Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    СДК утре заминувам на апсолвентска екскурзија. Сакам да одам, ми се шета, ама моментално воопшто не ми се оди, не знам зошто, секогаш сум ваква пред тргнување. Ама после нема да ми се доаѓа назад :) . Сто пати го прередив куферот, да не е преполн, да не ми затреба ова - она, па едно стави, друго извади, како прв пат да патувам, не знам што ми е. Првиот пат кога одев сама во странство поорганизирана бев, посмирена, сега некако се’ си оставам за во последен момент, не знам што ми се случува, некој нов вид на не-знам-каква еуфорија изгледа ме има фатено :) . Како и да е и на феминките што ќе патуваат утре им посакувам убаво да си поминат, па се надевам дека ќе се запознаеме!
     
    На Adi888, Gea, Loritaa и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Чудно е сево ова што се случува, по ѓаволите чудно е! Можно ли е само со тебе агресивноста да ми беше романтика и само ти да знаеш да бакнуваш така? Можеби не си створен за мене, можеби на еден или друг начин никогаш нема да престанам да те сакам ама никогаш нема да разберам зошто сето тоа? Зошто толку да боли? Не мислам дека те сакам уште, или можеби те сакам на некој бизарен начин затоа што како минува време сфаќам дека никој нема да предизвика такви чувства кај мене како што тоа го направи ти.
    Твојот поглед ми е жиг, а твоето име ми е презиме. Јас не постоев без тебе и без твоето присуство, не се вртеше светот ако те немаше тебе. И да, никој нема да го заврти мојот свет како што го заврте ти, никогаш! Јас сум жигосана обележана во душата, и не сум навикната да гледам во очи со боја различна од твојата додека се бакнувам, а знаеш ли зошто ? Затоа што ми е страв да погледнам и да видам друг пред мене, со плиток и изгубен поглед. Ти гледаше во душата, и зборови не беа потребни велеше секогаш, немој не зборувај само се забавувај, знам што сакаш да ми кажеш, ти го прочитав во очите.
    Никој друг не ми чита од очите, дури ни онаа која ме родила. Страв ми е да помислам што се не би направила за тебе и за да бидам со тебе. Сега веќе не, ама тогаш, пред неколку месеци....би се одрекнала од соништата, од се.
    Изгубена сум, ти ги гледам сликите со внукот и ми гори душата. Боли да те гледам, буквално гори уништува, испепелува и разнесува. Нема сила што би можела дтоа да го промени, дури ни фактот што не си бил мој, нити пак ќе бидеш некогаш, дури ни фактот што си ме испонижил пред мои блиски личности, дури ни тоа што знам дека се самоуништуваш и дрогираш. Ме боли премногу посебно ова последново, зошто го правиш, зошто ?? Имаш се што сакаш, имаш преубаво семејство и едно кое треба ти да го создадеш ама не, ти не мислиш на иднина.
    Знам дека нема начин да ми ја вратиш душата, таа твоја е..одамна.

    Ако има песна која може да ми ја долови болката.. слушни ја оваа
    http://www.youtube.com/watch?v=A1aPeHJz3UM
     
    На ViktorijaMari, IvanaMkd и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.031
    Допаѓања:
    81.378
    Пол:
    Женски
    ... дека убаво ми е, тананана. Досадна сум, знам, ама морам да си се издушам. :!:
    Вчера се сликав за табло, и не ми се верува - си се допаднав на речиси сите слики, а морам да одберам една. И мајка ја задумав, многу ми беа интересни вчера со татко ми - аман, заман, која слика ќе ја одбереме !? И зачудени такви во фацулињата и двајцата. :rofl:
    Сепак го стеснивме изборот, ни останаа уште две, ама ќе одберам една, макар со еци - пеци - пец - мец -кец. :wasntme: - Небитно.
    Денов беше полн погодок - сонце на велико, па аналогно на тоа следеа и мал билион испиени Цедевити од сите можни вкусови и билион на ента овошни бакнежи (и стресени колена де, ако го паметите муабетот на тетка ми)! :wasntme:
    Имајте убав остаток од викендот и не дозволувајте утре некој да ве прелаже - бидете вие оние кои ќе тегнат за нос. Е така. :devil:
    А сега, фаќајте гушки од мене - одам да поспијам асално, деновиве максимално се истрошив. :tmi:
    :hug:
     
