Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Цветни чевличиња и лепрешави фустанчиња.
    Љубови цветаат на сите страни, да ти е мерак да поминеш и да ги помирисаш. Ајде пеј на цел глас, кој ќе ти суди? Расположението ти се реди како ноти во а-молл.
    Петок е, рај е, топло е, сончево е, шарено е. Лепеза на бои, виножито на луѓе. Сврти се накај сонцето нека те огрее, брчки нек ти направи.
    Луѓеее.. мед и млеко тече. (а-хааааа)

    Их вака да ти било секој ден, немаше да има рингишпил кој постојано се врти и ти го претставува Животот. Ти си само една корпа кој е некогаш горе, некогаш доле.. некогаш.. може и да те нема.
    Живееш, се разочаруваш, паѓаш, се учиш да одиш.
    Учиш.
    Се разочаруваш од луѓето.
    Вистина е. Ние лажеме, изневеруваме и забиваме нож у грб. Искористуваме, лажеме, велиме дека сакаме, иако тоа не го мислиме. Но тоа не значи дека треба човекот да престане да живее. Тука не има некои од нас кои сакаме и случајно без намера повредуваме. Само треба некој да не најде, некој да најдам таков и да го задржам во животот.
    Не е се‘ така црно, денес е сончево.
    :f:
     
    На L-enna, thinkerbell, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ...

    [​IMG]

    И јас ќе премолчам ...
     
    На IvanaMkd, Chocoholic, Gordana10 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Колку е само прекрасно надвооооор :sun:

    Едвај чекам да испаднам на сонцево да си се прошетам,да се изнасмеам со жената моја,туф бе ама ја сакам,иако сме 8-9 години разлика, само преку викенди се гледаме и она сигурно не ме чувствува толку блиска како што ја неа,сепак со нејзе најубав муабет можам да си направам и да се изнасмеам асално.
    Туку арно си прочитав на едно место-водолиите без лав неможат.Колку само има вистина во ова тоа е чудо.

    Отидов да јадам јас па да се туфкам дека немам што да облечам,вие бидете ми поздравени и искористете го денов и сонцето макисмално :*
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Лабава сум и ретко нешто да може да ме напне и изнервира, да не кажам извади од кожа ама, АМА кога ќе видам девојка што незнае да се цени, и што дозволува да ја малтретира и да си игра со неа некој шутрак ми се крева косата, цревата ми се превртуваат, турбуленции ми се случуваат! НЕ, нема повеќе да ги читам љубовните проблеми и сите тие останати теми :x

    Што убаво ми започна денот, повторно ми се вратија пилците позади, ме будат со песна, сонцето баш е таму наутро кај мојот прозорец и ми прави виножито низ венецијанките, priceless. Отворив сезона за седење во двор уште пред некој ден, чиста масичка и столчиња, цветен чаршав, цедевита и карамел капучино, интегрални грисинки I`m in love. Ни коли не поминуваат, милина. Толку ми е убаво што со мерак учам вака и го припремам проектот. А проектот па колку ме прави среќна и возбудена? Ма до небеса, обожавам кога сум зафатена и ангажирана со некој проект, што потежок и по захтевен тоа подобро.
    Така, само сакав да си кажам нешто, сега повторно на работа, на труд!

    П.С. Само јас ли ја немам гледано рекламата со тестот за бременост? :^)
     
    На bittersweet, caroline.costa, Magnolija и 11 други им се допаѓа ова.
  5. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    мх мх мераци, кафенце полна шоља, музиче, фемина, сонце на терасава ми за милион долари, е добро сега работнициве малку брчат, ама мора некој и тоа. Еден голем куп материјали за учење, мене уво не ми чуе. У опасен хепи муд дум, ќе си ја маваш главата после, што би рекла мајка ми, ама касно ќе ти биде. Енивеј.
    Сакам бебе, се наежив кога ја видов темата чувство кога ти мрдка бебето у стомак, се стопив бе, сакам дечко, сакам да ми стане муж на брзинка и сакам бебе, три сакам !
     
