Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да баталам факултето и да станам јас фризерка а? :)
    Не сериозно,бива ме за шишање :) .Светна ми нешто да си ја скратам малку косата и да си ја направам рамна,без степени и успешна мисија.Сега не можам да се изнагледам во огледало 8) .
    Бивало ме бе,ја за нешто ме бивало.Па не сум баш антиталент за се како што си мислев.

    Ама овоа само од прва биде,вторпат не пробувам.Не им верувам баш на моите вештини и спретност до толку.Па ајде феминки ако има некоја за шишање,тука сум :lol: .
     
    На Marcey, creshicka, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сега свакам колку е вазно познавањето на компјутери
    ворд 2003 ми оди супер, ама 2010 е за никаде :worried:
    кога ке заврши барем еден од курсевите, а прв ке заврши претприемништво, МОРАМ да се запишам на курс за компјутери, и уште од сега ке почнам да прашувам за цени , локации на школи и сл.
    за срека скоро една личност сретнав таа ми каза едно школо за странски јазици, ама изпадна дека е и школо за компјутери :) супер две муви со еден удар :D
     
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам дека уште малку ќе завршам прва година средно :o
    Колку брзо поминува времево, дури ме плаши, искрено ме плаши.

    Сакам да кажам дека ми фалеше оваа топлина, овој свеж воздух, оваа рана пролет, овие долги прошетки.
    Ми фалат уште многу работи, но најмногу ми фали Шведска ;(
    Се би направила да сум таму, да одам до Lindex, Kappahl или до H&M да си купам нешто :$

    Ајде доста се жалам, одам да и помогнам на мама :)
    Едит: 7 ми е најсреќен број, и имам 777 број на мислења 8)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Многу често се жалам за банални и смешни работи.
    Немам пари да излезам во чаршија.Неможам да излезам,морам да учам.Сум добила 1 по математика.Сум се скарала со другарка ми.Не ми оди во љубовта.Никој не ме сака.Морам да чистам,а не ми се чисти.Сите одат на одмор во Грција,а јас во Охрид.Сите имаат 10 пара фармерки,а јас 2 пара.Сите имаат дечко,а јас немам.Немам што да облечам.Не сакам што сум ниска.Сум качила 2 кг.Сум се здебелила.Не ми се оди,а немам пари за такси.Ме фатил ПМС.Се степав со сестра ми.Мали ми се цицките.Ладно е времето.Не сакам снег,не сакам оваа,не сакам онаа ..... :emo:
    Сега си седам и си размислувам.Животот е многу суров.Многу мачен,многу болен и многу тежок.Некој се мачи толку многу време и на крај изгуби се,падне на дно.Некој поминува 10x потежок пат од мене па не се жали.Некој има 10x помалку од од мене,па не се жали.
    Знам дека денеска можеш да имаш се.Пари,љубов,среќа,здравје.А дури утре можеш да останеш без никој и ништо.
    Пример,дечко кој живееше блиску до мене..Не го познавав лично,но го знаев од видување.Беше мирен и дружељубив.Често се смееше.Немаше многу пари,скромен беше.Но имаше многу пријатели.Имаше девојка вредна за 10000000 манекенки.Многу се сакаа.Бидна време и отиде во Авганистан.Таму се смени за 180 степени.Се набилда,се направи баш маж :muscle: Беше во најголемиот рат,во војна.Опкружен со оружје.Беше во средина каде што постојано се пука,каде што неможеш мирно да спиеш.Се жртвуваше многу.Цели 2 години беше во војна.На опасно место.Беше голема жртва.После две години тој заработи многу пари.Стана богат,многу згоден и набилдан дечко.Се верија со девојката.Си купија стан и авто.Си го средија животот.Беа толку вљубени...По само 1 година одкако се врати,загина во сообраќајна несреќа.На мотор со девојката.Тој загина на лице место,а таа беше во кома 2 месеца и сега е добро.
    Ете како ништо во животот не се знае.Денес имаш,утре немаш.
    Тоа е животот.И смешно ми е кога ке размислам што се се случува околу мене,а јас се нервирам и плачам и паѓам во депресии зошто ме искористил некој скапан дебил или пак зошто сум се скарала со професорот по пракса... :x
     
    На CIA, The.Little.One, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    .. једна грешка - падаш доле. Ал веруј ми на реч има људи што те воле.

