Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    На ваков депресивен ден ....чувството после оргазам и туш бесценето .
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Јас сум ти едно суштество што многу размислува. А под тоа „многу“ подразбирам повеќе непоребни работи отколку потребни. Секогаш наоѓам нешто да ми тежи, да се мислам како ќе е, што ќе е и не можам раат да си бидам некогаш.
    Се мислам и за моите чувства кои се менуваат како што се менува времето.
    Знаете ли како е... Некој вади од највкусното чоколадо пред вас, крши една коцка, ви дава да ја помирисате и да лизнете малку, а потоа си ја зема целата и си заминува. Вие не можете да го заборавите тој мирис и вкус, и се нервирате зошто само толку малку ви дал, а не целата.
    Таман го заборавате мирисот и вкусот, се појавува пак и пак го прави истото...
    Се мислам и зошто ли толку букви голтнав додека пишував, кога само што станав од јадење? :D

    Не е битно, сакам да кажам дека премногу си ја оптоварувам главата со глупости, и ми треба еден убав ќотек :!:
     
    На Divinebutterfly, IndieGirl и Hiii им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.765
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите оние кои ме повредувате и разочарувате. Ме поштедувате од моментот кога ќе треба да се секирам и да плачам кога вам ќе ви е тешко, а во ова денешно време во кое секирациите ги предизвикуваат 80% од болестите, тоа е голем подарок и поштедување.

    Ви благодарам! :bow:
     
    На Gordana10, Pelikuna и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Аман те бре жени ладното ви сметаше, снегот, ви сметаше, дождот ви смета...после жешкото ќе ви смета...па ништо не ви се погодви. Наместо да бидете среќни секое утро и да му се радувате на денот каков и да бил, самоооооооооооооооооо кукате.
    Само сетете се дека некој се бори да го проживее тој ден...после врескајте колку сакате!

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Gordana10, Pelikuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Среќна сум си денеска :rofl: . Конечно си ја добив книгата за Стив Џобс...
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, IvanaMkd, Pelikuna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Препотена сум, па минута покасно смирена, па сакам па не сакам. Толку време посакував нешто баш вакво, некој кој презема иницијатива, кој не пишува пораки на фб, ами на телефонот. Некој кој не го занима кој има околу нас туку тоа мало просторче со шарен воздух меѓу нас. И сега кога го најдов, ми е страв. Не знам зошто, незгодно ми е, не знам што да кажам како да изреагирам, сакам да е до мене ама само да е до мене, да не правиме ништо.Секоја негова порака ме смирува, кога сме сами сум мирна сигурна, неговиот парфем ми е толку познат а го мирисам за прв пат. Синоќа додека седевме во друштво имав потреба да му ја фатам раката и да се галам, лигавам што воопшто не личи на мене.
    Сакам малку време, само уште малку време и ќе биде се ок.
    Пеперутки ми прават хаос во желудник и од што ми е убаво почнува да ми се гади. Страв ми е ..
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Татичко среќен именден, а вие феминки повелете на колачи :)
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК, дека повеќе никогаш ништо нема да планирам мнооогу однапред, бидејќи кога највеќе човек планира,се радува и очекува,тогаш се случуваат најголемите пресврти во животот,работи кои го менуваат текот и планот.
    Се вели никогаш не вели никогаш, но јас сега велам НИКОГАШ ПОВЕЌЕ,апсолутно никогаш нема да планирам со поголем период однапред,затоа што после кога нешто не испаѓа како што сум зацртала,се чувствувам како од највисоката катница да ме фрлиле.Зошто секогаш мора човек да е под стрес?За што се ние се нервираме и живците ги кинеме....уффф,којзнае што уште не чека во животот,а овие сегашни нервози за 20год. сигурно ќе се смеам на самата себеси за што сум се нервирала.
    Но едно е сигурно,правда немало,нема и ќе нема.
     
  10. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам дека...

    Само што го имав оној момент...Кога никој немам дома и удирам едно драње од пеење.
    Значи...не да пеам нормално, туку да урлам : Енддддд ајјјјјјјјјиииаааааај вилллл олвејссс лавввв јуууууУууУууу...

    како и да е...

