Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    387
    Сакам кажам, не знам речам..
    Мразам кога сакам да слушам песни а треба по пола саат да ги чекам да ми се исполнат.. сакам што сакам да си пуштам и безгрижно да си слушам... Баш сега кога решив после напорен период да уживам не можам ниедна песна на раат да си ислушам?! Убаво му викав на овој неразбраниов ФИЛМОВИ НА ПОЧЕТОК НА МЕСЕЦ НЕ СЕ СИМУВААТ!!!

    И да, се учам да живеам во први век... Со денови вода да се немало! Бруки невидени...

    Ама како и да е имав пријатен ден, чистев, чистев... тоа долго го чекав.. Си седев на сонце со мачето во раце, си играв со кучето.. Му се испосмеав на татко ми..
    Заживеав како во старите денови, пробував на едно дрво што ми беше омилено како мала да ги правам истите работи како некогаш.. да се држам со нозете на гранка а рацете и главата да ги пуштам слободно да ми висат :) Се качив на таван зимав нешто...ехееее со години го немав тоа направено и од мерак си се прошетав во секое ќоше.. па дури и јаже за скокање си најдов, па си го земав, може да ми послужи за слабеење не викам не : ))
    А да да, и испумпав вода на баба ми хххх а сум решила и утре да исчистам таму во нејзиниот дел..

    Дури стигнав и палачинки да направам поточно да и помогнам на сестра ми :)))

    Ветив после колоквиумска ќе се учам да готвам, па може ќе пробам нешто хахаха

    Си изгледав филм, кој го имав претходно гледано, ама ок нема врска :Д

    Убаво е, убаво е човек да се обидува да биде позитивен дури и кога го копка нешто од внатре за да изреагира бурно, само да си се насмевне и да тресне некоја глупост.. само јас ко јас нзз до кога ќе ме држи ова хххх

    Си меркам од прозор со денови едно ридче, желба ми е да отидам некој ден таму да седнам на сред ливада и да си ја прочитам книгата, што од јануари чекам да немам за учење и да ја земам : ) Е колку ќе ми се исполни ќе видиме : )
     
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    И како што доаѓа пролетта, така кај мене доаѓа слабокрвноста и вртоглавиците. Не знам дали сум една и единствена на која ова и се случува секоја година, ама воопшто не е на арно. Туку ај доста мрчам, ќе замине.
    Денес ми се појави желба да возам велосипед :!: :!:Некој ќе рече ништо ново,ама кога му го реков ова на мајка ми, таа само ме погледна криво. И во право беше жената, зарем јас тоа го велам, која во 5-то одделение едвваај научив да возам велосипед :lol: :rofl: :rofl: Не дека беше тешко од денешна гледна точка, ама јас си бев тромаво дете. Не можам да го заборавам денот кога учев да возам, другарка ми ме пушти по една удолница, а јас вруштев ко полудена. :$ :$ Ама затоа кога научив не се оделував со него. Надвор 35 степени,јас вртам кругови низ маало. Ееее колку Би сакала да се вратам во тоа време кога една и едниствена грижа ми беше како побрзо да научам да возам велосипед. Ама нема. Тоа е живот.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Ја отварам главната страна на фемина само за да ги читам коментарите под статиите. Многу повеќе ми даваат слика за глупоќата на жените,него ли тука каде сите имаат потреба да бидат елоквентни брборки.
    И тука...веќе не сум оптимист за утрешниот ден.
    Како може да постојат толку глупави луѓе?! И ограничени...и глупави.
    Како на пример...честитки до Адријана Лима и бременоста...нека и е со среќа... |(
     
    На BoaVista, Waka-waka, Springy и 10 други им се допаѓа ова.
  4. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Сакам да кажам дека денес бев да го гледам Парада во кино Рамстор и филмот е фантастичен се изнасмеав иако морам да признаам дека на крајот
    пуштив и 1-2 солзи кога умре едниот педер :(
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Што уште ќе ме снајде? Место да се оправам јас уште толку. Нешто дефинитивно не е во ред и мора да се менува. Има право мајка ми, како и секогаш впрочем.
    Да ти'бам. Уствари не смеам да пцујам, се извинувам. А ми се испушта понекогаш. Ех виножито, виножито, ќе дојде ли и на тебе редот?
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Живејте си и пуштетете ме и мене да си живеам !!!

    И преку таквото ми е од изигравање на добри пријатели, светци и светици кога секој еден гледа профит бар во едно, од едно е*бено ЗДРАВО :puke:

    Трагично луѓе мои , и мизерно до болка ...
     