    :)
     
    На A-j-a, blueeparadise и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    6.638
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Сепак има надеж за нас двајца :rofl:
    Среќна сум ама многуу, се надевам среќава ќе потрае :rofl: ...
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Мразам променливо расположение. Знам дека ми е ептен срање денов кога ни мојот 10 месечен внук неможе да ме насмее.
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.053
    Пол:
    Женски
    Кратка ќе бидам.
    Го сакам голоно дрвце со неколку гранки во соседниот двор.
    Сакам ситници.
    Го сакам него.
    А на крај се сакам себеси. Фино и културно, не нападно :lol:
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ветив дека нема да се нервирам ама не можам.Направив пред две недели огромна грешка и не можам да се помирам со тоа...Незнам како воопшто имав храброст да го сторам тоа.Не е ситна грешка тоа...Огромна е голема.За која нема решение.Не знам што мислев кога го сторив тоа?А се беше само да не ја разочарам мајка ми и брат ми.
    Не знам како би ги погледнала во очи кога ке сфатат што направив.А до некаде и тие се виновни за моите постапки.Се чуствувам како да сум изгубена сред некоја пустина на која и нема крај.
    А што е најлошо продолжувам со тоа.
    Ако кажам некому ке ме осудат а критики не можам да трпам повеке.И онака цел живот сум критикувана лошо.
    Убаво пее Прлаво Казалиште во една песна:Ja imam samo jednu nesrecu,unistim sve sto dotaknem :fubar:

    Морав да кажам некаде.
     
  11. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК дека конечно сфатив нешто...
    Не е проблемот кај мене физичкиот изглед.Проблемот е карактерот.И не дека имам лош карактер само треба да се насочам кон негово подобрување.
    Цели на мојата мисија се
    -зголемвање на бројот на другари-сфатив дека колку повеќе другари имаш те прави да се чувствуваш посебно,повредно во смисла како карактерна личност(за жал до сега машките ги игнорирав,од шо не можиш никогаш да знајш на кај ќе му затера паметот,па ќе треба да се трудиш без да го повредиш да му објасниш дека не си одговарате. :lol: ).Амаа,сега ќе се потрудам да ги доведам работите во вистински правец уште на самиот почеток.. :)
    -да станам поодговорна личност,некогаш помислувам дека девојки на мои години гледаат и деца а јас правам некогаш глупави екцеси,со кој си ја докажвам мојата незрелост. :^)
    -да се научам да ги завршувам веќе почнатите работи,да бидам упорна,а воедно и да верувам повеќе во себе и во тоа што го правам,само заради тоа шо баш тоа ќе ме направи да се чувствувам среќно. :)

    И се на се да зумирам,сфатив дека физичкиот изглед е џабе ако немаш карактер!!!
    Самодовербата е тешко да се покачи ,но пред се треба да се потрудиш прво за социјалниот живот ,а после тоа самодовербата ќе си дојде сама по себе. ;)
    Конечно е време за некои промени кои ќе ми променат многу нешта во животот.Облеката и шминката прават да се чувствуваш неодоливо ,но тоа не ти придонесува ништо продуктивно освен моментална самодоверба.
     
    На Johny, booba, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    Големата смисла на малите нешта...

    Замисли една голема слагалица и на неа фалат само неколку делчиња. Иако ја гледаш целат слика, сепак нешто недостасува, нешто ја прави непотполна.
    Замисли сега еден сад на чие дно има неколку дупчиња, едвај видливи со човечко око. Што би се случило ако ставиме вода во него? Садот нема да може да ја задржи течноста, а за некое време целата ќе истече.

    Замисли сега еден моќен автомобил на чиј мотор недостасуваат малечки шрафчиња. Ако автомобилот тргне со таков мотор, може да предизвика смрт на луѓето во него.

    А, сега, замисли си го својот живот, секој ден испреплетен со разни работи. Некои од нив се со толку големо значење што може да ти го променат животот за 180 степени. А, на другите толку си навикнат да ги доживуваш секојдневно и потполно природно – станување, работа, училиште, факултет, вечера, телевизија, спиење. Следниот ден истото од почеток.

    Но, постојат и оние мали нешта кои не ги забележуваме и не ги правиме често. Тоа се малите нешта, како на пример состојки за додавање во некој оброк – може и без нив, но ако не ги ставите во храната – вкусот ќе биде лош. Таквите нешта можеби нема да го променат правецот на вашиот живот, но сигурно ќе го исполнат вашиот ден и ќе ја зголемат смислата.

