Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    За два три часа мора да се спремам за на факс а јас си немам гајле да легнам да одморам.Г беше повторно available за мене да ме ислуша и мене и моите проблеми а јас му вракам на полош начин.Колку сум себична |( само на себе почнав да мислам.Не сум таква јас.Ми рече дека одењето на брод му е одложено за некој период.Не знам што планира.
    Мајка ми за два дена повторно ке си дојде.Со нејзе ке биде поинаку.Исто и брат ми.Многу сум срекна.

    Поздрав феминки.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Незнам...
    А тоа што незнам ме убива, но истовремено ме бодри да одам напред, да се борам и да успеам, ама од друга страна боли, толку многу што понекогаш ме плаши...
    Постојат денови кога жалам што наутро сум отворила очи, едноставно сакам да сум преспала тие моменти, за на нив се сеќавам како кошмари, како лоши соништа кои биле производ на потсвест, имагинација, фантазија...
    Ама...
    Нема!

    Се што ни се случува, има своја причина, се што правам, сум правела или ќе правам, си има или ќе има оправдание. Тие причини, оправданија, разлози се понекогаш толку глупи, ебано болни, ама од оваа или онаа страна можат да се оправдаат.
    Ме боли тоа што постојат причини кои не можам да си ги оправдам, и што од инат не дозволувам друг да се обиде да ги оправда. Оставам да ме боли, оставам да ми тежи, го закопувам негде длабоко, и повремено заборавам, но понекогаш, случајно или не, се навраќам и пак сум на почеток и пак од почеток.
    Долго време е така, повеќе од деценија и научив да се справувам и си велам нека, нека боли, ќе помине...

    И за чудо секогаш поминувало.

    И овој пат истото си го велам, зошто знам дека ќе биде така, од секогаш и било.

    А живот е, мора и да те заебе понекогаш, здрава нога во трн не се става ама сите ставиле барем еднаш, од љубопитноср. Љубопитноста пак ја убила мачката, а мачка има 9 животи, а ние само еден, затоа три пати се мери пред да се пресече.
    Жена во ПМС меле како празна воденица, емоции еден куп, а смисла па понекогаш скоро и да нема.

    Мање битно, после мартовскиов дожд доаѓа априлското сонце, а после него лето.
    А кога е лето...е о том чемо по том...
     
    На Johny, Gea и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ги испратив сите, им посакав добра ноќ, доучив, се спакував. Ги терам работиве, но како по обичај - легнувам доцна. Повторно 4, повторно неполни два часа за спиење.
    Си ја слушам Лили пред спиење. Си мислам на тебе пред спиење.

    http://www.youtube.com/watch?v=N7SA3IaOWYY

    Не беше некоја голема љубов, но си беше мој. Си имав некој, свој. Не знам дали звучам очајно а и не ми е гајле, едноставно така се почувствував вечерва. Имавме некои планови на почеток, но ни се разминаа патиштата. Уште ги чувам нашите работи, слики, разговори, како да ќе се смириме. Нема. Месец помина веќе. И така. Добра ноќ.
     
    На Springy, Strumfeta93, Magnolija и 6 други им се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Прекрасно ми започна неделава , мама ме разбуди со цела колекција на Живанши :rofl: :nod: добиена на поклон :wasntme: тато дојде од работа и ја донесе, му ја дале сабајлево :wasntme:
    Неколку парфемчиња,карминче,пудри,гелови за туширање,серуми за подмладување,крема за лице :rofl: сето тоа во најубавиот несесер на свет :$
     
    На maca99 и drugarka им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Утро во боја на зумбули. Сино накај индиго виолетово. Бабето од пазар ми ги развесели денешните грижи.
    Имам роденден во сабота, а сум втора смена. Ме боли главата веќе неколку дена, предменструалниве змејови ме шетаат од еден до друг крај на светот. Сакам да потонам во облаче и да паднам врз поле четирилисни детелинки.
    Желби, желби еден рој, им нема крај и број!
    Важно си купив варено ѓеврече и туна пашета и сега ќе си појадувам со сласт. Си направив кафенце, тишинувам и пишувам за да не ми лета мислата кон сите обврски што ме чекаат денес.
    Втора смена на работа. На Зелен пазар по нови сопирачки за Точко, после до Рампа да најдам обвивка за душекот, па до Космо да си го земам млекото за тело што го добив како награда. Да, да! Првпат добивам нешто како награда, ор самтинг. Среќлија, покрај сите глупости што ми надвиснаа над глава. ПМС, стандарден уништувач на сите грамови убавини. И пак се сложуваме, си помагаме. Таа ме нервира, јас ја чекам.
    Како секојдневна работа, нормално.
    Фала им на сите феминки што ме испофалиле по странициве, пријатно изненадување ми приредија. Со вас ми е поубав денот, полесно се издишувам, зошто можам да ви пишувам, како да ви се обраќам додека сте уште успани, рано станати, доцна легнати, оптоварени со секојдневие, опуштени или безобразно отворени кон секој нов ден.

