Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека не ми се верува дека татко ми има шекер, паднал по улица а ние дома не знаеме :o
    а не сака да оди на лекар :!:
    на анкертарката и кажа нас не :worried:
    и упорно не се откажува од конзумацијата на алкохол
    ова звучи ко живот во шпанска серија а не во вистина ова да се случува ;(

    СДК дека наскоро ке дознаам КОНЕЧНО на што сум алегрична и ке почнам да примам терапија
    денови се во прашање, уф едвај чекам, оти луге ова не се издржува, а кога ги гледам лугето што се алергични на полен по болниците како кашлаат :x гревчиња се навистина
     
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК ОФИЦИЈАЛНО го обожавам КРИС БРАУН не знам зошто , не знам како не можам да објаснам а воопшто не сум го сакала НИКОГАШ што ми е ? ? ? Го 15 годишно детенце сум станала ваааа
    Убав фин ден 5 фини дена ќе имам јас ко од Финска да сум :lol:
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    СДК дека после вчерашното сликање сум задоволна од матурската слика за на табло. :)
     
    На MandyLane, Hiii, blond и 5 други им се допаѓа ова.
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    сдк.поминува уште еден прекрасен сончев ден..топлото сонце зирнало ниц мојот прозор и ме мами да излезам надвор ..а јас пак цел ден го поминав дома..и наместо да излезам до другарми на кафе ..јас цел ден се дружев со другарка ми книгата ..така драги мои феминки..времево прекрасно,топло.овде веке почна лето,пролетта замина одамна ..луѓе се рашетале по улиците..дечињата ги наполниле парковите и среќно и безгрижно се дружат меѓу нив..паровите гушнати си шеткаат ...а јассс....јас само ги гледам од прозорецот онака „љубоморно„ и посакувам да истрчам и јас надвор онака ко дечињата безгрижно да се забавувам..ама неможам..обврските ме чекаат..се ближат испитите..морам да учам..да положам што повеке испити..па после се надевам се ке биде поинаку..се надевам ке се исплати овој напор и оваа макаа и сите претрпени проблеми ..
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СКД...парадоксот на нашето време

    Имаме повисоки згради и пошироки улици,но затворен карактер и ограничено мислење.
    Трошиме повеќе, но имаме помалку,купуваме повеќе, но уживаме помалку.
    Имаме поголеми куќи, но помали фамилии,повеќе удобности, но помалку време.
    Се здобиваме со повеќе дипломи, но имаме помалку разум,повеќе знаеме, но помалку размислуваме,имаме повеќе експерти,но сепак повеќе проблеми,повеќе лекови, но помалку здравје.
    Пиеме премногу, пушиме премногу,трошиме неодговорно, премалку се смееме,пребрзо возиме, премногу се лутиме,седиме до доцна во ноќта, а стануваме уморни наутро,премалку читаме, премногу гледаме телевизија,и многу ретко се молиме.
    Ги зголемивме нашите богатства,но ги намаливме нашите вредности.
    Зборуваме многу, љубиме малку,а мразиме премногу често.
    Научивме како да преживееме, но не и да живееме.
    Му дадовме години на животот, но не и живот на годините.
    Се качивме на месечината и се вративме назад,но имаме проблем да ја преминеме улицата и од спротива да ги запознаеме нашите соседи.
    Го освоивме надворешниот свет, но не и внатрешниот.
    Направивме поголеми работи, но не и подобри.
    Го прочистивме воздухот, но ја загадивме душата.
    Го совладавме атомот, но не и своите предрасуди.
    Пишуваме повеќе, но учиме помалку.
    Планираме повеќе, но постигнуваме помалку.
    Научивме да брзаме, но не и да чекаме.
    Создадовме повеќе компјутери за да содржат повеќе информации,да произведуваат повеќе копии од вообичаеното,но ние комуницираме се помалку.
    Овие се времиња на брза храна и споро варење,големи луѓе и слаби карактери, длабок профит и плитки односи.
    Овие се денови кога дома две плати се делат, а разводите се множат.
    Овие се денови на убави куќи,но и време на повеќе уништени домови.
    Овие се денови на брзи патувања, отфрлена моралност,угоеност, еднодневи претстави.
    Време кога технологијата може да ви го донесе ова писмо,и време кога можете да одберете дали ќе го поделите со некој или само ќе го избришете.
    ....превземено
     
