Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Си напишав писмо за future me.
    Полесно ми е некако. Не знам зошто.

    Денес имав напад на хистерија. Мачорот ми се фрли во лице. И изеде ќутек за секое канче млеко што го има испиено. Животиња.
    Факт: И тие што ги сакаш најмногу знаат да те изнервираат до коска.
    А денес на овој факт не му избега ни дечко ми, ни мајка ми, заедно, покрај мачорот. И заради тоа сега седам затворена во соба, изолирана од надворешните срања што ми ги приреди оваа среда.

    Shit day. Wednesday.
    Имајте НЕкакан ден утрешен.
    Ви праќам гушки и солени пуканки.
    [​IMG]
     
    На crazylady, Divinebutterfly, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Потребно е толку малку да усреќиш некого. Само еден допир, ако знаеш како да го пружиш, само еден збор, убаво изговорен, само едно поместување на делче од деликатната машинерија на човечката душа.
     
    На Breezy, julie77, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Insanity

    Insanity Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    59
    СДК дека ми недостига Македонијаа премногу..
    аман веќе нека иди Божиќ, па да си дојдам да си каснам малку мусака, ајварче.... :(
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    http://www.youtube.com/watch?v=rmQjNHV3kcQ&NR=1

    Утре кај нас на плоштад во Куманово доаѓа Аца Лукас :rock: Пресреќна сум..

    А дојдов да ви кажам дека овие 2 дена имам многу за учење,за поправање оценки ..
    Преморена сум веќе.Што е многу,многу е! Али ке помине се,важно утре ке пееемее заедно со Аца Лукас ..

    Аааааааааааааааааааааххххххх! :rofl: 8)
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Денов ми се виде долг, а сега уште малку ќе дојде нов ден сказалкине ко ќе се поклопат кај дванајска :)
    Немам намера да го прераскажувам, само ќе кажам дека се што сакам од денот е да ми биде исполнет, нека трае и 5 часа ама да уживам во него.
    Во позадина тивко музиче слушам и чекам косава да ми се досуши, лакот веќе го направи тоа.
    Колку работи се сменија, а тек допрва колку ќе се сменат, човек мора да се научи да живее во сегашноста, да прифати некои работи и да ги надмине за да може да живее со истите.
    Животот е пред мене, а јас не знам дали сум само сенка која талка наоколу или одам зад него и го следам неговиот тек, време е за малку адреналин? :geek: Ма несмеам да одам назад, цврсто ќе чекорам во чекор со него, зошто од спомените не се живее, треба да се направат сега нови . :^) ...иако секој ден сам по себе си е спомен, ако нешто што ти се случило ти оставило голем впечаток...
    Зошто мислам дека луѓето кои многу молчат и ретко го искажуваат целосно своето мислење се многу егоистични, иако во некои моменти не го покажуваат тоа, ама се чувствува тоа? Не можеш да кажеш дека некој е злонамерен само поради тишината што ја создава, да СОЗДАВА, ама не можеш да кажеш па ни дека некој е злонамерен само ако не се согласуваш со него или не ти се допаднало тоа што го кажал.
    Дрдорам глупости.....а можеби и не, и постов беше безпотребен иако во него КРИЕ многу емоции, не е важано какви и дали некој ќе ги препознае, важно е што го пишав вториот ми пост во темава, а таа веќе има стотина и нешто странички, нека и се множат.
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Добро бе, и хороскопот ли е против мене?Изгледа бргу ке ми откачат жичките. :|

    Ова вака не иде.Мора нешто да се промени до крајот на неделава инаку жолтото комбе и Негорци не ми бегаат |(
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК дефинитивно нема ништо поубаво од природата :) :inlove: преубаво е кога навечер е чисто небото, без ниедно облаче, а посебно летно време :inlove: мераци :D
    Човек не треба со ништо да се преоптоварува себе си, да се нервира, се што треба да се случи ќе се случи, сакале или не сакале.Некои работи што ги посакуваме во животот се случуваат порано или подоцна, некои се остваруваат за брзо време, а за други пак треба време за истите да се реализираат...додека дедо Боже фатит врски по светов :D неможе сите одеднаш да ги сослуша, кого попрво :rofl: :wasntme:
    Ми се чита некоја ептен ама ептен интересна книга :geek: :worried:
     
