Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    ♥ Бидете роза која им дава мирис дури и на оние кои ја кршат. Мирисот на цветот се шири само во правецот на ветерот. но добрината на личноста се шири во сите правци (✿◠‿◠)
     
    На ines.h, tweety26, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.993
    Пол:
    Женски
    Немам ни јас ништо лично против тебе, освен што и ти сама се бунеше во неколку наврати за постови што наводно не одговараат на темава. Па така, и јас пишувам како што имам мотив и желба да кажам што ми пречи. Искрено тие слики од конкретната страна се премногу форсирани и веќе станаа досадни, и тие исто можат да се користат за добивање рејтинг како што гледаш, иако не се лични мислења и со тоа не можат да бидат искрени. Не дадов никаков налог, само кажав мислење. Кога станува збор за филмовите, на темата и’ е сосема друга намената, не набројување. Која е целта на ставање слика од последниот филм што си го гледала? Ништо не те чини ако напишеш некој збор повеќе за филмот и твоите впечатоци, а на другите ќе им значи твојот впечаток при изборот.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека денеска да си фин,чуствителен.и љубезен е тежок грев!
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не планирам да, легнам рано вечерва.. Ма какви, не планирам уопште да легнам вечерва.
    Спој на математика, и физика. Нешто најубаво, м?
    Што се мора, мора се.
    [​IMG]
    Ќе и пеам на книгата, Ја би те украла, ја би те. Ја би те украла књиго мојаа. Мјеркам те мјеркам, после срвајвер те чекам, у соби па у клозета. Можда че бити, можда бити нече, е камо срече, еее да смо заједно.. - Идно неопределено засега несвршено време.
    Бај, топ си кис4е.
     
    На CharmedGirl, Cynthia и Springy им се допаѓа ова.
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Money doesn't buy happiness.
    It buys crazy-ass happiness.
     
  6. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Што и да правам на крај секогаш некој повредувам.Сите нешто очекуваат од мене.Сакаат да бидам тоа што неможам.
     
    На IvanaMkd и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    СДК дека - комшиите ќе престанат да бидат бучни, откако ќе станеш.
    А претходно два саати си се превртувал во кревет слушајќи чекани и бурмашини. |(
    Па, неколку часа спиење во комбинација со неколку шолји кафе, се еднакви на енергија за активен ден.

    Деновиве сум полна инспирација, па тефтерчето во кое запишувам некои мисли и стихови, секогаш ми се наоѓа меѓу книгите. Инспирацијата доаѓа за време на колоквиумска |( Always!
    И веќе сфаќам дека си имам работа со Марфи! :punch:

    Туку... се вљубувам деновиве.
    Одново и одново.
    И баш е фино чувството кога ќе го доживееш повторно.
    Ми летаат пеперутки низ стомакот. :wasntme:
    А многу ми се смешни оние луѓе кои не доживуваат како досаден пар. Само затоа што не се лигавиме во јавност и не си ги искажуваме емоциите на фејсбук.
    Себични сме си. Си ги чуваме чувствата само за себе.
    Колку ме сака, не мора секој да знае. Доволно е јас да си знам.
    А знам.
    [​IMG]
     
    На caroline.costa, teddybear, Shelea и 11 други им се допаѓа ова.
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ако јадеш, ќе се здебелиш.
    Ако не зборуваш, другите те гледаат нешто како nerd. Асоцијален тип без пријатели и не си погледнал надвор од четирите ѕида што те опкружуваат.
    Ако не се шегуваш, досаден си.
    Ако пробуваш да комуницираш со Него, ондак трчаш по него му лижеш гз.
    Ок, значи не треба да направиш напор за да задржиш некого или нешто затоа што ќе се разочараш. Но ако не се трудиш, која е поентата на животот?
    Ако плачеш, кукавица си.
    Ако постанеш безчувствителен, исто како да си мртов, одвнатре.
    На крај краева и моето дишење is f*cking pointless.
     
