Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    СДК и јас конечно си заслужив Жолто цвекенце.... :$
     

    Прикачени фајлови:

    На Ema.Sk, LilBaby, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Слушам некои песни кои ги слушав летово,балконскава врата ми е ширум отворена и дува пријатно ветерче, се чувствувам ко да е Јули,толку безгрижно.
    А утре? Е утре полагам.

    Супер сум.
    :sun:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    23.070
    Пол:
    Женски
    И јас денес со љубовта бев на Исарот. 3та година по ред одиме заедно, и секогаш е прекрасно. Дечињата со своите подадени рачиња ме разнежнија, ми го стоплија срцето :) Ретко кој маваше 40 камчиња, но јас запалив свеќа за здравје и среќа на сите мои блиски :) Еднаш во годината ова место врие од народ, сите одат, и сите се насмеани, и секако изморени откако ќе се искачат до горе :D
    Инаку, не сум пораснала тука, ама и јас не го сакам градот. Воопшто. Само Исарот :)
    A да, си купив и една ваква играчка, се сеќавате?
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      6,5 KB
      Прегледи:
      107
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      4,2 KB
      Прегледи:
      107
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Градинарот цвеќето го расне, ти нервозна три дена ти касне ... :ninja:
    Се шалам де, не ми каснЕ, уште на времево со тоа да се бавтам, ќе погинам млада со живциве потнамалени ми се и онака.
    Туку, кокичето од оваа страна на тастатурата (крадам фори) утре полага арно ама абер немам асално да седнам да НАУЧАМ, не да повторам, ами да научам ... |(
    Епа така е, очајните домаќинки ми беа на прво место неделава место да се бавтам со посериозни и поважни работи кои се стварно важни отколку да тумачам кој и ги пишува писмата на Бри цели 14 епизоди...еееее драга Лил, сигурно ја знаеш приказната со штурецот и мравката! :bandit:

    Мравката си работела цеееееееела зима за да летно време си ја припушти господичната на пасење. А штурецот .. си имал социјален живот, си ги гледал сериите, си одел во шопинг (го напраив геј сега), си уживал, арно ама свирел на виолина нешто као Ибрахим паша. :D
    Епа људи, за да не станам и јас како Ибра и да останам со виолината во раце, одам да си ја стегнам задницата, да поднаучам, и да ви се пофалам утре како моите способности за `ден пред тоа` знаат да упалат, а и среќата да ме послужи. :muscle:


    Салуууууууууд, ми чикитас! :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=Xn676-fLq7I
     
    На IvanaMkd и Hipster им се допаѓа ова.
  5. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Знам како е,кога сите се грижат за некој друг,а за тебе никој.Чувството дека си целосно игнориран те фрла во депресија со по некоја солзичка..


    пс: не си никако да направиш,жал ми е мамо утре ќе ти направам поголем сендвич со компири.

    грев ме фати,не ми е мирна душава.
     
    На smilleyy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Доста беше со учење за денес :) Од утре ми почнува пеколна недела и се надевам дека ќе имам доволо сила да ја издржам.Неколку дена не сум наспана како што треба и трагите од тоа веќе се познаваат на мене.Баш мама сега ми држеше лекции како треба подобро и поквалитетно да се хранам,а не само кафиња по цел ден.Ако мајка не те мисли,нема кој :)И покрај учењето кое ме оптеретува,некако во убав период сум.Сонцето ме прави постојано расположена,а денеска Тој направи да бидам особено горда на него.Се надевам дека ќе ме послужи среќата и се ќе испадне ок.На сите што полагате Ви ја пуштам сета среќа :)
     
  7. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Мислев дека беше совршено. Работите се одвиваа баш како што сакав јас, се додека одеднаш се не престана. Посакав за миг да не бидам присутна во тој момент. Имав чувство дека не бев исполнета со сите мои замислени нешта, нешта со кои сакав ТОЈ да го почуствува овој момент! Секој ден го чекам моментот кога ќе дојдат моите пет минути.. Посакувам да го вратам моментот кога ТОЈ се однесуваше кон мене како да му значам нешто, но меѓутоа полека избледуваше. :(
     
  8. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Во денешно време очигледно подобро ќе си поминеш ако не те мава рецка за ништо, онака без емоции...
    Колку само опаднаа човечките вредности, веќе никој не мисли дали со некој свој збор или дело ќе повреди некој. Исчезна таа емпатија и разбирање, помошта. Суров живот и сурова реалност јебига
    Колку е само глупо чувството кога цел живот секогаш го гледаш доброто во луѓето, размислуваш позитивно и кога реалноста ќе ти залепи еден таков шамар што не знаеш каде се наоѓаш и што следно да направиш...
    А немаш сила, немаш да бидеш безчувствителен ! Како и да е ќе живеам со сета болка, радост, разочарување, нервирање и се што нуди животот. Така ќе знам дека сум живеела. :d:
     
  9. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Среќен Младенци на сите што се викаат така и имаат некоја важна личност во нивниот живот што се вика така :)
     
  10. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    СДК.....две чаши цеден портокал и нова епизода од омилената серија, полека се’ се враќа во нормала, а морам и јас.
     
