Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Повлеќи се Денеска кога си послаб , за да можеш УТРЕ да Победиш.
     
    На biggirlsdontcry и Johny им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Секогаш може да се најде оправдување, за скоро секоја постапка и секогаш ќе има и луѓе кои ќе сметаат дека е исправна твојата позиција и убедување. Ама, бедно и нефер е да занемариш колку си повредил некого, притоа повикувајќи се само на она ,,имам право и сметам дека постапив правилно,,. Не знам колку пати сум рекла (може не овде на форумов, не ни паметам веќе) правото не е исто што и правдата. Најпрост пример, актуелност во светската политика сите знаат дека ние сме во право во спорот со Грција, ама тие имаат повеќе право на нивното право, иако е тоа неправда. Моќта е таа која одлучува кому ќе го додели ,,правото,, додека ја занемарува правдата. Немам моќ, ни капацитет, а ни волја за светски промени, не успевам ни своите битки да ги доведам на патот на правдата секогаш. И повторно и повторно треба да го потиснам својот гнев поради обесправеноста и да го затворам во себе, како локално дуќанче затворено и запечатено од санитарна управа. Да, санитарна, бидејќи неправдата нанесена некому ќе смрди и натаму, колку и да ја ,,неутрализираш,, со освежувачот на твоите оправдувања. Всушност и за кого се бараат повеќе оправдувања, за оној кому се нанесува зло или за смирување на сопствената совест?! Доколку ја имаш воопшто, секако.

    Ех, да, и никој поединечен човек не е центарот на светот. И најтврдокорната егоцентричност нема да доведе никого таму. Иако и не разбирам што мајка бараат на неколку илјадници Целзиуси...
     
    На Strumfeta93, caroline.costa, stylishh и 8 други им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денес за прв пат се сретнав со едно за мене ново чувство- страв од реалноста. Толку сум збунета периодов што не знам дали не сакам да гледам намерно на работите реално, од страв да не излезам повредена, или само си замислувам нешто што нема. Сакам да размислувам со ладна глава ама неможам, толку многу ми работи мозокот, 200 на саат. Неможам да јадам, неможам да спијам, само една иста мисла ми се врти, да издржам бидејки ке дојдат подори времиња. Мора да дојдат. И ме убива фактот што некои работи поминаа и никогаш нема да се вратат, ниту за да ги поправам ниту за пак да ги искусам. Не знам што е навистина работата ама едно сум сигурна- ми треба промена. :)
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк ми треба духовен мир.треба да потсетам некој манастир,да ми препорачате некој тука во Скопје? Фала
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Пуканки со кари... :wasntme:
    Се прашувам што е наредното нешто што ќе ми текне :^) во што ли уште ќе го ставам карито :inlove:
     
    На LilBaby, gossip-girl, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    25.553
    Пол:
    Женски
    Будалово папагалче го засакувам секој ден се повеќе и повеќе.
    Толку ме смее со неговата лудост.
    Дојде прееска поп дома, за Велигден нели молитва да каже,да прочати и папагалов ај што го надвикуваше,туку му леташе околу него цело време и на крај му се смести на глава. :lol:
    Јас се воздржав од смеење некако, ама самиов поп си се смееше под мустак.

    Животинче мило. :l:
     
    На Ann.94, Gordana10, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Shelea, stylishh, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Абе само јас ли немам дечко? :^)
    Нешто слабо ваа година...овие помладиве гледам сите си фатиле...па си мислам само јас ли сум толку заостаната? :worried:
    Принцот секогаш ми се загубува по пат, коњите ми доаѓаат :(
    Иако велам на сите дека не ми треба, (па и не дека толку ми треба де) ама ми фали внимание и мазење. :$
    Порано имав повеќе удварачи, тогаш не им ни внимание обраќав, а сега гледам дека поинтересно ми беше со нив отколку без нив.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Денеска сум во страшно добро расположение. Таква некоја еуфорија ме пукна прееска што почнав да се тресам. Ги сакам сите денес и сите ме сакаат мене. :) Движечко позитивно расположение бев. Сум, уште ме држи. :lol:
     
    На LivingGlam, Hopeful, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Си го вратив капутот од хемиско чистење. Ех, колку работи поминав со тој каупут. На колку места бев со тој капут. Ми стана како заштитен знак. Ако видите некоја со бушава коса и светол капут, има голема веројатност да сум јас.

    Ми текнува кога Тој за првпат ме виде во капутот. На почеток му бев необична затоа што претходно не носев капути, но му се допаѓав. Една другарка ми вели како цело време сум зборувала за него и зошто не сум му се вратела. Не знам. Навистина не знам.

    On the bright side: Изгледа во последниве неколку дена сите се шетаме низ Скопје со „Љубов е...“ во позадина. Да ве потсетам дека филмот Skopje Remixed (на којшто песнава му е дел од саундтрак, патем целиот саундтрак може да го симнете овде) започнува да се емитува во Кино Милениум од утре. Јас ќе го гледам, но после колоквиуми :)

    Се враќам на 12те страници неправилни глаголи Германски...
    Останете ми во добро :hai:
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Колоквиумска недела нели, и ајде денес објавување на резултатите.
    Позитивна за мене, арно ама забележав една појава.
    Како и во секоја група па и во мојава има студенти надвор од Скопје, кои наводно се дојдени тука за да студираат.
    Се би било фино доколку истите тие не се оние што редовно паѓаат на испити и колоквиуми, ама битно секои петок и сабота ги има низ град.
    Немам ништо против таквите (напротив имам многу пријатели од други градови освен нашиов), поентата ми беше не им е ли жал за нивните, домашните, кои ги пратиле тука за надградба, и сето тоа кошта пари, а они да се пијанчат и да изиграваат не знам ни јас што.
    Како не се удрат малце во тоа главата, и да им текне дека основната причина поради која се тука е студирање. Има време за се. И за дечко, и за другарки, и за искачање, и за учење, баш за се.
    Ама не, на празна тиква и е битно со кого се смувала и кого запознала, и утре на факултет ќе си се смешка дека има 1 освоен поен, а сите што положиле немаат живот па затоа учеле. Не сестро ти немаш памет.
    Да живеат шмизлите на плоштад! :rock:
     
