Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Стварно многу ме нервира кога ќе видам како некоИ успешно ги положува колокФиумите,уште поуспешно ќе си ја земе дипломата пред мене и најуспешно ќе ми се к*рчи со новото работно место додека јас уште студирам :devil:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК не сум горда на тоа што го направив, знам дека ми е петнаести пат пак да ја направам истата грешка ама тоа е посилно од мене. Знам дека ќе помине денов и неможам да дочекамда помине ама и неможам да кријам веќе просто неможам! :doh:
     
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    СДК сликава ме врати во детството :rofl:


    Колку си ја сакав играчкава :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • 30.jpg
      30.jpg
      Големина на фајлот:
      37,7 KB
      Прегледи:
      312
    На Go-Girl, Doozy, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мојата граница на толеранција е мошне висока, ама некои луѓе веќе одамна ја преминаа.
    Да се толерира не значи да се трпи, а јас веќе го свртев вториот образ кон оние кои се невредни за било каква дискусија.
    Ако толерираш некого, не значи дека си слаб. Само значи дека си доволно силен да ги проголташ провокациите и да продолжиш понатаму.
     
    На Crixus, PrinceOfPersia, Phyramide и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Ajдеее.. уште 1 сат и 5 минути ќе бидне и првиот колоквиум за овој семестар! Па со среќа нека ми е мене и на сите мои колешки (и по некој колега :lol: )

    п.с. Ја прочитав најубавата и најемотивната порака на цел свет... ерупција од ЉУБОВ! :l:
     
    На Doozy и Serafima им се допаѓа ова.
  6. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    ...чувствувам носталгија, кон моето поранешно место на живеење. Секоја една слика од моето детство кога безгрижно си играв со другарчињата ме потсеќа на тоа место. Секој еден спомен во мојата меморија ми ги навлажнува очите кога се навраќам наназад.

    Од раѓање бев во таа куќа, таму пораснав и по 10 години плачејќи ја напуштив...многупати се сонувам себе си таму и како некој друг живее на местото каде јас израснав....и плачам, секојпат во сон плачам...

    Ми недостига мирот, спокојот, среќата, слободата која ми ја носеше таа куќа ;(
     
    На maca99 и lovely91 им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Го изгледав Монк 9573489564 на тв,пуштив Бегство од затвор,здодевно ми стана.Не знам до кај ке се тера вака.Ке прогласам дека сум предвремено пензионирана и ке барам да ми приклучат дома сателитска за да има што да гледам.Ако ништо друго почнав да ги одбројувам деновите кога ке тргнам на гости во Италија.
    Прво нешто што ке направам е тоа што ке им замолчам устите на таканаречените пријатели и роднини кои ги имам таму а не знаат да мрднат тоа газето и да потрошат некој денар за да се јават и да прашат како сте што има ново.А после ја префрлаат вината дека секој одел кај нив од корист.Жими мустаките на дедо ми дека е така. |(
    Почнав да правам генералки на фб и на мсн зошто ми се згади од вештачки лица и од личности од типот:Ке одам кај баба,ке јадам ајвар,ке одам да спијам,леле каков ден а сигурно го поминале пред пцто. :P И додека мрчам мене пак ме фати главата.Мама отиде на кафе кај една комшивка а јас овде ке бројам овцички.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ДИПЛОМИРАВ феминкииии :party: :party: :dance:
    [​IMG]
     
    На Lady-Cha, Monna.Monna, crazylady и 34 други им се допаѓа ова.
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • armstrong.jpg
      armstrong.jpg
      Големина на фајлот:
      90,7 KB
      Прегледи:
      188
    На Monna.Monna и Bright им се допаѓа ова.
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Тага. Болка. Солзи. Исто и по три и пол години. Истата болка, истата слика пред очи. Се е исто, но него го нема. Ја нема мојата најголема поддршка. Тој е далеку. Спомените се тука. Раната не заздравува. Секој ден ми фали. Ми фалат неговите зборови убавице на дедо, можеш ти. Деновите минуваат без него. Раната останува. Болката останува.
    Вечна ти слава дедо.
    Те сакам.
     
