Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Мојата професорка по македонски јазик што ми беше во средно, гледам на фб пишува српски статуси, алал нека и е :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... а не исплаши! :sweat: :tmi: Помисливме ни отиде уникатниот член од форумов, јабана ...

    Времево е најголем шегобиец. Значи Сонце со денови, пролет пршти ... топлина, милина и ооп денес 1 Април, рана зима ... Не зезна јако сите.
     
    На bittersweet, Adi888, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    После три и пол грди месеци, ме поздрави менструејшн, чукна на врата вака пролетно. Таа ми праќа страшни болки, јас и праќам таблетчиња, да видиме која ќе излезе како победник. :lol:

    Навистина премногу ме боли, ама и навистина пукам од среќа, ајде чекор по чекор нека се среди се барем на тоа поле (смајлиштосемоли).

    Доста ми врнеше дожд во животецов, нека ме грее малку сонце :sun:
     
    На ines.h, AnaKarenina, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.262
    Пол:
    Женски
    Знаете, за некој да излажеш прво треба да поверува во тоа што си го кажал. ;)

    Каков тмурен ден денес, не ми се мрда. ќе си го поминам цел ден под ќебенце со омилената ми работа на свет. Читањето де. :D

    И така. За жал не сум доволно инвентивна да се пошегувам на денешниов ден.
    Ама сепак, април е мој месец. Најубавиот. :)
     
    На maca99, Gordana10 и 1209 им се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Денес и хороскопот е против мене,не дека верувам во тоа ама...И лошо сонував.Шит |( Ни на сон не ме оставаат да се радувам.
    Пријател мој денес отиде на апсолвентска...Колку му завидувам.Ке се шета а јас ке се дружам со книгите?!Се заебале останатите ако мислат дека ке поминам вака и јас.
    Денес тулумби ке правам,кој сака нека повели :D

    Пријатен ден.
     
  6. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    СДК дека во последно време не се трудам да оставам впечаток кај некого..

    и времето денес само за под ќебенце и добра книга ;)
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Глупо е чувството да живееш меѓу глупи луѓе. |(
    Каде што се шират озборувања и се лепат етикети без врска. Каде си некој и нешто ако имаш пари, тело и убава фаца. Ако ги имаш сите, ти си Бог. Ако имаш две од нив - ти си титан. А ако немаш ништо од тоа - ти си обичен смртник. Небитно е каков карактер имаш. Можда си душа човек. Не. :!: Тие ке замараат, затоа што немаат попаметна работа.
    А денов.. Комплетно разочарување за шегобијците. Тмурен ден, темни облаци, нигде сонце.. Обично сум позитивна, али ... Глуп ден. :)
     
  8. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    СДК добро утро на сите феминки ви посакувам пријатен ден..овде времето е убаво..топлото сонце одамна влезе во мојата соба за да ме разбуни онака да ме погали со топлината како што тоа знае ..ми фалеше фемина онака да си седам и да си читкам со саати ама убавото време не ме остава внатре

    оваа недела бев многу среќна ..одамна не се чуствувам така среќна..онака ми идеше да излезам надвор и да викам од среќа..а само кога би ме запрашале зошто? хах се започна пред еден месец отприлика,бев на роденден кај еден другар и таму запознав еден негов другар и онака типот беше симпатичен,ми остави мн добар впечаток,убав карактер,љубезен,позитивен..онака личност што има карактер ко мене чуствителен баш онаков тип како што ми се допаѓа ... :) ми остави фб и ми рече да го додадам оти нешто не му работел ком.