    На martinuska, 1209, Shelea и 14 други им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    29.385
    Пол:
    Женски
    Ми ја немаше мачката цел ден, ја барав и се нервирав цел ден, пред 5 минути случајно ја најдов во подрум.Се породила милата.Имам 5 мали прекрасни глувчиња :inlove:
    Па да ве почастам за новата мама која ве поздравува :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • mackata.PNG
      mackata.PNG
      Големина на фајлот:
      724,6 KB
      Прегледи:
      412
    На martinuska, 1209, LivingGlam и 24 други им се допаѓа ова.
  13. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Хај, хај, хај! Како сте ми, клинци и клинцези? :D

    Почна да поминува сезоната на грип (пу, пу, пу да не урочам), ни дојде пролетта со сите нејзини убавини, ама ни дојде и колоквиумска недела... и така ја напуштаме тешката зима, а го очекуваме златното лето. Мене веќе ме фаќа еуфорија, ама обврските ми го поматуваат умот, не му дозволуваат на срцево да си ужива во љубовта и расцутаната рана пролет. Пролет, пролет, пролет, убавини од уста не ми излегуваат, се надевам нема да ми удрат во глава :$ .

    Има ли друг освен мене што ќе го жртвува викендов со книга в рака од многу страници (кога велам многу, мислам на навистина многу) :( . Верувам дека има, ама тоа не ми е за некоја посебна утеха :P . Како и да е морав да си се пожалам по сила на сите природни закони :emo: . И то е то.

    Се надевам сите сте добри, весели и среќни, па се читаме.

    Поздравче :hug:
     
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
  15. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин...Вредеше што го прочитав, навистина!
    Ги запаметив некои реченици, зборови ... мислам дека секогаш ќе ги имам на ум..
     
    На TeddyGrey, Trendafilka и Libera им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Ме избегнувате заради моето напнато, нервозно и иритирачко однесување. Па запомнете со вас се однесувам така или зошто не можам да ве поднесам и сте ужасни или зошто сте само грди. Идиоти и идотки ги имам околу мене колку сакаш... ситете се сега, само очигледно не знаете уште со кој си фаќате сеир. Секогаш бев крај вас, а лани и сега пак истото го чувствувам... не ми требате вие ако не можете да ме поднесете кога сум во жал ! :devil:
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Moжеби само од љубов не се живее, но за љубовта вреди да се живее и да се бори...
    Како бубачки пијани од љубов, јас и ти, денес, утре, засекогаш...
    :l:
     
    На Artemission, LilBaby, IvanaMkd и 4 други им се допаѓа ова.
  18. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Аххх пролет... Се најубо ми се случва во пролет. Па кај има поубо време од пролетта? Ова се чекаше. Секој ден сум супер расположена, изгледа од сонцето ќе да е :lol:

    :inlove: :sun:
     
  19. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    http://zazabava.com/gradot-koj-nikogash-ne-spie....
    При сегашнава "ера на турски серии" која што моментално ја доживуваме на нашите телевизии, корисно е да се запознаете со главниот град на земјата од каде што ни доаѓаат Величествениот, Хурем, Езел, Јасмин, Чинар и Полат...
    ....како тоа Истанбул главен град :^) ....ќе да се грешка :D
     
    На femina11 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.243
    Допаѓања:
    140.411
    Сакам да кажам, Пирамитке ма, што ми правиш вака??? Сега ми иде да запалам кола и да отидам во маалото кај што пораснав. Баш и планирав денес да отидам, од сабајле ме дрма носталгија, ама никако да отидам. Јас немав зграда со фатално бројче, ама израснав пред една таква :)
    За беља, немав ни бреза, ама има еден стар зид што нема само иницијали, туку цели имиња.
    Имав и Кент (ова скроз го имав заборавено), џамија, венчиња... пу за мене пу за сите и изгоре лончето, претече млекото. Кога пред зградата со фатално бројче, кога на многу поморбидно место на кое израснав, а денес не можам ни да поминам таму, затворено е.

    Денес ќерка ми ми кажа дека знаела некоја нова песна. И реков да ми ја испее и ми вика „Компанија, месо боранија". И кажав дека има уште - славејчето пее Тито да живее. Не продолжив понатака, затоа што ме прекина, ме праша што е тоа Тито... сметав дека бесцелно е да продолжам за кукавицата и Хитлер. Не и го објаснив Тито, не се објаснува, се доживува. Не знам само дали уште ја има неговата слика во Ригара, колку пола ѕид беше. Одамна не сум била, еве и за таму ме мавна носталгија.
    И секогаш кога поминувам по скалите на Сити Галери (стоковна), очекувам дека на ѕидот меѓу двете скалила ќе го видам Тито, облечен во маршалско одело.
    Имам мисија да и објаснам за Тито и за Југославија, па колку и да ми биде потребно време.
    Југославија беше една држава која постоеше одамна, пред јас да бидам седмо одделение, и да се затрескам во С, поради кого одев пред зградата со фатално бројче.
     
    На anabel-a, LilBaby, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.