Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Еден убав сончев ден...
    Обично сите приказни почнуваат со оваа реченица.
    Денес почна и мојата.
    Решив да исправам неколку грешки, да испливам на површината од морето наречено факултет, затоа што прилично сум исплеткана во некои алги.
    Сакам да си го исполнам сонот.
    Како растам, сфаќам дека созревам, дека не ми поминуваат годините залудно.
    Се претворив во подобра личност.
    На мои 13-14 години, бев најогорченото дете, што се лутеше зошто тревата е зелена, а не сина.
    Бев најголем мрчатор.
    Бев лута. Дрска. Незрела.
    Имаше еден дедо, секогаш кога ќе се сретневме викаше "Облак".
    Имав само 8 или 9 години.
    Не сакав гости. Едноставно не сакав луѓе.
    Еве ме денес. Што би јас без луѓето?
    Без друштво, без смеа.
    Не ги сакам песимистите иако не одрекувам дека сеуште имам процент на песимизам во мене.
    Се трудам да го извадам од себеси.
    Животот е убав, само ако ние си го правиме таков.
    Учењето не е тешко, ако го правиме со љубов.
    Работата е убава, ако те исполнува.
    Диши. Гледај. Допирај. Помирисај.
     
    На Cynthia и MandyLane им се допаѓа ова.
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    СДК дека паѓа тешко кога ќе ја отвориш темата: На што се насмеа денес? и таман да пишеш сфаќаш дека не знаеш за што... Посакувам да се смеев денес како пред 10 години, на глупости. Ма и не мора, јас сум уште жива. Само да се смеев. Да можев ќе го премотав денов и во оние моменти кога посакував да убијам некој (а се случија неколку пати) само да се насмеев. Само што ниту можам да го вратам денот, ниту работите одат така лесно: Само насмеј се кога е најтешко. Е па, не е така. Вбризгувам доза песимизам, уште тоа фали. Сепак, mission accomplished...
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.269
    Од мала не сум ги сакала децата што коа сме краделе цреши или зелени кајсии си ги бирале најубавите секогаш,а бил групно украден плен на купче. Скроз недругарски.
    Денес...повторно бираме по сличен принцип,наводно работи за возрасни. И повторно не ги сакам тие луѓе.
    Живот!
     
    На starfish, Shelea и CIA им се допаѓа ова.
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    http://www.youtube.com/watch?v=rv4KaSHO ... creen&NR=1

    Не е битно минатото, битно е дека стварно знаеш каде да ме најдеш.. тоа сум само јас
    Не знам зошто но пролет е, пролет беше многу убава за нас.. ме потсеќа на тебе, и мирисот и се..
    Сакам да ти кажам дека... беше убаво те запознаам :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Тоа чудото, што доаѓа од никаде и го спасува денот, го краси крајот, ги брка облаците од сонцето, сеуште го чекам. И ако се прашува кога да настапи на сцената, еве сега е време, зошто само тоа може да ме извади од живиов песок. Е баш сум како во жив песок, тонам, и не мрдам за да не потонам побрзо, со разлика што тоа всушност допринесува за крајното пропаѓање. Сакам оправдување, дејдриминг и хедонизам и не се нешто баш виновни во ситуацијава.
    А да, духот од ламбата, ѕвездата што паѓа, златната рипка, самовилата од Пепелашка или Пинокио, дури и Дедо Мраз, ќе треба да спојат сили и да ми најдат работа, не за мене, туку мајка ми да си биде во мир со нервите. Последново ја докрајчи, а многу мразам кога се нервира за глупости. Таа ако никој друг треба да знае дека паричката секогаш си има 2 страни. Да животот некогаш не е фер, изгледа ко да секогаш победуваат тие што не треба, ама на крајот секогаш секоја река си го наоѓа морето. А и никогаш не знаеш каква болка носат на гради и навидум најсреќните луѓе. Епа жено, дојди и прочитај ме, затоа што очигледно не ме слушаш.
     
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Се прашувам дали еднаш сум заспала пред полагање (а да не било на еден саат дремка, ако воопшто постоела)?! Хмм..

    Па добро, 2.34 ехеее до 7.00 имам да учам, да учам...
    Концентрација-нула али зорт е. :(
    За ништо посебно немав инспирација да пишам, али нешто ми се шкрабаше...

