[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Денеска е многу убав ден. Барем така ми изгледа.
    Вчера јадев многу, прекршив и диета и се'. Се осеќам гадно.
    Ми се повраќа.
    Се осеќам празно. Имам дупка во глава.
    Ми се иде негде. Ми се слика. Ми се смее.

    Сакам да одам на некоја плажа, сакам долги прошетки, сакам лелеави фустани.
    http://www.youtube.com/embed/uBR0nXeBMlM
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    Тешко е да се живее животот според лекции, но животните совети од некои мудреци ни помагаат полесно да ги совладуваме тешките моменти и повеќе да уживаме во среќните. Овие 20 случајно собрани древни совети нè потсетуваат како да го постигнеме тоа.
    1. Давајте им на луѓето повеќе одошто тие очекуваат и правете го тоа со задоволство.
    2. Стапете во брак со маж/жена со кој/а обожавате да разговарате. Како што ќе стареете заедно, способноста за комуникација ќе станува многу важна.
    3. Верувајте во љубов на прв поглед.
    4. Кога ќе кажете „те сакам“, мислете го тоа.
    5. Кога ќе кажете „извини“, гледајте ја личноста во очи.
    6. Бидете свршени најмалку 6 месеци пред да се земете со вашиот партнер.
    7. Насмевнете се секогаш кога кажувате „ало“ на телефонската слушалка. Соговорникот може да го почувствува тоа.
    8. Никогаш не смејте се на соништата на другите луѓе. Луѓето кои немаат соништа, немаат многу.
    9. Сакајте длабоко и срасно. Некогаш може да бидете повредени, но тоа е единствениот начин да го живеете животот во целост.
    10. Кога се расправате со некој со кој немате исти ставови и размислувања, правете го тоа на фер начин. Без навреди!
    11. Не судете ги луѓето според нивните роднини.
    12. Зборувајте бавно, но мислете брзо.
    13. Кога некој ќе ви постави прашање на кое не сакате да дадете одговор, насмевнете се и прашајте: „Што би сакал/а да знаеш?“
    14. Запомнете дека големата љубов и големите успеси вклучуваат големи ризици.
    15. Кажувајте „на здравје“ секогаш кога некој ќе кивне.
    16. Кога ќе изгубите во некоја ситуација, не дозволете да ја изгубите и лекцијата која од неа сте ја научиле.
    17. Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите и бидете одговорни за сопствените постапки.
    18. Не дозволувајте малите несогласувања да уништат добро пријателство.
    19. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, веднаш преземете нешто за да ја поправите.
    20. Поминувајте време сами со себе.
    преземено од popara.com
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theothertwo

    theothertwo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Браво Роберта руби убаво напишано.
     
    На roberta-rubi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК wow,кое време сум станала,дури ми е чудно :D Се разбудив со мачнини,но се надевам денов да е добар,барем така убаво ми изгледа,надвор сонце,топло е за по куси ракави и за шетање :) Јас нема да шетам,ама ок е сепак :) It's my coffee time :) Ајде кој ќе ме дружи? На здравје нека ви е :)
    [​IMG]
    А од кај комшиите слушам ова :D ,од сабајле весели :D :
    http://www.youtube.com/watch?v=apfCGQEAl9Y