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Петоооооооооооооооооооооооооооооооок :rock:
    Иако утре сум на училиште,денеска сум слободна и расположена!
    Сега ке го јадам најубавиот спанаќ со кисело млеко(мој омилен ручек).Значи ке добијам сила за да си го преместам компјутерот во мојата соба.Ке ја средам собата(конечно),ке избришам прозори и така се ке светне.
    Што убаво ке биде! :inlove:
    А да.Морам да видам во плакарот што ке носам вечер.Одам на кафе со две другарки и двајца 'другари' :D
    Периодов си уживам.Далеку од сериозна сум 8)
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ау, амин од поголеми дебили. Зошто живееме во општество каде што ако немаш пари - немаш ништо? :^) И баш затоа ќе се дружам со оние забеганите. Ма боље да пушам цигари отколку да пушам на некого тиииитт за слава и популарност. Да бе, пред два дена не ја ни гледавте, а сега ке иде за Дубаи и нешто одма сите по неа? Ма. молим ти се. |( Светот ни пропадна од такви излижани како вас.
    Нека мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за нешто што не сум. Еве, ке иде во Дубаи, али англиски двојче има. Интелегенција - ни трага ни глас од неа. Не ми ги мешајте чувствата на револт со љубомора. Никогаш нема да имам толку пари, али и никогаш не би отишла во толку изреметена земја како Дубаи. Ме изреволтираа децата од класот. Посмешни не сум видела уште.

    Да не биде дека само мрчам, еве добив петка биологија. :D Мислам, требаше да добијам, а за да добијам требаше да научам. И пошто книга не фатив, сабајле го замолив Господ да ми помогне за петка, па ако сака нека ми го скрати животот на половина. И сега кога ке живеам само пола од животов, бар да го проживеам. Вечер ке си купам пиво и ке се заебавам со друштво пред зграда.

    Ми се може. 8)
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Куртулив од изминатава пеколна недела. :whew:
    Леле бе петокче колку те сакам, па уште кога си сончев, скоро расцветан ми иде да те изгушкам и тебе и Скопје. Од сабајле си купив боза во ,,Апче,, и леблебии и сега цел ден ќе си уживам на тераса.
     
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ах времево. Како да се разбудиле сите насмевки токму кога сонцето се појави. Убаво ми влијае, иако неможам да го искористам тоа поради грипов. Сакам да излезам и да го прегрнам светот, да се придружам на сите насмевки и да заборавам на се што ме мачи.
    Но тоа ќе почека.

    И една песна, која многу ја сакам.
    Не ја посветувам никому, од чиста душа ја сакам и слушам.
    http://www.youtube.com/watch?v=1d0Vbi0IY1Q
    :l:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Имаше еден постар филм кој го обожавав, а и сеуште го сакам, со Ray Liotta и Whoopy Goldberg во главните улоги. Девојчево, ќеркава на Реј е воспитувана од црнкиња - и во една сцена, како што си игра со нејзината внука, невино и слатко, седнуваат на трева и еднава и вели на другава - имаш ли вкус на ванила? А ти на чоколадо? Не знам, ај се лижеме. И си ги лижеа обравчињата за да откријат дали се разликуваат. И открија дека се подеднакво - солени од потта :D

    Имаше и уште една сцена, кога сакаа да се вклучи зелена на семафор, дуваа накај него.