    На IvanaMkd и CIA им се допаѓа ова.
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    [​IMG] :rock:
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ме расплачи ;( , Срценце ;(
    [​IMG]
     
    На cigarce и sanjalica им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК човек секогаш треба да ја гледа реалноста таква каква што е, не каква што тој сака да биде, во спротивно би се лажеле себе си, а не другите.А од тоа нема фајде.

    Разбирам кога е ладно да се настине, ама кога е топло да се настинува, не разбирам :^)
     
    На IvanaMkd и Cacy им се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Аа ме фати носталгија за минатото.. би сакала да и кажам нешто на една личност која сум 100 % сигурна дека нема да го прочита тука а немам храброст да и кажам во очи :tmi:

    Еднаш ми рече дека еднаш човек сака вистински, кога ќе подразмислам малце сваќам дека си во право, еднаш човек сака вистински а јас веќе сакав, те сакав тебе, те сакав многу и против сите, јас те сакав и бев спремна на се заради тебе, те сакав како никогаш пред тебе, те сакав со цело свое срце, те сакав од дното на душава, Иако љубовта не ми беше возвратена така како што сакав јас сепак те сакав, Во срцево засекогаш ќе останеш, секогаш еден дел од срцево ќе ти припѓа тебе, без разлика што носи животот понатаму, најубавите моменти ги поминав со тебе, ме научи на многу работи, ме научи да сакам, да се борам за тоа што го сакам до крај, Жал ми е за тебе не успеав да се изборам сега си кај друга, Ако, мило ми е ако ти си среќен друго не е важно.... Еднаш ми рече дека еднаш човек сака вистински, како сега после тебе ме тераш да сакам друг? како? и самиот знаеш дека тоа не е можно... Како? ;( ;(
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Често ги одбивам луѓето, иако е безцелно. Како на пример кога се повлекувам од светот за да се концентрирам, да си ги средам мислите. Или кога сум во лошо расположение, ги игнорирам тие околу мене со цел да не им ја истурам нервозата. Имам причина за се‘, ама некогаш и ненамерно се изолирам од луѓето. Сакам да имам малку луфта од другите, иако понекогаш и тоа е лошо.

    Ме вади од кожа прашањето ‘Што ти е?‘.
    Знам дека е поставено од грижа, некогаш и од навика.
    Но понекогаш не можеш да му кажеш на некого како се чувствуваш. Не затоа што не знаеш зошто да му кажеш, или затоа што не ја знаеш ни самиот ти причината, од друга страна не е ни причината од што не им веруваш, туку затоа што не можам да најдам вистински зборови за да те разберат.

    Впрочем, мислам дека сакаме да си ги комплицираме животите кои навистина можат да бидат едноставни, најди го тоа што те прави среќен и тој што те прави среќен и си тргнал по вистинскиот правец.
    Едноставно. У теорија.
    Штета што практиката ми е слаба страна.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Светот сепак ќе заврши во 2012

    Светот сепак ќе заврши во 2012 година, но многу побргу одошто се мислеше до сега. Утрото на 1 ноември, 2012, во 9 часот по средноевропско време, Земјата ќе се судри со новооткриената планета Тајки - пред малку објави НАСА.
    [​IMG]

    Луѓето кои се занимаваат со теории на заговор, до сега тврдеа дека според вакви или онакви пророштва, светот ќе заврши на 21. 12. 2012. Така, во изминативе неколку години се изнаслушавме за потенцијалните експлозии на Сонцето, за талкачката планета Нибиру што ќе помине низ сончевиот систем и ќе донесе вонземјани кои ќе нѐ убијат и сл. Нормално, ваквите и слични приказни беа многу провидни и токму затоа и филмовите снимени според нив беа исклучително лоши.