  11. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Абе се полудело ццц цел ден нервози само :@ во банка трчканици, ова требело па тоа не чинело па на овој та на оној шалтер та требало бројче и да чекаш ред 2 саата се маткав низ тоа банката и ништо не завршив баш кога помислив дека конечнио ќе допрам до парички :D таа ми вика аа картичката не ти одблокирана не можеш да подигнеш одам дома барам ПИН нема шанси никаде го нема цела куќа ја превртев и нема се вратив у банка и таа вика епа ништо тогаш ќе си поднесеш барање за нов пин и за 10 дена ќе ти стигне :@ :@
    Па нема да ми требаат многу пари за 10 дена сега ми требаат ај у ПМ :@
     
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Брејс јорселф, сликите од парк со екстра професионален Никон апарат доаѓаат!

    Навистина незнам повеќе на каде да се упатам а да не наидам на малоумништво.
    Поминаа времињата кога сликите беа спомени од некоја прослава, одмор, роденден, излети.. Наредени во шарено или еднобојно албумче а од другата страна на сликата, онаа белата, испишан датум.
    Сега се сликаат сите само за фејсбук. На родендени цела фотосесија со цел народот да види колку „убаво“ се облечени и дека сите фаци им се дојдени на роденден, слики од први мај со масата полна пијалоци позади нив за да се види дека се ин и дека љоќаат како дупнати црева, слики од одмор со спешл сансет ефектс и најскапите коктели на маса.
    Наречете ме старомодна, но јас сеуште си ги вадам сликите кои биле шкрапнати по незнам кој повод и си ги редам во албумчиња со датуми од зади.. Затоашто утре кога ќе помислам на мојата младост сакам да си го премотувам животот со aлбум полн спомени во скут и чајче во рака, а не на тајмлајн со цвик на глава и плус напикана во монитор за да добацам. Гет а лајф ју фејсбук хорс енд генстрс. :yawn:
    [​IMG]
     
    На LilBaby, Juicy03, Shelea и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Пролет дојде и кокиче никна, каде ти се цицињата во џеб ли ги пикна?

    Не бе,ни у џеб не се кај мене,ваЛда сум ги заборавила во другиот прслук :lol:
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Не бре, не ми се учи. :|
     
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Неверојатно е колку лесно се заљубувам во странци во автобус. Барем по еднаш дневно :)

    Денес доцнев за на факултет, ама искрено ич не ми беше гајле. Првото предавање ми е со професорка која 15 минути ја паркира колата, па и покрај тоа што доцнев, стасав пред неа. Кога беше замрзнато сфаќав некако, ама на 20+?! Како и да е.

    Не многу забрзана тргнав кон мојата постојка, како и секое утро. И чекав. Забележав еден тип во џемпер во риги како пали цигара. Автобусот дојде кога го повлече вториот дим - Марфиев закон :D
    Се качивме во истиот автобус, седна зад мене. Кога го вадев телефонот од ташната ми падна една обетка (не ме прашувајте зошто носам обетки во ташна :lol:) и кога се свртев да ја земам, не можев да видам каде паднала. И тогаш тој се наведна и ми ја подаде (social event of the week lol). Изустив едно кратко „фала“ и се насмевнав. Не знаев дека студираме на ист факултет. Го видов уште еднаш на пауза, ах. I live such a fun, fulfilled life, па затоа и вакви нешта толку ме возбудуваат :D

    Еднаш па до мене седна еден што личеше на Џејмс Дин. Толку се занесов што за малку ќе заборавев да излезам. Таква е љубовта, слепа :D

    Ами тој хипстерот што личеше на Морисеј. Имаше преубави очи, ме примети дека го зјапам. Ах, fun times.

    Патем,
    http://www.youtube.com/watch?v=jCo5B0YseBc
    песнава ми е во глава последниве неколку дена. Дајте му шанса и на филмот :)
     
    На Divinebutterfly, Lilliana, FortuneTeller.xD и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    [​IMG] :x
     
    На FortuneTeller.xD, Monroe и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    [​IMG]

    Тако је.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Морам да кажам...многу неколоритна и нагла пролет. Се форсира ко спонзоруша у Ванила (викаат такво било местово,плус турбо фолк). Многу неинспиративна,напорна,уште го нема рандом чувството на заљубеност. Можда дека фаќа на температура меѓу 15 и 20 степени,а не сочека со 25,нема мрдање.
    Како да сум на столче во ќош,со конус на главата на кој пишува детеншн.
    Ми плаче телово за пролетна детоксикација. Ми се плаче и од едно прашање кое планирав да го решам,а сега ми кочат на угорница,ебате неспособните.
    И сега...доаѓам до делот,забранетото е послатко... Лилит е кул. Ама стварно кул.
    Треба да се прошара по скопските момчиња да видиме што тоа се крие наоколу.А?!
    И ете така...имам циклама нокти со бели цветчиња на стапалата,нова фризура,некои други нови работи,ама ... стегната ми е душичкава. Не ми се чита,склет ми е филм да гледам, не ми се гушка...
    Чекам.А ич не ми се чека. Имам трпение,ама чекам веќе долго ...
     
    На Lilliana, mims-89 и Juicy03 им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.029
    Допаѓања:
    123.896
    Целосно се пронаоѓам во сликава,иако не секогаш се наоѓам на врвот....некогаш не стигам до него,ама кога сум ,чувството е незаменливо.
    Како и да е ,најбитно е да се почне од некаде :)

    [​IMG]
     
    На Lilliana, LilBaby, Juicy03 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.