    На ozbilnazena, starbucks, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Денот ми беше катастрофална катастрофа :envy: Се надевам дека утре кога ќе се разбудам, се ќе е поубаво и ќе го почнам денот со насмевка. Би сакала да можев да го гушнам сега и да му кажам колку го сакам, но ете, така требало да биде. Поздрав феминки. Убаво да спиете. :*
     
    На baguf4e и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Не знам како не сум го нашла порано пејачов па уште од порано да сум уживала во прекрасната музика :o ама не е битно, еве сега не можам да престанам: препорачувам!

    http://www.youtube.com/watch?v=bUM88et2 ... re=related

    Еве ви една песна, за добра ноќ :*

    Уште малце и Брајт ќе оди во кревет, да спиет, да сонуват поделби и транскрипции и organs of speech -.- Па јaс не знам да бубам! И немат да се потрудам! Шо запомнав логично, запамтив - утре шо сакат нека е! :swear:

    еве ви уште еден бакнеж :makeup: :*
     
  10. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Денот по утрото се познава?
    Нека не ве лажат.
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Јанко од "Јади Бурек" вечно ќе го колнам!
    Но,ајде со ред.
    Стануваш, навидум обичен ден, времето тмурно како и јас.
    Не се случува ништо особено во првите три саати откако ги отворив очите, но четвртиот(се ежам од овој број) саат од мојот живот на 09,11,2011 за прв пат посакав некој да го мачам до смрт,а тој да ме моли да го убијам,за на крај да умре сам.
    Робовладетелството одамна исчезна, но некои уште живеат во тој систем, мислејќи дека јас завршив со кариерата и сега све ми зависи од нив, но таа само што не почнала.
    Со старосните граници на почит и вештачка насмевка сепак мислам дека уште имаме застарени сфаќања.
    Зошто мора да почитуваш некој,само затоа што е постар од тебе?
    Почит заслужуваат САМО луѓе кои се културни и кои не ти глумат преживари на сопствените гомна.
    Што е важно дали е постар?
    Мислам,да..ако е постар и ако според теорија на рандом човек, зрелоста и искуствата доаѓаат со годините, зошто тој постар човек се однесува кон тебе како кон крпа за бришење прашина..или уште подобро како кон тоалетна хартија што си ги брише од тебе сите гомна од нивниот,за мене,мизерен живот.
    Како што денот се наголемуваше и ја достигна својата кулминација, отепав екстра досада која навистина не ми требаше,а желба да направам нешто повеќе,освен мини ручек..реално немав.
    За да се одморам од сите тие 9ти ноемвриски срања,решив да заспијам со надеж дека кога барем сум го утнала денот,да ми е топ ноќта.
    Но,ете.. чуден инсепшн ми се дешава. Сон во сон во кој сонував дека неможам да се разбудам, сите сетила ми се згрчени. Е, во вториот пак сон пробував да се разбудам од тој третиот,ама не ми успеваше, очните капаци парализирани, гласните жици напукнати и за крај,после кратко мачење,кое за мене траеше цела вечност се разбудив.
    И кога помислуваш дека и денот и ноќта конечно ти се уништија и нема друга случка, ете ти го Јанко со трејлерот што го пушти за некој си филм каде што го видов четвртиот јавач на апокалипсата.
    Јанко гомна да јадеш!









    си ентеросувам да не ја читам претпоследната реченица.
    Утре е нов ден.
    Имам желба да преминам преку мостот.
    Ашлинг биди ми поздравена и легни си да спиеш.
    Нема спомени од интернет куропецање.
     
    На Magnolija, zhap4e, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    сдк дека многу сум изнервирана од некои форумџики кои навидум паметни нели а појма немат од темава која пишат него се вадат со дечко ми ми кажа он виде....и дека после една година скоро ако се деси да ме банират ке ме банират од баш таа особа која ако уште малку ми пукне у глава ке ја отерам каде што не треба...фала чао пријатно...


    сега ми е јасно зошто сите жалат по времето кога имаше над 100 нормални постови,сега нема ни 20....
     
