Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Посилниот од тебе со сила ќе те убеди дека црното е бело, а белото црно... во очи ќе те прави будала...
    Е тоа сакав да го кажам, силата и моќта прават се’... не за џабе викаат: посилните победуваат и тие ја пишуваат историјата!
    Сра*е! |(
     
    На Elennaa, la-chicka, Simonna7 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Иако не ја напуштив зградата баш задоволна, шушкањето на жолтите на самиот крај ми ја насмевна душичкава. И сфатив дека и покрај тоа што работите ќе стануваат се‘ потешки, најтешко од се‘ е да започнеш. Откако еднаш ќе отскокнеш од даската, полетуваш и ти се чини можеш да го зграбиш светот...

    ....иако дланките ти се помали од најмалото, потопли се дури и од јунско сонце затоа што големото срце е она што ги подгрева.

    Не се откажувајте. Сите соништа се остваруваат.... порано или подоцна.
     
    На crazylady, Mini-Mouse, blond и 15 други им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да се шетам по сувите лисја..... :inlove:
    Ама, внимавајте, лесно може и да се слизните на нив. :rofl:
     
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Најубава стана и официјална тетка, да е жив и здрав, и голем да ми расне внукот.
    Одам да славам вечерва и утре, од задутре натака ќе се частиме :party: :dance: :party: :party: :party: :party:
     
    На LilBaby, Monna.Monna, Divinebutterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Малку го запоставив форумов, признавам, но обврските си го прават своето. :worried: Веќе од се ми е преку глава. :x

    И не ми се верува дека после толку време, уште ме мачи истото... Уште се казнувам себеси, а си повторувам дека сум силна и дека морам да издржам.
    Си дозволив премногу, но и тој си дозволи. Го повредив, но не ми остана должен. Ми покажа дека може и повеќе, ми покажа дека може да ме згази и повреди само со неколку зборови.
    Тој знае како да ме направи да се чувствувам најубаво, но и најмизерно. :)

    Сакав многу, веќе сум уморна. Исцрпена сум од СЕ. Од лицемерие, лаги, ладнокрвност... Уморна сум од истите разговори, од солзите, од таа несигурност во срцето.
    Уморна сум од неговите тешки зборови.
    Ова нашево веќе не е љубов, знам...

    Се се враќа... тој ми го кажува тоа често. И кога не кажува ништо, знам дека не го поднесува моето присуство.
    Згрешив многу, но не постои заборав на сето тоа. Сепак мислам дека платив за се, платив дури и прескапо. :|

    И сега сакам сево ова да престане. Сакам да е само лош сон, некој да ме штипне и да се разбудам. А не сакам и не можам да го мразам, го знам тоа. Тој остави вечен белег во мене, кога ќе се сетам на нашите најубави денови плачам како мало дете. Солзите течат, и тие ме болат веќе. Лажам кога ќе кажам дека не ми е гајле. Ја мразам маската на моето лице, мразам да глумам пред другите. Спомените неможе никој да ми ги земе, но чувствувам дека јас и тој се повеќе се оддалечуваме.
    Крајот се гледа, и се би дала да можам да го променам тоа. ;(
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    На Divinebutterfly, maca99, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК:

    -добре ми дојде црвена точкичке :)

    -кога чув што им се прави на девојките по фирмиви за работно место(да ке те примиме, ама биди на повик
    ми се :puke: (иако до сега сум била на многу интервјуа(само зенски, само машки, и мешано ме интервјуирале)до сега не сум налетала на такво нешто, и затоа ми е малку чудна информацијава :wasntme:
    а тоа дека по министерствава ги има најголемите ороспии(зенски и машки) ми е општо познато :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Иако сум пред колокВиум, иако немам време ни газот нормално да си го избришам, имам едно да ви порачам. :D

    Пред да се запишете на факултет, и да отидете на полагање, ве молам, апелирам како моите сограѓани што апелираат да се оди на протести, јас ве замолувам да научите дека се пишува колоквиум. Срамота е да кажеш дека си се запишал на факултет, си стасал до таму, а не си научил како се пишува правилно. Не колокФиум, не колоквиЈум, ами ПРОКЛЕТ КОЛОКВИУМ! :devil:

    Еми, и ќораво и сакато се запиша. Трагичното е што кај се запиша, па и ќе заврши, па дури и со просек. Тоа оти полагал со бубици. :rofl:
    Кој си го изгубил детето, на факултет си го бара денес.

