Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    [​IMG] :nod:
     
    На Simonna7, Go-Girl, julie77 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Во некои вакви бош денови едноставно сакам да сум сама.
    Изолирана од светот без никој да ми смета.Единствено папагалчето ме дружи кое одвреме навреме пушта некои мили крици колку за да ме потсети дека не сум сама.
    Тивка мелодија од компјутерот и непосакувана дружба со книгите.
    Правам по малку пауза и се трудам да ја исцрпам негативната енергија која ми ја наложува учењето.
    Паузата заврши, продолжувам по зацртаниот пат :)
     
    На maca99, zhap4e и eli25 им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Си купив две - три дуњи, ги ставив на полицата покрај мене, мирисот - постоење. Тајни намигнувања на свеќата. Велат љубов.. Џамот граница на реалност. Нема да ѕиркам надвор. Ќе постојам и ќе трепкам љубов..

    Ете така ...
     
    На Simonna7, LivingGlam, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Знам што сум била во претходниот живот.
    Мечка!
    Како се смени времето и врати часовникот јас сеуште неможам да се нормализирам, иако читав статија дека тие промени на човекот лошо му влијаат и некогаш се потребни неколку недели за организмот да се навикне.
    На мојот организам му треба подолго време, бар до пролет, тогаш се будам јас со првите кокичиња.
    Дотогаш во зимски сон, мечка, права мечка, дебела мечка, мендо.
    А од друга страна се нервирам што само мислам на спиење и јадење секако, непродуктивна сум, бар не онолку колку сакам.
    А ме мрзи и малото прсте да го мрднам за некоја обврска.
    А за волја на судбината денес низ гтц ме бркаше една жена и ми нудеше магични крпи за прашина и одеше цело време зад мене, ајде девојче ајде купи.
    Ах бре тетке уште да сакав да чистам.
    Дај некоја навлака за јастуче, не крпа.
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Изнагледав еден куп тажни постови на фемина и многу тажни видеа, си се изнаплачив за сето поминато време што не сум плачела и на крај му спуштив слушалка на дечко ми. Happy ending. :devil: Епа го мразам кога е ваков, каков што е денес(го испцував за сите пари денес) ама го мразам. :devil: Да не се видиме цела недела, него ќе му е сеедно. Некогаш се двоумам дали ме сака или неговата љубов е веќе .. не знам што е ? :?: Некој го нема тоа што го има тој, некој се моли да добие малку љубов, да добие леб, да добие кров врз себе, а тој не цени ништо што има. Епа ќе дојде ден, кога ќе молиш да се видиме, ама нема ! :fubar:
     
    На maca99 и daddys.princess им се допаѓа ова.
  6. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    точно така на крај самите себе ке се уништат
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тато сака подмладување на лицето, мама силикони во градите, баба да ослаби... И целата ми моја фамилија си сака по нешто што не сака да си го оствари. Си останува на тоа, на сакање...
    А јас, јас не ви кажувам што сакам бидејки ќе треба цел список да напишам со потточки од 1 до 101...и назад. :lol:
    И во миг кога се наоѓам во дилема што да одберам, јас ја бирам фемина. Мислам, таа не беше во изборот, ама ми се виде како најадекватно решение. :D
    Повторувањето по англиски го елиминираме-немаме потреба од такво нешто...
    Во потесниот избор останува физиката од некои си автори на чии имиња не се сеќавам и Зафон.
    Ако јас се прашувам, ја бирам втората опција, но за жал, се прашува некој друг, па сум принудена да ја изберам првата. :(
    А вреди ли во овие прекрасни ноќни часови, во кои би можела совршено со чајче и книга да се опуштам, јас да учам физика?
    Мислам стварно нема смисла.
    Ама тоа е, еден ден и јас некого ќе малтретирам вака, ветувам. :devil:
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Дупла супа со бибер и лимон. Палачинки со Нутела. Мрак пред очи. Затнат нос. Крцкање во кревет со Сесилија Ахерн, ко средношколка на која и раскинал дечко и, имагинарниот. На плејлиста Ројксоп, се надевам само дека нема да полетам некаде нагоре. Се прашувам само, зошто Марфи работи толку прецизно и која му е намерата.
    Да ми предизвикува главоболки.
    Да ми укаже колку сме ние луѓето себични, своеглави, на моменти празни суштества што мижат пред светот за само да можат замислено да си ги бојат идеите.
    Да се потврди мојата теорија дека стравот е првото оружје што не’ направило ранливи и бесни.
    Да ми даде до знаење дека само од сопствената сила на Љубовта, и Гневот, се плашам најмногу.