  7. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Конечно се изнашетав, конечно ги фрлив книгите, маркерите, скриптите и пенкалата подалеку од мене, но најбитно од се, конечно се наспав. Прекрасен ден , што повеќе да ви кажам. Сабајле си бев прво на депилација после на масажа, за мерак. Се изнашетав, за на крај да завршам во прегратките на саканиот.
    Негативноста на овој ден беше мојата алергиска реакција на поленот, па сега сум со затнато носе и потечени очиња. Задоволно се смешкам, доаѓа одамна посакуваниот викенд. Со душа го чекам!
     
    На Divinebutterfly, Nightwalker, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Не знам што е со форумов, ама ја ќе си пишам она што сакам да кажам.

    Тоа е дека вчера ја отворивме сезоната со Иван на шмизла кругот околу Чаршија. Стандардите запазени. Пиво во рака, шетање уздуж и попреку од Менада до Дамар, угоре Пивница, па назад. Џезот ни пали уши, ние го палиме Скопје. Со Љубов, офкорс.
    Многу значат спонтани средби со најдобрите другари.
    Сите пари на светот не можат да се заменат со имањето добар, квалитетен човек, соговорник, некој со кој паралелно си учел, си созревал, си поминувал траги и бестраги.
    Многу се радувам што имам такви луѓе крај себе со кои разговорите и по долго време невидување, никогаш не престанале.
    Јас му раскажувам како сум ко верверица заљубена, он ми кажува како со точак оди до кај својата љубена. Се поврзуваме и во среќата. Правевме реминсесценции колку бевме несреќни кога и двајцата бевме осамени, со скршени срца, а пак излегувавме, се дружевме, пиевме, и во тагата имаше некоја боемска вештина. Да преживееш, како човек.
    Да излезеш од сета таа бедотија уште похрабар. И да љубиш пак, уште посилно. Во сите тие изминати денови, извозени улици, испишани графити со прст по правливи шофершајбни, ние уште имаме сила да сакаме. Некого. Без да ни биде страв.
    Тргнавме пеш накај дома, со кросани од Мајче во рака. Како и лани. Дежаву на секоја пролет.
    Со таа разлика што сега сме здебелени, капитализмот не’ замелува во машината своја, имаме повеќе обврски, но затоа пак си имаме и партнери со кои цветаме.

    Добро е, кога нештата ги менува самата болка.
    А мене ми е уште подобро, што го имам Иван, другар што е мојот одраз во огледало = женската страна на доживеаните состојби.

    Сакав да кажам, ценете ги машките пријателства и покрај сите стереотипи дека не постојат.
    Тврдам дека постојат и се големо богатство!
     
    На bittersweet, TeddyGrey, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Јас сум хронично ненаспана.
    Се радувам кога ќе дојде сабота и си викам ајде денеска ќе се наспијам за цела недела што немам спиено.
    И оп некој ќе ти се јави уште во 8. ,,Ало Анабела, што правиш?,, - Ништо еве, планинарам, човеку, планинарам. |(

    Од понеделник до петок легнувам во 12 саат навечер, а станувам во 6 ипол. Најс.
    Башка цел ден ти е фул. Фак јеа.
    Сакам да дојде петок, сакам викенд. Сакам дружби ама сакам и да се наспијам како човек.

    Времево ми минува многу брзо.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека некои примероци од посилниот пол можат да те насмеат со нивните глупости
    вчера на курсот за претприемништво, професоров објаснува како да пресметаме биланс на успех, биланс на состојба, си пишува на таблата пиши бриши, пиши бриши рацете од маркерот црни му станаа и само се врти накај нас(а сите сме жени, само тој е машко :D) и ни вели:
    "како би ми добредошол еден пилинг за раце сега" :rofl: и само едната од колешките му вели:
    "ти тоа користиш" а јас само му реков-секоја чест за ова :bow: (барем јас колку што знам не постои пилинг за раце, а минатиот час не прашуваше како се вика она сенка-сенка за очи и римел па јас му објаснував дека римел не е римел туку е маскара, и дека не е креон туку е молив за очи, а марката е креон :) инаку сам си пегла, пегла и завеси, мие садови, мие чинии, брише прашина-пред магистратура е а живее сам па мора и нешто од домашни работи да знае :lol:
     
  11. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Колку брзо поминуваат неделите ... Да трепнеш и еве го петок... а пак сабота и недела- ко низ ветар, и после ти жали се: „утре пак понеделник :(
    А јас чекам сабота. Зошто? Идам Скопје. Ова го чекавме цели 3 недели! :D
     
    На CharmedGirl и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Имам киселина и ужасно ми е. Плус и не спиена за никаде сум, а морам да седам на работа. Ах колку би сакала да ми се вратат деновите кога бев средно или на факс. Тогаш се замарав само што да облечам, каде да излезам и ништо друго. Еххх тоа беа времиња :)
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    СДК- Љубете се сами себе и дарувајте Љубов и таа самата ќе ви врати..

