Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    „Молчев. Не сакав времето да ги чуе моите молитви, да ги раскаже на северните ветрови, а тие да ги исшепотат некому. Незнаев што да направам со последното парче душа - беше безвредно. Тогаш, направив пакт со ѓаволот. Продадов се’ што ме правеше човечна и избегав од земниот рај. Живеев зад портите од пеколот, скриена во прегратките на алчноста, лакомоста и себичноста.“

    Мхм...
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    И повторно разочарана.Уште една моја животна лекција.Уште една награда за мојата добрина и наивност, но како и секогаш така и денес-горчлива.Повторно ми одѕунуваат зборовите на татко ми : Промени се! Се додека правиш добрини и мислиш дека сите ти мислат добро како ти нив, до тогаш ќе страдаш! Да, секој пат ветувам дека ќе се променам и секој нареден пак истата приказна.Иста приказна, нови ликови.Пред 2 години го искусив ова, а еве сега пак.Неможам да кажам дека е со истата мера, но и овој пат мојата добрина е искористена.Пак правам грешка во проценката на луѓето.Неможам никако да сфатам дека денес секој живее од корист, па дури и најблискиот.Никој не те гледа како човек туку како предмет на кој што му се бараат намени за што да се искористи.А јас често сум гледана како предмет.И овој пат повторно ставав рака во оган.Делев се што имав.Се правев слепа иако доста добро ме служи видот.Земав на свој грб голем број на обврски.Преќутував доста работи, а понекогаш и се правев глупава за нели да продолжиме да живееме во идила.Моите замерки и проблеми никој не ги слушаше а и да беа сослушани нели ќе беа погрешни.Секогаш сум јас таа што не прострадала во животот, која што не видела мака.Угнетувана и кривец за две личности – повторно јас. Иако сум една личност сносев последици за две.Секој револт истурен врз мене.Добро вели поговорката – Кога неможеш по магарето удри по самарот. Да според оваа поговорка дури и самар станав.Но ако, јас не го согледував сето тоа, или не сакав да го согледам.Сакав да помогнам.Се што беше во дометот на моите способности правев.Барав секако начин да помогнам.На моменти знаеше да ме фати лутина и те како, затоа што јас изгледав позаинтересирана да го решам проблемот него ли таа.Но свако чудо за три дана , па така и ова – заврши.Пролета -нашиот почеток, летото- некои уживања,есента-пакувањето ,се помина и на крај дојде зимата.Овој пат беше ладна,сурова.Како се да избриша.Летото,пролета,есента ги немаше.Се заборавило се.Оние лисја кои што и помагаа да остане на гранката подолго време ги заборави.Ниту едно јавување,порака немаше.Иако не признавам ме боли.Оваа зима навеа снег што ми го замрзна срцето.Заборави се што некогаш правев.Ги заборави солзите и дуелите што ги имав поради неа.Не сакам ордени за добрина или храброст да ми се доделат, сакам малку почит и благодарност- но изгледа и тоа е многу.И додека очекувам да добијам и најмал сигнал, тој сигнал оди кон некој друг.Не, не се лутам за тоа.Неможам да кажам дека не и помогнал, но колку и да и помагал неможи колку јас, затоа што тој не се држеше со неа на гранката.Не беше тој што и даваше сила да остане подолго и да се задржи од силниот ветер што дуваше со месеци.Лажам, да лажам а и тој го знае тоа.Секој збор изкажан дека ми е свеедно што е така е лага. Сакам да вриснам и да ми олесни на душата.Да кажам дека ми е криво што ми се враќа така.И сега после поминати недели пак се навраќам на зборовите од татко ми-Промени се ! Да време е за преобразба.Доста страдам.Не сакам веќе да бидам искористена а потоа како крпа исфрлена.Сакам некој да го цени тоа што го правам за него.Не сакам ништо за возврат, само насмевка и поглед исполнет со благодарност.
     
    На calliope, Nevermore, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Многу сум наивна.Немам самоконтрола!!!!
    УУФФФФФФФФ се пцујам самата себе и паметот си го пцујам.Да ти е*ам паметот да ти еб*ам!!!!!!!
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    8.927
    Пол:
    Женски
    СДК тој ми прати покана за пријателство. Ја избриша во рок од три минути, но ја видов.Стоеше таму.Дури и принт скрин и направив...
    Што ли сакаше да каже со ова? Ми го гледа ли профилот? Мисли ли на мене?
    Боже, зошто ли го направи ова...Зошто ми ги врати сите спомени назад?
     