    Јас утре дента едно станување веднаш го побарав и го адднав и од тогаш почнавме секој ден да збориме..свесни и двајцата дека сме во врска и јас и тој но сепак збориме со саати,да не речам по цели денови се до ниедно време во ноќта..ми кажа дека се осека убаво кога збори со мене,дека со никој не збори на нет појке од 15 минути...колку и да е зафатен..тој ми вика за тебе не сум никогаш зафатен и не тропај глупости :) ..и мене ми е убаво да зборам со него некако се осеќам среќна,ме свака што и да му кажам..незнам...нејкам да се заљубам..ама натаму одам ...потоа еднаш се договоривме да излеземе ама бидејки е алергичен на кафе требаше да одиме во еден бар...кога на крајот испадна да одиме во еден парк..никогаш досега немав одено таму..преубаво место,баш се воодушевив..еден од најубавите паркови што сум ги видела овде ..таму поминавме два сати и тој одвреме навреме ке ме гушнеше или погалеше по коса,после шетавме бевме да видиме замокот на една принцеза..во глобала беше прекрасно..

    вчера пак го видов..јас излегов со друштво за да играме кошарка,дојде и тој,,офф мори мајко кога го видов осетив пеперутки во стомакот..се поздрави со сите онака пружи рака а мене дојде ме баци и ме гушна силно ..а јас баш тоа го посакував..некако осекав потреба да ме гушне ...после тоа ние решивме да одиме во една дискотека,тој нетребаше да оди ама јас седев сама таму на клупите се одмарав и тој дојде седна до мене и вика „абе јас нема да одам со вас мајка ми незнае дека сум излезен и реков на кошарка ке одам и ке се вратам„ и јас само го погледнав онака нејкев да ме издаде погледот дека сум тажна порани тоа што нема и тој да иде..ама...и тој ме гушна и вика „ти сакаш да дојдам„ и јас пак демек ке се правам дека ми е сеедно „ па ок како сакаш,ако не ти вика ништо мајка ти и девојак ти...и овој ми вика ахх ти што сии,знам дека сакаш да дојдам и јас сакам да сум во твоја близина и се насмевна онака галејки ме по коса ..јас се насмевнав и го гушнав онака другарски :lol: појдовме дома да се спремаме и замислете јас се вкл на фб и тој ми пишува бе хехе ко да не сме се виделе а поминаа 20 мин...

    кога излегував од кола пред кафичот овој дојде ми отвори врата и ми подаде ракаа ахххх премногу фантазирам ама мн ми се допагаат такви гестови :inlove:

    Поминав убава вечер,игравме,се забавуваме...играв заедно со него.....останавме до 4 таму..после појдовме кај еден другар онака пред зграда седевме и си зборевме и мене ми беше многу ладно и овој дојде и ме гушна за да ме стопли....незнам зошто ама јас многуууу убаво се осекам кога ке ме гушне човекот..незнам дали ме свакатее..па уште и оној негов парфем ко ке го осетам готова сум..некако се блокирамм ко ке почне да ми збори јас не го слушам што ми кажува туку го гледам колку е убав :rofl:
    и ако станам малку озбилна овој веднаш „што ти е ,зошто си тажна„ хехехе

    леле луѓе читам што сум напишала и се смејам самата изгледам ко некоја тинејџерка :rofl: ама само овде можам да го искажам она што го осекам..некои ке го сватат позитивно,некои не..ама тоа е..не сум единствената личност што е збунета и со измешани чуства..јас нејкам да се заљубам во него,ама и неможам без да зборам со него..и се трудам да не му пишувам ама тој ке ми пише и неможам да не му вратам...сакам да зборам со него..убаво ми еее...
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека си таква пи*ка и дека можеш да направиш нешто такво.
    Кој те ебе и тебе и сите. Сте ми спотребале. [​IMG]

    Ти си првата личност во мојот живот што ми покажа дека дружењето и познавањето на некои личности е апсолутно погрешно, само погрешно и ништо повеќе од тоа. :)

    Не сум ниту јас светец. Не се плашам од сопствените грешки и тоа што никој не ме разбира.
    Ајде Џинџер, помири се со тоа дека некои луѓе едноставно не прифаќаат некои работи.
    Живот да ти еам, ме остава у такви прашалници понекогаш. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=vYMP_oFW0Qw


    Nisam rekao nista
    sto bi moglo da znaci
    nisam nasao onu pravu rec
    koja moze da veze, koja moze da boli
    kojoj verujem, verujem