    На Bright, teddybear и thelittle17 им се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Aко денес видовте една девојка во центарот на градот како збори на мобилен и одеднаш се развикува, почнува да скока и да прави неартикулирани потези, не се чудете. Тоа бев јас :lol:
    Прекрасни, прекрасни вести.
    Во јуни ќе сум тета на првото бебуле од другарка и тоа на една од најдобрите другарки. :party:
    Ах толку сакам да сум до неа за да ја испогушкам, зошто се врати во родниот град :(
    Па ми фали! Ама ако ќе одам да ја посетам се надевам идниот викенд.
    А таа цути, заљубена, среќна, се спрема за свадба, со убаво меше... ах радости. :wasntme:
    [​IMG]

    Убав ден, на работа без струја, па без шеф, па ко мали деца игравме брза географија и си победив 8) Па шеткање низ град и враќање со полни кеси, полни кеси со сончоглед и чоколадни слатки не облека, не не :lol:
    Ах се надевам дека се повеќе денови ќе се вакви со насмевки милион :hai:
     
    На minne-mouse, Monna.Monna, crazylady и 23 други им се допаѓа ова.
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...не можам да поверувам на сопствените реакции и емоции.Го видов него денеска.Личноста на која потрошив добри два месеца од мојот живот и во кој мислев дека сум вљубена, иако не сакав тоа да го признаам.Го видов и не изреагирав никако.Не почувствував баш ништо-ни љубов, ни тага, ни среќа, ништо.Почувствував само една празнина.Не се ни поздравив со него, не осетив никаква потреба за тоа.Само ја завртев главата на друга страна и поминав покрај него како да не го познавам.Порано се сожалував себе што сум дозволила да си го губам времето со него, а сега го снема и сожалувањето.На сето тоа гледам само како на еден период во мојот живот во кој имаше убави моменти, многу смеење, а извлеков и понекоја поука...I am free 8) :emo:
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    6.597
    Во понеделникот сонував еден брачен кревет и како јас и другарка ми сме спиеле на него.. остатокот од сонот не е ни битен :D и после ја прашувам баба ми што значи, ми вика значи дека ќе се разболиш ама не се секирај, вие сте деца кај вас не се фаќаат соновите. How yes no!

    Еве ме, си седам јас болничка и веќе од досада незнам што да правам. Не отидов денес во школо а па мајка ми не ми верува, епа како седиш тогаш на компјутеров а во школо неможеш да одиш. :fubar: Па знае ли дека сум станала сабајле во 9 часот зашто не можев да спијам од што ми е затнат носот, и после 2 саати од умор повторно заспав. Потоа јадев и пак спиев цели три саати. Ова кога сум здрава никогаш не ми се случило. Еве, во моментов куцкам на компјутеров и очиве ми се затвораат. И како по некое непишано правило, јас морам да се разболам кога конечно сум и ветила на другарка дека ќе излезам со неа во петок во 69ка, Ванила.. или хауевр. А не дека мене ми се оди, ми го знаете мојот став околу дискотеките :D , ќе се клацкам на сред подиум таму, а во најлош случај по паметот на другарка ми а богами и мојот ќе се начукаме и ќе правиме триста глупости па после кога ќе ме видат дома.. Ау, не!

    А и Гонгов ми е во сабота, жими се ќе се убијам ако не отидам! Додуше, јас и не сум така болна, ако го оставам настрана шмркањево и затнувањето на мојов precious нос и поспаноста, грлово за среќа не ме боли толку. А и сакам во петок да одам во школо, правам писмена македонски.. да не рече пак женава демек сум и бегала |( ама незнам што ќе правам, немам поима од анализирање на песни. :worried: А и ако не отидам петокот, нема да ме пуштат во сабота на Гонг. И ај сега!