    На JustSimple и blueeparadise им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мислам дека никогаш нема да ги сфатам луѓето кои ми викаат дека факултетот им бил најубав период од животот. НЕ! мислам барем до сега, можеби понатака нешто ќе се смени.
    Сега на факултетот, што за мене е само проклети издигнати бетонски ѕидови, затвор, не ни знам како да го опишам, гледам една група дечишта, полни со злоба, егоизам, себичност, алчност. Не знам. Често си седам и ги гледам, ги слушам, ги набљудувам и СЕ ЧУДАМ. Кога не го правам тоа, читам книга тотално неповрзана со факултетот, или дремам со слушалките во уши. Чудак, чудак, сеедно. И можеби ептен лесно се забележуваат тие работи затоа што сме многу мала група, некои 20 и нешто луѓе, а да се чудите колку може таа бројка на луѓе да биде бучна кога треба да се договориме нешто.
    Срциња, душички, срцки, мачиња, сонциња си се тие едни на други, а во првото несогасување ќе се удават едни со други.
    Па дрн дрн дрн дрн со една, таа ќе сврти грб, дрн дрн дрн за неа со друга. И после, фршти љубов кога цел викенд се немаат видено и во понеделник- цуциииии моја кажи кај беше кај шеташе со него ли беше каде бевте леле какви чизмички од каде си ги зема. Ааааааааааааа коса на човек да му се крене, и од цуци и од куци и од се по ред.
    Па, пред испит, никој ништо не учел, стандард, после испит исто стандард скоро сите ги вадат книгите, леле ќе паднам, леле ова сум згрешила, леле ова сум заборавила, леле, леле, леле. Резултати објавуваат, истите тие се положени и следуваат бомби- еј колку поени имаш? положена си? Да не случајно имаш некој поен повеќе од неа па да треба да преполага. А ако си паднал, или евентуално имаш малку бодови, па тоа милно фациче нивно од типот леле те жалам, а ти вика ајде бе не се секирај има време ќе го положиш. Па во групата поздрави и честитки, па љубов, толку искрена и нежна ... ааааааа бре.
    Па некој испит ставен на 5ти Мај, па како тоа, луѓето ви се молам тоа време се надвор од македонија, кој става испит тогаш ...
    Навистина, далеку од тоа дека сум светица, ама барем татко ми ме научил за никој лошо, со сите фер. Имам многу нормално мислење за секој, за некои полошо, за некои подобро, за некои сеедно, ама на никој не му се лигавам доколку не ми е навистина мил, а ниту пак ми е тешко да речам едно здраво на некој со кој си немам многу муабет.
    Со две девојки бев поблиска, и со две онака, ама кога ќе увидиш дека си меѓу нив и си влечен за нос, баталив, и со нив сум во некоја нормала да речам. Поточно, си трпам да ми се јават само кога една со друга ќе се изнервираат па да се пожалат, или за нешто слично. Знам и јас да се зарчкам, ама лесно и попуштам за да нема поголеми конфликти.
    Никогаш нема да сфатам дали јас грешам или тие. Јас си имам одредени, за некого чудни мислења, бувкално за се. За тоа што претставува човек во вистинска смисла на зборот, за љубовта, за факултетот за се. А тие имаат сосем поразлични мислења од мене. Прост пример, јас сметам дека е некултурно на некој да му се трупнеш ненајавен, без да му кажеш или без да те викне. Тие сметаат дека ако сакаш да одиш кај нив на гости едноставно треба да си отидеш. За мене тоа е непочитување. еј јас дојдов, па ти дали се е*еш со дечко ти, или учиш, или не знам што ич не е битно. Друг прост пример се парите, јас на никој не сакам да му должам ниту 10 денари, си сакам да сум на чисто, за нив тоа не е проблем, затоа двете меѓусебе не знаат колку си се нераздолжени, јас тоа го знам, зошто зад грб си кукаат. Исто сметаат дека јас треба да ја прекинам мојата врска, не гледајќи си ги своите. Едната е свесна дека не си го сака партнерот а е со него, а другата најмногу на свет го сака партнерот и го извара. Мака ми е од мешање, кажување, расправање, паметување. Зошто не си ги гледаат нивните животи и не си ќутат. нека прават нормален муабет. Никогаш не сакам да судам, ниту пак да ме судат, коса ми се крева кога ме судат за мојот живот, и уште ќе ми речат ама за твое добро од што те сакаме. Не, за мое добро, држи си го за себе твоето мислење доколку не побарам совет. И можеби не е така правилно, ама јас така правам затоа што сметам дека така треба, така е фер, не може бе на некој да му се мешаш во животот. Па секој сам треба да си стои зад своите постапки. Тоа е уште една голема разлика меѓу нас. Јас никогаш не сум издала нешто што ми кажале, а неколку пати сум им кажала некоја мака на едната и другиот ден гледам дека ја знае и другата ... ако било за двете на двете ќе сум им кажела. Ама тоа така иде според нив...
    И не лажам кога викам дека никогаш не би прегазила некој за јас да положам некој испит. Ниту пак на некој нелегален друг начин би го исчистила. И два предмети завлечкав, и на моите не им реков никаква врска да побараат или нешто слично. А низ групата го има, и боли кога твоите крпат и собираат, а некој ќе влезе во канцеларија, или па во ходник ќе сврзе два збора со овој или оној и си нема мука.
    Гледам да не се потресувам, да бидам позитивна, да се надевам дека ќе успеам, и да се трудам колку што можам. Поубаво е кога работите си ги вршам јас. А другиве, тоа се толку негативни, толку жалење, кукање, песимизам, на едно место јас не знам дали сте виделе некогаш, а ако не сте, се надевам нема ни да видите. Секој месец размислуваат да земат година мирување или да го откажат факултетот. оа е што е.
    Само се надевам дека пмс ме дрма, и дека конечно ќе добијам, затоа што ич не сакам да се нервирам и замарам за глупости, и за невредни работи и луѓе, кои не ни знам дали утре ќе ми викаат здраво на улица.
    Уф, ми олесни ептен. :whew:
     
