Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764

    oo бравос....ајде сеа ако си немаш кола ..да си купиш една онака убава по твој кејф..и само среќа нека те прати на патиштата

    сдк.
    решив денеска да си дадам одмор на душичкава..да не одам на факултет и онака убаво да си се најспијам...се осекам одморено,полна со енергија за новиот ден.
    добро утро феминки имајте прекрасен ден :D :D
     
    На srcekrsacka и wolf4e им се допаѓа ова.
  2. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    сакам да кажам дека ми е смешно тоа што некои го мислат за мене! Искрено, незнам ни што значи зборот што наводно ме опишува најдобро!
    .. ќе си ги следиме и сите анонимни чекори од сега, stalk much, eh?
     
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Жално е што луѓето ништо не ценат. Ти ќе им дадеш се, а тие ќе ти го завртат грбот без размислување.
    Какво време дојде, секој гледа да искористи повеќе, да си се снабди самиот себе со тоа што му треба, а за другите окото нема да му трепне.
    Денес постојат луѓе што ќе те гледаат како умираш, а нема ништо да направат.Жално, но вистинито.

    Но во сите тие милион луѓе што не би ти дале рака за помош, ќе се појави еден што би дал се што има за само ти да си среќна.Прекрасно е тоа чувство кога ќе те прегарне и ќе ти каже: "Не плаши се, јас сум со тебе" .. Прекрасно е чувството кога знаеш дека имаш на кого да се потпреш, без разлика што се случува околу вас.Се разочарав од многу личности, но само една личност ми покажа дека не се сите исти.Дека има луѓе што би дале се за тебе. Би ти го дале своето јадење, а тие ќе нема што да јадат. Треба да научиме да кажеме благодарам на луѓето кои не сакаат и сме им се во животот.
    Без него мојот живот не би бил ваков каков што е.

    Да не пробав никогаш немаше да го имам оваа прекрасно чувство и да пишувам сега овде за него..
    Затоа пробајте. Не можете ништо да изгубите, а можете многу да добиете.


    Подарете љубов за поубав ден феминки. :l:
     

    Прикачени фајлови:

    На thelittle17, Hopeful и lovely92 им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Јас навистина незнам што ли ми се случува,да добро бе зошто сонувам такви дебилски работи? Зошто кога се присетувам на нив се чувствувам како уште поголем дебил? Но,не е се така црно :!:
    Поголемиот брат во јуни заминува во Америка и сум многу среќна поради тоа,и онака цела младина ни замина нека оди нека прошета барем знам ќе се врати,а јас уште од сега со листа на работи кои сакам да ми ги донесе :D
    Денес би требало да е задоволителен ден, а како и не би бил,работите одат на подобро,денес можам да си дозволам шопинг,денес сум жениште возбудено,па како и не би била,не можам секоја недела да купувам работи 8)
    Фала мама !
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Што убав ден убав убав најубав . Од кога не сум имала ваков почеток на денот среќен , весел , фин сонце мераци еееј што убаво ќе си се избањам ќе си се средам и подготвена да рушам рекорди :lol: Ми се пее ми се вика ми се игра тоа и правам во моментов убаво ми ееее имајте најубав ден ситееее :*
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За среќа, или за жал, природата ме обдарила со многу јака интуиција.
    Што во одредени ситуации знае да ме стави во предност, па да бидам подготвена за она што следува, ама некогаш знае да ме разочара и да ме стави во депресија. Често несвесно ги предвидувам идните настани, а се чини дека тој внатрешен глас едноставно никогаш не греши.

    Отсекогаш ме интересирал тој дел психологијата, па не ретко читам статии, гледам емисии и пребарувам информации за оваа способност, која според многу психолози ја поседуваат само жените. Можеби повеќе ни е развиена десната хемисфера од мозокот, која е одговорна за овие вештини, а можеби жените свесно или несвесно повеќе се фокусираат на нејзино развивање, па со тек на време, интуицијата им станува јака страна.
    За да се искористи, не е потребно само да се поседува, туку и да се следи. Не е баш лесно да скршнеме од веќе однапред определените планови, само затоа што сме го почувствувале внатрешниот глас и чувството на одвраќање.

    А јас повеќе не сум сигурна дали ова „шесто сетило“ е дарба, или проклетство.

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hopeful, L-enna и 9 други им се допаѓа ова.
  7. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    СДК положив, мајке ми ! Волку многу арно, не е на арно, ама ако нека трае. Опасен муд ме држи веќе недела дена и кога сум сама у соба си се смеа, ми текнуваат моменти и на глас се кикотам :!:

    Сватив дека, се е до психа, сам ќе си врежеш дека ти е прекрасно, само цврста воља и ќе успееш во секоја замисла.
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Сакам да кажам..
    Последниве неколку дена се чувствувам многу уморно, исцрпено, бескорисно.. |-)
    Немам енергија за ништо, се’ што сакам да направам - не излегува како што треба, ништо не ми е интересно... Си имам некој внатрешен немир што ме држи затворена дома...
    Или планетите не ми се убаво распоредени :D :D

    Битно е дека имам желба за промена, нема да заглавам! I promise! 8)
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Има ли некој што побрзо од мене кине хулахопки :@ ! :?: апелирам да се измисли некој посебно некинлив матријал за да не шетам со полу дупнати низ градов :yawn:
     
    На stylishh, srcekrsacka, CrazyStupidLove и 2 други им се допаѓа ова.
  10. lovely92

    lovely92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Колку убаво ми почна денов, расположена си бев и се супер додека една другарка ми се налути затоа што сум имала поразлично мислење од нејзиното.. не ми се верува! Само си кажав дека мислам поинаку и се налути! За какви глупости се лутат некои луѓе :@ и и вртам на мобилен да разговараме, да не се лути за глупости и не ми дига! грр... а треба да учам, утре полагам.. не можам да се сконцентрирам :worried: што да правам сега?
     
