Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Human:I am not a robot
    Robot:Yes,you are.You are just more complicated :lol:
    [​IMG]
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Не сакам да ги испуштам од рака старите работи. Имаат скапоцено значење, си ги чувам во кофчеже. Таму ми стојат сувенирите, другите се длабоко закопани во мене, некаде се шетаат низ ганглионарниот систем. Не сакам да ги заборавам колку и да болат.
    А болат повеќе и од физичка рана, и добиен куршум збрцан во градниот кош.. овие се толку длабоки, силни.. неописливи. Некогаш знаат да ми закачат на јадица насмевка, некогаш како плима да дојде налив на депресија.

    Стари слики, без фотошоп, во боја со многу чувтства. Насмеани лица, блесави фацки и случајни потези. Без намера да се прикажат во јавност, туку да се овековечат моментите. Без фотомонтажи, ниту позирања. Скриени се во кутии под креветот, некои ми го красат ѕидот каде што ми се закачени сите слики кои ми значат и луѓе кои не се дел од мојот живот, и места кои нема повеќе да ги посетам и на денови кои не можам да им направам repeat. Колку и да ми будат емоции позитивни или негативни никогаш не сум помислил да ги распарчам на делчиња па да ги сложувам, ниту да завшат како преработка на хартија. Колку и да се физички возможни за допир, имаат големо значење.

    Не сакам да ги фрлам празните шишенца од парфеми. Ви се случило некогаш да додејте меѓу честиците од кислород случајно до мирис кој ќе ве врати некаде на патот до некоја крстосница. Или еве сега мирисот на лето, мирисот на јоргован, море, плажа, косена трева, зумбули..
    Колекција од мириси чувам на мојата полица, истрошени се речиси сите, но сеуште го има во нив оној древен шмек колку за момент да ме однесе во некоја друга галаксија, за момент..
    И да сакам да не се сеќавам повеќе на тие времиња, никогаш не ми текнало да го пуштам демек случајно шишенцето да ми падне на подот и да се распрсне затоа што престанало да води љубов со паркетот. Нека стои. Има моменти кога ме бранува носталгија, не ми смета да си ја накиснам маицата со солзи, ниту да се покаам..

    Грижливо сочувани во посебна фиока ми се споменарите. Иако немам некоја кој знае колкава колекција на шарени тетратки исшарани со уште пошарени пенкалца, графити, две имиња со ‘плус‘ меѓу нив или љубовни пораки. Измеѓу два листа сеуште ја чувам ружата од пред пет/шест години, а може и повеќе. По неа има потпис Со љубов. Безгрижна, детска и нежна..
    Ми развлекува насмевка секој лист хартија кој е пожолтен од старост, сама сум си го пишувала животот. Секој променет ракопис, индивидуален потпис, вкусот на музика, омилена бои/животни/земји.. сум се тркала со времето уште од стартната линија.. се изменил животот. Не толку драстично барем засега, но постојат мутации. Знам дека имав и тетратка споменар, ама другарките пишуваа во неа. Колку срамежлливи погледи беа подарени на дланка кога ќе треба да го пишеш името на симпатијата, па тоа убавезно беше со прашалници, точки или некои трети геометриски фигури.

    И сеуште немам намера ништо да поништам. Ги чувам грижливо иако не се препорачува живеење во минатото. Сакам да живеав во ист такт со него затоа што во мене буди еден нов Живот кој и онака нема да биде заборавен. Побитните моменти се тука.. врежани во мозокот, и да пробаш да ги распарчиш на делови, да ги скршиш, свиткаш и прецвикаш, да горат во пламен.. нема да успееш. Константни се.. како оклоп да иградиле на метар ипол и се бранат.
    Може и подобро е така..
    Here we are again, circles never end.
     
    На MandyLane, Oxymoron, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.304
    Допаѓања:
    158.255
    Денес гледам хаштагот на сите е #љубов. Ако мене ме прашувате...јас сто пати кажав дека е кад ти срце дрнда у теорија. Ама у пракса е...
    ...коа голта инает и гордост за тебе.
    ...коа ти го полни резервоарот без да му кажеш.
    ...коа ти вади лична карта без ти да се појавиш. Нема бе,таков е,способен,све ќе ти среди. Дури и невозможното.
    ...коа ти вика дека треба да јадеш.
    ...коа не те вози со 100 на кривина.
    ...коа возиш ти катастрофа и ти вика,добар возач си,а ти уплатил животно осигурување.
    ...коа надвор врне,а тој ти вика сончево е.
    ...коа ти пружа веш.
    ...коа си му секси и со нечипкана гаќа и у флекавата тренерка која си ја користиш само коа готвиш нешто незгодно.
    ...коа те носи кај другиот дечко без да приговара.
    ...коа купуваш илјадити пар чевли и тој ти вика,душо,мислам дека ти требаат уште едни,јас частам.
    ...коа те носи на ушка зошто те болат нозете.
    ...коа дупи гуми на тикварот шо ти го скрши срцето у средно. Е јбг,освета.
    ...коа ти купува влошки у најпрометниот супермаркет.

