Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Стануваш години наместо девојка. Од татко и мајка преку роднини и другарки до двајцата бивши кои сите немири, пакости, радости, страсти и страдања ги оправдуваат преку твоите... луди години бе! :^)
    И ако фактот што веќе ги одминувам оние пубертетските го разнишаме со констатацијата на бивши бр.1 дека рано сум влегла, а касно ќе излезам од пубертет, ме тера стварно да си ја треснам главата од ѕидот едно 89739 пати.
    Почнуваш веќе стварно да се чудеш дали те третираат како човек или некое створење шо уствари е само... пубертет? :^)

    Шо ги е*ам, за нивна среќичка можеби, никогаш нема да бидат како мене со толку силни сетила и страст за се. Слушам музика, си седам на меките пернички на мини библиотеката до прозорот, набљудувам и чувствувам силно, љубам секогаш страсно, мечтаам за нешта што никогаш нема да произлезат од нивниот канцелариски ум и си живеам на свој начин, интезивно, без сите нив! 8)

    едит- дејствувам многу енергично бре, многу :D
     
    На Strumfeta93, bittersweet, caroline.costa и 12 други им се допаѓа ова.
  2. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    I miss my friends, I miss my family, and most of all, I miss how things used to be... :(
     
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Спокој после бура и добро е.Добро е зошто на прашањата кои му даваат смисла на денов и животов воопшто одговорите се ко шо сакам.Не можам да живеам од љубов,ама никако не можам да се замислам без неа.Подготвена сум да жртвувам во име на љубовта.
    Во име на љубовта.Звучи ко да не припаѓа тука.Мене ми паѓа глупо зошто првата асоцијација на љубов е дечко.Нема врска..јас сум за љубов на сите начини,во сите форми и големини.
    Љубов е..кога комшијата ти звони и те прекинува сред филозофирање за љубовта.Ми прија одново и одново да ги вртам истите муабети ма ми било ладно,ми било топло..сеедно.Ми прија зошто нешто не држи заедно на истата улица,а не е корист еден од друг.Љубов е кога имаш кому да му пратиш сто пораки дека ти е бед,макар тоа било и најголема глупост.Некој кој има разбирање за твоите падови и подеми.Тоа е љубов.Фино е кога другарче на многу километри од кај што сум,ми кажува дека го смеам.Фино е..зошто знаеш дека си причина за нечија насмевка,иако не знаеш не се сомневаш колку е вистинска и колку ќе трае.И така научив да живеам за моменти,не за утре.Сепак е љубов кога тој ти ми ги враќа соновите,а јас таман решена да се откажам.Кога заедно,едина граница ни е небото пак и пак.И љубов на уште 1000 начини,во 1000 форми.
    Разликата меѓу љубовите и хиените е голема,непобедлива во реалноста..но не ми е гајле зошто научив да се чувам.Научив како и од кого..зошто на крај злобниците се сите сродни.Не дека не ме допира,но мојата моќ спроти нив не може,така само би била дел од нив и не размислувам.Им пречи што не си го губам времето на глупи муабети кои водат спротивно од патот кој го замислувам.Времето е кратко,немам шанса за втор живот за да мислам на одмазда или ти мене вака,јас тебе така со намера.Оставам кармата да ги среди сите еден по еден и кога гледам кај што си ја врши работата ми е смешно,а понекогаш и трагично.И така секој кај секого ќе стигне.
    Големината на човекот се гледа во маките и силата да стојат спроти нив без љубомора зошто тебе се ти цвета.А не е вистина дека некому се му цвета,туку напротив..пак е силата да стоиш спроти проблемите без откажување.Дну дна е кога блиското опкружување ги лечи комплексите на тебе и со еден чекор напред прават два назад,зошто тогаш кругот се стеснува и знаеш со кој си.
    Моја среќа имам големи луѓе кои се во чекор со мене.Го имам и него што се осмелува да ги сонува моите соништа..па и да не е утре тој,да не сум јас пак ќе е љубов зошто се научивме дека тоа е одговорот и смислата на нашето постоење.
    Е да..празни фиоки и полици.Беа полни со спомени..и некогаш назад во времето ми беше тешко да се одделам и од најситно парче хартија.А овој пат без трошка размислување и каење се ослободив од се што сум збирала низ годиниве.Убаво е да се потсетиш на периоди од животот,но спомените знаат да бидат крадц и од тоа што имав немаше ништо освен прашина.Навидум глупости,но можат да отворат рани..кои или ќе те смеат зошто си бил смотано дете или ќе те направат да (се) мразиш.Сега не ми можат ништо.Сега е поинаку.Пак..знам како и каде.
    Свесна сум,зрела сум и доволно ми е.
     
