Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам лето.
    Не знам што ми стана.Обично не сум голем обожавател на летото ама сега ми недостига.Или ми недостига минатото лето :^) .Прошетки на чист топол воздух,смеења,одење нагоре-надоле се додека не ти здосади.Или седење на клупа и смеејќи се како луд,без некоја посебна причина.
    Одење во белите маринки кои ми ја боцкаа ногата ама сепак ги носев и трпев.

    Ми недостига и предминатото лето.Гледање светско првенство на тераса,грицкајќи сончоглед и шетајќи се во маало.Ќе ги опнев белите високи тупуци и кожените хеланки и влегував во тежок филм :) .

    Така,секое лето си е посебно на некој начин.Секое лето ме потсеќа на нешто.Дали преку песна или преку слики секогаш се потсетувам на работите кои поминале...
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На Oxymoron, cigarce, Marcey и 4 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК
    Викенд посветен на борбата против најомразената болест на денешницата - ракот.

    Ги спонзорирав тимот на колешките и тимот на најдобрата другарка,досега само од спонзорства собрале и дватта тима над $10.000 а тек пола ден поминал а севкупната сума се ближела кон 3 милиони долари.
    Средставата се за истражување на пронаоѓање на лекот и за потребите на болните и нивните семејства.

    Јас и годинава како и лани од оправдани причини не учествувам, инаку последните 10 години бев со нив рамо до рамо, сега ќе ги посетувам и денес и утре и ќе им бидам морална подршка да издржаат.
    Ми напоменаа вечер да им однесам од моето кафе кое они го нарекуваат ракетно гориво, толку јако било, ќе ги држело будни, баш тоа што им треба, не е лесно да си буден 48 часа и постојано да шеташ или трчаш со штафета.

    [​IMG]

    А утре ќе и бидам морална и финансиска подршка и на јатрвата која ќе си ја избричи главата/косата за собирање на средства за борбата против леукемијата, болест со која моментално се бори нејзиниот брат ;(
    Оваа фондација досега собрале близу 9 милиони долари, целта им е да соберат 15 милиони, средствата исто се за истражување и за оние кои се борат против оваа опака болест.

    [​IMG]

    Горда сум што живеам во држава во која живеат несебични, хумани луѓе кои дават се од себе за тие што се бореле, се борат и во иднина ќе се борат со најголемиот убиец на денешницата.

    Џабе ти се парите ако никому не помогнеш.
     
    На kate21, Strumfeta93, Izaabella и 24 други им се допаѓа ова.
  4. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Како едно око отварам, така друго само се затвара - умирам за |-) Осеќам дека денов ќе биде долг а јас и по еден час од моето станување сеуште неможам да се расонам :( Околу мене се лом, расфрлено.Барајќи некои материјали се затрупав во планина од хендаути.Со тешко срце го напуштам креветов и станувам да се соочам со денов затоа што ако продолжам да лежам пак ќе заспијам :lol: Имајте убав ден.Искочете и шетајте се додека сонцево ни се смее :)
     
  5. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Сакам да казам незнам дали има несто посебично од машко мислат дека 24/7 си достапна за нив и дека можат кога сакаат да дојдат и да зазвонат на врата како нисто да не се десило. :headbang:
     
  6. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Пред малку читав 'ТЕА Модерна' :$
     
    На Princess.S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Навистина преубав ден ! :) Се чувствувам многу подобро од вчера, времето ми даде елан за тоа :)
    Иако ноќеска не можев да заспијам, умот ми беше преокупиран со мисли за иднината воглавно, за тоа што сакам од себе , и дали она што го имам покрај себе е доволно, утрово се разбудив рано и свежo :) А, сега ќе го искористам денот до максимум, сама, и знам дека ќе си поминам убаво :$

    Имајте убав сончев ден феминки :sun: :hai:
     
  8. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    2.473
    сдк викенд...тоа би требало да значи одмор, но не како ли можев да помислам на нешто такво?
    Еден тон обврски за наредната недела, семинарски, презентации, учење на материјалот за активност на вежби.. Не, не се жалам, сакам да учам и успешно и на време да го завршам факултетот.. но мислам дека заслужувам и еден слободен викенд..
    Се надевам се ова еден ден ке се исплати...
     