    #Љубов е комплицирана ствар уствари. Може да ти поквари ден,период. Да те намами,да намамиш ти со неа и ... толку. Куд кој мили мој. И треба да имаш муда!

    Нешто научив викендов. Мажите се глупи и прости и лесни. Ако немал секс нева ева,си се заебала. Или ако го имал поретко,а е алфа. Ќе те сака дур ќе те сака,го добил,ама после му се раѓаат апетити. Ако имал и е алфа,ќе изневерува од старт. Ако е малце понесигурен,а немал или ретко го имал,ќе те сака увек или ќе те сака дур ти не му раскинеш и ќе биде долго повреден и ваљда ќе го набилда егото коа ќе се пушти ептен у промет,ама ти ќе бидеш увек кучката шо му го скрши срцето, ако е понесигурен и го имал редовно,е*е увек само за себе.
    Лилит може е луда,ама не е глупава. Око набљудувачко. Кога ќе ти се соберат сто луѓе на куп, нема шанси да не ги изанализираш,па уште и кога ќе се уклопи период коа се некој раскинува,оќеш-неќеш ќе развиеш генерализација оти и како...

    Уствари денес хаштагот е бензин...Се мислам дали е финтата поише да се вози народот у новите автобуси. Ама еве сега си правев рачун,ми се наежи главава... ќе кампувам во центар,зошто овој трошок...трошок.
     
    На caroline.costa, Phyramide, Divinebutterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  4. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Еден час повеке спиење, одење во школо без ранец, сликање за алмонах, генерациска.Убаво беше да се видат сите деца од генерација на едно место, сложни како никогаш досега.Многу убав ден. :)
     
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    .................мљацкам :coffee: мириса на досада, ветрерот ме праше ли ме праше како наелектризиран прашко сум со милион честички од прав , бљак ,бљак.....
    Ако не друго добар ритам радиото ми фатило ми го годат ми го милуваат ушното тапанче.Тој мартинката ми ја нарекува МАРТОВКА :D , а јас него лудак :^) :) мој лудак,туку не видов ни еден штрк ни ќе видам изгледа не ја милуваат населбава па не го милуваат и ова парче небо во истата.
    И да љубов е кога ги објавува твоите постови на фб со содржина MARRIAGE, и ти доаѓа да го штипкаш додека не му станат модриците по телото видливи со голо око.
    Друго...
     

    Прикачени фајлови:

  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Mногу ми е жал за старите луѓе,бабенца и деденца :( Такви ми се срцки целите :lol:
    Во станот веднаш до мене,седат едни такви.
    Кога се вселивме,не гледаа накриво и едвај викаа добарден.Не знам зошто,нити сме правеле бука нити ништо,секогаш сме ги поздравувале,ај си реков некој терсене луѓе.
    Така се враќам пред малку од продавница,а дедото едвај се искачува по скалите и офка.Му реков јас добарден,а тој Комшивке добар ден,да ми помогнете да се качам ми падна шеќерот......Ми падна грев и заедно се качивме до горе :) На врата не пречека жена му и го искара зошто шетал а знаел дека му е лошо.Ме викнаа на кафе,а јас однесов од моите колачи и скоро два саати поседов кај нив.
    Тие се прекрасни луѓе ама судбината ги направила такви.
    Имале еден син,единец кој починал пред неколку години.
    Снаата не им давала на внуците да доаѓаат кај нив,едвај ги познавале баба им и дедо им. Уште ред други работи ми изнакажаа и ме понудија да им останам на ручек.Дедото касна од моите колачи ептен ги пофали,и рече е сега ќе ми се качи шеќерот :lol:
    Си плачеа тие,си плачев јас....ептен ме погоди нивната приказна.
    Од денес ептен си ги засакав :inlove:
     
    На Buttterfly, MandyLane, teddybear и 32 други им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Надвор е како летно утро. Како да се заглавило времето, па птичкиве не можат да престанат да се радуваат на новиот ден, сеуште си црцорат.
    Јас сум во некое недефинирано расположение, наспана, ама без посебна желба да ја напуштам оваа хоризонтала. Многу ми е монотоно последниве две недели, делумно заради фактот што пуштив корени седејќи над книга, а делумно заради рутината.
    Алиштата ми стојат на куп на столчето. Ме мрзи да ги здиплам. Кога треба да седнам, само ги собирам и ги фрлам на каучот. Хаос во соба, хаос во глава. Така некако му доаѓа.
    Уште никако да се научам да се сносам со денови кога не е по мое, кога некој ќе ми расипе план и знам дека неколку часа ми отишле во неповрат. А не сакам да го земам времето здраво за готово.