    Но, на денешната прес-конференција која заврши пред малку, НАСА објави дека всушност крајот на светот ќе дојде многу порано, во 9 часот наутро по средноевропско време, на 1 ноември. Причината за крајот ќе биде неодамна откриената планета Тајки (која е со големина на Јупитер) и се крие во големиот астероидски појас, на работ од сончевиот систем, неколку милиони километри подалеку од Плутон.

    Планетата Тајки веќе ја загубила стабилната орбита (од до сега неутврден астрономски феномен) и започнала спирално да се приближува кон ѕвездата околу која гравитира. До почетокот на летото ќе може да се види со телескоп, некаде во средината на септември ќе биде видлива и со голо око, а веќе при крајот на септември ќе предизвика незабележани климатски промени на планетава, поради исклучителната близина.
    НАСА наведува дека обидите за формирање колонија на Марс ќе останат само убава замисла, поради недоволниот временски период во којшто треба да се организира сета логистика. Прес-конференцијата била направена со цел сите да знаат уште колку време преостанува до крајот на постоењето, изјавија одговорните лица во НАСА.
    Извор
    Априлилилили :P :P :P :rofl:
    Текстов е превземен,и е шега
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    :fubar: :sweat: :sweat: :fubar: ме исплаши,заборавив на 1-ви април,ухх,стварно :sweat: :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Дечки јас по вечерашната утакмица сфатив дека Реал колку и да се трудат нема никогаш да бидат подобри од Барселона.Џабе е се,Барселона има многу титули освоено последните години и по тоа се познава кој е уствари во подобра форма.Жал ми е многу што ќе бидам како Луис Фиго (само во обратен случај) ама јас не навивам повеќе за Реал.Почнав да ги пратам Барса повеќе и сфатив дека тоа што го има Меси го нема никој друг фудбалер.Критикувајте го колку сакате,и јас го критикував ама дечкото е извонреден.Колку шанси сам си створи против Билбао.
    Иако некои поединци како Бусќец и Алвеш кои не можам сеуште да ги поднесам,сепак другите се извонредни.А плус и Реал никогаш нема добиено Ел Класико а да бидеме искрени Барселона постојано ги надигрува во секој поглед.Ми досади веќе да трпам сеир после секое дерби,џабе е Барселона е класа над Реал.
    Знам дека сега ви делувам како малите деца кои постојано го менуваат клубот за кој навиват и се секогаш за оној кој победува но неизбежно беше.Се надевам дека ќе успее Барса да го стаса Реал во трката за титулата ама не ми се верува.Не ми се верува Реал да киксне,ама ако си имаме куп и евентуално ЛШ.
    Така да каталонци ви се придружувам.Поздрав до сите вас.

    Знам дека повеќето не успеав да ве излажам ама априлилилили :lol: :lol: :lol:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ^ Ми ја украде идејата од фб, а?

    шала :D
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не,не.Не сум се ни уклучувала на Фб 50 години,мош телепатија :) .
    Ама во секој случај е јако :lol: .