    Студентски маки големи. :envy:
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.029
    Допаѓања:
    123.897
    Добро утро....пишувам со тежина во градите.Овојпат воопшто не е добро.А можеше да биде.......
    Овој ден можеше да биде прекрасен.
    Овој ден ќе славевме,ќе ја славевме и пролетта и неговиот роденден :'(
    Последниот го прославивме најубаво што може,во кафана,со сечење торта,многу играње,како да знаеше дека ќе биде последно.....Му купив скромен подарок,само од мене.Шолјата што му ја купив,за нашите кафе ритуали,сега стои таму,на тоа проклето место.Таму пиеме кафе,од нашето кафе.
    И сабајлево пијам кафе сама.Капките солзи паѓаат во него,а тој проклето фали.
    Го мразам овој ден,исто како што го мразам денот кога си замина засекогаш ;(
     
    На Juicy03, Divinebutterfly, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.705
    Допаѓања:
    116.402
    Пол:
    Женски
    Знаете како е кога сонувате некој сон, и после денот ќе ви биде полетен?? Е денеска ми е денеска таков денот. Го сонував него, мојата единствена љубов, која ја немам видено веќе 7 години. А сепак се уште тлее чувство во мене за него... Убав беше сонот, само се прашувам што ќе се случи ако се оствари... Ахх пеперутки во мојот стомак....
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    174.055
    Добро утро,добар ден ,кој денеска слави роденден?

    ДЕн на екологија,ден на сонце,ден на љубов.

    Кичмата ме убива ова утро(правев стој на раце ноќеска со оној мојон :lol: ),ама ќе зачистам по дворот малку,еколошки е нели?

    Утре ден за славење,ќе слават сите новопечени млади(младоченци и снаи )со среќа нека им е ,долги среќен брак да имате сите,исполнет со детска смеа,љубов,разбирање и пари .
     
  10. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Е неможаммм повеќе, ме уби , испив 3 кетонали за помалку од 24 часа, а ме убиваа стомаковв!!!!! Вчера не ни бев на фах, се онесвестив од болки.... Еве го и сега пак ме мачии, пак болии :sweat: :sweat: , па достааа е веќе... е заради овааа нејкам да сум женскоо, ги мразамм овие 5 дена во месецот!!!! ПМС :@ :@ :@ :@
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Толку ми е лошо и така се разболев...треска, температура над 38, цела ноќ непреспана и постојана неподнослива главоболка. Денес си останувам дома, не одам никаде, ќе си го поминам времето со телевизорот и компјутеров, ќе играм игри, ќе се занимавам нешто...супа, лекарства, облоги со лековити течности 70% алкохол, сок со лимон и шеќер...и што уште не :worried: Ах, толку ми е лошо...како викаат „Здравиот има безброј желби, болниот само една - да оздраве.“
     
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Не знам дали студентите кои доаѓаат од другите градови се приврзуваат кон сегашната скопска дома толку многу што не би сакале да го изгубат тоа катче во овој град. Ова ми е втора година како седам во истиов стан и веќе сум страшно многу приврзана. И не дека е нешто луксузен со нов мебел - напротив, троседот плачи за тапацирање и нов душек, телевизорот одамна се расипа, од кадата тече вода, на 2 дена се собира прашина, станов е на север и само од кујната влегува малце сонце што зајдува... сеедно, станов има посебна убава атмосфера и што е најважно се чувтствувам удобно и како дома. И веројатно ќе останиме и следната година, иако малце ќе се стесниме поради доаѓањето на братот од цимерката.
    И едвај чекам да се распролети, да зазелени паркот пред зградата, да расцветаат цвеќиња - и кога ќе го отворам прозорецот да ја осетам таа мала природа. Да седам на парното до прозорецот и да си бројам автобуси и луѓе, а меѓувремено да си пијам кафе во омилената чаша. Да пејам на глас и да не ми викаат комшиите... :wasntme:

    Убајни. :sun:

    Патем, најдов една песна одамна заборавена и баш фино ме расположи одсабајле! ^_^

    http://www.youtube.com/watch?v=JLAnzrDVgn0

    Епа феминки, добро утро, добар ден! :coffee:
     
    На bittersweet, mims-89, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    ... денес се чувствувам како да сум се преродила ! ^_^
    дали е тоа од времево прекрасно :sun: , слободен ден на училиште , денов 21 :f: или пак после 12 h спијање ама си ја чувствувам енергијата повторно е во мене . Денес живеам конечно !

    Ќе ги направам денес сите работи за кои се колебав изминатиов период ! Денес имам сила се да сторам 8)

    Не сакам денов да го поминам пред компјутер , па затоа ве поздравувам сите , викам Добро утро ,кафе ! и ги земам другите работи во мои раце .....


    Тргнувааам !! :) :) :)
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.833
    Средена соба - јок.