    На bittersweet, Serafima, Phyramide и 6 други им се допаѓа ова.
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    сдк конечно си ставив слика на профил.. :)
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Како те гледаат останатите не е воопшто важно. Како се гледаш самиот себеси е најважно од се!(превземано)
     

    Прикачени фајлови:

    На Strumfeta93, bittersweet, cigarce и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК доволно веќе бев добра со него...и тоа што бев ќе го памти...ЌЕ најдам сили да заминам без глас,да не се карам,ништо нема да кажам,а тој нека сфати сам. ВЕќе се дадов од себе и се направив.Но,некој сега не го цени тоа...Којзнае,можеби ќе го оцени понатаму,кога ќе е касно...Ме боли но,осеќам дека веќе не припаѓам на твојот свет и веќе не го разбирам.А и неќам да си играм игрички...Уште една тешка вечер,но ќе преживеам некако :doh:

    [​IMG]
     
    На zhap4e, velesanka, IvanaMkd и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Аман од мојов стомак, после се чудам зошто имам брз метаболизам |( кога јадам ко врапче, па и плус пребирлива, не ова, не она... |( ќе почнам да размислувам некои цаки како да го направам побавен метаболизмов |( :D

    Шо убаи ми се ноктињава :emo: дотерани, средени...пф, мераци :D
     
    На anabel-a, Serafima и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]

    Поголема вистина нема!
     
    На macence85, anabel-a, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    2.473
    сите грицки, чипсови, благи работи, што се наоѓаа по дома..се во мојот стомак
    ахх овој ПМС...
     
    На anabel-a и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нешто ми се помешаа чуствата...Незнам.Се надевам дека е моментално ова бидејки пак ке погрешам на крај.Тоа станува стандардно кај мене.Другарка ми ми рече да си дадам време на самата себе за да сфатам што сакам.А јас не знам што сакам.Типично женско.Се надевам дека утре ке биде подобро.И ке биде.Оптимист сум за тоа.Во една песна на Владо Јаневски се пее:Не ти е лесно знам,мислиш светот се распаднал,а секое добро,за лошо е-што и да е ке помине..
    Кај мене допрва започнува тоа.Се борам и не се предавам...Човек сум,не сум од камен.Барем има љубов во мене за давање за разлика од некои не-луге.Не се фалам ама таа сум јас.Си се сакам таква каква што сум.Кој не ме сака,нека замине од мојот живот сам,без јас да му ја покажам вратата која значи-настрана од мене.

    Имајте пријатна вечер.

    http://www.youtube.com/watch?v=E1FNpgDD ... re=related
     
    На Divinebutterfly и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И оно кога се облакате со другарките исто, па ист патец имате у коса, исто ја прчите усната, у 09 сабајле се шминкате спцијално за у кафиќ, облакате помал број прслук за да у средина имате линија. Се што ќе свртите муабет е оваа/ онаа, леле носот ми е крив, леле гардероба. Интелектуално ниво занемарено, ама важно јака мома си. Ма потоп бре маче само молим те не отварај уста. Чим не знаеш кој е Никола Тесла, иди живеј у колиба.. Е вакви личности не ги можам.
     
    На Strumfeta93, macence85, cigarce и 10 други им се допаѓа ова.
  12. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Животот е убав, само треба да знаеш како да го живееш. :!:

    Секој има проблеми и за секој неговите се најголеми и најнеиздржливи
    едноставно мораме да ги решаваме а притоа да бидеме храбри да ги решиме на потешкиот начин само тогаш може да се почувствува слаткоста на "тешкотијата" која сме ја победиле.

    За секој проблем има решение.
    За секое „зошто?“ има и „затоа што“. :?:
     
    На anabel-a, lovely92 и maca99 им се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    На NoellePage и Serafima им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.027
    Допаѓања:
    123.894
    Жив човек - на се ќе се навикне......
     
    На ines.h, marama, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Јас убаво сакам да си кажам многу работи.
    Меѓутоа сеуште ми се спие, ми се плаче, така да незнам зошто ми требаше да седнам и да пишувам.
    А па зошто да кажувам кога повеќе сакам да си го зачувам тоа што го имам за себе. Да си останам барем денес така мирен и повлечен, душиче на мајка :wasntme:

    Којзнае што ќе донесе новиот ден. Ајде, подготвен сум.
    Едвај чекам да дознаам.
    Едвај чекам да го живеам.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    СДК добро утро и заминав да се спремам за на работичка, нема повеќе безделничењееее :emo: :lol:
     
  17. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    СКД колку е ненормална женава бе ? ]:)

    УФФФФФФФ :@
    П.С

    ВИ ПОСАКУВАМ НАЈУБВ ДЕН!!!!