    Вчера, карши мене во метро седна една најзгодна, најпрекрасна, најсредена девојка каква што сум видела некогаш во мојот живот. Ја буљев ко манијак. Црнкиња. Сакав да и честитам за тоа каква ја напраиле нејзините :D
    Вчера видов како хомосексуалец дискриминираше некого, само затоа што не е бел. Хомосексуалец еј! Која иронија а?
    Сакав да направам меѓународен скандал на лице место и да му се развикам пред сите како воопшто може да си го дозволи тој луксуз и да го покаже тоа јавно. И се чудам, дека денес, во овие времиња, некој сеуште има проблеми со луѓе од друга раса, националност, со друга фризура или боја на обетки. Навистина се чудам. Не велам дека треба не знам сладолед да изработуваме задолжително со луѓе кои потекнуваат од поинаква средина, ако не ни е по ќејф, секој човек има свој избор, ама вода на некој да не му подадеш?! Или да му ја подадеш но претходно да ја потфатиш со салфетка за да не мораш да го допреш поинаку обоеното парче рака е минимум дебилно и идиотско. Почит бре да му е*ам камилата, почит!

    Колку што не им верувам на луѓето, толку и априори им верувам. Како?! Не знам да објаснам. И верувам дека со насмевка многу се решава. Како?! Повторно не знам. Ама вчера добив насмевка и убав муабет од Африканка, ми намигна Индијка, куферот од сите мажи се нафати да ми го симне еден чичко Арап, и кога за малку ќе паднев и ќе се сопнев симнувајќи се на станицата метро, ме потфати еден тип од Сингапур. Му реков дека да не беше тој, ќе летнев ко пингвин удоле а ќе изгледав на крајот ко куче - шарпеј, значи избегнав да изгледам ко зоолошка градина у мало. Се изнасмеавме и си посакавме убав ден.

    Сакам да кажам, уствари, дека посебен вкус можеби нашата кожа нема, нема вкус ниту на ванила, ниту на чоколадо, ниту на малини, но добиваме посебна пријатна арома во моментот кога на некој ќе му внесеме дополнителен сончев човечки зрак во текот на денот со минијатурен гест.

    И сакав да кажам, дека од кога си го видов филмов, дувам на секој семафор за да ми уклучи зелено - фууууууу!
    Шо нема врска со горниов муабет, освен со мојата зелена блуска која во моментов ја носам. А и тоа нема врска. Петок е. А мене ми е шубе за постоењето на некои луѓе. Мајке ми, и така некако жал ми паѓа. Сериозно. За нивните постапки, се срамам и самата, исто ко јас да сум сторила нешто неубаво.
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, CIA и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Петок
    Пролет
    Полет

    Злобно ме нападнала некоја добротворна мисија, да си го дозасадам, одамна започнатото со сеидба, професионално поле на животов, ме прогонува и не ме остава да спијам желбата да го напуштам кафеварењето и да си купам кафемат.
    Да, пролет е. Во неколкуте збора од започнатиот есеј се чувствува мирисот на полен од липа, звукот од минатогодишни летни хитови низ отворените прозори од радиата на тркала, зачетоците на пролетни алергии, лесноста на патиките, спомените од детските екскурзии и наставата во природа, желбата да се промени нешто, да се воведе свежина и живост.
    Покрај сите перипетии, кога чувствуваш дека е пролет - се е поинаку.

    Имајте убава пролет, исполнете ја со шарени обувки, лесни чекори и долги прсти до небото.
    Ве поздравувам со 3 пролетни алергиски кивнувања и уште повеќе желби за убава пролет и многу идни пролети на Димитар: 070 143 115 (Т Мобиле), 077 143 705 (VIP).
     