    Едит: Сега го видов.
    После овој ден бриши таа слика,вирус ќе ти пренесе на компјутеро :lol:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Денов беше долг... Малце тежок... И откри многу работи...
    Сфатив дека тој е мојата инспирација... Тој е мојата љубов...
    Ако бидам искрена спрема сама себе, во моментите кога ми е најтешко и кога најверојатно никој нема да ме слушне... Ќе викнам... Ќе викнам дека го сакам...
    Го сакам, затоа што дури и сега, откако заврши се`, поради тој крај, дојдоа многу убави почетоци...
    И да, секој почеток е тежок... Ама вреди, па дури и да не успеам, пак ќе вреди...
    Да, го сакам. Чудете се сите. Тој ме повреди најмногу, тој ме расклопи на милион делчиња што не можам сеуште да ги составам, ама од ден на ден, составувам барем по едно.
    Да, го сакам. Не помина ден да не помислам на него. Признав, ете. Некогаш велам „Не го сакам, го мразам“, ама тоа се моменти кога се лажам и сама себе.
    Да, го сакам. Тој е по моја мерка направен... За да го чекориме (во неговата верзија ВОЗИМЕ) ова наше Скопје заедно.
    Да, го сакам. Со цело срце, ма со цело тело го сакам. И не ми недостасува. Го чувствувам... Ја чувствувам и кнедлата во моето грло моментално, ги чувствувам и вреливе мокри очи.... И среќна сум, го сакам, го немам, не ме сака, го гледам со друга, ме повреди, не вреди ни како човек. Ама јас го сакам. И среќна сум.
    На некој чуден Тедигрејовски начин кој тешко некој би го разбрал.

    И да.
    Го сакам.

    И најбитно, после овие 4 месеци. Се сакам повеќе отколку што го сакам него! - е последнава реченица сакав да ја кажам.
     
    На Trendafilka, AnaKarenina, Adi888 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Хаха, утре вечер т.е. денес вечер ќе ја избришам, не го изложувам компјутерот ми на таков ризик.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.827
    Први април, демек шега ем лага. А некои и цел живот им е први април. Па си се забављаат и светот им е едно огромно диско, во кое се лаже, мами, краде и слично.
    Ја, сам мало попила.
    Роденденот беше врвен, црвен и со варено вино и образи пуни смев. Рокавме Дарко Рундек и јадевме браунис. Ко попарени од вечноста.
    Се инспирирав, и наместо класичното пеење хепи брздеј, и однесов на Ленка моја мисловни нарциси. Да греат во собата и да се чита на глас поезија од Лорка дур се пијаниме, а Месечината не’ гледа. Пеш по светот. За многу години. За патувањето во Нас, би рекла искрата, темнина, за жал.
    Енергетски вампири, колку сакаш... Но добро. Не може да ти се погодат сите.
    А и не само тоа, забележав и уште неколку различни ситуации што како медиум пројдоа низ мојов интуитивен систем, а само чкртнав едно штиклирано лајкче, зошто, имам моќ да надушкам емоција ем распад кога најмалку очекувам.
    Сме се пресисале.
    Во 8ипол дојдовме, до 12 веќе зевавме. А што кога радници сме сите. Кој пискарало, кој штракало, кој административно блекало. Сите нешто имаме да правиме.
    А богами и имаме и партнери и дополнителни хаоси.
    Но, знаеш... Многу сум среќна.
    Растеме. Се дружиме. Сеќавањата на факултетските радости никогаш не стивнале. Музиката секогаш не’ спојува и ни ги прави очите влажни од суптилна тага. Како да сме родени во некоја димензија што не’ составила.
    Мозаик на вистинското неповторливо другарство.
    Попречено, за среќа, или жал, од годините.
    Годините што минуваат.

    Среќна сум. Онака, од што нема како поинаку да бидам.
     
    На Gea, Loritaa, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.227
    Кога фејкер,хипстер прави глупи шеги за актуелни политички,комични настани... мене ми е незгодно. Сакам да му ја савам цела дланка на лице и да му речам ај ќути или...ич ништо не му викам.