    На MandyLane, Adi888, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ова е навистина точно. И не само кога се однесува на машко, туку и на која било друга личност која и покрај се’, пак ви се насмевнува и се однесува убаво,
    а вие со секоја нејзина насмевка и убав збор добивате уште еден жежок шамар и ви се пара душата за непромисленото однесување и нанесената неправда.

    Денес можеше и требаше да биде убав ден, среќно и опуштено поминат со најблиските, исполнет со љубов и насмевки, доколку јас не го уништев. Посакувам или денов, ваков како што беше, никогаш да не се случеше или да беше како што требаше да биде или мене да ме снемаше за да не расипам се’.
    Илјада пати се проколнав, илјада пати посакав да ме снема и никогаш повеќе да не се вратам.
    Сфатив колку многу сум слепа и глупава некогаш, колку само не размислувам или пак површно размислувам, колку само некои работи ги гледам површно, а не суштински; колку само сум грешка кога ја гледам едната страна на нештото, колку само сум некогаш ситничарка и се зафаќам за безвредни работи, а притоа не гледам дали и колку некого повредувам. Колку само некогаш сум заслепена од својот инает и тврдоглавост
    се плашам да не се претворам во себична кучка
    , колку само сакам да докажам дека сум во право, а не сум, а не гледам дека со тоа повредувам некој, а тој некој ми е најмилото нешто нешто во животов, некој за кој и животов би го дала.
    Не заслужувам ништо од неа повеќе, ништо! Се однесував како најголем идиот, сега ми доаѓа да си умрам од мака, а долго се немавме видено, а јас испаднав најголемо гомно. Како и да е, таа ми докажа колку голема душа и срце има, колку е само зрела и паметна за нејзини години, колку е само стабилна и колку добро размислува, колку добро знае да ги процени и вреднува работите, а јас со тоа добив еден жежок шамар за да ме освести колку само бев плитка! За уште повеќе да го почувствувам тоа, таа ми прости и се насмевна како ништо да не било - доказ колку голема душа има! Плачев, рикав како магарица, се проколнував себеси дека се’ расипав, дека го уништив денот на сите, дека сите ги изнервирав, дека сите плачеа поради мене, дека иако имам 22 години џабе ги имам-кога се однесувам незрело и глупаво. Никогаш во животов не сум се чувствувала позасрамено и помизерно, поневредно и понечисто. Јас треба да почнам да учам од неа!
     
    На MacaLove и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК невозможно е човек да има потполна контрола врз нештата кои не зависат од него, освен да ги остави да се одвиваат онака како што треба, а може да има само кога ќе зависат од него, инаку џабе е трудот.Затоа што треба да се случи, ќе се случи, без разлика дали ние сакале или не сакале, а некогаш се случуваат и нешта кои можеби и не ги очекувал, па нема избор и останува на тоа да ги прифати.А она што не го прифаќаме, токму тоа ни се случува.Животот е енигма и човек се нешто ново може да открие и научи.
     
    На julie77, NoellePage, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  7. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    СДК.конечно после толку време и јас да ја почуствувам среќата...ахххх тоа прекрасно чуство..одамна се немам почуствувано вака убаво,среќно,исполнето...се надевам ова ке трае подолго..среќна сум..моментално си седам на фемина и уживам :) чудно е како може малите работи да го направат човек среќен сакам да излезам надвор на викнам на цел глас...да врсинам од среќаа онака најсилно..и нема некоја си посебна причина за мојата среќа .едноставно ете така решив да не се замарам за луѓе што невредат...отсега ке се грижам само за тие што тоа го заслужуваат....ДА ..одлучив веке,време е за нова промена..што ке ми го промени и животот..време е да станам посилна..да не сум онаа наивна личност што сите ги сожалувам и им простувам дури и на оние што ми оставиле длабоќи рани ви душава..аа зоштоо?? за да накрајот пак бидам јас онаа што е повредена и разочарана ..а нее нее ...доста бешее...решив да уживам во мојот живот,во моите 20 години...да ги исполнам со среќа..да чекорам гордо и исправено,да не потклекнувам на секоја тага и тешкотија....да ги срушам препреките пред мене и да се упатам кон мојата замислена цел..кон мојата животна желба...добра ви нок на сите имајте слатки сништа |-) |-)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.254
    Оркански,мисловен ветер.
    И несоница...
    Желбата ми е да сум во Ирска и да собирам пролетни билки и да пишувам книга...ништо повеќе.
    Март...ти благодарам.
    Гудбај Пикасо,Хелоу Дали.
    Нов момчак...ма не,маж. Ете тоа само слушам,се уште не сум видела...
    Јас и уште еден човек ... сме бран свежина и создадени за немири по туѓи умови. Едначења до бесконечности. Бизарни,смешни...луди.
    Која храброст...
    Гудбај Исак...
    http://www.youtube.com/watch?v=tXQzAApb ... re=related
     