    На BeYourself, tweety26, Bright и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не се карајте. (ми текна она Ladies please don't fight :lol: ) Поќето имавме гаден период особено со оваа тешка зима и не пишевме којзнае што.А сега времето е прекрасно,убаво е и да прошетаме,затоа по малце ќе страда и форумов.Па и повеќе позитивни ќе бидиме сите.Не дека нема убави постови,ама понекогаш и кратки да има,и со сликички да има,сепак е ок,секој некако ќе се изрази :) Еве и јас сум подобро малце,иако сеуште со нервози и обврски,ама се надевам веќе почесто да ширам позитивна енергија.Пробајте и вие :) За сликичките да,согласна сум и јас сепак да се постираат во таа тема со цитати и мудрости,јас вчера се чудев кај да ја ставам,па ја ставив таму.Овде можи да пишиме сепак нешто слично,па и да има некоја сликичка,ама да не е претерано и да не е цела СДК само со сликички.Пишувајте нешто свое,некое ваше размислување,сигурно не сте без ич инспирација :) Па и да сте,напишете нешто кратко ама искрено. Па и сврзано со поговорка нека е,во која сте се пронашле :)

    Јас многу работи научив и од овде,од целиот форум и ми е мило што има такви убави совети низ сите теми :) Ве сакам такви позитивни и насмеани.НЕкогаш па,и нечија мака ќе споделиме,така одат тие работи.
    Го сакам форумов! :inlove:

    Мене колку можи да ме усреќи и едно купување на 2 слатки ланчиња и омиленото кафе полна кутија,е чудо :) И плус неговиот глас и малку муабет со него...Сега кога не сум под многу стрес сум пофункционална.Гледајте ги и ценете ги и малите нешта во животот пошто тие исто така го сочинуваат.Ако не беа тие,немаше како да се пребориме со оние големите падови. И некогаш убаво е да најдете и нешто позитивно во негативното. Ќе дојди денот кога ќе биди подобро.

    Јас ви посакувам убава вечер и искористете ја убаво :*
     
    На Doozy, bittersweet, sesilija и 7 други им се допаѓа ова.
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    513
    Еден куп лекции ми се насобрале. А тестот утре. :x
    Аман зошто еднаш не се научам на ред?! :fubar: Си уживам цел месец и кога дојде време за тест секогаш ама баш секогаш, учам последниот ден пред тестот и тоа два часа пред легнување. :!:
    Еве и сега, ја зедов книгата да читнам нешто, и дур се освестив сум прочитала цела страна а од тоа ни зборче во глава не ми влезе. Си викам ај да одморам малце, се загледувам во Величествениот, па ми се припи вода, па ај на пат кон креветот викам да си проверам фб, па ајде и фемина и еве си чкрапам си листам низ темиве ич гајле ни ми бери за тестот. Си се тешам има време до 1 кај и да е ке земам книга а времето си минува... :|
     
  11. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Готово.
    Ја испушив првата цигара. Да. На тринаесет. Се чувствувам валкано. Ниту врелиот туш не ме исчисти. Не ме ослободи од тежината која ја носам. Се вратив дома и веднаш влегов во бањата. Не сакам мама да знае. Сеуште кашлам. Не ни знаев како се пуши. Но се случи. А најмногу боли тоа што се случи за сите погрешни причини.
    Морав да се исповедам. Мислев на ова цело време. Утре правам писмена и уште еден тест. Се вратив дома пред еден час. Немам книга фатено. Одам по лош пат.

    Се плашам.. :|
     
    На JoxyTheFreak и macysh им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    ^ :D Ма дај бре... сега почнува емо елементот со туширање и плачење под туш,зошто испушив цигара?! Ох уааааааај! Од што се плашиш?!Не клавет дрога,не се секирај,скупа е! Бре,бре,така растат деца,уживај,туку арно шо си совесна,ама немој толку сериозно! За 5 години ќе пишеш на фемина,она ко постот (не знам чиј беше),мамо,тато јас имам рак на желудникот! :D

