Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Jaс сум една од ретките што ужива во ваков ден...
    Посебно периодов...
    Убаво беше времето, сонце, прошетки... Осетив дека се уморив, дома се прибирав само за спиење...
    Ми требаше ваков ден за да ги изгледам сите заостанати серии и да си се посветам на себе, нешто депилирање, лакирање ... Ма прекраснотии...
    Си го отворив и прозорецот...

    И дишам..... Живеам....
     
    На bittersweet, AnaKarenina, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Моментот, кога стануваш сабајле, си ја чешкаш главата, си викаш - аи, каков вртлог ми се напраил горе, на темето! Шо сум праела бе јас синоќа?! Ти е гајле, поштo у следниот моменАт, приметуваш, дека косата не си ја пипнала, а боља ти е отколку кога би седела со саати на фризер. Иако токму тој е заслужен за нејзината послушност...ах, воздишка! :wasntme:

    И сега се мислам, да се труди човек или не? Некогаш, некои ствари ти стигаат на тацна под нос, без да ги очекуваш, тогаш кога најмалку се надеваш, и кога малтене веќе си се откажал од нив.
    Ко јас вчера што се откажав од косата моја, ама ме сака еј, ме сака!

    Малку метафорично ама... :wasntme:

    Петок е ден кога љубовта кон седмицата ја доживува својата кулминација.

    Абе кога платата ќе ти легне на сметка и ќе ти засветка со црвено на мониторот - well hello there!, кога косата ти е убава, и кога конечно можеш да дишеш, после една недела, буквално, кулминира во тебе се и сешто, а не мора ни да е петок.

    Нек е убав! Молам, restart. Are you sure you want to restart your system? Yes!
     
    На mims-89, 1209, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  3. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

  4. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам дека официјално имам ново хоби!

    Лакирање :wasntme:
    Сестра ми ја лакирав вчера и прекрасно испадна, јас не се лакирам зошто ноктите ми се ужасни во секоја смисла на зборот иако не ги грицкам |( гадни се..

    Како и да е...
    Еве да се пофалам што сум направила :wasntme: :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_5491.JPG
      IMG_5491.JPG
      Големина на фајлот:
      106,3 KB
      Прегледи:
      295
    На Adi888, Hiii, AnaKarenina и 15 други им се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Уморна, презаситена, само сакам да положам. |(
    Толку очекувања и потценувања, и резултатот нормално - удар со глава во ѕид.

    Не е на арно како може да ти се случи нешто толку предвидливо, и знаеш дека следи тоа, а ти седиш ко муле и се ослонуваш на среќата и судбината, која патем баш во тој момент ја немаш. Марфи ли беше ко што сите овде го трубите, или нешто друго посилно од него, I have no idea.

    Не одам со очекувања, не сакам пак да се разочарам, имам доволно џумки на главата од ударите во ѕид. Само сакам оваа недела работна/колоквиумска да заврши со успех макар и минимален да е, проклето ќе ми значи. И ќе ме потсети дека тоа што се прави во заден момент не секогаш раѓа со плод. Може еднаш, два пати да се случи, но ретко кога тоа ќе се претвори во пракса. Ваљда ќе влезе тоа во моето е*ано мозоче и да седнам конечно на време да се спремам.

    И не е лесно ни ова како што викав, напротив. Многу е тешко.
    Дали среќата ќе ги прати таквите ко мене, кои си ја сфатија грешката и ќе се обидат нели пак во заден момент да си ја поправат, не знам. Само нека биде.
    Stop talking, let's go studying. Још мало ... :muscle:

    Песнава содејствува со временскиве (не)прилики во нашето мило Скопје. Релаксира ... :music:
    http://www.youtube.com/watch?v=lBPEkEOUUp0&ob=av2n
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    На улицата „Скршени срца“, на аголот со булевар „Разделба“ имаше Бар. Често одев таму и сите знаеа дека пијам водка, но секогаш се изненадуваа од тоа колку многу можам да испијам. Таму светлината беше пригушена и тоа ми се допаѓаше. Никој неможеше да ги забележи моите огромни подочници од неспиење. Ниту трагите од исушени солзи по моето лице. Алкохолот секогаш беше силен и евтин и речиси ја утрпнуваше онаа толку свирепа болка, која доаѓаше некаде таму од крајот на градиве, каде што колку се сеќавам требаше да има едно срце.

    - Ајде де! – ќе кажете. Како да не му се случило истото на секој еден од нас.

    - Е да, се случува! – ќе ви одговорам. Но се случува еднаш, а не секој втори четврток во месецот. Како да беше традиција сите да ме откачуваат…

    Дури веќе и не прашував зошто. Ги испраќав еден по еден по нивниот пат, а јас се упатував по познатиот булевар кон барот. Кон познатата чаша со горчлив пијалок.