    Ден ко сладолед. Си станав,каве,си поручав,си напуштив домот... саем за мебел,милион проспекти,татко ми е манијак за истите,нема да излажам ако кажам дека донесовме 5 кг хартија од не знам кои причини,па со сласт си ги листаше цела вечер и си сонуваше убости за идното ни огниште. Дур покондирена раја пиеше кафе во Тренд (леле колку го мразам местово,многу,многу,многу. Сакам да платам манијак,кој ќе го облечам пристојно и да го натерам да се соблече пред некоја опасна цуца и да почне да го врти у круг,фију,фију,фију,да и се сврти и да и пљукне у кафето!) јас нога пред нога си впивав сонце и пропешачив со мојот МАШКИ родител,си застанавме по антикварските тезгичиња и си го купивме Достоевски во тврд повез,комплет и Драјзер комплет. Сега се осеќам ко маликенка,ќе си ги наредам народ да ми ги гледа,а и често ќе си раскажувам како го читам Достоевски по три пати,а Толстој по два пати,а поезијата на Есенин дека ми е особено драга од боемски разлози. Го имам потенцијалот за претенциозна глупачка.Ама сериозно,убаво ми дојде дур го гледав овој прост народ како се коџоперчи на КОЊОПОЈ во 13 часот и лови повеќе сеир,туѓи погледи,него ли сонце и насмевки на блиските,а јас си врвев дури со коњско репчуле(добро,не беше репче,поише беше,сврчано пуфче ор самтинг...самтинг) ко девојче за петто одделение и ич не ми беше гајле. Битно,татко ми ми рече дека нешто му оди да се гордее дур ми летаат локмиве на сите страни и му се кикотам на сонцето дур саркастично си правам шеги за реалноста!Смешнотии.

    Знаете оние глупи митови за нашата тн провинција,па као у Битола се паќосувале за по леб,во Струмица за по млеко?! Е тоа драги мои више не важи. Скопје ти е дно на дното, утринска рканица на машиновозачот кој станал во 3 за да тргне со вовчето до крајот на светот во 6 часот. Уствари,Скопје,тажно и осакатено, убаво е од што е грдо. Си носи тага за еден лош народ што го гази. Си мина време,па дури и сеедно ти станува што Аце го има таму каде што го има... Веќе кога тргнало,нема што да правиш освен да топиш бронза или насилно да протестираш. Пошто кога правиш марш на мирот е смешно бре луѓе,мошне понизно, христијански за мој вкус. Тоа е ко да ти го средиле газето,ама ти сега викаш, ај тури ми вазелин за нареден пат. Насилството ...не раѓа насилство,дотерува ум. Нејсе...денес бев пацифист до одредена точка од денот... Тетката во мвр,а не,не можете да се сликате веднаш,да ви закажеме. Само јас, странците, скитниците, ромите и затепаните албанки немаме лични карти. Срамови. И да во сабота работат ако не сте знаеле.

    Па и чаршијата не беше лоша да ви кажам право. Замириса на скаричка и први мај,без малку артистички изглед,дури и некултурен и гнасен, го нема нашиот флуид за да си се осеќаш свој на своето.Поубава енергија носиме...ама ајде...
    Искрена да бидам,и цветниот пазар е лош.Го прошетав денес и се порадував на гербери,ама затоа зелен пазар ми е душата. Со главата на племето Лилиткови се прошетавме, се пошмекав со еден батка што кревал тумбази пролетва, најубави марулчиња ми избра,еден чика "ко за девојчето"најубави буковки ни даде. Да ги видите какви се убави,утре има да ги мцкам со страст. Мирис на свежи марулки,краставички,маслинки, по малце реа на риба и по некој исчупан мачак,ама дебеличок,прејаден. Него секој ден му е сабота...

    Не знам дали да се радувам или да плачам зошто дојде ред и кај нас,како и во ЈАПОНИЈА,да се тепаме за технологија... Ама подлабока,болна тема ти е тоа.