    Сакав да кажам дека отворена е сезоната на ишаретење по Кеј... Возат сите точаци, ролерки, се оближуваат со сонцето, со флертот. Дишат Љубов, можеби и измама. Секој нешто некогаш бара, врти кругови можеби, но ете, ќе пронајде...

    Нека ви мириса утрово на зумбули и чисто срце!
     
    На Johny, bittersweet, Gea и 4 други им се допаѓа ова.
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Да бидеш слободна... не значи дека никој не те сака... туку дека неможе секој да те има!
     
    На Rubiii, Johny, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ми го скинаа интернетот. Да ти се мочам у Т-хоум. Сметката касни 10 дена и сакате одма да се плати. [​IMG] Решивме со мајка ми да го укинеме и да стаиме друг. Не дека друг би бил поарен, ма ајде бреее...

    Форумов ми фали највише на свет. [​IMG]

    У меџу времену еден куп дешавки.

    Изминатите денови толку многу невкусни работи, толку многу неправда. Низ какви нешта поминуваме ние средношколците што живееме во колективните домови. Со каков гнев се полнам на седумнаесет заради некои мочковци. СЕ НАЈЛОШО ви посакувам. Да поминете низ истата болка низ која минуваме ние, да видите колку боли кога некој така ги повредува вашите деца!!!!!!!!!!!!!!!!!!! [​IMG]

    Некни по долго време бев у парк. Ја видов таа таблата ПАРКИН до статуата со осаменото девојче. Минува времето Бу, а јас сеуште не можам да се помирам со тоа дека те нема. Фалиш да ме утешиш, да ми промрчиш, да ми кажеш дека ја знаеш вистината за мене. Паркот е празен без тебе. [​IMG] [​IMG]

    .. и следи уште една недела во која треба да соберам сили и да се соочам со оние мочковци. Нема бре, така лесно да ви се предадам.
    пичка ви материна :$

    Всушност, сумарум има уште една цела година во која треба да соберам сили за да ги истрпам.
    Постои ли таква сила која може да ме помири со вашата глупост и суета? [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Elennaa, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Уште едно сончево и топло утро. Се разбудив со зраците кои ѕиркаа низ мојот прозорец. Не ми сметаше, баш ми беше убаво. Па нели едвај чекавме да се стопи снегот? Е сега е Рајот.

    Пак ќе повторам: колку брзо минува времето. Не го ни сетив. Како вчера да беше Понеделник, а еве сега повторно. Сите го мразат Понеделников, а јас и не толку. И мене не ми се оди на училиште, ама ете. Понеделник како и сите други денови, работен.

    Веќе е 10 а јас си седам овде и си пишувам. Зарем немам друга попаметна работа? Имам ама оваа ми е омилена.

    Излегувам на балкон, ја вдишувам пролетта. Тој мирис, таа нежност и живост во мене буди преголема инспирација. Ех пролет-моето најубаво годишно време.
     
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Паре нису проблем, паре нема. :lol:
    Шо сакав да кажам.. Главата не знам кај ми е.
    Барај ова, барај она..Абе све да се купи. ц ц ц...
    Знаев дека ситници, ситници ќе ме коштаат цело богатство. :/

    Имам чувство некое дека се` ќе заборавам за на апсолвентска. Џабе и список имам, џабе комбинации планирани за идење (бај д веј мојот личен стилист-мајка ми ме снабди со облека и ми искомбинира-али ептен сум типка, мераци).

    Полагам во среда, имам еден бифши на ум, една симпатија на другиот ум, не спиена цела ноќ зошто ќе дојде еден другар да ми помогне со есејот шо ќе го пишуем.

    Кога дојде времето да се спремам за апсолвентска, кога ќе дојде за да тргам.
    Лета, бреј...

    Ви посакувам убав ден, цветен ден, безгрижен...
    А и даљинсково ми заглави на Миле Китич, се прашуем шо ден ќе беше ова?! :D
     
    На sanjalica, Doozy, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Денот кога утрото ќе те обои зелено :) Не чекорам, подрипнувам. И секоја будна минута ми вредеше.
    Создавам внатрешни извици на возбуда и убавина, такви кои само јас ги слушам.
    Не мора да е театрално или мамутски големо, за да е едноставно убаво и неделата ти почнува ама баш волшебно. Ветувачки.

    Не верувам во розеви очила, ниту пак розевата боја ми е поим за нешто убаво освен кога со неа се обоени цветовите. Во мене убави чуства будат зелената и жолтата боја. И секако белата. Ми внесуваат ведрина во што и да е.

    Планчиња и куферчиња. Живот на тркалца, не знаев како е, си велев - блазе си им. Е не баш. Ама јас го извлекувам најубавото од сето тоа, и најтажното. Секој јинг има и свој јанг, јбг. Искуство, колку повеќе гледаш, толку повеќе ги отвораш очите.

    И да, сериозно сум разочарана од музичката индустрија. Мислам дека треба да се воведе закон за музика и некои песни да се забранат - со закон! Ја навредуваат и намалуваат интелигенцијата на луѓето бре!
    Mick Jagger feat. J LO feat Will I AM - ако видам уште еден ваков featuring сериозно ќе си турам два прста у грло. Колку ниско падна Мик бре?!
    Или Мадона со M.I.A. и Ники Минаж?! Шо праат луѓево? Каков измет е сервиран на тв и радио?