    Сдк имам комшика балерина у пензија,70ка мпже фаќа. Си ја гледам секое утро,јас кога излегувам од дома,таа зиме храни врапци,еве пролет ги храни и си сади цвеќенца и си се смее самата.Не е луда, опуштена е,откачена е,ден денес само шета,нешто организира,има луди пријателки и интересно се облекува... Има нешто во овие луѓе. Си мислам пилето шо ми пее рано по сабајле,со неа има некоја конеција,во тоа лепчето нешто му става изгледа,а и таа нешто си става во чајот или кафето што ги пие наутро! :D Ама многу ми е шармантна бре,си се поздравуваме убаво и муабет си разврзуваме повремено. Увек ми дава некој убав комплимент и така,си се смеам и јас како врапците.
    А да,и си се имаме на фб! :!:
     
    На caroline.costa, Strumfeta93, Rozich и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Типично за тинејџерка на тринаесет ;) Ке те интересираат секакви нови работи.Валкани и невалкани.Ти го бираш патот по кој одиш ..

    Инаку вечерва никако не смеам да дозволам да ме понесат чувствата!Во овој момент треба да ја излуфтирам главата,веднаш,веднаш! Разумот мора да е на прво место,секако ако не сакам да бидам повредена! :nod:
     
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    854
    Де бе,не си убила човек толку да се плашиш :D
    Тинејџерка си,сите што сме во тој период не можеме да се контролираме иако мислиме дека можеби сме попаметни и посовесни од другите.Ете и јас сум таква,многу си земам на душа за глупостите ама па никако да престанам да ги правам.Се додека си свесна и паметна нема да тргнеш по лош пат,доколку не потпаѓаш под туѓо влијание нели :)
    И не се секирај за мајка ти,и да дознае сигурно ќе те сфати,младост лудост јебига :emo: :lol:


    СДК решив да се вратам со пишување,ве читам редовно но ми недостига пишувањето по темите и решив да ставам крај на форумската пауза :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Го прочитав ова и некако ме замисли, а воедно и ме потсети на мене во еден период. Сакав да ти кажам дека тоа што си испушила една цигара не те прави лоша личност, ниту тргнуваш по лош пат. Тоа е само една цигара и се додека не испушиш уште една и уште една и уште една, не е ништо страшно :)

    Тинејџерските години се тој период од животот кога пробуваме нови нешта, правиме нови работи...подоцна се каеме за некои од нив, but it's all part of it! Дел од процесот наречен растење. Не знам од кои причини си пробала да пушиш, но ако ти е некаква утеха - порано или подоцна пак ќе си пробала. Се разбира, тоа се додека не почнеш активно да пушиш (се надевам дека нема и претпоставувам дека ги знаеш сите последици од пушењето, па затоа и се каеш).

    Немаш многу време, но прочитај нешто за утре. Ако не направиш ништо, учи за да ги поправиш расипаните оценки. Се зависи од тебе, ти контролираш се и си одговорна за сите твои постапки. Ако сакаш да се поправиш - можеш :)

    Извини што ова некако така набрзина ти го изнапишав, извини ако некако те навредив или делувам како да ти солам памет (всушност сум само неколку години постара од тебе), но само сакам да ти помогнам и да те охрабрам. Пиши ми што си направила :)
     
    На Strumfeta93, Doozy, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Прочитајте..

    “Да имав мајка„

    Да имав мајка, ќе и’ се јавев утрово за да и’ кажам колку многу ми е мачно. Да и’ кажам дека ми треба тука, до мене, само за да ја почувствувам нејзината топлина. Дека, и покрај целата моја зрелост, години и опит, ми треба поддршка, утеха и совет. Да и’ кажам дека кога е тука, јас имам крилја, надеж и спокој.

    Да имав мајка, утрово ќе ја викнев кај мене, токму како во времињата кога таа со радост доаѓаше да пиеме кафе. Седевме долго на трпезариската маса, пушевме, читавме, зборувавме или молчевме, но бевме заедно и среќни.