    Прибидејќи открив еден мој нов талент ( лакирање )...Вечер викнав другарка и неа да ја лакирам... Да си го вежбам талентот... :wasntme: Па и мајка ми ќе ја лакирам ако ја убедам пошто моиве нокти за ништо не ги бива. Како успеав да имам толку лоши нокти?! Исти ми се како на татко ми! Ужас.
    Среќа што имам тенки прсти инаку ќе си одев со рацете во џеб.

    ...........................

    Го сакам дождов...уште да бев на планина :wasntme: милина....
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Го преспав денот, не ми се стануваше од кревет, едвај се довлечкав и седнав пред компјутер. Незнам што ми се случува, нешто ми ја одзема волјата, сакам само да спијам. Изгледа времево лошо ми влијае.

    Како и да е... Мразам кога плановите не ми се остваруваат.
    Мразам и да чекам, мразам неизвесност, ме нервираат неорганизирани луѓе.
    До кога јас ќе се секирам за сите?

    Ај доста мрчев. Битно ми олесна.
    Имајте убава вечер. :)
     
    На Divinebutterfly, IndieGirl и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  12. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Денес често зборуваме дека јазикот е нашата татковина. Погледнете записи од пред сто години, и ќе речете, зарем е возможно тоа, денешни ли се тие или толку дамнешни, наведени онака како што се запишани. Да, не чудете се, Скопско и се е можно: "Имам тутун долна рака седум, а убави деветнаесет дењга. Лани, му кажувам на ефендијава, ми даваа по петнаесет гроша ока; имаф седум дењга, годинава ќе бидат и повише" (село Пагаруша). "Јарина се вика онаа волна од јаганците и онаа што се потстрижуат после... Горе има обетчиња и на обетчињата се скрипци. Брдото се става у набрдиљка" (селото Блаце, Блатија). На крајот, наравоучение. Духовито кажано а пред сто години запишано: "Си турил гајле на глава"?

    "Свој леб јади, туѓо гајле не бери". Ова е една богата традиција, која во овие немирни времиња сите не обврзува. :!:
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Се, се, ама само Брза Помош да не треба да викаш и да чекаш. Се шетаме синока со дечко ми и еден човек пијан дрво падна од велосипед пред нас. Ние бевме пешки без кола а во сокачето жив човек немаш само ние. И видовме дека не му е ништо станува полека полека и решивме да го оставеме бидејки од каде знаеш може некој нож да извади не дај боже. И го оставивме. После 2 саата пак поминуваме од таму и кога ке видам, човекот лежи уште на сред пат, до него велосипедот и крв до него, изгледа носот си го скршил. И ние се уплашивме бидејки не мрдеше, и решивме да повикаме брза помош. Се јавувам јас и осетете го разговорот. Ја разбудив некоја си таму која најверојатно си дремеше, и викам ако може Брза Помош таму и таму. И оваа ме прашува зошто? Викам има еден човек, не знаеме што му е, има и крв до него. И оваа вели епа донесете го со кола. -Епа немаме кола и нема никој низ градот (касно беше). -Епа најдете некој и донесете го. И јас веке се изнервирав и викам а што ви е на вас работата? ние да не треба и црвен килим да постелуваме? И оваа од таму какво било тоа понашење она била на работа цела вечер бла бла бла. Не сакав да се карам и само и реков Добро ке викнеме полиција фала многу чао пријатно и исклучив. За огромна срека поминаа полицајци и ги викнавме до собраа го однесоа некаде. Е сеа можеби бил пијан ама греота бе, кога ке ги викниш треба да дојдат. Може нешто посериозно да му било од каде да знам јас :@ Скап е бензинот до тоа ке е :@
     
    На Divinebutterfly, zhap4e, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Поминува времето :o:
    Поминува и неговиот живот.
    Уште колку ли минути остануваат, Господе само олесни му! Нека биде побезболно....
    Каде ли да најдеме утеха, ако воопшто ја има.
    Милион прашања, а одговор нема.

    Петоков е сив... и прозорците плачат. :rain:
     
    На LilBaby, marama, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Велат, „само дома си е дома“. Да, до некаде се во право. А каде е дома?
    Мене моментално-никаде. Мислев дека ја имам таа привилегија да имам 2, но......во моментов се чувствувам како да немам дом. Како куче скитник, како бездомник.

