Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Суров е животов :worried:
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    И ние имаме детски спомени поврзани со компјутерите :D
    Ал и одвај ни дозволуваа родителите час-два да поиграме :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На LilBaby, Marilyn-Monroe, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Женски, морам да ве предупредам нешто!!
    Последнава недела на 4 мои другарки, познанички им беше хакнат профилот на Фејсбук. Променет им беше пасвордот на фејсбук, на мејлот, безбедносното прашање.... буквално се!
    По профилите е пишувано, менувано слики и сл. а девојките не можат да си влезат 24 часа ни во мејлот ни на фб профилот.
    Се претставуваат како muslim hakers и цитирам: site ce ve hakneme. Vie makedonci mnogu pcuete, zato..

    До сега ништо не е превземено, другаркиве си отворија нови профили, а старите уште не се избришани официјално.
    Не знам што е работава стварно, ама како за превенција, не адднувајте непознати пријатели.

    Ви го кажувам ова зошто пред малку ќе добиев срцев удар, кога видов дека на сестра ми и е хакнат профилот и статусот е сменет во “верена“.
     
    На JoxyTheFreak и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    6.734
    ^ Meне ми беше деактивиран до пред некое време и другаркиве ми велат дека не ми е . Е како не ми е, вчера го деактивирав. И навистина од кај нив гледам ме има на фејсбук. Значи дотичниот незнаел дека јас сум го деактивирала и си влегувал , по тоа и познав дека ми влегуваат. И замислете се си има читано .
    Сега сменив мејл , безбедносно прашање па се надевам дека нема да ми се случи веќе .
     
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    За жал повторно ќе ти се случи. Јас сменив неколку меилови и пасвордите ги менував барем еднаш неделно и пак некој си влегува. :^)
     
  6. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Гледајте е-маил от да не е видлив за секој, значи кога ви гледаат информации да не се гледа кој ви е е-маил от, тоа подесете го како за почеток, зошто ако го имаат е-маил от можат лесно да ви го пробијат фејсбукот, и никако не ставајте исти пасворди на фејсбук и мејлот,,,, иако оној што вистински се разбира во тие работи може лесно да напакости ако сака за жал....
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ќе збеснам,
    од досада ми иде да вреснам,
    цел ден ваму таму се шуткам,
    и во уста храна си буткам,
    врската ми ја завеала некоја бура,
    кога ќе пројде ќе викаме ура ура,
    денес слободен ден си земав,
    иако многу пари за екскурзии немав,
    на жичарата врата и бацивме,
    па во луна парк во колички се качивме,
    после и на везувио пица,
    па ќе сакаме линија тенка како жица,
    додека се смееме од срце немаме гајле,
    на диета од утре сабајле,
    мили личности, љубов и срце исполнето,
    како корнетче со сладолед наполнето,
    детската љубов граници нема,
    најискрена е без да следи некаква шема,
    факултетот нема да пропадне без мене,
    додека мама едно сукало не земе,
    од пуста желба да има паметна ќерка,
    а таа родила невидена ѕверка,
    баба ќе ме брани, таа е жена силна,
    една внука сум па сум и најмилна,
    и мислам дека да престанам да дрдорам време дојде,
    затоа што и оваа вечер бездруго ќе пројде,
    а јас имам задачи за решавање еден куп,
    иако за половина од нив сум труп,
    бидете весели ви праќам многу среќа,
    убавини, насмевки и љубов само за вас полна вреќа.
    :f:
     
    На kate21, bittersweet, AnaKarenina и 9 други им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот за ФБ. Може ќе помогне.

    Сменете си mail кој ќе ви биде само за ФБ и ништо друго. Ни другарка, ни никој да не го знае. Ставете сосема различен пасворд од оние кои обично ги користите и запомнете си го, одберете сигурносно прашање со одговор без врска или до одговорот ставете некоја бројка или буква плус.

    Второ. Можете да направите името да не ви излегува при пребарувања и да изберете да не може вас да ве додаваат, туку само вие кого сакате. (Тоа за оние кои прифаќаат било кого.)
    И бројот и адресите секогаш да се видливи само и само за вас.

    Трето. За да имате претстава кој ви влегува по профилите, одете во Account settings.
    Најосновно, ако до Password стои Password never changed, значи дека е некој кој ве знае и кој ви ја знае лозинката, па немал потреба да менува.
    Во Security табот од страна имате Login Notifications, селектирајте ги за да добивате известување секојпат кога некој ќе проба или ќе се вклучи на вашиот профил.
    Активирајте и Login Approvals и секојпат кога некој ќе проба да ви се вклучи, ќе бара од вас да внесете код за конфирмација кој ќе ви биде испратен преку СМС и ќе го знаете само вие (Не го кажувајте никому!)
    Во Recognized Devices нека ви стојат само компјутерите од кои постојано се логирате. Именувајте ги некако за да си знаете дека се вашите.
    Во Active sessions ви стои на колку места сте моментално вклучени. Тука е клучното да знаете од каде некој ви се логирал.
    Еве да не беше муабетов, немаше да видам дека кај мене моментално има 2 активни сесии од Гевгелија од Самсунг мобилен, иако сум на спротивната страна на Македонија.
    Штом видите друга активна сесија, веднаш кликајте End Activity.
    Сега јас ќе разгледувам кој е храбриот од Гевгелија, а вие што побрзо вклучете си сето тоа и среќно. :)
    Се извинувам ако на некој начин е оф-топик, ама тоа сакав да кажам. :)
     