    Кога бев мала, пишував поезија со тенки мисли дека сакам да станам глумица. Години потоа работев за сценарија во училишен театар. Сакав да пеам. Имав бенд. Сакав да пишувам, завршив компаративна книжевност. Многу дувла, многу места за исплакување.
    Тотална несериозност.
    Мој драг пријател, и музичар, З. Ориѓански, еднаш ми рече: Ана, што е ова што ние го работиме? Чиста провидност. Биди рудар, лекар. Спасувај луѓе, планета. Ние уметниците, сме несериозни.
    Тогаш не помислив дека е во право.
    Сега знам.

    Можно е да е лажно. Се’.
    Понекогаш, кога реалноста премногу силно мириса на болест, распад, промена.

    Да, уметноста црпи од животот, кој е во суштина тешка артилерија. Куќа, која во својата ништожна големина, уметноста како тапет, ги покрива пукнатините.
    Во моментов, сум во Лимбото. Гледам како со сопствени нокти, ги вадам тие тапети.
    http://www.youtube.com/watch?v=ZXwvW8bjJ8k
     
    На Simonna7 и julie77 им се допаѓа ова.
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Кога учам околу мене има повеќе тањири отколку книги :lol:
     
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Додека дишам, се надевам! Ќе биде подобро... :)
     
    На maca99, Divinebutterfly и Doozy им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    123.619
    Упознавање со нов колегиум.
    Додека се поздравував гледајќи во нивната широка насмевка,не мислев на ништо друго,освен на тоа-колку е вистинска оваа насмевка? Да верувам дека е,не можам.Колку жално,изгубив доверба во се и сешто,па сега во ништо не можам да се натерам да верувам.Се прашувам ова на арно е ,ил не?А едната баш ми се виде фина и ни тргна муабетот.Ма на дијалект муабет,каков литературен :lol: Почна таа,па се опуштив и јас ;)
    Страшно е што порано СЕ ТРУДЕВ да имам резерва за секој кој ме опкружува,да не отворам уста кај што не треба и да поверувам во било што,а денес ми станало стандард.Ги слушам луѓето и ко да не верувам на ништо-се слушам како во себеси си велам-ахам,сигурно.Дури ги замислувам и следниве смајлиња :^) |( .
    Цел ден размислувам дали е добро да си до толку недоверлив?Си реков - не ,не е.Но потоа се разубедив дека и да веруваш и да се разочараш исто боли,така да да се држам до ладната јас.
    Ете да седнам да учам и јас насмевнување[​IMG]

    Ама она вештачкото,со сила насмевнување,не од срце. Верувам дека ме сфаќате бидејќи опкружени сме со такви насмевки Сфаќам дека без него не правам ништо и затоа ми паѓа тешко.Не можам и не сакам :doh:

    Друго е што иако ме боли секое ковче и радо би се џитнала во кревет,сепак кренав расположение со една убава чаша домашно бело вино,заедно со мевце и компирчиња :mm: Си требаат калории некогаш,шта чеш. :wasntme: После доброто кафе добив уште поголема сила за да го средам плакарот т.е. плакарите!Катастрофа невидена,чувам се и сешто.Сега одам во кревет,кога поминал денов! Лета :o
     
    На AnaKarenina, Hiii, stylishh и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Heydi1221

    Heydi1221 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
  13. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    СДК не е вистина дека сите машки бараат само секс од девојките... Едноставно некои девојки немаат што друго да понудат..
     