    На thelittle17 и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  9. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Добро утро на сите...јас одам да полагам...имам колоквиум :D ништо незнам. Wish me luck :* :* :* :*
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...деновиве се чувствувам многу убаво.Како да сум се ослободила од нешто што ме спречувало да си го живеам животот нормално.Знам дека тоа е заради тоа што се ослободив од него.Не можев повеќе, едноставно, сфатив дека не вреди.Јас не заслужувам некој како него, не сакам некој како него-да треба цело време да мислам со која женска е во моментот и дали јас воопшто значам нешто во неговиот живот.А сега, трча по мене, ама касно е 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=O_olOABXvbY
     
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Утрински горчини и избледени соништа, заборавени, скриени во аголот од собата заборавени од секого а најмногу од мене..
    Да можев да бирам.. Да можев да направам правилен договор ..
    Договор помеѓу анѓелот и ѓаволот, анѓелот да стави многу шеќер во кафето, а ѓаволот да го прави најгорчливото кафе. Јас сакам благо кафе. Сакам благо и горчливо. Понекогаш ѓаволот го прави кафето премногу горчливо, а анѓелот заборава да стави шеќер, а јас.. Јас немам друг избор, освен да го испијам кафето, зошто друго кафе нема, а јас без кафе неможам...
     
    На AnimeHQ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Разнежнета до срж. Онака, ептеМски. Кога најблиската другарка ќе ти каже преубава вест. Кога се враќаш дома и те чека изненадување и убава порака, плаво на жуто. Кога ти пишува - каде си. Кога те потсетува, дека треба да се видите затоа што и недостигаш. Кога киваш стотка на саат, едвај дишеш и сепак ги поткреваш цвикерите и успеваш да ги отвориш подуените очни капаци и да се осмелиш да погледнеш во цветчињата расцветани и да си речеш - ех ама е убава пролетта. Кога едвај чекаш, да дочекаш.
    Кога мижиш и си велиш, ова е тоа! А сетилата ги пушташ на квалитетно пасење. Кога си одиш и веќе во истиот миг помислуваш кога да се вратиш.

    Баш така Лилит :nod: љубов е кад ти срце дрнда, во секое време, за што и да е. Не е љубов само фатени две раце, каде си ти до сега?, која ти е оваа?, зашто не ми се јавуваш?, ќе останам вечерва без модрица?. Како може да биде љубов нешто што те тера да се мрштиш и да пуштиш солза? Да живееш во страв? За мене од тоа другото, дрндачкото ве молам. Со едно лажиче шеќер и со млекце ;)
    Дајте ми цвикера да седнам и да не го пуштам поленов да ме ремети.

    Можда е илузија, ама ако знаеш да ја претвориш во миг, ако знаеш да ја живееш, станува песна. И лесно ветре кое те гали. Нежно, понежно здравје!

    Мх! :$

    http://www.youtube.com/watch?v=jCo5B0YseBc
     
    На IvanaMkd, ljubam, Bright и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Ми треба одмор, изморена сум. Плус главата ужасно ме боли, а јас на работа дремам. Сакам да сум дома во кревет и да лежам и да гледам во плафон, да кулирам :)
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    велат дека никој не може да те уништи како што сам/а можеш, и вистина е така
    разгледувајки го новиот Орифлејм каталог, видов убава маска за лице ги спречува брчките и тн(женско ко женско) и си велам е ке ја нарачам после ми текна дека за од 35тата година па нагоре :tmi: рано ми е сеуште за тоа, не сакам природниот колаген да ми опадне е тек тогаш ке имам изразени брчки, и ништо нема да ми помогне, а што почнаа да ми се појавуваат од тие поцрвените мозолчиња , незнам ни дали лосионот Јангдерм ке ми помогне за да ги снема :worried: а :!: користам крема за лице од козјо млеко-ко божем за чуствителна кожа(двојно поскапа е од таа од камилица, и од алое вера)
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Имав слобода, си играв со децата на ливадите, во парковите. На зелената трева секојдневно се слушаше мојата детска врева, мојот ѓагор, секое утро, рано наутро , после убавиот сон брзав за на училиште, пред да се чуе школскиот звон.
    Учев вредно, се трудев, пишував домашни, се трудев да бидам најдоброто дете од сите, сакав да успеам и во животот, секако, не бев и не сум совршено дете, девојка, и јас имам свои мани и доблести!