    На Lov3, LivingGlam, starfish и 4 други им се допаѓа ова.
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    ЖЕНА.
    Една од најубавите Божји созданија.
    Можеш да ја почувствуваш
    нејзината невиност во вид на ЌЕРКА,
    нејзината грижа во вид на СЕСТРА,
    нејзината топлина во вид на ПРИЈАТЕЛ,
    нејзината страст во вид на САКАНА,
    нејзината посветеност во вид на ЖЕНА,
    нејзината божественост во вид на МАЈКА ..♥
     
    На ines.h, Gordana10, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    А зошто веќе го нема организираното девојче кое секогаш знаеше се`? Каде е гордоста на мама и тато со ниту една жива четворка зачкртана по тефтерите? Зошто не сум онаа која што бев порано? Зарем пораснав? Зарем на неполни 13 јас веќе пораснав? Зарем станав од оние кои висат 24 саати на компјутер, додека ранецот е зафрлен во аголот? Зарем станав онаа од која се плашев дека ќе станам? Боли. Имам некоја горчина, празнина во срцето. Не ги слушам повеќе оние зборови „Ама, ти си гордост мамина“. Како мелодија од најубава, ангелска песна ми одзвонуваат во ушите. Се каам. Се згрозувам од самата себеси. Разочарана? Многу. И тоа не мора мама да ми каже, самата сум свесна. Но, ако сум свесна зошто продолжувам да се тркалам во бездната? Зошто не превземам ништо? Толку. Заврши. Моето прекрасно детство заврши. Сега црнокосото момче ми ги окупира мислите постојано. Наместо дропки, цели, рационални броеви, фотосинтеза, глаголи, Византија, Пелагонија, Бетовен и Моцарт да ми се во мислите, таму е тој. Да. Со милина се сеќавам на деновите кога го сакав училиштето. Кога не ми беше страв професорот да ме испраша. А сега? Живеам за викендите, кои не се многу поразлични од работните денови. Мора да се сменам. Но зошто не можам..? Дали не можам или не сакам? Не знам што сакам. Всушност, го сакам него, но тоа нема да ми ја гарантира иднината. Сега ми треба нечија прегратка, да ми каже дека се ќе биде во ред. Ја лажам мама, но и самата себеси дека е се` во ред.. Не е.

    [​IMG]
     
    На macysh, A-j-a и sanjalica им се допаѓа ова.
  11. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам дека само што видов комарец во мојата соба :o о оу!
    Зарем комарецот пристигна во мојот дом за свечено да го наговести доаѓањето на пролетта?

    Ви текнува на песнава?
    Кокиченцее, девојченце, бело бело снеженооо
    Што си дошло толку рано? Рано, рано, самичкоо?
    Што дошлоо толку рано? Рано, рано самичко ( тука се спушта интонацијата :lol: Just so you know )
    Јас сум дошло, мили деца, радооост да ви донесааам
    Зошто зима-Та си одиии, и доаѓа пролеттааа

    не ми текнува понатаму ;(

    Комарче, те молам појави се од некаде... ветувам не те убивам :?:
    неможам да го најдам |(
    не дека го барам да го убијам де.
     
    На LilBaby, teddybear, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Положивввв Претприемништвоооооо...
    Јуху Јухууу денес ко мува без глава сум.


    И утре полагам, али ништо немам фатено, ух, мора да го положам и тој и сите што следуваат.
    Таму нема за учење, ќе имаме case study така што можам да бидам цела вечер мува без глава.

    Дечкото што го свиѓам ми врати на пораката.
    Многу сум позитивно вознемирена и не можам да се смирам.

    Рипкам од радости...
     
    На bittersweet, Neytiri, LilBaby и 21 други им се допаѓа ова.
  13. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Престани да бараш било што надвор од себе. Се што бараш е внатре во ТЕБЕ! :!:
     
    На srcekrsacka, drugarka, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Незнам што правам, незнам што да мислам, секој став е погрешен, секое решение залудно.
    Секој напор безуспешен и на крај сосема трета приказна...во заблуда сум, во лавиринт без излез.

