцијална сродна душа…
    Сите имаме разни проблеми, но животот мора да се турка напред, со силна верба во подобро утре.
    Туркај!
     
    На kate21, bittersweet, BlackSwan5 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Не сум плачела оддамна како денес што се истурив.. За паднат колоквиум бе! Може зашто не сум паднала по ниеден предмет 2 години, па сум го заборавила чувството.. :|
    И сите ми викаат - да си жива и здрава...
    Е да сум, ама и да не сум разочарана.. Втор пат денес ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.