    Мене нема да ми биде. :P
    Иам некое такво чуство :lol:
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сонив сон. Не еден, два! Едниов, нејќете да знаете ШТО праев, а другиов, боље да не ви кажувам КАКО го праев тоа :D
    Ич не ми е здодевно, дури ни кога спијам. Да бев плавуша, да ставев огледало на таван па да се видев како изгледам со затворени очи. Препотена се будам у секој случај, дали е убав сонот или не. Ама од кај ми се умеша дека сум женска верзија на витез у Англија, немам поим! Се почесто сум модернизиран вид на Брус Вилис, со светлечи комбинезон ко оној на Ферги од Црните гравчиња, и го спасувам светот. Сега спасувам личности од легенди, од книги, од филмови, од историјата.
    Бре!

    Вчера многу се смеев. Ама многу. Мрднавме сите. Другарка ми сеуште ме тера да си најдеме своја планета, а мајка ми сеуште ми тврди дека не сака да го дели воздухот со овие луѓе, ај што и го дишат ама и истиот го дели :D А јас и викам, па ај да си набавиме од оние пушачките кабини од виенскиот аеродром, место има само за тебе, изолирана си од светот, сама си го усмрдуваш, само се ветрее, тебе ти е убаво, шмукаш никотин колку сакаш, и на никој не му пречиш.

    И во текот на сета таа смеа и вчерашен муабет, во екот на љубовта и пролетта, ми текна дека, денес, е тешко да докажеш нешто на некој. Кај сите се претворија у неверни Тома, кај па и тешко да најдеш докази. Што? Смс? Ммс? Слика на дигиталец? Мејл? Чет муабет? Што?
    Ама иди да те видам излажи некој за тоа кој ти бил симпатија у 7мо! Не можеш!
    Знаеш зошто? Брезите ќе ти го шепнат тоа.

    Таму кај што растев, зградата носеше фатално бројче. Најпопуларни бевме, малтене цела населба се собиравме кај нас пред зграда. Многу го сакав тој џагор. Кој возел точак, кој се карал, кој прв пат лапал, кој рипа ема еса са еса са кипија!, кој викал - ааааа со илиња не играм!, кој шмекал, кој надбљудувал. И таму, на сред тој џагор и калабалак од деца, имаше три брези. Тука муабетевме, тука изразувавме љубов, тука правевме бункери од снег, тука се бркавме па као се криеш позади брезите и фати ме ако можеш нананана :P тука си ги кажуваве тајните, тука договаравме знакчиња за Кент!, тука ги правевме првите џумки или модрици, тука плетевме венчиња од првите пролетни цветчиња, тука бегавме кога ќе си ги намокревме нозете во водата од тревникот, тука викавме пу за мене пу за сите.
    Пред извесно време, ни текна да си го посетиме старото маало. И со насолзени очи следевме едно нешто - брезите и тетовираните срциња, Б и В, Г и Б, М и Ј, Љ и А...сеуште се таму!
    Ајде биди фраер и негирај го тоа, а сите знаеме кој е Б, Ј, Г, А, В, М, Ц, К.... :)

    Јас битно сонив сон, а овој последниов беше повеќе од реален. А можеби и не беше сон. Шо го знам. Го почуствував како да е сон. И убаво ми беше.
     
    На Ariel, bittersweet, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Старите Конврес старки чија најголема вредност е сентименталната, обичен џинс и неговиот дукс кој љубоморно го чувам...
    Денес ќе се дружам сама со сонцето и ветрот. Потребно ми е време за размислување, да си се посветам сама на себе... Ќе си играм на мелодијата на птиците и ќе им љубоморам на патките кои можат да пливаат и на 20-тина степени, а јас не можам...
    Имајте убав ден сакани мој феминки, посвететесиго себеси ;] :hug:
     
    На IvanaMkd, eli25 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК денес успеав малку да се ослободам од обврските и да се наспијам. :)

    Знам дека и наредните денови ќе бидат напорни, почнуваат колоквиуми испити... :tmi:
    А кому ли му се учи на вакво убаво време :|

    СДК уште нешто.. колку само луѓето не го ценат она што го правиш за нив...
    Ајде што побрзо нека поминаат и овие 10 дена па да има малку мир и полесно да се диши (барем јас ), оваа ситуација негативно ми делува. Се трудам да не се замарам ама ете некогаш и не успевам ..

    Е откако ќе се врати се во нормала, тогаш јас ќе се правам наудрена на 360 :lol:

    Изгледа многу некако се оптоварив со ова , можеби тоа е така затоа што сум во пмс :?: :)
     
    На lovely92 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.