    На bittersweet, Hopeful, ljubam и 12 други им се допаѓа ова.
  7. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    СДК дека конечно треба да се отарасам од сета лоша енергија што ја имам. Каде и да отидам сите си уживаат на сонцето, се смеат и ред други работи. Ахххх зошто не сум дете што единствен проблем ми биле крвавите нозе од моите паѓања. Па добро бе толку ли има покварени и дволични луѓе на светот. Доволно се грижев да им задоволам на сите, особено на една личност. Од денес си го живеам животот како што јас сакам. Е така! Сега се чувствувам полесно ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    СДК... понекогаш тоа што сум предобра со некои луѓе не значи дека не сум свесна за нивните лоши страни. И не значи дека не ме повредиле, туку ете јас сум се научила и да си преќутам, да не додавам масло на огнот. Знам дека е погрешно, ништо не правам вака. Се чувствувам како играчка во сечии раце, ги кријам солзите, стегам заби, тупаници и одам напред. Заспивам на перница влажна од солзи, собирајќи ги суровите впечатоци од изминатиот ден. И пак се пцујам себеси затоа што немам сила да вратам, толку добро ги познавам нивните слаби точки а немам срце да им вратам затоа што ми се сеуште мили. Наивна сум и глупава. Сакам да се променам. ;(
     
    На IndieGirl, Divinebutterfly и BeYourself им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сдк дека вчера има можност да запознаам личност која САМА почнала бизнис т.е. основала своја компанија од оставено наследство, па потоа партнер и станал брат и , а потоа дошол и татко и малку да ја поддучи финансии-инаку студирала нешто поразлично од бизнис светот што се нарекува фармација а како мастер студии се запишала на Претприемништво . Девојката имала само 26 години,и секако компанијата веке постои, а во мегу време се омажила и станала мајка-ни беше гостин на часот Претприемништво вчера , иако очекувавме маж а ни дојде жена :D секоја чест за неа :bow: и за професорот секако да не се налути :rofl:





    п.с. научив што се тоа бизнис ангели(непознати донатори на финансии што инвестираат во твојот бизнис- а дека треба да знаеш како да ги убедиш да инвестираат треба да знаеш, и дел од профитот кога ке тргне бизнисот добиваат тие)
    и :!: што ти се вика љубов-мажот и на госпогава се откажал од својата работа, за да таа може да патува за Србија почесто за полесно пробивање на пазарот
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ^Еее Срцекршачка тоа ти е љубов, или корист :^) :D
    Шо убаво он ќе си лежи дома, жена му ќе патува ќе брка бизниси :D
     
    На LilBaby, JuLleE, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е, парадоксот на нашето време...
    А има шанси да не го форсирате толку? Мислам, отековте |(

    Форумов стана copy-paste.
    Текстови, слики, чуда, се што ќе се најде на нет се лепи тука.
    Аман веќе!
     