    Кога бе Џинџер? Кога ќе го смениш ова замарање и траќање за секој трет? |(
     
    На IvanaMkd и IndieGirl им се допаѓа ова.
  10. Lovely15

    Lovely15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    31
    СДК дека се чуствувам многу лошо, ме нервира другарка ми јфклхјдк леле |(
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Братучетка ми го испушти брат ми од рацете, почна да му тече крв од устата и носето. Го однесоа моите во болница. Дај Боже се’ да е добро, јас не би знаела што би правела ако му се случе нешто лошо. :(
     
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Зар има нешто поубаво од тоа родителите ,кои те мазеле и пазеле,се лишиле од сите задоволства и ги дале сите напори за тебе да ти овозможат што подобар живот и да те направат среќен,
    ќе ти кажат дека се горди на тебе?
    Нема!
    Знам дека никогаш нема да можам да им се оддолжам ,но ме прави среќна да знам дека барем со малечок дел им возвраќам на нивните убавини.
    И цел живот ќе им се оддолжувам.И тоа ме и ќе ме задоволува. :)

    Ми се гади од деца кои не знаат да ги испоштуваат своите родители,исто колку што ми се гади и од родители што не се грижат за своите деца.
     
    На easyyyyy, bittersweet, Buttterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Ете често себеси си ветував да напишам неколку мои правила за среќен живот. Нешто од искуство, нешто од другите, нешто од книгите ... и така се собрало во мојот таканаречен живот :) :

    1. Првото правило мора да почне од здравјето, физичко, ментално, емотивно. Пред да ги спасиме другите, треба себеси да се спасиме. И од себеси и од другите! Не се премногу обвинувајте себеси и другите за минатото! Внимавајте на исхраната и на телесната тежина, е веќе стереотипно да се каже, ама важно е!

    2. Откако ќе бидеме телесно и духовно здрави, ни треба малку животна филозофија! Мора да имаме некаква претстава за животот, за себе, за другите, за општеството, за правдата, за љубовта, за бракот, за смислата на животот, за вистинтата, за ... било што...Голем дел од нашите проблеми произлегуваат од погрешната претстава и очекувања што ги имаме за себеси, за другите, за животот ...

    3. Малку конкретно би било вака. Неколку области во животот ни се клучни и суштински за среќата: семејство и семејни односи; љубов, другарство и останати меѓучовечки односи (внимавајте: човек на човек му е извор на среќа, но човек на човек му е волк), работа, професионални односи. Накратко, луѓето и само луѓето од нашето секојдневие ни се извор на среќа и несреќа!!!

    4. Неколку периоди и одлуки ќе ни предизвикаат важни промени во животот: премин од основно во средно школо; од средно на факултет или од средно на работа, или од факултет на работа или, ... јеби га, без работа, некое време. Се' мора да се доживее, преживее, изживее и издржи. Приватно, најважните промени ни се: од сингл во врска и обратно :lol: :lol: , од врска во среќен брак или вечен мрак или повторно сингл - одлучете сами; со или без деца во брак е една од најважните работи и одлуки во животот и тука нема веќе заебанција!!!

    5. Работата и професијата ги ставам во посебно правило, оти има неколку дилеми тука. Па сакаме ли доминантно пари, или доминанто добра работна атмосфера, или да сме исполнети и да се само-реализираме на работа, па да правиме кариера или не, па шефот ни е срцка или ѓубре, ... итн, па имам многу работа, ама немам доволно пари, но во поново време се појави и обратното-имам доволно пари, ама немам слобдно време за себеси и за оние кои ги сакам! Најлошата комбинација е секако: имам работа, но немам доволно пари и слободно време!