    Кога имав мајка, не и’ кажав ниту за една од моите грижи. Таа живееше со своја длабока болка, па се плашев дека сознанието дека и јас имам мака - ќе ја доурниса. Така, ја оставав да верува дека се’ е во ред, ја дочекував и испраќав со насмевка и шега, од себе ги вадев потиснатите вештини за глума и хумор, па се радував што се релаксира гледајќи ме раздрагана и шашава. Беше умна, ах, многу умна, па понекогаш, кога ќе уловеше некоја необична гримаса на моето лице, ќе ме потпрашаше да не кријам нешто, некоја тага, некој немир, но јас спретно ја лажев: „Се’ е во ред, мамо“. Мислев дека ако и’ ги намалам грижите, ќе живее подолго и ќе ја имам уште многу покрај себе.

    Кога имав мајка, ги премолчев прашањата што сакав да и’ ги поставам, плашејќи се дека ќе ја разочарам што ми недостасуваат одговори за елементарни ствари. А беше токму така: на сето мое образование, искуство и осет, се случуваше да запнам кај тривијални ситуации кои, ако се остават нерешени, страдањето трае цел живот.

    Кога имав мајка, се срамев да и’ кажам колку ја сакам. Се разбира, се однесував прикладно на таа љубов, но чинам дека недоволно со зборови и’ открив колкава љубов беше тоа. Сите солзи што потоа ми истекоа за мојата мајка гореа како оган зашто во нив се вгради таа никогаш недоискажана љубов. Сега знам дека зборовите за љубовта не требаше да ги штедам зашто и мајка ми ќе си заминеше поисполнета, а и јас сега немаше да се кајам.

    Кога имав мајка, не можев да поднесам ако таа плаче. Таа плачеше толку тивко, толку тажно, што само барав начин како да го тргнам причинителот за нејзините солзи. Но, таа никогаш не плачеше од причини што лесно се отстрануваат. Затоа многу ретко успевав да се изборам со изворите на нејзините солзи.

    Да имав мајка, денес немаше да се снебивам да и’ се јавам и да и’ кажам дека имам проблем. Дека ја сакам. Дека ми треба нејзината кроткост, мудрост, сила. Да имав мајка, денес ќе речев: не сум сама. Има кој да ми ја покаже патеката по која треба да тргнам и да стасам до местото од кое на сите мои мили повторно ќе можам да им ја дарувам мојата огромна љубов. Да имав мајка.
     
    На Buttterfly, danniela5, calliope и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Осеќам ко цел свет да се срушил врз мене.
    Безчувствителна сум, не знам кај терам, незнам шо прам, депресивна сум и осеќам дека ќе се разболам,
    Ќе паднам во депресија, знам дека не треба то да го прам, ама претешко ми е.
    Кој поминал низ ова ќе знае како ми е, кој не нема никогаш да ме сфати.
    Го сакам премногу и ќе го чекам колку шо треба.
    Вие имајте убава вечер, јас не знам дали воопшто ќе заспијам. ;(
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Вештачки намонтирани тролични фацки.
    Кисел смјешак па оговарање зад грб.
    Цепидлачење за ситници и игнорирање тривијални ситуации.
    Ставот дека им е испод да се возат у јавен превоз...

    Дечки,гадите ми се!

    Јас волку да имав чувство за вина до сеа харикири ќе си извршев! :rofl:
    Супер е што го имаш,ама не се нервирај за ваква тинејџерска ситница.
    Бит че још! :$
     
  19. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СДК дека конечно мене нешто ме расплака. Немам зборови :x
    :clap:
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Сдк...Велат една врата се затвара, друга се отвара.Е, мене ми се случи тоа.Убаво навидум,ама не е...
    Зарем многу барам зошто сакам да бидам среќна и во љубовта и во работата?
    Алчност ли е тоа?Премногу ли е?
    Се радувам што ми се отвори новава врата,ама јас не сакам да ми се затвори старата...Да стојам помеѓу нив и двете да ми бидат отворени...Вака среќата не ми е целосна.

    П.С.Adi888 колку само совршено добро те разбирам...
     
    На IndieGirl и Adi888 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.