    Добро, јас лично многу се нервирам кога не знам некој збор точно како се пишува и веднаш збеснувам и земам да го барам низ правописи, речници и слично.... Само јас ли сум неарна, или ?! :^)
     
    На ines.h, bittersweet, Mini-Mouse и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ехххх Дузи, ни колокФиум не е за оправдување, ама оТценка? И тоа на почитуваниот Економски факултет-Скопје госпоѓата од студентски прашања на местото каде што професорот си напишал ,,оценки по предметот.......,, таа со црн маркер корегирала и тоа со големи букви ОТЦЕНКИ.
    Да не знае човек дали да плаче или да се смее.....
     
    На m2m2m2, Doozy и Hipica им се допаѓа ова.
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Таман си реков конечно се оправи све, ајде малку среќа ќе ме прати конечно, но неееее! :!: Пак по старо.
    Добро бе ќе имам ли некогаш среќа во животов или секад ќе ми биде вака? Да знам барем да не се мачам ... :(
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    I can't think of what I learned right now, but I'll be thanking you someday.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Стварно незнам што да направам сега.
    Ова веќе не се поднесува.. :doh:

    ..знам, ако реагирам ќе си го изедам и јас стапот. А да ќутам неможам. Грдо ми е. :worried:
     
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не, Doozy, тоа ти е професионална деформација, иначе тоа е совршено нормална реакција ;) Ај остај што се можно се запиша, веќе и „стручните лица“, филолози, оние што треба да бидат столб на писменоста се тотално неписмени. Ама буквално :!:
    Не сакаш да знаеш каков mail јас добив од една персона од Филолошки (од редот на професорите и асистентите, стварно не би именувала ни одоколу).....Просто не ми се веруваше дека може да е неписмена. Ама сосема неписмена. Башка, не знае да менува кирилична и латинична поддршка, па mailot беше малтене-двојазичен. Или подобро кажано-на две писма. Страшно :o И после ваков некој треба да не описменува.... :fubar: :x
     
    На Doozy, Hipica, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека се затворам во себе и на светот му фрлам во фаца едно големо НЕ
    За жал сите гледаат да извлечат корист од дното на човечката психа. Мораш самостојно да фукнционираш. Инаку отиде по ѓаволите... Единствената „добра“ работа е што барем со мајка ми и со татко ми имам добар однос иако на нив тоа им е непознат поим кога станува збор за нивниот брак, или како и да е. Колку и да звучи грубо и грдо, пре би била дете на среќно разведени родители од колку секојдневно да ечат викотници и навреди по куќава. Затоашто вака постојано ја барам вината во себе.
    Туку, да не тупам многу и да си се вратам на позитивноста моја пред да биде доцна. Колку и да ми е тешко, маската на која има насмевка ми е барем од корист, нели добивам повратни насмевки па барем тие ме тешат дека некогаш ќе успеам да ги срушам сите ѕидови околу мене и да го запознаам светот.
    А до тогаш:

    [​IMG]
     
    На Izaabella, teddybear и maca99 им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    И Велика Ширилова слабо писмена некако... :worried: :D
    Пак се нервирав со "лектура", затоа ви се уфрлам во муабетов.
    Знам дека неколку пати сум промрчила за женава а не ја ни знам, ама само името да и’ го прочитам на книга одма знам дека уште едно дело е искасапено. :|
     
    На Doozy и green.eyes им се допаѓа ова.
  16. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК дека не секаде е досадно како во нашата ни пореметена Македонија. |(
    Некаде далеку од тука ,во другите држави,луѓето имаат цел список обврски кои треба да ги извршат во текот на денот. Едноставно кажано немаат време за бескорисно да го минуваат своето скапоцено време од сопствениот живот на фб ,а уште помалку на сајтови за да си ја олеснуваат душичката.