    Сите мисли насочени код едно, сите чувства заробени на едно место, сите соништа и надежи во него а тој е толку блиску а толку далеку. Идеалната слика во моето срце се зацртала и нема сила што може да ја промени...и покрај се.
    Кој е тој? Какви намери ли има? А од друга страна каде сум јас? Се губам во просторот и времето, навистина....се чувствувам заробено и изолирано од се друго, незнам дали неможам да се ослободам од се...или едноставно несакам. Покрај се ново повторно на старото место.
    Но како понатаму, што потоа? Чудно е знам, несватливо и можеби налудничаво, имаат право необично е се, но така е неможам против себе, а можеби можам и не сакам?
    Не...не сакам, знам дека не сакам..незнам зошто но вечно би останала на оваа игра топло-ладно, солзи-насмевка, среќа-тага. Во овој лавиринт од емоции и настани, во оваа недоумица каде што ништо не е јасно и вистинско освен моите чувства. А што добивам јас од сето тоа ? ...кога би можело да биде вечно, но не може....за кратко и тоа ќе го нема...а незнам како потоа.
     
    На plavusaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.082
    Пол:
    Женски
    Порасеана не сум била. Заборавам каде оставам предмети, заборавам дека треба да се јавам на некој. Денес учам погрешен систем. Цел ден изгубив по грешка. Кога сум кај грешкиве... Сакам да можев да ги избришам, лесно, дури и премногу лесно. Неможам.
    Нервозава ме срони. Црвенилово во очиве ме заслепува. Немам плунка во устата. Треба да спијам неможам. Треба да сум будна, заспивам. Влегувам во некоја опсесивна состојба.
    Господ ми е сведок дека го сакам дечко ми, ама не ми треба сега до мене. Самата сум си вишок. Дури и ќебево ме гуши.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.250
    Допаѓања:
    140.563
    Се осеќам како вонземјанин. Или можда инглишмен ин Њујорк. Шо да е.

    Вагинални монолози, овај де меѓуетнички дијалози, дебати, аналитичари, политиколози, релаксирање на односите, охридски рамковен, комисии, комитети, европска унија, обединети нации, фуле, ховит, нимиц ... дрн, дрн јариња, весели магариња.

    Не можам, мајке ми, не можам, не можам, не можам веќе! Пораснав со транзиција и прашањето за името, преговори за преговори за еу, ембарго за бензин, бензин 87.5 денари кило (упс, сега не се важи, голема сум веќе!).

    Некаде на средината на девеесетите го прашав татко ми- а кога ќе заврши транзицијата? А тој ми рече -некои земји не излегуваат од транзиција ќерко. Шамар!

    Сакам да заспијам, и да се разбудам форматирана.

    Сакам искреност. Секаде. Сакам да знам дека кога ќе прочитам нешто, така е, никој не ме лаже. Ни во медиуми, ни тука.
    А тука е смешно. Мислиш дека читаш за совршена врска, а таа во сржта е трула. Се прашуваш дали авторот навистина го мисли тоа што го кажува, или само очајно се труди да звучи фенси, на анонимен форум, од некои необјасниви причини. Ствараш лажна слика за нешто што не е така како што изгледа на прв поглед. Изглед вара. Народна поговорка.

    И што има врска, и да бидам излажана. Да се дешава нешто! Шо да е. И онака научена сум на силовање на мозокот. Нема проблем, дајте уште.
     
    На teddybear, Johny, caroline.costa и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Си земав цвеќенце и си ја украсив саксијата.
    Не ми одговараше темната кафена боја, сакам шарено, сакам пролет.
    Го ставив на прозорот и го гледам цел ден. Срамежливо и скромно ги пие зраците сонце кои ми ја осветлуваат собата. Му дадов водичка и пролетва заедно ќе цутаме :f:
    Време е за промени.. Време е!

    Собата ја украсив со пролетните реквизити, сега и таа е светла и нуди весела атмосфера.
    А јас, викендов ќе ги ставам наочарите на мене и право во Матица да си ја збогатам библиотеката додека кучето ќе ми биде на фризер. Тоа ќе и дојде како поклон за првиот роденден. Моето вести териерче ќе наполни година за петнаесет минути. Како вчера да беше кога ја земав прв пат во раце, малецка колку паричник, ме погледна со црните очиња, се проѕева и ми заспа во раце. Одма ме опи со шармот кој сеуште го поседува. Јас и викам на мајка ми дека е како ороспииче, се фрцка пред сите и и` годи внимание.
     
    На Mayyya, marama и Hipster им се допаѓа ова.
  18. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Тоа е тоа... И јас си живеам така, не покажувајќи ја болката.... Не мора сите да знаат ;)

    [​IMG]
     
    На maca99, BlackSwan5, vendiii и 4 други им се допаѓа ова.
  19. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Чудни работи ми се дешаваат по втор пат ми се случува некое место што сум го сонувала да го пронајдам поточно...
    пред извесно време го сонував кафичот Бела ми во Крушево ( не ни знаев дека тоа место постои) по месец дена кога отидов во Крушевоа останав без зборови ем местото што го сонував ем и децат... :?:

    после некое време сонувам хотел каде што сум била на одмор и сега случајно барајќи на нет за Lido di Jesol го пронајдов истиот тој хотел .... [​IMG]

    :| :| :| :| :| :| :|
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.009
    Допаѓања:
    4.887
    СДК... се осеќам како аутсајдер на форумов...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.