    Имајте најубав ден :* :sun:
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    101.420
    Пол:
    Женски
    Каков почеток на ден...
    Ме разбуди комшиското ѕвонење на алармот...изгледа јас се разбудив а тие не :)
    Гледам во испарувањето на кафето,некако ми се чини се пронаоѓам во овие нејасни фигури,
    незабележливи а сепак присутни...се виткаат и исчезнуваат ,како и моите мисли впрочем...
    Убав ден денес,го впивам низ прозорецот...уште еден во низата,како по непишано правило,обичен и се надевам мирен.Се сеќавам кога бев помлада и кога секој ден ми се случуваше нешто...а сега секојдневни обврски,сметки,глупости..
    Го сонував НЕГО,не знам зошто дојде во мојот сон ,да ме потсети на нешто,и заради тоа да го имам цел ден оној чуден замислен поглед,нејсе,никогаш кај мене работите не биле црно и бело,секогаш некоја нијанса ќе ја замачка работата...
    Бев во Скопје завчера,проблемите ги оставив на масата во дневната соба.Колку убаво чувство.Сама меѓу толпата..многу мал шопинг колку да не се вратам дома со празни раце,за повеќе нема... :doh:
    Одам да се расфрлам по кујната,да го уморам телово за да најде мир душата...ах, тој мир...колку многу ми е потребен...
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Убаво саботно утро...Станав наспана и свежа...Се напив кафе,сега планирам да излезам во град па да се вратам и на прошетка со моето дегенче (кучето)..
    ИМАЈТЕ УБАВ ВИКЕНД ФЕМИНКИ :*
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Бисквита во чај, парчиња излегле на површина, матен поглед како милкшејк и вкус на карамела.
    Вака го замислував утрото кога велев дека сакам среќна да се разбудам. Иако за секого различно среќата е синоним. Му се насмеав денес на денот и ми се иде да го допрам дното и да го поминам со ролерки.

    Абе јас не живеав еден живот, ниту некој од нас живее еден. Има уште еден паралелен. Два се?
    Сега се сега.
    Сите имаме длабоко во нас закопано уште еден свет. Без разлика колку е здодевен и нејасен, си гние тој внатре. Во нас има незамислив, извонреден, прекрасен, можно е и глупав, зачудувачки свет. Не е само еден, најверојатно. Стотици ги има. Илјадници.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    103
    Имајте убав денн! :)

    Инаку какво е времето во вашето градче? :rain: :sun: :f:
     
  11. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    На никој не би му посакала ден како вчерашниот.. животот ми се скрати за една година.. :(
    Толку негативни работи и тажни и морничави случувања не ми се десиле никогаш до сега...
    Прво случајот со мојата другарка... повеќе крв во живот немам видено.. ќе си носи сега белег цел живот.. ;( Вториот случај со моите другари.. сеуште незнам како можеа да го направат тоа.. сите фрки сите случки заедно сме ги поминале.. сите пијанства,сите родендени... тажно премногу барем за мене.. но ќе не побараат и тие нас.. сеуште незнаат зошто сме скарани но ќе дознаат..ќе сватат каде згрешиле..
    Сепак надежа последна умира.. знам дека се ќе биде како порано.. ќе се поправат како и секој пат.. тоа е другарство..но цел ден го поминав со насмевка не дозволив емоциите и стресот да излезат на виделина.. што да правам таква сум никогаш неможам да покажам емоции или да се отворам на друг човек... На крајот од денот побарав утехата во алкохолот но не ја најдов..затоа не го најдов ни сонот па сега уште рано по сабајле со главоболки и мамурлак.. -.-
    Премногу стресови за еден ден.. ајде денес одиме на подобро.. на шопинг.. :lol:

    Добро утро феминки :*
     
  12. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Се мразам... :doh:
    Чувајте го онаа што го имате..не чекајте да сфатите колку тоа било вредно откако ќе го изгубите!
     
