Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Нежноста е заразна. Кој ме допре или вдише со устата,ќе биде романтичен. Немој да
    пиеш од мојата чаша, ќе добиеш потреба да го сакаш човекот, целиот свет,
    човештвото...~Мирослав Мика АнтиЌ~

    Ете таква сум деновиве.. Светот се прелева во моиве очи и ми мириса на познато. Хаосот си го уредувам полека и си го китам. Цртам виножита, сеам среќа. Убо ми е.

    Фатив на спортска 50 евра, хуху се израдував, од зезање до пари.

    Сакал некој и да ме почести мене.

    Вива ла вива..
     
    На LilBaby, Johny, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе и јас се чудам шо ми се случува,се осеќам веќе ко деменција да имам,ко 80 год да имам :worried: Незнам шо ми е! А и тие професори само да те демотивираат,па какви се! Сега планирам да исклучам фб.,да намалам со Фемина и да не ја полнам главава со информации,а и да имам поќе време за читање,пошто готова сум,ќе капитулирам! И јас шо викаш Хипстер отупавев,нели до 23-24 можиш да учиш,епа вистина е! Еве не можам поќе толку ко порано,а и можи дека многу напорно беше,сега веќе се осеќам лошо...А и ќе си ги средам полесните испити,па после за тешките ќе видиме,мнооогу поќе учење ќе треба.Па и пфрофесорите немаат разбирање некогаш.Ама тоа е,мора да се бориме.Сеа уште за малце ,нема откажување :) Ама лошо е ко ќе ти дојдат 300 проблеми над глава,а и си вело време затворен,нема многу друштво и без промена на средина...А и зимата премногу се задржа.Арно еве сега се поправи времето,на куси ракави сите шетаат :) Ќе прошетам и јас малце :)

    Ајде сега лека ноќ и убаво да спиете :* ,јас веќе заспав на тастатурава :D :yawn:
     
    На Hipster и Peperutka90 им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Плавуша денес слави 1 годинка на фемина, роденден ми е :party: :makeup: 8)

    Ја дувам првата свеќичка од тортата, поканети сте сите! Денес ми е роденден, гости многу сакам, ако некој не дојде - ќе ми биде мака
    :D

    [​IMG]

    Имам многу што да кажам, а не знам од кај да почнам, ни кај да завршам, затоа како форумски лик само ќе кажам ова е значаен ден за мене, како и мислењата кои ги имам оставено овде :) :l: :smirk: :d: :*:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Сите бидете присутни на мојот роденден, и сите пробајте од мојата вкусна торта :wasntme:

    [​IMG]
     
    На Adi888, Hiii, Lov3 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Денот по утрото се познава, не?
    Очекувам денов да биде неверојатен. :sun:

    Сфатив дека еднаш кога ќе превземеме одговорност за се' она што ни се случува, кога во се' би гледале можност да се спознаеме себе си, ќе престанеме да очекуваме некој да не исполни. Ќе бидеме помалку зависни од некој да не фали и сака и ќе можеме самите себе си да се почитуваме.


    http://www.youtube.com/watch?v=Rcxnwv7yaQk
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Она кога ќе направиш некоја мутава грешка во пишување, сакам кажам незнам речам.. и после се смееш ко неарна..

    Си станав рано. Татко ми бурек ми купил, и ме тера да јадам, да видиш и тоа чудо. Изгледа се опаметува.. што го знам до кога само ќе го држи. Со мајка ми муабети дека неможат да ме конторлираат, не сум дете имам дете. Константно потенцирање остани си во Шведска. Јас им викам- добро! Неможам да се докажувам и објаснувам.

    Убав е денов, цветен, пролетен. Ојдов пред два дена во центар да изнајмам точак таму празно. То ти е. На сите им треба во Скопје пролет и сонце за да возат точак. Ама нека поминат во Лунд, Копенхаген и Амстердам да видат дал е така.. и снегој и дожд и пак си возикаат, и не кукаат и лелекаат, и чекаат годишното време да се смени. Туку се е до навика и култура! Уа за тоа што морам да чекам 2 Април да изнајмам точак!