    Рокната музика до даска во исчекување на комшиска артилерија. Ќе биде крваво! :devil: Баш ме брига. Морам да измрчам нешто. Кога бев матурантка, голема желба ми беше да носам маица со Џејмс Дин. Пошто нели, немаше тогаш мода на носење бунтовници, морав лично да ја принтам.
    Гордо ја носев вечерта, и памтам дека професорката по ликовно ме гушна и ми рече - од сите слични девојки овде, само ти отскокнуваш, различно!
    Уште го памтам тој комплимент.
    Сега гледам во мода ги вратиле и Мерлин, и Елвис, и Џејмс. А Че Гевара го заборавиле! :geek:

    Да не се пронајде некој во постов, само да напоменам дека мрчов и фрустрацијава ми се поради тоа што фуфите кои носеа накинџурени фстани на матури, сега ми фураат некаков си стил што везе нема со идеологијата на маицата што ја носат! Да. Слушаат Аца Лукас, ама го носат Елвис. Зошто така е модерно.
    Бре!
    Али тоа е. Стилот не е исто што и модата. Луѓе купуваат облека директно од излог, па изгледаат баш како куклите. Стилот е интелигенција и свест. Но, пуста јас, зарем мислев дека ќе ја најдам на овие простори...
    А да не причам о томе како одредени мажи кои лично ги познавам(вав), се претвориле во метросексуалци до злабога, и изгледаат во најмала рака како закана за самите хомосексуалци!
    Ужас тотален. А до вчера се колнеа во скејт културата.
    Се менуваме? Како не. Ја мислам дека си го носиш белегот на оригиналноста во себе.
    Не пратиш трендови и брендови за само да те тапшаат по рамо.
    Одразот на твојот изглед е сублимат и на ум и на енергија.
    Кај е сега мојата најдрага Цацка да ми удри едно предавање за поп културата и униформираноста...
    Дебата.
    Ми треба.

    Нејсе, иде Велигден.

    Не зборавајте да ја слушате од Џокси/Ламбе хитовската (и единствена богами на Џоксита) песна!
    :emo: ;)
     
    На bittersweet, mims-89, Trendafilka и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Се повеќе и повеќе луѓенца, небитно големи или мали, си страдаат од иста состојба на умот, која ми се чини станува се поблиска до онаа на Гилгамеш. Не дека ми пречат, напротив, повеќе ги дружам овие отколку некои праскести и принцезести створења, ама се си мислам дека нивното туп на тлото на земјата ќе биде многу гласно. И како за инает ќе го чујат сите, посебно ќе одекне кај оние што најмалку треба.

    Независно Нина Симон, Мјуз, овај сопругот на бунтовничката Миа или може онаа на Џејмс Браун, јас навистина се чувствувам добро, прекрасно, неверојатно. Пеѓаво и сончево.
    Престојат настани и случувања кои ветуваат уште и уште нови настани и случувања. Почнеш ли, нема запирање. Искуството, за жал, повеќе ме направи посматрач отколку дејствувач ама се моли досадниот и сигурен дел во мене да се нурне најдоле оти баш и не е доминантен овој период. Сериозно, нека не се брука!
    Во знак на добра волја, им простувам на многумина, a на самата себе најмногу. :)
     
    На mims-89 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    I've fallen in love
    I've fallen in love for the first time
    And this time I know it's for real
    I've fallen in love yeah
    God knows God knows I've fallen in love

    I want to break free...

    Пролет е.... ^_^
     
    На Serafima и sesilija им се допаѓа ова.
  17. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    По 14 дена конечно и јас да постирам коментар некаков.
    Не дека не уклучував Фемина и не ве читав, туку немав и не знаев ништо што да пишам.
    Ама добро е, бар со песна се вратив :D .
    :inlove:
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека некои луге навистина немаат ниту срам ниту перде :x
    како еден од лугето од групата за медитација-има 2 сина најверојатно е разведен, и приметувам неколку пати ми се приближува мене :fubar: со кој памет бе :swear: доагаш да се прочистиш од внатре, а не да бараш нова љубов, ако ти е за тоа имаш еден куп места за забава и провод низ градов

    а вчера што приметив нешто останав :o
    сегашниот ако можам да го наречам маж(не се во брак, ама заедно живеат) на таа што не ми е тетка по крв ме додал за пријател на ф.б.и чека потврда за пријателство :fubar: :tmi: ке се онесвестев кога го видов тоа :worried: само се прашувам чива ли била идејата :puke:
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Една година дружење со Фемина. :party:
    Ехее кога помина неможам да се освестам, не верував дека толку ќе се приврзам за форумов. Дојдов да побарам совет, а освен тоа тука открив многу пријатни форумски ликови, забава, поддршка. Фемина беше и ќе остане важен дел од моето секојдневие. :)
     
    На Divinebutterfly, IvanaMkd, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ме боли газот, ама пак летам, шетам и цветам.
    Убајна е пролетно зазеленето Скопје, градот се буди а јас му спремам кафе за да имаме добра пролет, лето, па и годинава нек ни се угоде.

    И тоо...
    Останете во добро здравје и позитивно расположение, топлете ги смрзнатите коски на пролетново сонце и уживајте, зошто и покрај се животецов знае да биде убав и фин само ако сам така си напраиш.
     
    На IvanaMkd, srcekrsacka, Kasha и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.