    Да,да ...Потполно сум во право.
    Го знаете и самите вие тоа дека ние македонците сме големи безделничари. Освен менталитетот,немаме грижа на совест. Самите себе се уништуваме. Ние сме луѓе од едно големо селце кое не знае како се однесуваат цивилизирани луѓе од другите држави. Човек кој нема излезено од Македонија,навистина не знае што пропуштил и колкава празнина има во своите размислувања.

    Каков народ сме ние. Народ кој го интересира животот на другиот ,а не и својот?!. Народ кој го цени човекот според изгледот и парите,а не според душата. Народ кој доколку е на повисока позиција се однесува како целиот свет да е во негови раце. Всушност се прашувате зошто така се однесува овој народ? Одговорот ви го кажав и претходно: Овој народ не знае подалеку од својот нос,не знае дека постојат други вредности во животот кои не се купуваат со пари. Не знае да го живее својот живот како што умее и сака. :)

    500 години Турско ропство го запусти целиот наш народ за век и векови. Огромни траги и белези се дел од животот на еден типичен македонец. Не се свесни дека својот простотилак го искажуваат преку своите турски манири, кои ако сакале можеле да ги променат. Но,не...На повеќето така им одговарало. :^) Велат : "Мажот е глава на семејството...Мажот е тој што треба да донесе одлука,а не жената".

    Феминки мои драги,не им доаѓа паметот на голем број македонски жени! Самите се виновни кога не знаат да си го задржат моралот и да бараат свои права. :!: Таа домаќинка,а тој по кафичи ќе шармира млади девојки кои би можеле да му бидат ќерки. Каков резил! :fubar: Какво типично македонско однесување. Не можам да поверувам колку се жените глупави. Како можи да трпите маж кој физички ве малтретира,со оправдување дека тој тоа го прави само кога е пијан,иначе ПРЕмногу ве сака..Дали сте свесни дека самите сте ја исцртале својата судбина?!?

    Уште од самиот почеток си ги пресекувате нозете,однесувајќи се како да е морално жената да е слуга кога ќе се мажи. Не сте завршиле факултет со мисла дека подоцна немало да сте пронашле маж кој ќе ве сака и почитува...Епа сте направиле голема грешка...Исто како да сте ги пресекле нозете . Сте станале беспомошна уште на самиот почеток.Сами сте криви што мажот си зазема такво право врз вас! :!:

    Како и да е,баги забегав од темата...Сакав да кажам дека единствено решение во овие тешки времиња е само емигрирање од нашата напатена државичка. ;)
    Доколку имате можност воопшто не се колебајте . :)
     
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    од љубов не се живее !
     
  18. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Обожавам вакви денови .. едноставни, радосни и интересни.
    Си станав во 7 часот, цртав и боев цртежи се` до 1 часот. Секако, со пауза за поручек, да го наполнам доволно исполнетиот мешко мој. :lol:
    На училиште се пишуваат оценки, сите што имаат двојчиња стануваат да поправаат, а ние со повисоки оценки веќе си ја завршивме работата. И конечно, после долга макотрпна работа и учење, денеска паднаа во дневник четири 5ки! Па редно беше, сега уште другите да се напишат, иако мислам дека ќе се многу слични со овие погоре. :wasntme:
    И така, се` поинтересно станува училиштево. Друштвото ми е супер погодено, си го гледам него по 50 пати на ден, соучениците воглавно многу добри и забавни. И плус, сите сме исто облечени - во униформи, кои се малку повеќе поголеми од нас, што прави да е уште позабавно.
    Признавам малку го имав запоставено форумов во последно време, но се исплати, еве. Сега одам да се одморам малку, и од утре сабајле пак турбо учење. :doh:
    Ве поздравувам, лека ви ноќ. |-)
     
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    [​IMG] :lol:
     
    На Hipica, Monna.Monna, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Оваа теорија на превод веќе ќе ме цркне :devil: 85476243 имиња бре кај да ги запамтам сите :@ амаааан!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.