    Ми треба планински воздух, свеж јоргован пред зграда, народ, нови лица, нешто...
    Ама изгледа дека моменталнава, постзимска , блага депресија ќе ја лечам со големи оброци од Мек, и половична прегратка од дечко ми. И многу, многу лабави филмови.
     
    На MandyLane, LilBaby, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ау, не се живее во смешново време на смешни луѓе. :geek:
    Све сум во контакт со проста маса, дечурлана со побркани поими. Гледам профил на еден од осмо, и на една негова слика добил глуп коментар од девојче и одма курва ја направи. |( Ми скакаат по живци дебили од типот „сите жени се курви“. Па курва ли те родила бре дете? :^) Или најтрагикомичната работа денес, облеков хеланки на физичко и кога почнаа „омммггггг она е у хеланки, Перо, Перо, у хеланки е!“ :fubar: Да не треба да се замонашам господа? Да ви ги поштувам хормоните пубертетски? Да вежбам во фармерки на +40? Епа нема.

    ..
    Го видов него, кога излегував од школо. :) Ме погледна- раритет за неговиот карактер. Никогаш не ме фермаше. Па и каква карма имам, треба да кажам дека веќе не го сакам за да ме засака он мене. |( Али, нема поим колку е небитен последниве денови. Само битна ми е мамичка. Вчера плачеше. Онака, како јас што плачам кога ми е многу тешко. Се смешка кога ќе ја погледнам, а всушност бисери и течат по образите. Не можам да ја гледам таква. И јас се расплакав. Толку сум среќна што ја имам во мојот живот. Што е тука, до мене, кога и да ми ја треба, па и кога не ми ја треба. Се каам горко за сите пати кога и` кажав да ме остави на мира, да не ме замара. Мајка е тоа. Зборче од пет букви, но со неопишливо големо значење.
     
    На Cynthia и maca99 им се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првата македонска султанка и ќе ме викавте Величенствената...
     
    На Hipster, maca99 и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.710
    Допаѓања:
    43.745
    Пол:
    Женски
    A jaс што да кажам.Повторно пакување, тоа ми е најмачното нешто...не ради самото пакување туку поради фактот дека морам пак да си одам, а сакам да останам, да се љубиме секој ден под сонцево.
    Утре колоквиум,во среда пак, а јас се чувствувам баш онака како се да знам толку сигурна во себе, што мислам дека сега да ми речат сега ќе полагам...не дека сум скромна, стварно за тој во среда поима немам.
    Можда до времето е, кога е вакво за ништо немам грижи.
    Вчера му реков дека сакам да ставам тетоважа за него, ми одговори имало време...а јас сум сигурна во мојата желба...и да не остарееме заедно како што замислуваме, сакам да имам дел од него, како драг спомен, нема да е тоа нешто за кое сите ќе знаат што значи, навидум општа, а сепак да ме потсетува дека е среќен тој што умее да сака и да биде сакан.Зошто јас го сакам и кога сум лута и бесна на него и кога тој не е секогаш фин и кога не ми цветаат ружи.
    Јас го љубам и сигурна сум во неговата љубов, како сум сигурна, можеби интуиција, а можеби затоа што го гледам тоа во неговите очи, знам дека тој ќе биде татко на моите три деца и тоа ќе бидат најсаканите деца.

    А и сакав да кажам дека нема ништо послатко од радувањето на кученцето кога сабајле му отвараш врата да влезе во соба додека спиеш, а тоа жално ти квичка и мава со опашот.Душа.
     
    На Izaabella и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    8.711
    Ех каков викенд. Нирвана.
    Мајка ми, баба и дедо. Другарите, спасот од реалноста.
    Многу малку време за да ја споделам сета љубов со нив. Кроевме планови за пролетниот одмор, јадевме пастрмајлии и пиевме Скопско, се боревме со ветрот и се возевме по калдрмата на тесните улички.
    Вчера ручек на малото вештачко езерце и мирисот на штотуку паднатиот дожд, рај за сетилата.