    Мирослав Мика Антиќ ми е таква инспирација, ги читам негвоите мисли и му се восхитувам на умот кој го има..

    Пријатна музика, кафе, наредени книги, договори за сесии, денес ми доаѓа мојот вујко од Белград кој го сакам повеќе и од својот татко. Кога ми требаше татко тој ми беше, ме однесе на планина ме седна и ми кажа.
    - “Некогаш навраќај се на грешките колку само да се потстетиш, иако нешто те направило несреќна Ирена не му се враќај, продолжи по патот кој го тргна со тежок чекор и болка, го правиш за да успееш и живееш нормално. А оној што те повреди остај го нека гние во споствените грешки ама недозволувај да повреди и нешто блиско твое. Оди напред и успеј, а за твоето грижи се..„

    Го сакам многу, денес ќе му се фрлам изнагушкам.. потребен ми е во животов и мајка ми е најсреќна што има такво братче, кое планина ќе помести за нејзе..

    Уживајте во денот, и ценете ги оние кои макар и со збор сакаат да ви помогнат..
     
    На BeYourself, Divinebutterfly, IvanaMkd и 4 други им се допаѓа ова.
  14. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    арно си кажа човекот вчера постои пилинг за раце-леле сега ми текна :rofl:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Колку прекрасен ден :inlove:
    Генералката е направена,сега почнуваат да се крчкаат јадењата и со душа ги чекам моите на Младенци :inlove:
     
    На bittersweet, marama, slavica999 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не можам да ви опишам какви чувства ми буди детенцево, јас вчера прв пат го гледав клипот, едноставно преискрено, преслатко, посебно, единствено, ме изнасмеа со какви емоции ја пее песнава, се соживеа посебно делот на рефренот, мочле да го земеш да го изручкаш од што е слатко. :inlove:


    http://www.youtube.com/watch?v=LSNxrEa3 ... r_embedded



    Најискрените чувства се од овие ангелчиња.
    Поздрав до сите мамички на форумов на принцови и принцези, султани и султанки, родени или самосебе прогласени. :D
     
    На bittersweet, marama, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Бре, бре. Вие ме уплашивте уште повеќе со цитирањава. :D Една - една. Јас порано кажав дека никогаш нема да фатам во рака, а не па да испушам цигара. Али, ете, као голем дел од популацијава, и јас станав она за што се колнев дека никогаш нема. Знам, живот. Но не ми е тешко заради испушената цигара, туку погрешните причина за неа. Ако веќе сакам да пушам - сакам затоа што првенствено јас се чувствувам убаво, а не заради некој си таму.
    Ке ми помине. Фала ви на советите. Срцки сте. :D :*

    А за денес прогноза: сончево и топло. Како ми фалеа овие денови. Сабајле, кога излегов на училиште, ми мирисаше на лето. На лето, бре, ЛЕТО! :mm: Не се тресев од студ, туку и го соблеков палтото. И после една, по неа, уште една писмена. И денес треба да учам, но денес за првпат после долга, тмурна зима си велам дека можам и дека ќе научам. Ми фалеше оваа позитивност која ја носи сонцето. Не. Грешка. Ми фалеше оној фин вкус на ледено чоколадо и ванила, можеби јагода или некој друг тропски вкус.. Абе, да бе. Сладолед, бејбе. :P :P
     
    На maca99 и antonina им се допаѓа ова.
  19. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    СДК Успехот е кога ќе дознаеш дека пречките со кои се среќаваш, се предизвиците кои ќе ти помогнат да бидеш подобар!!! имајте го ова на ум и имајте убава и топла пролет :) ве гушкам :*
     
  20. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Конечно убаво време,сега можам да седам на компјутер и со отворен прозор :D :D
    Него деновиве баш сум си самоуверена,среќна и сигурна во себе.Јас самата си го кројам секојдневието.Ако се одлучам да се дружам,да се смејам и да љубам,тогаш ке ми е убаво.Ако пак одлучам да седам пред компјутер,да се жалам за се и сешто,ке си ја изгубам самодовербата и деновите ке ми минуваат непродуктивно.Ке се будам секое сабајле со желба побргу да ми пројде денот.Тоа е така сигурна сум :!:
    И да.Мразам да учам досадни предмети.Без интересе кога учам,учам на памет.И ништо не сфаќам.Имам такви 2 предмети и ме ужасаваат ...
    Али ајде,да се наспијам сега убаво па ке си седнам да си научам.Ке си биде се..само без нервози :)
     
    На CharmedGirl и maca99 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.