    На Simonna7, Doozy, Phyramide и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК по не знам кој пат - не можам и не можам да го сфатам! :x
    Попрво ќе научам хемија, ќе решам задача по физика, ќе скоцкам икс равенки со еден куп непознати, ама вакво човечко суштество не сум сретнала и нема ни да сретнам.
    Што трпение ќе имав, стварно не знам...
    Бетер е од жена во ПМС, пушта некои миксирани сигнали што ни Господ не би можел да ги разбере. |(
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК сум пресреќна, Го сакам најмногууу, Тој е онај за кој живеам, Тој е онај шо ме прај и среќна и тажна, Тој е оној шо знај да ме насмеј и да ме расположи,Иако е далеку премногу километри, сепак само тој ми е во мислите,Го чекам денот за да го видам, ги бројам сатите, минутите, секундите до тој момент.
    Те сакам Најмногууууу, ти си ми се ! :inlove: :*
    http://www.youtube.com/watch?v=EZ6l-3wkBQU
     
    На Simonna7, Divinebutterfly и daddys.princess им се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Љубовта, верноста, верата и правдата отидоа на спиење. Кога ќе се разбудат, се ќе биде подобро.
    А кога ќе се разбудат? :?: И после ќе се чудиме зошто толку неправди... Сами си правиме се, само тешко да се справиме со тоа..
     
    На Doozy, TeddyGrey и daddys.princess им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    упс...требаше во лична :lol:

    Ај ова ќе го оставам,за сите важи... Ајде ќе се справиме некако,тежок е животот,ама ако не беше тежок и ако имавме се на готово,немаше да е интересен :) Мора да се бориме некако :*
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  18. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Сдк... Дека неможе човек све да има има во животот, баш кога ќе помислите дека сите коцки сте ги склопиле, ќе падне една и ќе ја расипе кулата што сте ја граделе.. И пак нешто ќе ви недостига
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    СДК
    Со отворени раце ги прифаќам сите тешкотии што ми ги носи животот. И малку чудно но...им се радувам. Знам дека ќе ме зајакнат, ќе имам сила и храброст да се соочам со се, ако веќе еднаш сум поминала низ нив. Не сакам цел живот да имам среќа, не сакам се да ми биде наредено. Сакам Бог да ми стави што повеќе товар на плешките, зашто верува дека можам да го носам. Со вистинските проблеми сакам да се соочам сега, а не досега да сум имала среќен живот па кога ќе се случи и најминијатурен проблем да не знам да се снајдам. Ти благодарам Боже што доживеав невозвратена љубов, што некој си поигра со мене. Ти благодарам што ми даде доволно љубов и сила да простам и да прифатам со мирно срце се што ми се случува. Благодарна сум ти и што доживеав како се живее со помалку средства, требаше и на тоа да се навикнам. А најмногу сум ти должна за прекрасните родители што си ми ги дал, од кои научив како да делам се со другите, без да гледам за себе. И што ме опкружи со луѓе со толку тешки семејни приказни, за да научам да ги ценам оние кои ми дадоа живот. И јас би го дала својот за нив. Фала што ми покажа како е да бидеш предаден од личност што ја сметаш за најдобар пријател и ја знаеш од дете...ја знаеш, но не ја познаваш.Сега ништо не може да ме изненади ниту разочара. Ме направи борец, постави толку личности на мојот пат кои немаат ни малку човечност во себе...од нив научив како да се вреднувам. Благодарам за секој дел од мене, секоја особина...за искушенијата, за препреките.За се она што сум денес благодарение на тебе. Продолжи да ми веруваш и да ме соочуваш со предизвици, знаеш дека ќе издржам. И за крај, и благодарам на една прекрасна жена, кој ме научи во се да ја барам светлата страна. Поздрав до тебе Серафима, да ти се врати десеткратно сета помош што си ми ја пружила. :*
     
    На Serafima, julie77, stylishh и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Почнувам да станувам кукавица и тоа најголема. Ме фаќа страв, немам веќе сили за да издржам. Се прашувам до кога ќе успевам да издржам. Не тоа не сум јас! ;( Каде се сокри храбрата Ана? Како порано можев да ги истрпам и навредите и најдолните удари од човекот кој ТРЕБА да ме штити и охрабрува а не омаловажува :?: Тонам, плачам, се помалку се надевам. Не сакам да се жалам, не сакам ни да плачам но се е посилно од мене. Немам и немам сили ;( Немам ниту зборови, незнам што да кажам, нема сум, глува сум и слепа. Знам дека треба храбро да газам, но не неможам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.