    Заз пее, газот ми мрда, рипкам и затварам очиња и ушиња на тоа што не сакам да чујам и видам.. Си се облеков весело, идеме у поход..

    Дену те грабам и ќе те испомешам со сите пијалоци, и друшки мои, па и љубов ќе те посипам..
     
    На Phyramide, green.eyes, Simonna7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Кога ги читам темиве за мода што се, ми се иде на шопинг. А ги читам секој ден. И пак кога ќе отидам ништ не си наоѓам. Е ајде де! :lol:
     
    На maca99 и Doozy им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Подобро да ми забодеше нож во срцето или да ми ја земеше душата, зошто вака сум само труп кој копнее за твоето внимание и љубов, а ти не можеш ни 5 минути да одвоиш и да ме прашаш дали сум добра. Не заслужувам така да ми правиш, те молам немој. Не сакам да го доживеам истото како лани, а мислам дека полека почнува првата фаза...
    Времето прекрасно за сите, за мене ужасно, предизвикувач на алергии и болести. Имајте сите убав ден и уживајте, а јас денес сум како ова зајачето ;(
     

    Прикачени фајлови:

  8. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Од утре денот ќе биде подолг од ноќта,а викендов ќе започне и летното сметање на времето.Тоа се бараше,доста од студот и сивилото ^_^
    Сега сфатив зошто оваа година пролетта ни подранила,пристигнала денес во 6:24 мин. :) затоа што престапна е годината и февруари имаше еден ден повеќе.
    Па после таква студена зима,ова подранување е добредојдено.
    И ајде на ваков ден не биди среќен.Мене ми е супер,и покрај неподносливата алергија од времето,чешање на очите,носот,кивање... :|
    Ви посакувам убав и среќен пролетен ден :sun: :f:
     
    На Simonna7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Си се напив кафе :coffee: појадував.Мислам дека денот може да започне 8)
    [​IMG]

    П.С.Времето е прекрасно.Сонце :sun:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    174.056
    СДК...дека коса ми се крева кога ќе слушнам/прочитам колку девојки има кои се неинформирани во врска со сексот и проблемите кои се поврзани со истиот.Ама они„ важно“ имаат сексуални односи ,за разлика од другите кои се „глупави и неможат да фатат дечко“.

    Кој ќе излезе поглупав на крајот-таа што има секс -„ужива“,а незнае ништо за заштита од болести ,бременост и сл. или онаа која нема сеуште односи бидејќи не се смета доволно подготвена за да се вклучи во светот на возрасните?
     
    На maca99, imelda и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш си се разјаснам сама на себе, мојот свет би бил поубаво место за живеење...
    Ама чувствувам дека секогаш ќе ги имам овие внатрешни судири...
    Судир меѓу тоа што е, тоа што треба да биде и тоа што другите очекуваат да биде.
     
    На Lilliana, Johny, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Уште 3 дена. 3 дена па да можам и однадвор да бликнам и да се разиграм. А одвнатре веќе сум размрдана и спремна да се предадам на сонцето. Арно вели либето ми: Ти врие тебе крвта, мало ама ѓаволесто. Е што да правам кога таква ме дала природата. Нескротлива и ентузијастички настроена. Да видам што повеќе! Да се дружам што повеќе! Во моментов најмалку што ми треба се песимистите. Никој не смее да ми ја одземе позитивната енергија што ја добив после толку време, утрово кога излегов со очилата за сонце на мене и си реков: Се‘ ќе биде.
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.566
    Пол:
    Женски
    Имам еден талент,а тоа е свесно да си го компликувам животов,секојдневието да ми се претвори во хаос,
    а исто и јас заедно со него.
    Но,затоа имам искуство кое се надоврзува на талентот,а тоа е со ненормална брзина да знам да се отплеткам од замките сама што сум си ги направила.