  9. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Абе каков викенд? :^) Тоа е непознат поим за мене. Прости луѓе кога глумат директори на школо - има да учиш и во сабота и тоа без скратени часови од ниту 5 минути. Абе ајде.. |(
    А јас што треба да чистам дома, да купувам работи? Па роденден ми иде. Али сељачизам - тешка болест. :geek:
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е значи колку неблагодарни луге постојат на планетава :fubar:
    пример за тоа е моја другарка-ако можам така да ја наречам која што има финансиски проблеми, а јас и кажувам каде да аплицира да може да се вработи, да заработи за да дипломира оти знам колку е тешко во денешно време без ничија помош-го чуствувам тоа на моја кожа а таа ни благодарам не вели, што си го трошам времето и нервите :devil: . Со ова си докажува дека е себична кучка и дека не ме заслужува мене за другарка, ама ако Господ 100 пати кога-тогаш ке и го наплати сето ова, памти па врати :!:
    оф, што сум толку добра и се обидувам на сите да им помогнам :doh:, е стварно сум за еден :punch:
     
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Многу сакам вакви топли надежни денови :)
    Утрово ме разбуди мало зракче од сонцето ,ме галеше по лицето како што никогаш не ме погалила мајка ми и како да ми велеше ајде фати го денот што побрзо,искористи го максимално.
    Така станав ,се јавив кај мојата најверна другарка која си ја сакам како сестра и си ја викнав си пиевме кафенце на терасата . Си правевме планови каде на одмор, каде идната недела на собирање позитивна енергија . Ќе одиме на прекрасно планинско место каде има мало манастирче и прекрасен човек кој вреди да се запознае . Ми требаат долги прошетки ,само ранче ,вода и малку храна ,тренерки ,капче и прекрасни личности .Сакам повеќе вакви денови -Денес сум среќна ^_^
     
  12. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Sun is up :sun:
    Нов аватар на Фемина.
    Џиновски филџан турско кафенце :geek: .
    А сега тргнувам во поход, да го освојан овој прекрастичен ден.
    Пуштете си го мозокот на пасење и уживајте и вие, оти ваков ден цела зима чекавме ^_^
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Времето нааааајубаво. 8) Се ке беше уште поубаво да не беа моите дома и да не се карааа.Многу се нервирам што вака кога сум расположена некој ми го уништува расположението. :fubar: И плус очекувам да ми зазвони телефон,а тој никако да зазвони.Епа и јас нема да звонам,ке водам инает.Ама тешко е бе да водиш инает,а да сакаш да sврцнеш,да титнеш.Ако се јави океееј,супер.Ако не се јави пак океј.
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Пре-нај-пре-нај-пренајубаво утро. :sun:
    Го обожавам овој период кога после толку тмурни и студени денови ќе се појави првото пролетно сонце и кога за прв пат ја почувствуваш онаа подзаборавена топлина и пријатното воздушно струење.
    Камелеоните можат да ми се потфатат, побрзо менувам расположение отколку тие што можат да сменат боја. Ал, нисам крива мајке ми, ПМС ме мавa, а ПМС-от е кучка, не сме ние кучките, ПМС-от е! :!:
    Утрово кога ме светна едно сонце, па кога едни зраци и свеж воздух ми се разнесоа по собата, абе енергија шта да ти причам, зградава со заби ќе ја кренам.
    И решив да се спротиставувам на ПМС bitch vs. bitch style. Ќе тепам јас, ако не сега, сам ќе му текне да помине. :D
    Прв чекор од тепачката: Јадење чоколадо. Bitches love the chocolate.
    Помага. Јас се чувствувам среќно, а кучката од ПМС е натрупана со благо и сега молчи.
    Редче чоколадо, геврече со јогурт и спремна сум за денот.
    Сега еден здрав шопинг за уште поголемо расположение и веќе е време да се закопа зимската монотонија.
    Rise, shine and seize the day. :sun:
     