    На julie77 и blond им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Хм, сабота. Најубавиот ден, поготово во пролет.
    Додуша морам да кажам периодов март и почеток на април е период на банкрот, не знам зошто сите се овој период родени, сите по одмори во јуни јули деца правеле и сега тие деца ми го ошурија новчаникот :lol: Крај со крај не можам да сврзам, да не му се верува на човек а допрва доаѓаат уште родендени :tmi: :D Ај само за арно за убаво нека е :)
    Си закачив од оние слатки ѕвончиња на тераса, и сега ги слушам уште не се смириле тропкаат.
    Од претходниот викенд терасата ја средив, чистка ја сторив, и си уживам на неа. Со нови шарени гелни топчиња на масата и ладно нес, веќе и со мраз.
    После неколку ужасни денови денес станав со кокошките, кај 7 и пол негде. И станав насмеана. Се протегнав, се измив, и со план сум да го зграпчам денот.
    Листам и разлистувам секакви книги, впивам секакви информации, но ништо поврзано со факултетот, што е нали лошо. Ама се ќе биде, првично во план ми се некои други работи а о том по том и факултетот.
    Си слушам една песничка, случајно ја пронајдов и од сабајле ми е на рипит цело време.
    http://www.youtube.com/watch?v=elGZbcpGzdU&feature=share
    Пилево е живи радости на сонцево, малово секоја минута сака да е со мене, вчера се учевме ролерки да возиме и ја отворивме сезоната на сладолед. Тој е тука да ме смее кога плачам, да ме сака и кога не се сакам да ме учи помалку да се нервирам.
    До вчера не мислев баш вака розево за се, бев во страшни депресии. Плачи плачи плачи плачи. Будалетинка. Ама пројде.
    Како уплашено зајче стоев пред еден нов пат во животот кој ми излезе, и се решив да зачекорам, полека но сигурно. Ех, што е најлошото што може на човек да му се случи? Да не успее? Неуспех е ако потонеш и останеш потонат, се додека бараш излез и се трудиш, нема да фатиш кривина од успехот.
    Убава е саботава, убав е животот, убаво е се, затоа што сме убави ние.
    Се чека убава пролет, прекрасна пролет, си ја чекам мојата 20ка која ветив ќе си ја дочекам без ни еден проблем врз главата, и турбо ќе работам за да го исполнам тоа, се чекаат мили луѓе од странство, се чека омилениот Мај, се чекаат лубениците и јагодите, и црешите, и дињите, и праските, и кајсиите, громогласни смеења во доцните вечерни часови додека топлиот ветер не скокотка. Аха, да...
    Ја сакам пролетта, ги сакам и другите годишни времиња, ама пролетта како што ми го полни срцето ни едно друго, тоа е синоним за љубов, убавина, среќа, радост, насмевки.
    20тата моја пролет, искрени невини погледи, намигнувања, скокоткање и љубов...
    Со сонцето, цвеќињата, со него... :f:
     
    На bittersweet, marama, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Иако учам и во сабота, СДК,

    life is fucking good! 8)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Денот е прекрасен, јас сепак го искористив за спиење..
    Морав да одморам оти 2 дена немав спиено ич, :doh: како и да е се среди се, сега можам да бидам мирна и комотно мирно да спијам. :)
    Полека полека се стабилизирвам, и се средвам, денес не сум та изгубената од вчера завчера и сл, инаку лебот во фрижидерот го барав |( , од шо не знаев кај терам.
    Помина се и мирна сум, иако имам малце тежини, али брзо ми поминват денојте, одма ќе дојди и Август.
    Не знам друго шо да ви кажам, а и нема ништо за кажвање.
    Денот е прекрасен, искористете го во шетња со најблиските, подарете насмевка во овие топли денови, на некој му е многу потребна. :sun:

    Имајте убав ден. :hug:
     
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    СДК дека смачено ми е веќе два дена има нет а пет нема... ај у пм , а ко треба да се плати први се ако закасниш еден месец точно ви 00:00 ти го кинат и додека не платиш нема нет.... :@

    СДК дека денес ќе се шишам па што сака нека биде :)
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    29.441
    Пол:
    Женски
    Понекогаш кога ми е најтешко сакам да имам една соба, полна со книги.Големи, мали, стари, со жолти листови, со бели листови, подскинати страници, сосема нови...Да ги разгледувам со часови, секоја со свој шарм, секоја посебна, секоја чека да биде прочитана.Да одберам една и да седнам на една навидум стара удобна столица, со меко перниче и да се засладувам со чај од шумско овошје.Да се повлечам во еден нереален свет, во свет каде што е се возможно, во свет како што никогаш не очекуваш деќа ќе бидеш, свет со авантури и насмевки и да се задлабочам во книгата, а моите проблеми?Како да не постојат, барем додека сум во таа собичка, соба полна со живот.
    [​IMG]

    Sometimes all you need is a good book and a cup of tea.
     
    На bittersweet, marama и L-enna им се допаѓа ова.
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Убав ден, музички засладен, сончево огреан, полн со обврски, салати, цедевити и кафиња.
    Убава е пролетта, почетокот посебно. Нека трае, полека, полека да гледаме како си расцветуваат цвеќињата, па утрински музички перформанс од веќе дојдените птици од југ :)

    Пролет е почеток, додека есен е крај на нешто... нешто летно. Така викаат. Мене пак и есента ми е почеток, пролетта крај. Нова сезона, нов почеток. Ново сонце.