    На Buttterfly, JoxyTheFreak, LilBaby и 13 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    хехехе зависи од која гледна точка ги гледаш работите-мислам дека тоа било кога им се родило детенцето, па не можела кутричка жена и во кариера и во личен живот да напредува
    а нашол друга работа типот, нешто што повеке го исполнува :)
     
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Дечки, таков е животот, не се разочарувајте.
    Газо-лижачи/ки и душички на сите страни.. Кој од кој „поневин“ .. Ама, знаете there's always dark side in that innocent face. И додека сите се лигават меѓусебно, тебе ти се крева косата и сите остали влакна низ целото тело.. Ама, они очигледно немаат друга работа, освен меѓусебното лигушење (вао, каков збор).
    И после.. Ти си бил наивен. Наивен? Хм. Па нели спомнав дека никој не е таков каков што изгледа?
    Туку ајде, нека си мислат они.
    И.. се прашувам, која е финтата во таквите односи?
    Нас опашки ни растат што не сме како нив?
    [​IMG]
    Oh, damn!
     
    На ceca-1 и julie77 им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Често се воодушевувам на детската наивност на Срцекршачка.
     
    На JoxyTheFreak, LilBaby, enca.69 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Такоѓе
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    8.693
    Денес и е роденден на единствената личност која вистински ми треба во животот покрај сестра ми.
    Мајка ми.
    Прв нејзин роденден како не сум дома и пеев по телефон, ми прати слики од тортата, добила прекрасни подароци и внимание од колегите и ми е мило што не се чувствува осамено.
    Еден партијахално воспитан и заслепен господин еднаш се дрзна да ми рече какво е тоа семејство кога сите сте на различни страни? Ретко кој може да ја сфати нашата приказна.
    Не очекувам луѓе кои никогаш не се поместиле од својата комфортна зона и без никакви амбиции да сфатат како функционираме. Не е важно колку ретко физички сме заедно, важно е што секогаш се имаме една со друга.
    Важно е дека секоја вечер пред да заспијам помислувам на силата и издржливоста на мајка ми, тврдоглавоста на сестра ми која никогаш не бара помош, а секогаш е тука, на моментите кога сме сите три заедно на каучот и се гушкаме како семејство мачиња.
    Среќни сме и траеме и гајле ми е за туѓите предрасуди.
     
    На BeYourself, enca.69, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Прошетав низ улиците на кои го поминав детството. Ми вратија толку убави спомени, што чекорев со насмевка на лицето. Во паркот гледав весели безгрижни дечиња, со чисти искрени чувства како си играат. Колку е убаво да си дете. Колку е убаво кога ќе плачеш затоа што другарка ти има поубава барбика од тебе. Сакам да се вратам во детството, кога не чувствувам болка во душата, само радост.

    Оваа пролетта што уште не ми направи.Постојано ме враќа во минатото, ме враќа на убави места, во убаво време.Прекрасен е мирисот на пролетта, и пеењето на птиците, ма се е прекрасно.
    Одам сега да испијам едно кафе со другарките, и тоа е прекрасно.
    Имајте убав ден. :*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    На Cynthia, butterfly33, BlackSwan5 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Ехх, изгледа сакам да се надминам себеси. Предходнава сабота имав натпревар по хемија. Вежбав таа недела и земав пофалница. Во сабота одам на натпревар математика. Еве константно вежбам деновиве, па ќе видиме што ќе биде. Се надевам на најдоброто, но го нема да се изненадам ни од најлошото! Следната сабота на географија. Повторно учење. Овие 3 недели навистина сум ФУЛ. Имав можност да одам и на англиски, ама ми се поклопува со датумот на натпреварот по математика, па сепак избравм математика. Пред некој ден добив понуда да одам и на информатика натпревар. И таа ја прифатив. Едноставно незнам да одбијам такво нешто о.О . И мајка ми ми се чуди, ама тоа сум јас, што да правам. Сакам да ги искористам сите можности што ги добивам, па ќе видиме колку ќе биде успешно тоа. Ај со среќа нека ми е! :lol:
     
    На BeYourself, Hopeful, Springy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Каква нервоза ме дрма, страшно :x :x и како што сум сега у ваква фаза, да би одржала некому една лекција така убаво измоделирана со огромна доза на нервоза, уф има три дена да зборам и три дена да ме слуша... :devil: :x :D :wasntme: секако со точно одредени и внимателно одбрани зборови во рамките на нормалата :devil:

    Ми се јаде :worried: кога јас не сум била гладна |( :^)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.