    Туку.. незнам кој спомна за турциве во темата за ЈБТ, ама кој и да беше, he was damn right! Или she, де. :D Незнам што е работава, ама толку ми се привлечни и незнам зашто, ама како да имаат нешто што македонците немаат. Има еден дечко што веќе два месеци го шмекам и конечно го најдов на фејсбук и испадна дека некако сум го знаела од порано, преку една другарка. Плус и рапериште е, а јас ко што паѓам на рапериве.. ммхмх. Сега он ми е следна цел на освојување.. освен ако не се премислам во меѓувреме што е мошне веројатно тоа да се случи! :D :wasntme:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    СДК АМАН веќе со учењево, школиве АМАН!
    Ни натрупаа лекции глава да неможеш да свртиш, по 3 теми за 2 часа предаваат, кај го има ова!!
    Прво имавме екскурзија 3 и 4 година, сега инспекција (морало да се покажеме добри и ај трупај лекции).А таман реков годинава подобра да бидам од лани, нема шанси, како што не учам ова не е многу, ова е премногу (и за тие што учат). Ќе почнам ни викенди нема да излегувам надвор. А ако искочам еднаш преку недела, тешко мене. Еве сега, искочив и сега треба да научам 4389546 лекции по различни предмети за утре. Па алоо имаме и друго освен школо. Да, не треба да чистиме, миеме итн, ама треба малку и живот да видиме, не само книгата и бубај. :@
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Го чувствувам тоа,мојот живот е мојата лудост: ако се успокојам,ако бидам вратена кон разумот не би можела да живеам ни 24 часа.Знаете ли каква е потребата на мојата душа откако била диво раскината од насладата или од болката? Можеби тие воопшто не се свесни за она што го направија ни малку не чувствуваат вина!?
    Сите се светци кога станува збор за гревовите на другите..
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам дека Мечето ви е релативно сингл, барем некој одреден период ... додека не сфатиме дека колку и да се сакаме се повредуваме, за без врска и за глупости. Дека мора во една врска да се вложува многу, а ние ја оставаме самата да тече ... и трае долго, ама јас сум на работ на нервен слом. Не од него, ете така од се. Тежок и глупав период ми е од животот, и за џабе само предизвикувам кавги, зошто неговата опуштеност ме живцира, и неговото се нервираш за глупости ме живцира, и во последно време се ме живцира, па тоа е ...
    Ако ми верувате, го сакам повеќе од се, и боли реченицата љубовта не е доволна, затоа што јас цврсто верувам дека е, затоа што сме поминале се и сешто заедно, буквално, и за да си го докажам тоа, ми треба малку одмор, ми треба да сум малку да сум сама, за да сфатам колку боли кога сум без него ...
    Ми треба да се тргнам од се, и ако знаете некое местенце фино и мирно, а воедно и со приступачна цена, каде можам да поминам еден викенд, споделете го со мене. Може да е и во Скопје, мотел ли сеедно ... да си земам две три книги со мене и да ме снема од реалноста.
    Би дала се сега да го гушнам, да му плачам, и да му кажам што се ми тежи во душата, што се ми го кочи срцето ... а не можам.
    Не можам зошто сторив толкава глупост ... Затоа што сум толку несигурна и лабилна и нестабилна ...
    Тоа е животот, учиме од глупостите, а во мојот оваа не е ни прва ни последна, воедно и во нашата љубов.
    Затоа што тој е дете, и јас сум дете, а врската е презрела за нас ...
    Можеби а можеби и не, нека покаже времето.
    А тој, и да му кажам не знам дали ќе разбере, нема да разбере ...
    Според мене криви сме двајцата, според него крива сум јас ...
    Нека остане на времето ...
    Знам дека ќе се смириме, знам се ... само не знам зошто се потребни овие работи ...
    Еве во што се пронаоѓам денес, од првиот до псоледниот збор ...
    http://www.youtube.com/watch?v=xixX75qk ... re=related
     
    На zhap4e, Divinebutterfly, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека сум под ненормално голем стрес. Не знам колку ќе издржам. :x
     
    На Monna.Monna, MandyLane, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Ми доага да пукнам. Сите се истураат на мене, а јас како тапон зона мегу сите. Доста ми е веке не можам ни јас повеке доста. Сите се нервозни, сите си имаат проблеми а јас??? Ти немаш, постојано си тука за сите и ако имаше проблеми немаше да бидеш постојано насмеана ?????? Ауууу ми доага моментот сите да ги задавам и да ги мачам. Ми доага да избегам од се. Ми треба одмор без никој, ни мои, ни твои, ни брака никој па и ти не ми требаш. Место да ми бидеш подршка од се ти си најгласен. Оххх ке пукнам, не можам веке. Па дајте јас малку да се пожалам, јас да кажам дека не ми е добро. Секој за секого збори, но никој не се погледнува себеси.
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Се враќам јас од школо, и само гледам, полна месечина и околу неа онака како прстени, како црвени и плави, незнам како да опишам. И се фаќам за џеб, за да сликам, и кога онака загледана во месечината, спуштам поглед доле, кога што да видам.. Абре Елено, Елено, со што ќе сликаш? Со слободната? Или пак со мобилниов од пред нашата ера? :fubar: И ништо, си остана така, несликана.
    Искрено, јас сега ќе одам да си легнам, а пред тоа, да погледам телевизија. Зошто стварно сум уморна, и ме боли глава, а не сум расположена ни за муабет. Среќа што во петок не учиме, па ќе можам да здивнам. Кога ќе помислиш, ај што има тука тешко. Ама не било така.
    Останете ми поздравени, аливедерчи. :hai:
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.781
    Пол:
    Женски
    Зошто би го уништувале сопствениот мир за туѓиот немир? Најчесто нема ни благодарам.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.