    На IvanaMkd, Gordana10, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Мразам хејтери.
    Се мразам себе де, скратено кажано. Мада не звучи скратено...
    Како и да е. Периодов ме очекуваат огромни промени, не знам дали сум спремна за истите.
    Сеуште го имам оној детски дух на кој му е потребен силен стисок и топлина на добро познати раце на кои им верува, и тогаш се’ изгледа толку полесно.
    Ги сакам оние помалите и што сигурно водат кон подобро, но индиферентните од поголеми размери ми се застрашувачки. Не знам кај ќе однесат и што ќе донесат.
    Ма не знам ни јас што сакам. Само среќа, претпоставувам.
    А животот со мене си игра ко со кукличка на слаби конци. Во еден миг подари убави нешта, за да ги зацврсти истите, за потоа да ги влече додека не станат преслаби. И таман кога одат кон дното, пак се случи нешто што враќа надеж и те крене малку повисоко, за потоа пак да може полека да те спушта и така во круг. Дали слабоста ќе собере сили да сплете нерастеглива нишка, или силината на околностите ќе ги скине сите до последен? Засега е само борба без победник.
    Се тешам дека сигурно таму некаде во црно-белата идила се затскрива и по некој розов свет. Не мора розов де, не барам таков, само нека е во боја. Во бојата на надежта и среќата, која и да е.
    Лет ит би црно-бели свет, а колор телевизор. :D

    Да не кенкам само, да споделам нешто на кое случајно наидов од пред некои добри 3+ години и слатко се изнасмеав. Муабет со непознат херој на мсн, од времето кога прибирав секакви тракатаници на кои мојата адреса се беше паѓала во смоки.
    Чудно. Мене најмногу ми се паѓаа од оние 20 денарка цвикови со виножито ефект за сијајучи изглед...
    Фраерот, потпишан Pleyer Skorpion (Јако Инглиш) отвара јак муабет:
    - Здраво. Има некој?
    - Има.
    - Кои сте? Или сама си?
    - Три сме.
    - Па кои?
    - Me, myself and I.
    - А камера имате да ве видам?

    И тука сум удрила блок. Штета. Со овој памет сега, јак муабет би паднал.
     
    На Magnolija, JoxyTheFreak, la-chicka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    СДК какво изненадувањееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее :inlove: :l: :nod:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    СДК Срекна сум заради себеси, заради вас, заради светот,заради тоа што фала богу сум здрава и права, заради тоа што не сум дел од милијардите кои се гладни и жедни.

    Кога човештвото би размислувало здраво, кога луѓето би сфатиле дека треба само да сакаат да не се преоптоваруваат со негативни нешта, кога би сфатиле дека нема причина да љубиш и дека треба да љубиш СЕ и тоа МАКСИМАЛНО, бидејки веке го знаеме правилото: ако правиш нешто добро тоа со многу многу подобро ти се враќа, ако правиш зло се самоуништуваш себеси и шириш негативна енергија околу тебе...

    И уште сдк размислувајќи што би било врв на човековото достигнување, сватив дека според мене тоа е човекот да научи да дава и љуби без да очекува ама баш ништо за возврат. Дали вреди?...вреди и тоа многу!
     
    На Divinebutterfly, zhap4e, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Синоќа беше прекрасно, стварно прекрасно. Што ти значи добро друштво еееј.. неколку маргарити и некое панаше, малку пршуто, ние на тераса на свежиот воздух расположени.. убавина.
    Уште ме држи расположение од сношти, цел ден сме насмеани со другарката. :)
    Времево е толку убаво што мора стварно да се мачиш за да седиш во затворена просторија и иако ми се спие едвај чекам да дојде другарката и да излеземе, 11 километри, рутина, како нови ќе сме после.
    Е единствено нешто што ми го расипува расположението моментално се мајка ми и брат ми што се инатат за кој да го фрли ѓубрето и за тоа колку е мрзлив брат ми. :swear: Ми го нарушуваат балансот со повишените гласови.
     

    Прикачени фајлови:

    • sunny.gif
      sunny.gif
      Големина на фајлот:
      53,7 KB
      Прегледи:
      319
    На IvanaMkd и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога си припаѓаш на некој во овој свет.
    Црвени траги по кожа создадени од Љубов.
    Моменти лебдат околу нас..исполенети со мирис на пролет и дарена љубов..
    Постојам со почеток, не сакам крај..

    Ми дари букет пролетен, шарен.. ми стои на масата и секој поглед натаму ме грее. Си ги грабам моментите себично.. подзаборавив многу обврски ама не се каам.