    Секоја веќер размислував што е најдобро за мене, кој смер да запишам на факултет -одлучив, се спремав за примен, дојде денот да се запишам на факултет, нешто скрсна, се случи неверојатен пресврт во мојот живот, во животот на моите најдраги, и што се случи? - морав да се откажам од факултет бидејки неможеа моите да ме издржуваат во Скопје! татко ми доби отказ од работа, мајка ми не работи, и без ни една плата во куќа! само јас, ние знаеме како ние е!
    секој ден ме прашуваат „а ти зошто не се запиша на факс, нели ке одеше!!??“ ! - МА НЕ МИ Е ГАЈЛЕ, НЕКА ЗБОРАТ СИТЕ ШТО САКААТ, ЈАС ЗНАМ ДЕКА КЕ УСПЕАМ, СО МОЈАТА МАКОТРПНА РАБОТА ВО ЖИВОТОТ!!!

    Бев преломена, но, нешто ми даде сила да продолжам напред!! - имав прекрасни спомени од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството, можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. ..

    Навистина, и јас често се прашував, зошто ова мене ми се случи?? Прашање на кое нема одговор... :?:
     
    На Hopeful и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cдк положив,феминки положив за возачка :rofl: :rofl:
    Mинатиот пат паднав и плачев како крава,истото и денес го очекував,си имав спремано салфетки од дома,во случај да паднам и да почнам да плачам :D
    Hаправив ситни грешки,но ме пушти човекот :dance:
    Kе пукнам од срека :$

    Bетив дека ке частам нели? :wasntme:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Tралала лалала :dance: :dance:
     
    На Hopeful, Divinebutterfly, macence85 и 26 други им се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    По тешката борба, ќе победам :angel: .
    Ме нападна со тежок удар, ми зададе длабоки рани, ми забоди нож во срце... Ама не успеа доволно.
    Ќе се борам до последниот здив и секогаш и јас ќе ти задавам удари!
    Беше силен еднаш, ќе ти вратам три пати повеќе!
    Никој и ништо не може да ми го одземе Највредното од срцето. Никој!!!

    [​IMG]

    Можеби некогаш се ни изгледа мрачно, сепак постои светлина. А таа ќе не огрее кога најмалку очекуваме :f: .
     
    На JaneAusten, bittersweet, Hopeful и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека се бутнав во едни фармерки од почетокот на 7мо одделение. Ептен се радувам сега. :D
     
    На JaneAusten, anabel-a и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Шекспир рекол: "Секогаш се чувствувам среќен. Знаеш ли зошто? Зашто не чекам ништо од никого. Да чекаш секогаш боли. Животот е краток. Затоа сакај го животот, биди среќен и секогаш смеј се. Живеј за себе и запомни - пред да зборуваш - слушај, пред да пишуваш - мисли, пред да повредиш - чувствувај, пред да мразиш - сакај, пред да се предадеш - обиди се! пред да умреш - Живеј!

    Драг мој Шекспире, би те љубнала во чело да си ми тука сега. :*
    Мојата крвава бара меѓуножна е совршена за одгледување саламандери и огнени аждаји. Мириса на мекици во кујна, речиси како да е сабота.
    Знам да искомбинирам толку грозни дејствија, од менструален циклус, до кафе со кејф и мед и ужас на подочњакот што од втора смена решил да ме дружи и денес.
    Среќна сум. Многу. До степен на будалаштија и гледање фудбал и лапање палачинки до ненасит само зошто така ми доаѓа. Успеав да не јадам вчера вечер, и со тоа да се збогувам со мојот хедонизам макар на неколку дена. Морам да станам морнарски спремна, како ќе пливам со гума на појас? Па то све треба да се очисти, да се стопЕ. Нормално, поддршка добивам секогаш од љубовта и од фрижидерот. Ми вели - немој, не јади во 1 по полноќ.
    Стандарди на секојдневието.
    Чекав и дочекав.
    За први јуни ќе бегаме за Венеција преку Визер. Се надевам дека нема да ни се исподесат куп глупости како за пред Париз. Идејата уште тлее, но мене многу ми се сака тридневна авантура! Не за друго, топло ќе е, ќе исончам газе и ќе си купам стаклени обетки од Мурано.
    Сакав да кажам - љубете. Пред да се избанализираат сите нешта и станат како постмодернистички искасапен краток филм, љубете.
    Комшии, браќа, сестри, другарки, другари, случајни минувачи и мачки, па и сегашни и бивши љубови, мислете на тоа што сте имале и имате и никогаш нема да сте празни.
    Енергија утрово, замавнува по прозорци. Не ги бришам, само со прстето ќе нацртам едно срце. Искривено.
    И во него иницијалите наши.
    Колку да почне денов со Сонце во нашето постоење заедничко!
     
    На JaneAusten, ines.h, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    [​IMG]
     
    На JaneAusten, CaperucitaRoja, ViktorijaMari и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.