    Ама...!!! Овој пат сум во толкав хаос, што ми се чини што и да направам,
    ма колку и да се трудам, абре џабе ми е, до толку се сј*бав, до толку.
    Браво за мене.

    Работава е сам себе се утепал.

    :fubar:
     
    На Lilliana, teddybear, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Станав повторно тетка на еден мал убавец. Нека е жив, здрав и да расте голем.

    Родендени во март колку ми душа сака.

    Ах, убав ден :sun:
     
    На Strumfeta93, Lilliana, Johny и 29 други им се допаѓа ова.
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Многу е битно и кои ти се непријатели...Исто како што пријателите кажуваат за тебе каков си така и непријателите.'Ским си такав си' ама и непријателите си имаат значење.Само оние спрема кој си индиферентен не се значајни за тебе и твојот живот.
    Значи сите имаат проблеми и сите се радуваат,ама некој се нервира за караница со другарката а некој за неплатените сметки,некој се смее на виц за плавуши,некој на црн хумор.А не мора да значи дека интезитетот на нервирањето е различен,може да е ист ама покрај тоа што се работи за друг проблем се работи и за друга личност.Така би му дошло и будалата си има свои проблеми и може количински исто се нервира како паметниот ама за други проблеми.Секој си расправа за нешто и си има своја филозфија ама битно е кој за што.По тоа се разликуваат луѓето :?:
    Така да не мора да значи дека луѓето од Африка повеќе се нервираат или слично затоа што живеат така.За нив тоа е нормален начин на живот (оти не виделе друг) и си имаат свои лоши и добри денови како и сите останати луѓе.Некој што може да ги спореди објективно Африканците и Европејците ќе каже дека Африканците имаат потежок живот затоа што имаат различни услови за живеење.Но Африканец од своја гледна точка субјективно не размислува така оти нема со што да се споредува и тоа му е нормален живот, со ист интезитет на нервози како и другите,само за различни работи.
     
    На Johny и Simonna7 им се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Сдк,дека после подолго време решив да напишам нешто на форумов,ама место да редактирам,си го избришав мислењето. :envy:
     
  17. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    СДК дека по 78 пат си најавувам камбек и ме има 2 дена на форумов, и после спијам над книга другите 10 дена.

    Ах пусто школо, ах ! !
    Живот ? Јок! :D just kidding, се наоѓа време за се, само ако се сака !

    Драги феминки, уживајте во пролетта и во времево.Крадете зраци од сонцево колку што можете повеќе.Топла насмевка секогаш нека ви го краси лицето.Прошетајте ги балетанките и маичките со кратки ракави.Многу љубов до сите вас ! :*
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Денес конечно се разбудив наспана и некако весела, се погледнав во огледало и си реков Девојко па ниеден маж не заслужува да плачеш и да кукаш поради него, размислив и посакав да направам нешто необично, Денес го посетив Дневниот центар, Кога влегов бев топло пречеканa од луѓето таму, иако се хендикепирани секој од нив беше облечен во прекрасна насмевка, како се да им е рамно, го испивме топлото чоколадо, разговаравме, ми подарија прекрасно ланче кое тие сами го изработуваат, си заминав од таму Благодарејќи му на Бог, што сум целосна, се друго е неважно ако немаш здравје.. Некако ми се подигна самодовербата и желбата за живот... :*
     
    На Simonna7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Епа што утре школо нема - ќе се поигра сега малку фудбал. :D
    Го сакам сонцево.
    Убавиов ден.
    Го сакам него.

    Се` ја има мојата љубов.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.346
    Го сакам овој ден..
    Се чувствувам свежа , одморена и покрај напорната работа.
    Особено ми е драго што повторно се вратив во форма и ми доаѓа наплив од инспирација и позитивни ,конструктивни идеи.



    Сакам да кажам дека ве сакам сите ,онолку несовршени колку што сметате дека сте и со сета ваша уникатност која што јас сметам дека ја поседувате.
    :*
     
    На Simonna7 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.