    За мене, дома е таму кај што ми е срцето. А мене срцето ми е на повеќе страни, кај сите подеднакво. И кај моите родители, и кај него. Додека сум тука со него, се чувствувам како дома, исполнето, убаво, мирно....Имам се што ми треба. Кога сум кај моите моите, се чувствувам како дома, на моето место, таму каде што од секогаш сум припаѓала. И повторно се чувствувам убаво, мирно, исполнето, имам се што ми треба, освен него....

    Не дека се жалам, не сум слаба, не сум растргната на две страни.....совршено добро знам кај ми е дома. Покрај него, во неговото срце. Каде и да е тоа, каде и да бидеме за некое време. Врска немам кај ќе биде тоа, само знам дека ќе биде со него. И дека ќе бидам најсреќна кога ова ќе заврши. Има многу време, знам, само што започна.....но јас уште од сега се радувам на крајот на патешествието наречено „решавање заедничко станбено прашање“. Ќе биде ѓаволски тешко, знам, крв ќе проплукаме и двајцата во следните неколку години, но ќе се бориме, ќе се трудиме, ќе даваме се од себе.

    Само да го издржам периодов на одење ваму-таму цело време, влечкање кеси и торби, заборавање облека и работи на другото место токму тогаш кога најмногу ти требаат.....тегнење на 3 ташни и 3 пара чевли за потребите само на неполни 48 часа, само затоа што глупава женска глава не знае кога што ќе и притреба за наредните два дена..... |(

    Ај да не го тупам, да си се допакувам и да си тргам накај дома, и сама се изгубив во постов кој и онака нема смисла |(

    Имајте убав викенд :hai:
     
    На INSIDIOUS, teddybear, ljubam и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    8.692
    Две нешта.

    Ако некој не си го исполни договорот/ветувањето автоматски ми дава право да не му верувам веќе за ниту еден договор. Секоја моја наредна постапка не може да се смета за извисување.
    Ако не го почитуваш туѓото време, не ја ни почитуваш личноста.

    Друго, мразам луѓе кои јадат/пијат гласно, тоа е основниот манир кој барем младите треба да го поседуваат. Исто и луѓе кои се забораваат шприцајќи се со дезодоранси и парфеми па треба да луфтираш пола саат после нив инаку не можеш да дишеш, а надвор не е 30степени!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Иако врнежлив е денов мене ми е убав. Некако на овие денови имам оправдување зошто не ми се излегува :wasntme:
    Со сестра ми направивме торта, една од омилените. Пола и повеќе ја лапнавме ама прсти да си изедеш е.
    Би ви ставила и слика ама страв ми е да не ве настрвам, а ќе нема доволно за сите :wasntme:
    Имајте убава вечер :)
     
    На Divinebutterfly, LilBaby, Hiii и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК некои луѓе дури ни во својот живот не ја играат главната улога,играат според туѓо сценарио и имаат споредна улога,а ако си го играат според своето сценарио ке бидат ГЛАВНИОТ ЛИК!
    Сме паѓале многу пати, иако не се сеќаваме.Сме паднале прв пат кога сме се обиделе да одиме.Речиси ќе сме се удавеле кога прв пат сме запливале,но не треба да се разочаруваме,се може подобро.
    Не треба да се грижиме за неуспесите,туку за шансите кои што ќе ни недостасуваат,кога ќе се обидуваме.

    ВЕРУВАВ,но научив дека НЕ СЕКОЈ ја заслужува мојата доверба и научив дека некој е секогаш тука за мене кога ми е најтешко да ми даде поддршка.Денеска научив многу работи,т.е. јас ги знаев,но заборавив дека ги знам...сега ми е полесно...нема да се грижам за толку небитни работи,ако сега се секирам за банални работи,што ќе биде понатаму во животот? :worried: |(

    Жал ми е што цел дне го преспав паднав во мала депресија,ама се помина добро и мене ми е подобро,ама врмето е тмурно,никакво. Како да ги придружував капките дожд со моето плачење. :rain:

    И,сега гајле ми е ... што ќе биде утре,нека биде...ништо не е поважно од моето здравје и расположение.
    П.С. РИЛЕКС! 8)
     
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СДК секој збор од пишаното сум го почувствувала... ме потсети на еден болен настан... баш и тој јунски ден беше вака тмурен :(
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.