    Следната студена и дождовна вечер се се промени. Тогаш кога најмалку очекував се појави Тој. На пустата улица пред мојот дом на која имаше високи липи, од кои напролет се ширеше силен и ведар мирис. Тој ме извика и ме праша за некаква адреса. Јас збунето му одговорив нешто, гледајќи го право во неговите прекрасни очи.

    И до ден денес продолжувам да ги гледам. Денес живеам на улица „Љубов“ и само одвреме навреме чашата водка ме навраќа на бледиот спомен за она време.

    Не е важно низ колку мрачни улици ќе одите и колку пати ќе се изгубите во мракот. Само одете. Случајно или намерно еден ден и вие ќе налетате на улицата „Љубов“ каде што живеам јас.
    Превземано од popara.mk
     
  7. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Те разбирам, и мене до негде истото ми се случува.
    Веќе ништо не ме допира...Ниедна случка, ниедна караница, ниедна нервоза. Ако до вчера минував часови во плачење и размислување, сега штом спуштам слушалка или затворам врата сум смирена и се однесувам како ништо да не се случило.
    Во градите ми стои некоја грутка, ама веќе не покажувам емоции како порано.

    Што знам, можеби има некоја граница...после одредено време отрпнуваме, се навикнуваме на болка.
    Убаво е вака, ама по малку почнав и да се загрижувам! :worried:
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Утрово е совршено за некој да ти се налути, а притоа ти да немаш поим. :fubar:

    Ко тоа што го прави сестра ми, на најсовршен мерилстриповски начин. Просто да ја измавам со сукало.
    Врти врти, дожд, меланхолија, откажани кафиња, сонцево скриено ко позади чаршаф, мачкиве накострешени чиниш бура се спрема, ама јас повторно се инспирирав.
    Утрински оксиморони. Небово е затвор. А ние, негови заложници, се додека сонцето не плати кауција.
    До кога?
    Дур не пркне убав април!
    Вчера на Чалгија С.С во Менада се превртевме од смеа. Добрила ме претстави на свој начин, ми го згреши презимето, пренесе дветри анегдоти наши и продолжи со Не крши се Софче! Ау. Тотален погодок на еден така блесав, езотеричен вечерен провод.
    Џин тоникот ми е добар другар. Да, да. Си цугаме он од мене, ја од него.
    Ненад ме гледа напреку = Ана да не си трудна? Викам, не бре, течам ко Дунав, што ти е!
    Сум била пази, не дебела, ами засјаена! Блажена.
    До хулахопките е бе.
    Стопосто.

    Мирише на печени пиперки. Тато кога нема друга работа, се дружи со кујнските реквизити. Сестра ми уште ми е лута. Како пиперка. Зборовиве сами си се влечат еден со друг.
    Го прогласувам овој петок за најочекувано сив.
    Ко мачор дебел!
    Нахранете го со фина храна, вечер ќе ве мази и ќе ви мјаука.
    Мрррр...
     
    На la-chicka, AnaKarenina, tinkerbelll и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Значи една работа, сите сме изложени подеднакво на сите хемикалии и дроги, и не гледам дека ниту едно губење на некој, ниту едно љубопитство, ниту државава ниту животов е причина за да почнете да се фиксате и да станете џанаци. Секоја чест на оние што се откажале и се вратиле брзо откако увиделе ама оние што натепале по 30/40 години и мајка им татко им ги носат на метадонска терапија рк, плук згаз. Исто и за алкохол. Пред да се направите јаки со муда од лабуда колку тоа можете да одите во крајност и да бие најфацки пред сите размислете. Жал ме фаќа за оние родители кои под рака ги држат со последна надеж своите деца. Ебате мозокот кога незнаете да го користите и со се да се справите трзевено!

    Сериозно ми се згади денес кога видов една слика, и кога ќе ми текена колку некои родители се трудат да ги одржат во живот, а со ништо не сториле нивните деца да одат по тој пат. Тие лице срцево ми го распараа на неколку наврати. Родители до последна капка сила. Им се поклонувам..
     
    На ludoto19, tinkerbelll, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес од ко станав се осеќам супер :D
    Бато ме разбуди, со сликите од табло, срце на дада преубав е, одма ствавив слика во новчаникот :) , и дури се расплакав, тие беа солзи радосници, од радост , памтам кога бевме малечки и си игравме во калта по улиците :D , а сега наеднаш гледам слика за табло. :)
    Ако само за убо да е, јас сум пресреќна, и зрачам едноставно.
    Денес ќе се шпицнам, убав ми е денот, наочарчињата и ќе шибам по улиците се дури не стигнам на школо 8), онака важна :P .
    Вечер ќе го видам и него, моја једина љубав, кефој сум и за то. :l:
    Насмејте му се на животот, и тој ќе ви се насмеј вас :)

    Имајте најубав ден.
    Ве љуби Ади. :hug:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    [​IMG]
    Да прашам,ако се женски не се рачуна дека е бејби бум или не се рачунаат уопште за деца?! У дилема сум.
     