    Благодарна сум што во никој момент не ме напушти паметов, и ми сигнализираше, среќа, не требаше сирени да пушта. Ја сфатив пораката. Декодирав и пуштам Feedback. Чекаме да се процесира. И после пак е обратен кружниот тек. Или пак се повторува. Не знам.
    Деновиве - многу вишок енергија. Ми препорачаа да почнам да спортувам нешто, не ме држело место. Па и не ме држи. Хиперактивност, кофеин, рано станување, рано легнување и деновиве бегаат. Ете, најладното помина. Сега следи оноа најубавото, со најубавиот дел од денот, баш во пролет. Ах колку неромантично. Прекрасно.

    Е, си го раскрвавив јазикот. Не ме бива за мултитаскинг, пишување на фемина и јадење. Збрцав виљушка у јазик. Легенда. Сега ми изгледа како јагодче на шлаг, онака само врвот е црвен. Имам чувство како да бакнувам некој со протези.

    Мразам татини синчиња. Односно, не ги мразам, туку никогаш не би можела да ги сакам. Тоа би било нешто како да сакаш некој а и одразот на тато или мама во него. Независност, никако. Страшна работа.
    Не ни личат многу работи на годините. Ниту преголемата детинетост, нити преголемата сериозност. Златна средина не постои, постои само загадена средина. Која уште ќе се загадува. Свест, минимална. Да го водиш својот живот спрема твоите каприци ги оттрга луѓето од тебе, затоа што веќе си ги избркал.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    The Internet, a place where everyone, even you, can be a an artist. Со акцент на сите.
    Имаше еднаш напишано на еден сајт за уметност, од кога дојдоа ... па - сите, и го уништија. Сериозно, епидемија е. Прочитав сега една другарка објавила, everything is art, life is art, нешто такво. Те молааааам, во никој случај не може се да биде уметност. Да, мислата има друга, подлабока поента, ама не, не секој ќе ја сфати. Посебно не тинејџер со молив. После некои работи што се случија по интернет просторов, срам/страв ми е да се наречам уметник. Не оти и јас сум некој којзнае колку јак уметник, ама боже во мене и саксијата со цвеќе во дневната има повеќе уметност од таму некој си блог со длабоки уметнички мисли.
    Добрите страни на интернетот, се лечат комплекси. Радувајте се, нашите родители ја немаа таа привилегија, а комплексите се генетски наследни.
    Тоа е, опкружена сум со космополити и уметници, човек може само да ми завидува кога ме гледа од страна. Од нив ми се посака да имам некој хејтер, ако ништо друго барем се искрени.
    И кој гледал Happy Tree Friends, а нема кој не гледал, знае дека од сите тие психотични крвопролевања во текот на епизодата, најкрвави беа поговорките на крајот од секоја епизода, па така и јас да го завршам постов со добра мисла, пробајте да си ги најдете талентите, или барем она што е најблиску до нив и да преживеете во животов, зошто во реалноста, нема да има толку добри лицемерни пријателчиња што ќе ви ја упатуваат пофален збор за секоја ваша ужасна фотографија, има реални критичари кои нема да ви платат за истата, зошто не ве бива.
    Ах, лицемерие. Никогаш нема да ја сфатам поентата да тешиш лажно некого. Ама секоја акција си има своја реакција, па така и лицемерието е реакција на непристојното (не)прифаќање на критика. Така да, луѓе, смирете си ги страстите.
    And remember kids, on the internet, nobody knows you're a dog. Amen.
     
  20. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Вчера се уверив дека постојат и срамежливи машки :$
    Лелееее,колку е интересно кога машкото е слатко срамежливо и има трема кога стои пред тебе :lol: Се буни,незнае што да каже.Се смешка срамежливо...
    Абе много ми беше интересно..Такво машко немав запознаено до вчера.Но :!: и покрај тоа што е срамежлив,тој е и многу згоден дечко..
    Секоја чест за таквите како него! :bow:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.