    Не знам. А и не сакам да знам. Ниту да си го расипам денот. Напротив :)

    На здравје убавина! Морис Равел. Болеро. Балет. Пријатно и дослушање.

    http://www.youtube.com/watch?v=YpdFYhf3 ... re=related
     
    На Kaetana, bittersweet и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    4 кила помалку... добро напредувам :D
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Би сакала да постои некоја вага на која ќе можам да измерам колку ми натежнало на грбот.
    И ако можам да измерам во која мерна едница ке го изразам тоа?
    Што ми тежи повеќе?
    Тој, или помислата на него, тоа што е уште тука или тоа што ќе си оди, тоа што на моменти мислам дека можеме да сме заедно или тоа што и самата помисла колку губам ако сум со него ме ужаснува.
    Што тежи повеќе?
    Прекинатиот бакнеж за нашето последно збогум, или тоа што денес помина како да не ме виде, како да не сум била, како воопшто некогаш и да не сме биле. Па, може и не бевме никогаш. Може сето тоа е плод на мојата бујна фантазија, дополнета со прераскажувањето на нашите случки кои дополнително ги филувам, па дури и самата на крај верувам во нив.
     
    На Hayley, baguf4e и maja.kostovska им се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Човек еднаш сака вистински, се друго е навика, човек еднаш сака вистинки а јас веќе сакав, веќе го предадов срцево и тоа останува таму засекогаш, убаво е да сакаш а уште поубаво е кога таа љубов ти е возвратена, кога личноста што ја сакаш е до тебе и те исполнува, кога не дозволува ниту една солза да се лизга низ твоето лице, кога се обидува да те насмее.... усреќи.... :)
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да сакам... Кога сакам, љубам, со целото мое срце, со целото мое тело... Секој дел од мене љуби...
    Сега сакам некој мене така да ме сака.
    Да ме сака како што јас знам да сакам...

    Со одредени постапки периодов видов колку сум созреала... Почнувам и да се гордеам со сама себе... Редно време беше.
    Дома пред моите сум уште разгалена, за некои работи... Ама па, дур ми се може - ќе бидам...

    Убав ден, идам да го искористам...
     

    Прикачени фајлови:

    На IvanaMkd, bittersweet, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  15. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    СДК
    прекрасен сончев ден а јас веке се вратив од фах..смотана наместо да прошетам и да уживам во сонцето јас сум се затрчала дома да си дојдам.
    е сега дреми кети пред компјутер,наместо да седнеш да учиш ти си се зафркаваш.А незнам ни од кој предмет да почнам..имам толку мн за учење...дали ке ги дадам сите тие испитиии...дали ке мозам да поднесам за стипендиа :(
    Имам испит во петок а јас ништо незнам..ништоо ни еднаш не ја прочитав книгата :( .

    аа ете уште нешто сакав да кажам,сите од корист бреее...секој што може ке извлече нешто од тебее и после никаде го нема ни да те поздрави а не па на скупе да седне и да се јави ццц крајно разочарана сум од луѓето околу мене..немам со кој муабет да си направам...

    главата ми е на тристра страни ко да имам повеке мозоци внатре
    1.мислам на испитите
    2.мислам на еден будала што не заслужува..и уште не свакам зошто е таков..и кој остана да чека денес :@ офф јас и мојата пуста љубоморааа..се виде со онааа сигурно..ја мразам бе..ја мразаммм..грозотија светска па му се пика :devil: :devil:
    3.мислам кога треба да се видам со другарми
    4.Уште една личност ми се врти во глава која мн ме разочара :(

    се надевам ке се среди сее..ке си дојде се на свое место...ке исчезнат тие глупави и непотребни грижи

    едит имаше право другар ми срце мое само на него му верувам и само тој не ме разочарал досега...ми рече дека ти не си добра личносто,дека си само од корист и точно така ама јас понекогаш од мојата наивност ослепувам и ако нема некој што ке ми ги отвори очите само болка си нанесувам
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК
    [​IMG]
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Уште еден понеделник!!За разлика од повеќето,јас секогаш сум го сакала понеделник зошто ми е синоним за нешто ново,за нов почеток,па макар и почеток на нова недела.Но,денес не е така.Иако има сонце и тоа не успева да ме расположи.Ми се спие,едвај гледам и се тоа поради проклетите полагања.Единствено убаво нешто од сабајлево ми беше доолгото туширање,колку толку ми помогна да се опуштам,а млекото од јагодка ми ги отвори сите сетила.Се надевам дека денов ќе има добар завршеток и се ќе испадне како што треба.Имајте убав и сончев ден :)
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    [​IMG]
     
    На Rubiii, Johny, Izaabella и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Оваа недела сакам да ја искористам само за себе,и никој друг,и пробам да не се замарам со другите и да не ми е гајле што кој,кај,ке рече,ке се навреди,наљути итн.
     
  20. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Јас му се радувам на понеделников,не за друго знам дека течат оние 10 недели до распуст ^_^ :sun:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.