    За жал, често ги пропуштаме овие мали нешта – еден сончев зрак кој ѕирка низ густите и темни облаци; нежното цвркотење на птиците кои се радуваат на пролетта која доаѓа; веселата насмевка на децата кои си играат во дворот...и уште многу ситници кои ретко ги забележуваме.

    Можеби затоа што сме навикнати да бидат дел од нашето окружување, па не ги разликуваме од големите нешта. А, вистината е, дека штом научиме да ги препознаваме и да им се радуваме, дури тогаш ќе почнеме да им се насладуваме на овие моменти во животот. И дури кога ќе се будиме благодарни за овие мали нешта, дури тогаш ќе доживееме вистинско задоволство во животот.

    Како вие гледате на овие навидум мали и безначајни нешта? Успевате ли да ги препознаете во текот на денот и дали ги цените доволно?

    Само вие го знаете одговорот на овие прашања. Ти си единствениот кој одлучува кои состојки треба да ги стави во овој оброк на Животот.

    Направи го таков, за да ти биде вкусен и пријетн, и да ти овозможи насладување и задоволство.
    преземено од crno i belo.com :)
     
    На booba и Lux им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    КУРТУЛИВ :party:
    ПОМИНАВ кај Арсенчо положив прв колоквиум!
    Абре, не еден 300 камења ми паднаа од срце
    Имало господ, ималооооо.
    Мислиш добив на лотарија, ма да ова ти е нешто слично.
    И ми требаше ваква мотивација, некако се запрашав дали се ми тргна надолу.
    Сега добивам желба дури и за генералка, е тек па 10ка да добиев :D
    Убав ден денес, навистна убав...
    сега само за патување во германија и за апролвентска ќе мислам, барем до утре, после морам да се фрлам на учење, да исчистам се по ред и да се ослободам, заувјек ;)
    Уф прекрасен ден 8)
    И утре мора да е залее ова ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=oma9nsPimqI 8)
    :dance:
     
    На LilBaby, Hiii, sesilija и 14 други им се допаѓа ова.
  14. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека ке имаме многу топло лето,значи климава е катастрофа.
     
  16. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Гимнастика во полноќни часови.А што друго? Единственото решение да се преброди стресот,и тешката работна недела.И кога во 2по полноќ наместо меката свилена покривка,душекот не можеш да го видиш од купишта книги и бечешки на кои не можеш да им го најдеш крајот.Плукаш дека веќе белешки ќе пишуваш само во една тетратка,крај готово тоа е тоа!...залудно,ама нели тогаш тоа ти изгледаше како строга санкција која мора да биде исполнета!
    Телефонот под перница,маркерите во рака и се мачиш додека слабата светлина од столната ламба измиксена со сјајот на месечината ти удира во зениците на очите.
    Зборуваш со другарка ти и се тешиш..
    -Ајде ма, ноќта е долга,ќе научиш!
    Му се заблагодаруваш на оној што го измислил кафето,додека ги топлиш рацете прилепени на шолјата и голташ од кофеинот.И секако после тоа слeдува уште една шолја,па уште една,па уште една.

    И додека не можеш да го кренеш носот од книги, нежниот сончко те гали по лицето и ја засенува топлината од столната ламба.Најбрзо што можеш ги туркаш книгите од креветот и ја изибираш опцијата-Подобро малку сон,отколку за едно 3 часа да се мавам како лудак низ градот.

    Проклетиот аларм,па одвај 5 минутки изминаа а види го ти него.Ништо знаеш дека тоа е тоа,ја напушташ вчерашната 'работна средина' и се упатуваш повторно кон кофениот.Сипаш кафа,набрзинка прелистуваш се што вчера се учеше и ја трескаш вратата зад тебе,како таа да е крива за се!

    -Успут мавнав еден поглед на огледалото,и се повеков три чекори назад бегајќи од соопствениот одраз Од очите ми беше останата само плавата боја.

    The day D не можам да се пожалам дека беше лош,ја разбуди љубовта во мене.Ми го врачија тестот историја(од вчера) и 5че. :sun:

    Пролета еден ден поранила,пих мене цела зима ми беше пролет.!
    Одложен ми е утрешниот тест..оу јеа! :f:

    http://www.youtube.com/watch?v=TGwZ7MNtBFU&ob=av2e
    Ве сакам :*
     
    На Divinebutterfly, Hiii, Rosewood и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК дека моите сништа ќе ме спобудалат, не се нитрудам да ги толкувам, но толку стануваат реални што кога се будам незнам дали навистина се десило, последно што сонував е како одам на гости кај моја најдобра другарка(која само што дознав пред неколку недели дека е трудничка), застанувам кај неа пред врата-стан(а она живее во куќа), и додека чукам до мене застанува уште една девојка, и отвара нејзиниот дечко-иден сопруг, и вели ооо како сте се погодиле, ....и кажа некое име не ми текнува кое, вели Snow-Queen ни е старосватица, старосватице ова ни е кумата.И влеговме и двете насмеани,се шалиме се смееме, и излага другарками со големо стомаче како да е пред пораѓај.
    Кога се разбудив незнам што ме снашло,ни што се дешава...од што беше толку реален сонот.
    Почнувам да се плашам колку реално сонувам,дека се осеќам уморно,ненаспано,а не дека од нешто друго се плашам. :?:
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не сакам да го одбележам денешниов прекрасен ден со негативен и депресирачки пост тука.
    Тешко ми е, не знам од кога се немав почувствувано вака, дури ни петката од тестот не може да ме израдува...
    Ах девојко(си викам на самата себе) колку полоши работи постојат, ти за тоа се нервираш и депресираш како да е крај на свет, ама тоа сум јас, среќата ми се сруши со фамозната бројка 4ри, ќути да не е повеќе, го молам Господ само да остане на оваа бројка и да ми помогне.
    :talk: Возејќи ролери само за момент ги тргнав мислите и уживав во возењето додека ветерчо ми ја мрсеше косава.
    Сакам да сум старата јас, сакам да биде како што замислив, сакам да биде се како што треба.
    Нерасположениево што го чувствувам во моментов и што ми ја прави фацата ваква :( сакам да го снема.
    Крајно депримирачко чувство аах, ми се плаче, но нема да плачам, силна сум и ќе се изборам и ќе успеам, морам да успеам.
    Кога ќе го прочитам постов после месец дена сакам да се чувствувам тотално спротивно од сега, со Божја помош се надевам дека ќе биде така.
    Има многу причини за да бидеме среќни, но мене во моментов ништо не може да ме направи среќна, за жал...
    Се извинувам за негативностиве и ви посакувам да бидете СРЕЌНИ.
    Знам дека за среќа е потребно многу малку, но ете.
    Постов можеби требаше да оди во како се чувствувате денес, ама нека стои.
     
    На anabel-a и Hipster им се допаѓа ова.
  19. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Имам толку многу мисли во главата што неможам да ги средам.Се збунувам, се губам.Гневна сум на самата себе, и на сите околу мене.Се трудам да гледам во една точка,само така да гледам во празно и да не мислам ништо, но залудно црните мисли постојано ме измачуваат.Чуствувам како да стојам пред огрома печка, се потам а потта е толку врела што ја гори моја кожа.Неможам да се помрднам од место, само стојам ја чуствувам болката на мојата кожа но не и во срцето.Се тешам ништо страшно, физичка болка е ке престане.Но кога ке ја снема таа слика од мојата глава почнува болката во моето срце.Нешто ме стега,неможам да дишам.Очите заматенни од солзите, како предолго да сум гледала во сонцето.Единствен излез од оваа болка е сонот,но и него се поретко го има.Се чуствувам празно.Се мачам самата себе, и неможам да престанам.

    Ми треба одмор, да ги средам мислите, да ја избркам депресијата од себе.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Ќе спијам вечерва замисли! Онака, 5+ сати. Нема веќе книги секаде околу мене, нема веќе маркери, истрошени пенкала, белешки, милион шољи со испиено кафе. Кафе. Кафе. Кафе. Да не беше ќе се поддаев уште првиот ден.
    Се измачив. И се мачам уште со помислата дека можеби е залудно. Дека потрошив часови, денови, прошетки, родендени, семејни собири за да правам нешто што не го сакам. Нешто на кое бев доволно глупава да наседнам, и да испуштам толку многу работи кои никогаш нема да се вратат. Онака, 50% моја кривица, признавам. Ама како реагира човек под притисок? Наседнува. Не размислува. Добро си викам, кај ми беше паметот? Тогаш можеби и знаев нешто, сега сум тотално изгубена. Трошам време, пари, енергија на нешто што не ме интересира. Не ми се верува дека отстапив од тоа што го сакам бидејќи бев кукавица, бидејќи не бев спремна да превземам ризик. Бидејќи слушав сечии мислења, а во тоа море на мислења го изгубив сопственото мислење. Не знам ни кај сум, ни на што сум, ни што сакам. Знам само дека сум мртва уморна. Залудно.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.