    Му благодарам.
     
    На IvanaMkd, bittersweet, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    СДК понекогаш некои работи не ми имаат смисла. Пример вчера полагав колоквиум, 5 есејски прашања, а само еден час време да се одговорат. И после зошто не сум положила, иако имав се научено?

    Инаку денеска убав ден, уште рано сабајле со велосипедот по кеј се изнауживав. Обожавам кога е топло времево, кога сонцето грее, кога е пролет. Се би дала секој ден да е ваков прекрасен и секако да немам за учење :D
    Али што се мора, се мора...
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Не можам да си дојдам уште на себе, се тресам, одев по улица и плачев ;( поболна депилација амин, ме измачија за навек :tmi: Јас и шеќерна паста ВЕЌЕ НИКОГАШ. :devil: :puke:
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, значи - НЕ СУМ НАРЦИС! Ама деновиве се чувствувам среќно во сопствената кожа, а посебно кога некој ќе ми подели комплимент за тоа колку сум ослабнала.Комплимент, континент, компликација...не е битно, важно јас со гордост низ продавниците сега можам да побарам помало бројче ;)
    Денес прошетка низ Скопје. Ѕиркав по излозите, набив километража, си купив нешто за душа и награда за вложениот труд во последниве неколку месеци, случајно сретнав драги ликови од студентските денови, уживав во вкусот на шампињони на скара и шопска...
    За една недела, ќе ја заокружам третата деценија од своето постоење. Веќе родендените и не ме толку радуваат, секоја година сум се повозрасна, повеќе не ставам свеќички на торта, но сепак радосна сум за секој нареден ден поминат под ова парче небо. Правам гимнастика на умот, давам отчет пред самата себе си за постигањата и релизираните проекти од дипломирањето до сега и не воочувам некоја посебна разлика од вчера и утре, но денес, денес се чувствував посебно, во друштво со моите, се задлабочував во синилото на очите на татко ми и неговата блага сериозност која не трае подолго од 2 минути, спокојот и сјајот на мајка ми, на која годините ништо не и можат, ги слушав нивните разговори кои сеуште се полни со љубов, одвреме навреме одмавнував со раката и изговор да ме поштедат од нивното гукање, кое воопшто и не ми е непријатно, туку напротив, изгледа многу симпатично и би сакала и јас да го имам после толку години брак.
    Од утре се враќам на рутината на секојдневието во исчекување дека телефонот ќе заѕвони и конечно од другата страна ќе ја слушнам веста што ја чекам веќе извесен период. Оптимизмот за ново вработување уште не ме напушта, за живо чудо станува се поинтензивен, уште да премине во реалност и мислам дека сложувалката ќе биде склопена. Или тогаш ќе барам нешто повеќе?... Којзнае, едноставно ќе му се препуштам на времето кое ионака судбината ја држи во свои раце, па нека пресуди, во која насока ќе се движам понатаму и дали ќе ги скроти разбарнуваните води на мојот таканаречен живот.
     
    На teddybear, ines.h, Magnolija и 13 други им се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Денес сум исполнета и среќна, што би рекол хер Жика - расположење на нивоУ! :D
    Така денес си цупкам, си чекорам, си се смеам, говорам ко и секогаш ко навиена, се потсеќаме на средношколски дани (давно били..), лудории, штосови и мал милион прегратки, стисоци, ударчиња, бакнежи, оргазми, па ќе летне и по некое шамарче де, за атер од љубов кон него! :wasntme:
    Комотно, денес можам да си прднам од среќа. Сонцево ме исполни максимално. :sun:
    Да ви доловам, се осеќам ко господава:




    Хепи дејс ар каминг ин мај лајф!
    :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • pego.gif
      pego.gif
      Големина на фајлот:
      299,9 KB
      Прегледи:
      209
    На Unica, Hipster и CIA им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.