[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Thank you for being there when no one else was...
    Случајно налетав на оваа реченица и се сетив дека на неколку личности на кои би им ја посветила...
    Да, навистина чудно луѓето доаѓаат во нашите животи кога најмалку очекуваме но за жал и понекогаш заминуваат тогаш кога ни се најпотребни и кога најмалку очекуваме. :)
    Како и да е имајте убаво саботно поладне :coffee: :)
     
    На AnimeHQ и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Проблемите не ми се казни туку предизвик на мојот пат, на мојот духовен развој, Затоа - кога наидувам на проблем не се плашам, едноставно ГО РЕШАВАМ. И секој мој потешко решен проблем МИ Е СЛАДОК бидејќи само тогаш може да ја почувствувам слаткоста на "тешкотијата" која сум ја победила.
    Искористи го да стекнеш поголема мудрост и добрина во срцето!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    ... :nod:
     

    Прикачени фајлови:

    На faye и AnimeHQ им се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Среќна сумм...
    Прилепе многу чувства разбуди денес во мене, ми текна на 19 јули, денот шо ќе го памтам секогаш. :)
    Преубав ден имав, исполнет со шоп шопинг :rofl: , се облеков од глава до петици, мојте се срцки, се ми изнакупија.
    Бато е преубав во костумот, се чека уште денот да дојди.
    Ахх, убави денови идат, Кој знам дека многу ќе ме направат среќна.
    Уморна сум, одам да поспијам, овај викенд паузирам од излегвања а и трошење пари. :lol:

    Имајте убава вечер. :) :*
     
    На Pelikuna, IvanaMkd, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Срдечен поздрав,после долго време се враќам во Сакам да кажам...
    Ме уби,сонцето па дождот!Mе убија деновите од понеделник па до сабота наутро.Врели,пеколни,неубави работни денови.
    Течат последните часови од март,а јас со воздишки го испраќам.Веќе ми фали,беше толку убав!Април чека да запише нови лудости,не чека сонцето,плажата и морето,се тоа се убави месеци!
    Ама март ми е во срцето!Тешко дека некој може да го замени месецот кој ни ја носи пролета.
    Воздшки по месецот со женски шмек.
    Со заминувањето на март,ги испраќам и пеколните денови,и дебелиот материјал за учење кои ме одалечија од земјата на бајките.
    Викендот мене сега ми почнува,и не на вообичаен начин со очилата за сонце на глава,и кафенцето во рака придружувано од музиката која ја создаваат специфичните минувачи на плоштадот.
    Се вартив на зумба и затегнување на телото.Не дека многу ми е потребно,ами ме полни со позитивна енергија,ми пружа задоволсто да подарувам насмевки наколу.
    Шешенцето со вода го шеткам низ собата,латно музика и оргинални движења...убаво е !
    Ми плаче секое мускулче,ама нека,задоволството е послатко од болката.
    Со тивки чекори се упатувам кон тушот,бања со купка со екстракт на ванила.Потоа еден добар сон,капучино повторно од ванилата моја омилена,малку стрес за време на уктамица и време е за свежи модни комбинации. :f:
    После долго време се враќам на подумот :d: ,мора да се одолжам за сите ноќи поминати дома со книгата во раце.Високи потпетици,балетанчињата или пуна пета,не битно..ми плаче ногава за нив,а устата по црвениот кармин.
    Тоа е,втркање пред огледало со новите парчиња или пак некои стари во сосем нова комбинација ми фалеше ова.Си го враќам животот назад,и тоа е доволна причина да се прослави со добро парче чоколадо.
    [​IMG]



    Smilly,истоштена ама среќна. :*
     
    На marama, mims-89, BlackSwan5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Пред 30 години, во најсеверниот град на нашата ни сакана Македонија, во една болница, на свет дојде едно розево бебе... :lol:
    И после толку години, остана дете во душата, бунтовник во животот, некогаш несмасна и трапава, некогаш нежна и емотивна, стана дел од форумов, некогаш мрчатор и сератор, но воглавно во секој пост остава парче од својата душа.
    Таа жена денеска сака од срце да ви се заблагодари на сите, што и го збогативте денешниов ден и и го направивте уште поубав, посреќен, повесел. Убаво е кога човек е опкружен со пријатели, а само тие знаат нештата да ги направат посебни. Иако триесет е само бројка која доближува до зрелоста, која потсетува дека третина од животот веќе поминала, сепак денеска ми направививте да се чувствувам посебно и да не се плашам од времето кое поминува толку брзо.
    Сега гордо ќе ја пукнам таблава од ѕид
    [​IMG]

    ќе ве почестам со едно парче
    [​IMG]

    и ќе ги полудувам комшиите со моите гласовни способности пеејќи им ја
    http://www.youtube.com/watch?v=OsUuPT8_FV8
     