    На bittersweet, JuLleE, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Не сум се уклучила подолго време,морав оцени да поправам :D Вие како сте ми ? :*
     
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Да.
    Уште дожд ми требаше. |(
     
  14. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Кој те покани? Знаеш дека не поканети гости па и не се многу добредојдени. Сите се радуваа на сонцето, а ти ни се тупна, баш кога не мораше. Мене не ми пречиш, убав период имам, ни ти нема да ме втурнеш во депресија, паѓај си гордо, сигурно некому си му пријател, мене сигурно не.
    Ако ти се смееме сите ќе си отидеш ли? Еве мене си ми асоцијација за солзи. Порано ти се приклучував, но сега ти се смеам. Доста ти е ајде оди си, чао, дожду чуден !
     
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    СДК значии цела недела додека одевме на училиште, времето беше суупер, сега дојде викенд и веднаш дожд.. уф -.-''
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ми годи дождот.
    Седам со кафето во рака и гледам низ прозорецот.
    Вниманието ми го привлече гугутка која грабнала во клунот огромна летва и оди по работ на ѕидот, собирајќи сили да летне. Ја гледам со внимание-ќе успее ли?
    Се тетеравеше неколку чекори, собра сили и се изгуби под стреата.
    Успеа. Ќе има гнездо да создаде семејство.

    Интересно. Одамна немав видено таква слика која е посилна од многу мотивирачки на нет, ме натера да направам работи кои долго време ги одложувам, дали од летаргија, дали од нешто друго, не знам, ама денес ќе ги завршам- барем дел од нив.
    Ми годи дождот.
     
    На Strumfeta93, caroline.costa, Peppermint и 12 други им се допаѓа ова.
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Инстант генерација со инстант начин на живот кој очигледно не знае ништо освен за инстант живеење, трагедијата на сегашноста во која живеам.
    Време наа знаење и информации но не на познавање и мудрост, време во кое знаеме како секој дел од нашето тело функционира ама не знаеме како да живееме.

    Поразена во сите можни аспекти, денес, напладне, овде се чувствувам ко оаза во пустина. Поразена затоа што сум несфатлива за многумина. Жал ми е.

    [​IMG]
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Понекогаш си мислам дека некои луѓе имаат форсквер за да девојките им бидат на раат. Се чекираат дека се некаде и мирна глава.
    Ама врв ми беше кога една ... една, се чекираше на триумфалната порта... Ох...
     
    На JuLleE, Miss-Independent и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  19. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Беше убав сончев ден. Станав и имав измешани чувства во мене. Лани на овој ден се тресев дали да ти пишам смс или да ти се јавам. Дали би сакал да излеземе или не? Буквално до тој степен, ту би ор нат ту би.
    Попладнето се договоривме. Сепак ти беше тој кој инсистираше да излеземе токму таа вечер. Јас полетав од радост. Додека се спремав, си викав "Смири се Капкејк, можеш ти". Одчука часот, се најдовме и како срамежливи дечиња кои имаат симпатии еден кон друг продолживме кон локалното кафуле. А таму седнавме еден спроти друг и со сласт ги голтавме зборовите кои секој од нас ги изговараше. Убаво ми беше. Знаев дека сакам да сакам да бидам со него. Правеше да се чувствувам исто ко да летам. А кога леташ, знаеш дека е љубов.

    Еве не 1 година подоцна. Денот е далеку од сончев. Дождот решил да си го направи своето, да ги навлажни улиците и да не поведе во некоја меланхолија. А јас сум среќна. Затоа што те имам тебе, затоа што правиш да ми биде поубаво од најубаво. Затоа што го имам сеуште истото чувство како првиот ден, летам. А кога леташ, знаеш дека е љубов.
    Ни дождот, ни досадново време, ни мојата настинка, ни најголемата олуја на светов, не би ме спречила денес денов да го поминам со тебе. Да ме гушнеш и да ми кажеш дека не ме сакаш, туку ме обожаваш. А јас да се насмеам и да се впијам уште толку во тебе. Да ти шепнам дека неможам без тебе.
    Нека ни е среќна првата година помината заедно, да имаме уште мнооооогу вакви години, да се сакаме како што ние знаеме, најповеќе на сите светови! те љубам! :inlove:
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.708
    Допаѓања:
    43.735
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=Bag1gUxuU0g&ob=av2n
    Да си ми жив што ја откри песната :hug:

    Не можам да опишам колку бев среќна утрово кога го наслушав дождот како паѓа врз стреите.
    Мелем за сон.Сакам кога мириса на дожд во пролет.
    Имам инспирација и сега ако земам четка во рака имам чуство како да сум способна да создадам ремекдело,за жал немам материјали, а инспирацијата се заканува да ме уништи.Мислам дека единствено би ме сфатиле оние кои пишуваат, сликаат или создаваат...тие се запознаени со притисокот кој го создава непреточената инспирација.
    Го имам она чувство „сакам кажам незнам речам“ знаете...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.