    Зумбули, нарциси и иглички во градината, марулите на дедо, тестенините на баба, кафе на масичето во дворот, тишина, нешто што големиот град никогаш нема да ми го понуди.

    Денес им правам ручек на моите, а вечер...вечер патувам назад во реалноста.
     
    На antonina, Doozy, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Морам да седнам и да го згреам столчето, иако не ми се учи, ама морам стварно :|
    Мислам дека време е, ич не сум заинтересирана, смао спијам и шетам, а мојте само викат :| ,
    Дајте бре луѓе сега ако не шетам кога ќе шетам, на пракса не ојдов, стомакот боли корни :doh:
    Ова ПМС веќе ме уби, јадам ко свиња се и сешто, благо ненормално многу, во депресија сум падната она ептен. Ми треба неговата насмевка да ме врати во живот :(

    Имајте убав ден. :hug:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Можеби е лудо и чудно,можеби и јас сум луда и чудна,но и покрај тоа што ми се случи јас си се смејам и продолжувам напред.И покрај тоа што на еден човек за брзо време му станав целата на располагање.И покрај тоа што ми ја зема невиноста и што ме отфрли за брзо време,јас пак гледам на позитивна страна.Тоа ми беше лекција.Голема лекција која ми ги отвори очите!Научив многу благодарение на тоа ѓубре,посилна сум!И покрај се јас не дозволив да ме понесат црните мисли,не дозволив да ме победи болката.Денеска сум среќна што имам се што сакам.Излегувам и се дружам.Комуницирам со други машки,се смејам и се журкам за викендите.Оценките ги поправив,колку-толку.Запознавам нови луѓе..
    Само така ми е полесно,поубаво.Сега само знам дека нема да избрзам.Ке си оди се полека.Ништо нема да е сериозно,ни искрено,но убаво во секој случај ке биде. :angel:
    И не.Нема да дозволам да се затворам и да не излегувам.Излегувам и се дружам.И запознавам нови личности,фини и згодни...
    Колку и да е тежок..на моменти лош.На моменти убав..некогаш непредвидлив..тоа е живот..
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 95, што стои закопано позади куќата“
     
  15. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Официјално од денес сум паметна. :D
    После две години искуство како плавуша,сепак се одлучив дека паметот ми е поважен од косата,и станав повторно бринета.
    Фала многу довиџења.
    :emo:
     
    На CIA, Cacy, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Имам молба до моето внатрешно гласче, да замолчи веќе еднаш. Ќе биде подобро за сите. :)

    Секогаш, буквално секогаш ми се остваруваат лошите претчувства. Ни самата јас не сум свесна колку сум во право за некои нешта.

    И фала уште еднаш на неколкуте специјални личности кои секојдевно ми докажуваат како се успева во животот. Да си знам, не за друго. ;)
     
    На Divinebutterfly и maca99 им се допаѓа ова.
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Би сакала да бидам во спротивна насока од моменталната состојба..знам дека никој неможе да биде комплетно среќен..но јас сум тотално несреќна..дома,кавгии и расправии за оние проклети пари :@ неможам да слушам повеќе караници..неможам! :doh: ... единствената причина за која би требало да се радувам е повторното твое доаѓање..но не, наместо да се радувам јас умирам во себе..зошто ја направив ,,онаа`` грешка..зошто?!?! Ќе те загубам и тебе..знам..не гледам ни една светла точка...се ми е така црно..знаеш ти си единственото нешто што всушност го имам...но не за долто..те губам знам..уште еден пад...никој неможе да претпостави што се се крие зад оваа лажна насмевка..никој! ;( проклето ми треба некој да ми каже дека се ќе помине..проклето ми требаш љубов само во твојата прегратка се чуствувам заштитена од се :doh: ...
     
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Девојки ќе ве замолам некоја од вас ако знае добро англиски, нека ми пише во лп, ми треба мала помош околу една вежба.. Thanks a lot!

    п.с Намерно не пишав во темата за англиски јазик, затоа што итно ми треба, а СДК е најчитана.. Се надевам нема да ми го избришете постов...
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке заглавиш по болничките ходници нема излез :x
    мислам дека ни во Тунгузија немаат вакво здраство како нашето, и после сме сакале да одиме во Европа, мижи да ти баам е работава
    3ца лекари да прошеташ за да конечно дознаеш што ти е , и ако треба да примаш терапија-во случајов да ми направат алерго тестови и да примам соодветна терапија, оти ова не се издржува :worried:
    аман со овој нос што не се опоравува никако, и со овие очи што постојано солзат :@
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    2.473
    На srcekrsacka, Johny и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.