    На Adi888, LilBaby, tessi и 26 други им се допаѓа ова.
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум им завидувала на циганчињата. Живеат од ден за ден, гледаат да се најадат, да испушат некоја цигара во денот, да се изнапрскаат по фонтаните. Свака част.
    И ич не сакам да звучам ко Весна - бејби ама СТВАРНО НЕ МИ Е ЈАСНО? Како бе можат по цел ден да лежат, ама по цели денови да пијат кафиња и да крекаат, секоја вечер ма TRANSFORMERS не им е рамен, миниќите и по селските "дискотеки". И после леллееле паднав на испитот, стварно е коза професорката ме фатила на пик. Те фатила на пик? Те фатил на пик тебе неиживеаниот пубертет, на 25 години играш одбојка со бруцошите, пиеш кафиња со разно разни принцови секој БОЖЈИ ден, пиеш ракија до 12, а после лижеш една чаша нискобуџетна водка. Е тоа те фатило на пик тебе.
    Каде вака,каде? Па после Грујо бил крив??? Не драга, Грујо на твои години бил советник на Претседател.
    Туку денов е убав. А утре ке биде уште поубав и пошарен пошто нели е денот на лагата или на шегата, како беше?
    Ма не бе не го чекам јас за тоа утрето.
    Едвај чекам да се отвори сезоната за рентање точаци, да ме издува малце Вардарец, да ми ја избистри главата од овие овака, како да кажам, лоши впечатоци за одредени индивидуи, нели, во моето окружување.
    Ај чао
     
    На thinkerbell, blond, Anabelle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    45.662
    Пол:
    Женски
    Глувчето ми ги живее последните мигови...мислам дека му дојде крајот...го држам и срце ми се кине некa умре побрзо не можам да го гледам кaко се мачи веќе долго време и се бори со строста...време му е.
    Kaj нас животните живеат максимум и среќна сум ради тоа, изглeда убаво им е...ги сакаме толку.
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Оф леле срце малечко :( .

    Сдк
     

    Прикачени фајлови:

  10. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.898
    Допаѓања:
    11.036
    Пол:
    Женски
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Еден наркоман помалку во мојот град. И тука се појавува прашањето дали да се жали. Дали да се жали дека е пред се човек, дали да се жали што бил глупав и сам крив што се зафатил со дрога, што којзнае колку млади навлече. Греота за оние кои се гржеа за него и упорно сакаа да го одвикнат, греота. Ако беше дрогата добра ке ја даваа наместо Аналгин. :)
     
    На Adi888, marama и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја задржам навиката да станувам во 8 сабајле. Неверојатно е колку денот долг, а ние сите се жалиме дека време нема. Време има, ама ние не го кориситме онака како што треба.
    А човек секогаш се чувствува поубаво кога денот му бил продуктивен.
    Во пресрет на многу слободни денови, по успешно завршената колоквиумска, правам листи во главата на се што можам и треба да направам. Првата точка ми е, да направам добро за себе со нови навики.

    Денес, цел ден ми беше на нозе. Мислам дека кога доаѓаат потопли денови, излегуваат и повеќе обврски.
    Ама не се жалам, си ќарив нов лап-топ, и осмех од шестка до шестка. Убавини.
    И не ми е гајле што би кажал некој, јас едвај чекам да дојде утре, за да како мало дете се испорадувам на маскирањето и веселите луѓе низ градов. :wasntme:
     
    На Strumfeta93, Buttterfly, teddybear и 14 други им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Еден од оние денови кога се е толку совршено , а ништо за право не е.... зависи како гледаш.

    Ден кога сите ти се чинат слаби витки као божем модели на Кавали.

    Ден кога мислиш дека мачорот го изгубил оној почетен љубовен жар за тебе ,па наеднаш ја гледаш формалноста во целата врска .

    Ден кога свајќаш дека парите ВИСТИНА го вртат светот , а сепак ништо не фали ...кафана јадење , пиење друштво прошетки ......ден кога самодовербата ти е негде близу до нула , а ти кажуваат колку си убава .....ма ни јас не се свајќам па не вие .
     
    На teddybear, Divinebutterfly и marama им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Вчера се качив во автобусот.
    Преполн. Испоседнале. Господа и госпожи. Незаинтересирани за оние што ќе стојат додека на седиштето до нив си ги распослале лаптопите, чантите, палтата, гледаат низ прозорецот.
    Еден младич што седеше во вториот ред виде дека барам место. Си ја прибра чантата со лаптопот и ми мафна:

    - Седни овде.

    Го гледам, му се чудам. По три години често возење во автобус прв пат нешто вакво.

    - Слободно е? - му викам.

    - Yes. - ми вели така изладено, а тоналитетот на неговиот глас и изразот на неговото лице ми вели да не им обраќам внимание на кретениве со кои треба да се возам саат време.