    И пошто гледам другарка ми се пожали за гаќите,јас и реков,гаќи од принцип се пружаат у втор ред на жица (ако имаш два реда де,а мора да имаш),а од хигиенски причини не ги пружаш на балкон кој гледа кон главна улица. Немање удобност у пружање гаќа и не е толку страшна ствар,ако имаш лична култура и не ти е толку битно воајеристички да ги презентираш пред маало. Јас на пример,нејќум да знам моите помлади комшии какви гаќи носам. А кога бев помала,сфатив дека стварно гледаат. Како?! Епа така,ако ви текнува на браќата Далтон,епа имав едни ко тие,со тоа што најмалиот беше најглуп,мајка ми ми вика,Лилит,оди прибери ги алиштата ќе врне,а овој надвор нешто џмие и ми вика,аааа ти го нема тој црниот прслук со бели машни и имаше една танга бела со црвен цвет.Кхм...и ај сега?!Жива вистина,од тогаш имам трауми и лекција! И не,не знам дали важи за градници,ама би требало да да,особено за дами кои се над 85ка,како не би фаќале мушички и полен, за да не го нарушат балансот у природата и опрашување на црешите и слично,а и може да паѓа сенка на петуниите на комшиката,па да не и виреат,автоматски влагаш у проблем. Не би го сакале тоа! Ама побогу,све решивте уште чешит најдовте да се правите за ГАЌИ. Навистина?! Мене поише ме мачи бензинот и општата економска состојба. И пак еве ви една народна узречица,еее,на исто сонце гаќите ги сушевте више нема да важи. Ај чао!

    И така... Чудно време ме чека. Прееска го изјавив ова,другар ми дофрли,БУРНИ ВРЕМИЊАААААААА,турска серија. Го избацив,пошто и сама си кажав пред некој ден. Чао Џони,цар си!

    Дојде први април...исто ко 31ви март. Пак сите лажат,сите глумат и маски си имаат. Пак не ги препознавам ко месеци уназад. Шта ќеш...

    Чао,журим,ме чека мачорот во постела,мека бела...уствари тој спие више...и не е мачор ко лигаво име за дечко,туку бел и пуфкаст,по некад и подпрднува и технички,не спие со мене,туку у корпата до мене,ама вака звучеше пофино. А не дека не се дешавало на пример да се разбудиме еден до друг,односно тој легнат кај мене на кичма. Туку забегав и јас...пиво пиев и ете,се одврза јазик,на...
     
    На Juicy03, LivingGlam, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    СДК се прашувам колку е погрешно моето однесување???Фино девојче не пие,не пуши,не се глупира,не се ку_ _ а!!!И да останам без другарки.Хммм...Како може да постојат толку користољубиви луѓе на овој свет,да гледаат се од корист,незнаат ни Д од другарство што значи.Срамота,ама не знаат они најверојатно дека сега си горе ама за некое време тркалото ќе те врати на земја.Звучам како некоја тинејџерка,но не е така и во овие години се случувало ова,не остана ништо искрено и човечно во вас,секоја чест.
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Понекогаш сакаме да се вратиме за некое време наназад,рзмислуваме,се смееме за глупостите,жалиме за пропуштените прилики,среќни сме што некогаш сме биле сакани и тажни сме што некои особи сме ги пуштиле да заминат.
    Денес се вратив во минатото или бар посакував да се врати,беше тоа едно искушение од кое што пак би имало нагативни последици,си пружил многу-а не си добил ништо,си се обидувал за некого да направиш се-а на тој некому воопшто не му било гајле кога ти изнакажал секакви зборови,одеднаш те удира реалноста во глава и си велиш "До кога вака женска главо освести се "
    Се трудам да не мислам како се чувствува, како се снајде во животот и дали чекори по патеката за која што сонуваше,се трудам да не мислам на времето кога бевме едно... Толку !
     
    На thelittle17 и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  20. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    Во животот ми се случувало да ме сакаат,да им требам,да ме користат,да ме озборуваат,да ме мразат,да си поигруваат со мене,неправдено да ми судат,да ме спасуваат да ме кршат...
    Но сето ова ме направи подобра и појака личност :!:

    Ај добра ви нок феминки имајте убав сон :)

    јас отидов да нанам па ке сигурно оваа вечер ке наминам во светот на бајките а не у светот на кошмарите па доста беше цела недела таму бев у први редови :@

    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.