    На Rock-a-Fella, Hopeful, Lilliana и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.692
    Допаѓања:
    22.938
    Пол:
    Женски
    3 дена не ми е објавен еден коментар...нз зашто...нити пцуев, нити навредив некого со него...добро шом е така...
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кафе и житни плочки во замена за денешното сонце. :sun:
    Можеше да почека уште 2 недели, па да не огрее после колоквиумската. Вака затворена меѓу четири портокалови ѕидови, морам да го заменам за некое поинакво задоволство.
    Времето ме мами, ама парничната постапка нема да си се научи сама. Па, тргнувајќи од оној избор на студентите помеѓу спиење, социјален живот и добри оценки, ќе ги одберам вторите две. Спиењето може малку ќе почека. Ќе ги испразнам батериите до крај, па после 2 недели ќе ги наполнам со чист, планински воздух.
    Најубавиот дел од денот поминат во учење, е кога ќе правиш пауза за одмор. А јас едвај чекам да си го земам точакот, и да отидам на шолја кафе и трач муабет. Таквата дружба помината на тераса под денешново сонце, знае многу да релаксира. 8)

    И дури денес забележав дека stressed, читано од позади означува desserts.
    Oh, well... универзумот ми дава некакви знаци. А тие знаци овојпат ме упатуваат кон кујната :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Crixus, tweety26, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Денов е создаден за љубење!
    Само што ги тргнав завесите ме погали сонцето и ме мотивираше да ја светнам куќата, дворот и терасата.
    Па си го шмркнав утринското кафенце седејќи на раскошната ми тераса, ја шмукав цигарата и размислував. Среќна сум што мајка ми успеа да се справи со мене и да ме донесе на правиот пат, кадешто ме остави сама да чекорам. Среќна сум што помеѓу нас две доминираат односи на блискост, спонтаност и повторливост.. Или навистина си го пронајдов мирот или сонцево и пријатното временце си го прават своето.

    Отидов јас да уживам.
    [​IMG]
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    91.846
    Пол:
    Женски
    Утринска прошетка со сестра ми во потрага по совршениот роденденски подарок за мама. Си дојде само роденденот да го прослави со нас.
    Спомнав пред некој пост кај мене дека е матријахат, епа е. Нема ни 14 часот, а веќе сите роднини ја испочитуваа и и го честитаа роденденот.
    Почнаа подготовки за ручекот, а наместо торта ќе ги добие омилените колачиња.
    Секогаш на поважни денови е болна, ниту денес нема исклучок , но се држи цврста.

    Среќен роденден мамо! :f:

    Имајте убав ден :)
     
    На kate21, bittersweet, Adi888 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поубаво од домашно. Кога знаеш дека, сам си го направил. Кога знаеш дека те фатило дупло помалце. И кога знаеш, дека најубаво си го направил.
    Нема ништо поубаво од домашен ајвар, од домашни кифлички, од домашна салата, од домашно лебче, од домашна торта.
    Иако, кога го правевме ајварот, имавме комшивки.
    Како што љупев пиперки, видов црв, ми падна на земја пиперката, во гаража, каде што лазат глувци, и ја фрлив. И почна да вика по мене, како тоа било здраво, бла, бла бла.
    Ма искрено, ме болеше дали било здраво, при самата помисла, ми се згади.
    Ја зема, ја исплакна, и ја врати. :o Не изреагирав дека беше постара жената, да беше сестра ми, ќе и ја откорнев косата. И после уште кога видов црв, во него, нема нешто што ќе ме натера да пробам, пак.
    Единствено, ако сама јас го направам, па макар и за 80 дена.
    Друго што сакав да кажам е дека, си го искористив утрото, за да си ја расчистам собата, и да ја направам гланц. Несакам да го поминам цел ден пред компјутер, па затоа ќе гледам да си поуживам. А подоцна да си ја фатам книгата, и јас.
    Останете ми поздравени. :f: :sun:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Само шетајте си вие, кафица, мафица... си учам од сабајле, ќе си учам до вечер, ќе го гледам временцето од прозор, и не ви лајкнувам постови за убаво време, од инат! :rofl: АМАААААА наредната недела, ќе си наплатам дупло, па ќе видиме тогаш. :wasntme: Први почнавме со колоквиуми, таман, моите ќе завршат, вашите ќе почнат. И така злобно ќе ви се смеам, мухахах, уште потопло ќе биде, мухахаха, вие внатре, јас надвор - МУХАХА! ]:) :rofl:

    Гасам компјутер, го вклучив на 10 минути и се џитнувам во светот на граматиката.
     
    На AnaKarenina, CIA, N.Kety и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.