    И седнувам одвај пекнувајќи едно Фала од пуста срамежливост.
    И седам и седам. Одеднаш шоферот му ја враќа чантата со лаптопот нељубезно црекајќи дека не може да стои напред. Си ја прибира во рацете немирно седејќи и не потпирајќи се на седиштето. После неколку минути всушност го забележав ефектот од целиот чин и сфатив дека чантата му е в скут.
    Го гледам. Наликува на тебе, Бу. Потсеќа на тебе. Ладнокрвноста на неговите образи, рамнодушноста на неговaта уста, неговиот вкочанет поглед кој таложи шарање наоколу ако подобро се задлабочиш во нив. Сета таа замрзнатост која едноставно ја движи секоја глетка која опколува - онака како што умееше ти. Сакав да му прозборам. Сакав да речам :

    - Ви ја вратија чантата назад? Нељубезни едни.

    Но не знам дали ќе бев во право. Можеби тој не мисли дека се нељубезни. Можеби тој не би промрчил за истото како што би промрчил ти. Ти беше мрчалце.
    И така си седам, на пати се вртам да го погледнам а тој ги гледа луѓето наоколу.
    Го вадам тетрисот од ранец и одминувам неколку колички. Редам неколку тули. Го гасам.
    Повторно сакам да му прозборам.
    Во главата водиме разговор и му кажувам колку потсеќа на тебе, Бу. Потоа се прашувам, има ли девојка? Заљубен ли е? Среќен ли е? Пишува ли поезија? Слуша ли Џој Дивижн? Се дрогира ли? Сака ли да умре? Верува ли во Господ? Пие ли коњак? Студира ли? Какви дискографии му се кријат во лаптопот?

    Не знам дали затоа што те барам наоколу.
    Не знам дали затоа што никогаш повеќе нема да го видам твоето лице.

    Требаше да се збогуваме на поинаков начин.
    Ти од секогаш ме оставаше во прашалници.
    Од секогаш ме оставаше во прашалници и ја знаеше сета вистина за мене.
    Ти знаеше многу работи за мене уште пред да ме запознаеш, пред да ми се приближиш, пред да ми прозбориш. Дури и се плашев од тоа. Да. Се плашев од тоа, Бу.

    Се надевам дека некогаш повторно ќе го сретнам тој љубезен човек што вчера го сретнав во автобусот. Се прашувам каде е сега.

    Почивај во мир, Бу. На моменти толку многу ми фалиш, што просто те барам насекаде.
    Знам дека ти си ветрот што издувнува и ни ја отвора вратата на терасата.
    Оној што доаѓа како одговор и ми го рине лицето кога седам и се прашувам дали треба да им се плашам на луѓево. Знам дека си тука некаде и ме следиш. Дека длабоко во мене мрчиш. Дека овие прашалници во кои ме остави се причина повеќе да не заборавам дека некогаш сретнав еден човек кој сакаше да го преврти светот и да ги истурка овие лица во амбисот на универзумот.

    Колку да знаеш, среќна сум. Добра сум. И се надевам дека ќе те направам горда еден ден. Иако знам дека ти веќе знаеш дали ќе биде така. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=SLImlDMRIN4

    oваа песна нека ти биде и зумбул, и булка, и се што е потребно за да ти биде пролет. :l:
     
    На LivingGlam, baguf4e, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк без ова не ми почнува денот спрема родителите и спрема ближните никого да не го разгневам или да го оскрбам Господи, дај ми сили да ја поднесам Тежината на денот денешен и се што во него ќе ми се случи Управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам да поднесувам, да простувам и да љубам.
     
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Where is the "good" in "goodbye"!?
     
    На Adi888, baguf4e, cigarce и 6 други им се допаѓа ова.
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Домашна журка во доцните часови. Звучниците се тресат, а на комшиите сигурно чад од глаата им излегува. Еми гајле ми е!

    Денес 2 цртежа од кои се презадоволна. Јеах! Само мои и ничии. Полни се со купишта емоции и секоја линија внимателно е повотрена.
    Преку сите тие фотографии, книги, цртежи се пренесуваат емоции, но кој да ги види.

    Добив порака кој ме израдува најповеќе од се`. Ќе одам на важен настан. ^_^

    Си обезбедив и слика од него. Чика, крал си! Ветувам од часови ќе бегам и со тебе ќе си седам, муабет ќе си делкам. :)
     
    На Adi888 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Goodbye teacher. ]:)
     
    На baguf4e, MacaLove и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК... I wish i could free you of the hurt and pain, but the answer is simple - He's the one to blame.

    Така де, машкиве се криви за се и точка. :!: :D
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    СДК ова не е работа, ти ги викаш за искачање, оние не можат, ги мрзи, имало тапа атмосфера во градов, има да, ама искочи за себе направи си сам, искључи се и биди среќен. Ги викаш за у театар, не ми се иде, за у кино исто, немале пари, ајде бе 150 денари, 2 кутии цигари !
    Како некои стари баби, они бар вторник и петок шетаат :tmi: младоста кај ви е младоста пријателки мои :^)

    Беше време за завршување со факултетски обврски, се на се, успех. Нова диета, сонце, движење, насмевки, шаренило, среќа. Утре почнува мојот омилен месец. Се будам и јас, се препородувам, среќна сум.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.