  13. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Sunny days wouldn’t be so special, if it wasn’t for rain, and joy wouldn’t feel so good, if it wasn’t for pain...
     
    На CharmedGirl, TeddyGrey, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    не знам за вас, ама Каша почна да ја фаќа новогодишна атмосфера. :)
    почнаа да се вртат муабети за славење, каде, со кого. Јас среќа секоја година си знам со кого уште да одлучиме каде. :)
    дури почнав да разгледувам фустанчиња и штиклички на интернет. :$
    го мразам искомерцијализираниот аспект на секој празник, ама не можам да не ги сакам поради збирање на сите драги на срцево луѓе на едно место.
    само кој ќе ги трпи сега сите со истото вечно прашање Каде за Нова година и после 31-ви Како си поминавте? :tmi: ( и едно нешто не сваќам. зашто Нова ја пишуваме со голема буква, а некогаш дури и Година? :?: )
    сепак Dingle bells! :party: :d: :music:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Doozy, Monna.Monna, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сдк дека денов ми почна романтично и носталгично, но позитивно носталгично се присетувам на убавите моменти кои беа воедно и најголемите проблеми во мојот живот но сепак тоа е мојот живот моите спомени кои не ги давам за ништо живо.

    Денес сум насмеана и заљубена. Денес срцето ми е полно. Денес сум среќна, исполнета, задоволна. и верувајте нема никаква причина. всушност има една. ЕДИТ ПЈАФ. Ја слушам од сабајлево и секоја песна ми предизвикува различно чуство и ми враќа по некој спомен. Ја посетив госпоѓава и и оставив една роза и еден бакнеж, и се поклонив и и заблагодарив за нејзините песни и за секоја емоција што ја разбудува во мене.

    Денес je ne regrette rien. Денес го сакам животот и се што ми се случило во него. денес ви ја посветувам оваа песна на сите вас кои имате сладок спомен што го чувате со насмевка во своето срце.

    http://www.youtube.com/watch?v=Ng3M8Gazi2M
     
    На Magnolija, julie77 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека денес прилично рано станав.. и денот ми почна со него :$
    И послем си викам што правиш волку рано ај легни си овие пред зграда ми бучат со тоа за чистење на лисјата :swear: колку многу ги пцуев.. ох!! ама ептен ме напнаа...
    И од сабајле слушам радио бубамара ми ја отупија главата со Бајага-ако треба да је крај (значи да није љубав) :(

    Ах и не знам зошто ама посакав да се напијам една вишновка и така се напив една вишновка која дојде дури од Хрватска за мене и до сега ја немав пробано.. и официјално сум пијаница :lol: ц ц ц од сабајле со алкохол!!???

    Нешто не е во ред ама осеќам дека ке биде убав ден овој ...
    Имајте убав ден феминки и стискајте палци за мене да го положам овој колокфиум.. :)
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јаоооо колку мразам кога некој пишува мислења само за да добие цветче. Очајно |(
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.113
    Сакам да кажам дека ми ги отекоа со тоа глупата Аи Се Бла Бла Бла, не глупа, преглупа песна и дека типот е се освен убав или не знам што. Онака, преку такво ми е цел ѕид да ми биде со овој и сите околу да си потпевнуваат. Ја трпев данза кудуро летоска, е ова не можам. Ту мач дебилизам.
     
  19. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Сдк дека ,до каде ке оди овај народ? до никаде ,па ке сни влезеле во еу ,алоооо јас ко ќе станам насабаље не пијам ни мастило ,ни нафта,нит пасам трева, не можам да сватам зошто бе толку љубомора,завист ех ,,,,, кога се работи за нив супер е,се додека имаат корист од тебе ,кога ке сакаш да ја нправиш ти работата на своја рака не не чине ке пропадне ,,алооо не сум глупава гледам што се прави, и иако немате доверба во мене јас ке успеам многу повеќе од вас , Бог да е со мене ,па почит кон постари нееее почитта нема никаква врска со староста, :!: таа се заслужува,и на крај краева можеби се исплаши дека ние ке се збогатиме повеќе од(нејзиниот омилен), па не ке можиш да ја гледаш таа ствар ]:) е тоа е ,овај народ се уште живее во она време кога еден демек најдобро знае и само него треба да го слушаме,јас покажав и докажав дека над мене нема да има контрола никој,освен јас ;),многу ми е криво што повеќе немам доверба во нокој, :!: и тоа не чини, да игубиш верба во сите луѓе,и од никој да не очекуваш добра свар,еее до каде дојде овај народ :|
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Здраво. Јас сум Ел Пирамид и сум културохолик :wasntme:

    Жими се, се колнам во збрчкавеното ми чело и цветичастиве ми хулахопки - многу сакам култура и уметност и се што е врзано со неа. Сфаќам дека урбаноста на живеењето на едно човечуле можеби не се мери со количината на видени културни манифестации колку со желбата да се присуствува, но затоа пак урбаноста на градот се мери со можностите кои им ги пружа на луѓето кои се наоѓаат во него и на неговите жители.
    Како и да е, бидејќи денес парите го вртат светот, разбирам дека не на секој му е достапна културата, и тоа на еден начин ме нервира. Зошто мора културата да е кажи речи резервирана само за снобови кои сакаат да бидат видени? А оние кои сакаат кутрите вистински и суштински да уживаат во некое парче уметност, мораат по дома да седат и да бројат пари за да сконтаат дали сакаат да одат во театар или за тие пари кои им останале да си купат книга.
    Не сакам да ги сожалувам ниту да звучам надредено но навистина ми е криво што културата не му е достапна на секој и фала му на господа за едукативниот ни систем благодарение на кој колку толку одевме во театар, одевме во кино, одевме на балет или пак на опера. Сите сложно.
    А не - сакаш да одиш некаде и ти велат, е не може се е распродадено. И после тоа гледаш мрсни фаци кои немаат ни толку основна култура да замолчат барем од почит или пак се проѕеваат во првите редови, или пак дигаат мобилен и мљаскаат уз манифестација - Кирооооо, абе пеер не можам сеа, у театар сум конташ (и тука следи громогласно смеење), или пак ти доаѓа некој со дволитарска кока кола која што и покрај сите правила на фестивалот МОРА да ја внесе иако внатре има каде да си купи кока кола и се дере на врата - ама јас сум судијата тој и тој, не ме знаеш? и другар сум му на ПИП - ооо друже па повелете влезете |(

    Абе у пи*ку матер веќе! Ете. Тоа сакав да кажам, дека најчесто културата им е приуштена на луѓето без основна култура, на современите Леоновци од муабетот на Марјан Георгиевски, ви текнува де :)

    А јас како мало културофилче ценам секакви културни манифестации и ги душкам како кученце. Да можам секаде би било во исто време. И кога патувам или сум во некој град, мајке ми прво што правам - трагам по билтенчиња или списанија кои јавуваат за актуелната понуда во градот. Изложби, претстави, концерти, уметнички инсталации и изложби, дизајн недели ма што и да е....ах, станувам гладна, многу гладна! Ми се јаде - култура :$

    И за крај, ми текнува на еден муабет со чика таксист. Јас итам кон ЦК бивша Точка или како и да се вика просторијчево, на танго милонга, море поодамна беше а и не е битно кога беше, битно итам и му велам
    - до ЦК
    - мислите до владата?
    - па да де тука е тоа на ќошот, бивша Точка
    - шо е тоа?
    - па као културен центар
    - и шо праите таму девојче?
    - пааа се и сешто, вечерва има танго, има и театарски претстави, дебати...културен центар де
    - ауууу градов пука од култура а сите плукаат и мрсули бришат и прдат јавно битно сите се по културата, бре бре бре, што културни излеговме сите

    Првин дигнав лева веѓа, и после сконтав. Чикава е у право. Која ми ти црна култура која е резервирана во голема мерка за најнекултурниот слој на населението?! Срамота.

    Нејсе, муабетов ми беше, иако се разборев многу (во стилот на Геа :D ) дека сакав да фоткам денес на филм во боја со поминат рок, за да направам меки, винтиџ, есенски фотки, кога гледам - црно-бел ми е филмот кој го имам. Е јбг...ќе живеам во боја, ќе меморирам во црно-бела верзија :D

    Ајт. Бидете ми...така :)
     
    На bittersweet, Strumfeta93, marama и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.