  11. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    :D Инес ме изнасмеја,не знам лек за тој проблем,а го имам и јас ,плус ке излезам од дома гланц се перено,пеглано,додека поминат 15 мин јас сум со некоја флека,размачкан римел итн. не знам шсто се случува со мене :D
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    дали некогаш ќе се отвори темата сакам да прашам :emo:
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ПАРАДОКСОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

    Имаме повисоки згради и пошироки улици,
    но затворен карактер и ограничено мислење.

    Трошиме повеќе, но имаме помалку,
    купуваме повеќе, но уживаме помалку.

    Имаме поголеми куќи, но помали фамилии,
    повеќе удобности, но помалку време.

    Се здобиваме со повеќе дипломи, но имаме помалку разум,
    повеќе знаеме, но помалку размислуваме,
    имаме повеќе експерти,но сепак повеќе проблеми,
    повеќе лекови, но помалку здравје.

    Пиеме премногу, пушиме премногу,
    трошиме неодговорно, премалку се смееме,
    пребрзо возиме, премногу се лутиме,
    седиме до доцна во ноќта, а стануваме уморни наутро,
    премалку читаме, премногу гледаме телевизија,
    и многу ретко се молиме.

    Ги зголемивме нашите богатства,
    но ги намаливме нашите вредности.

    Зборуваме многу, љубиме малку,
    а мразиме премногу често.

    Научивме како да преживееме, но не и да живееме.

    Му дадовме години на животот, но не и живот на годините.

    Се качивме на месечината и се вративме назад,
    но имаме проблем да ја преминеме улицата и
    од спротива да ги запознаеме нашите соседи.

    Го освоивме надворешниот свет, но не и внатрешниот.

    Направивме поголеми работи, но не и подобри.

    Го прочистивме воздухот, но ја загадивме душата.

    Го совладавме атомот, но не и своите предрасуди.

    Пишуваме повеќе, но учиме помалку.

    Планираме повеќе, но постигнуваме помалку.

    Научивме да брзаме, но не и да чекаме.

    Создадовме повеќе компјутери за да содржат повеќе информации,
    да произведуваат повеќе копии од вообичаеното,
    но ние комуницираме се помалку.

    Овие се времиња на брза храна и споро варење,
    големи луѓе и слаби карактери, длабок профит и плитки односи.

    Овие се денови кога дома две плати се делат, а разводите се множат.

    Овие се денови на убави куќи,
    но и време на повеќе уништени домови.

    Овие се денови на брзи патувања, отфрлена моралност,
    угоеност, еднодневи претстави.

    Ова е време кога има многу на излозите,а малку во магацините.

    Време кога технологијата може да ви го донесе ова писмо,
    и време кога можете да одберете дали
    ќе го поделите со некој или само ќе го избришете.

     
    На Hopeful, Dazzle и Danilela им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Она мизерното чувство кога полека но сигурно се наближува колоквиумската недела, а ти немаш абер да фатиш книга. :tmi:
    [​IMG]
     
  15. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ако ти си тоа што јадеш,тогаш денес јас сум еден голем чоколаден сладолед со лешници! :) ^_^


    [​IMG]
     
    На fashionista му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Во нашава држава во болница можеш и да умреш и ниту еден доктор да не ти пријде. Крајно сум разочарана од односот на медицинскиве лица. Пациентот е ко пинг- понг топче го маваат лево- десно. Најлесно е да кажеш не си мој пациент чекај си ја твојата докторка, која патем е на одмор месец дена.
    На крај те испраќа старецов со -па млада си, убава, згодна, поглед кој шета горе - долу, а снимањето е - Е па и ти не е страшно да ти го пикнат. Браво за односот!

    Чувајте си го здравјето, убаво велат старите - Еднаш ли тргнеш по тие врати, нема крај.
    Се надевам моево ќе има крај :worried:
     
    На teddybear, Hopeful, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    заштитниот слоган на клиниката Филип втори е
    имаме лек и за скршено срце :rofl:
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Една од причините зошто го сакам форумов е тоа што можеш да се вратиш назад. Назад низ старите мислења, па ми текнува како тогаш сум се чувствувала, што се случувало, ми било тешко, па сум била среќна, па моментите кога се верив, па честитки... Можеш да си направиш еден тајмлајн тука, далеку поинтересен од фејсбук. :)
     
    На LittleFairy, Hayley, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  20. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам дека сум многу среќна дека сум дел од форумов.

    Сакала/ Несакала, многу работи можат да се научат тука.
    Има толку прекрасни ликови, да ти е мерак да ги читаш. Тука нема убавина, нема шарм, нема насмевка - или знаеш како да се изразиш, или си личност која нема прочитано книга после “Зоки-Поки’’.

    Како и да е, доволно ми се само 30 минути во “смешни мислења’’ за да ми донесат насмевка - no matter how лош денот ми бил. :wasntme:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.