    6. Таги, болки, страдања, разочарувања од минатото (од дечко/девојка, другарка, родители, пријатели, роднини, и други луѓе...), се исто посебна тема и дилема. Просто и едноставно: баталете и заборавете се' што било лошо во минатото - вели Д-р Џони, рилејшншип експерт :P Не се обидувајте да разберете, оти нема да разберете! Тој никогаш нема да сфати колку вие сте го сакале и колку сте добра личност, оти е глуп и ограничен! И толку!!! А и вие сте го сакале него доминантно поради вашата среќа, нели, а не толку поради неговата...да си бидеме искрени сега ;) Фактот што вие него го сакате, а тој вас не ве сака, не е среќен со вас и ве напушта, нема ама баш никаква врска со квалитетот на вашата и неговата личност!!! Едноставно не си одговарате и толку!!! Уствари, вие него сте требале порано да го оставите, ама ете или сте го идеализирале или не сте го познавале вистински :lol: И да, сличностите се привлекуваат во љубовта и меѓучовечките односи. Сакаме слични на себе!!!

    Љубовта не е економски однос во кој ние ја утврдуваме нашата пазарна вредност т.е. цена, преку понуда и побарувачка!!! Каква корист имате ако 10 погрешни ве бркаат или сакаат! Вам ви треба еден вистински. Е сега можете малку да се забавувате со погрешните додека да го најдете вистинскиот, ама да не претерате и да бидете свесни што и со когo правите ;)

    Во крајна линија, ни требаат 3-4 Вистински Луѓе за да бидеме среќни: еден дечко или девојка и 2-3 искрени другар/ки!!!

    7. Слободното време е нова тема за среќа и несреќа. Не е сеедно дали ќе гледате шпанска серија, вести или ќе слушате музика по ваш вкус и ќе бидете на Фемина :) Што и со кого правите во слободното време е многу важно за среќата!!! Најдобар начин да го поминете слободното време е да се смеете!!! Збирот на убави, среќни моменти исполнети со смеа и радост, ви даваат сила да ги издржите неминовните тажни моменти од кои не можете моментално или долгорочно да побегнете или да ги промените. Математички:

    Сума на среќни моменти - (минус) - Сума на тажни моменти > (поголемо) или = (еднакво) на 0 - НУЛА

    Важно: Ако сумата на тажни моменти ви е подолго време поголема од сумата на среќни моменти, морате под итно нешто да промените во животот!!! Не се заебавајте со себеси!!!


    8. Политика, општество, наука, црква, авторитети, Фејсбук, демократија, меѓу-етнички односи, национален идентитет и други колективни појави, ги ставам исто во посебна тема за среќа и несреќа!!! Внимавајте кому и во што верувате, кому се поклонувате и од кого идол правите - рекол Господ, нели!

    9. Направете си своја животна филозофија!!! Како да бидете среќни и како да се ослободите и справувате со тагата! Учете од сопствените грешки, и сфатете ги како дел од вашето растење и само-развивање! Но, ако упорно се плеткате со погрешни луѓе и ако упорно влегувате од една грешка во друга во животот, тогаш можно е и да НЕ сакате да бидете среќни ... јеби га... има и такви луѓе - го страдаат животот! Треба упорност да се успее и да се биде среќен, ама треба исто толкава упорност и да си го заебете животот!!!

    10. И за крај! Еден ден ќе умреме...а другите ќе продолжат да живеат и без нас, нели!!! Со или без спомени(к) од нас, и не е толку важно :P










    -
     
    На Elenuskaa, Stoimenovska, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    :worried: :( ;( |-) СДК се ми оди на нерви, од времето, кандидава доле........
    Аххх а ти колку ми одиш на нерви Физичко хемијооо, не си свеснаааа, уфф незнеш колку те мразам!!!! До дното на душаваа, не, не е првоаприлска шега!!!! Навистинааа те мразамм тебе со сите тие твои: величини, единици, финкции на состојби, на пат, идеални гасови при константен волумен, притисок, твојот Гибс што надавал правила закони, па едно, две, трикомпонентниот систем, хидростатичкиот систем. Раулов закон, Р-Х и Т-Х дијаграмии,повратни неповратни реакции, ентропии, енталпии на образување, вакви таквии..... :@
    Цел ден ми е за никаде, немам желба за ништо, ни креветот не си го кренав!! Не ми е дојдено ни до првоаприлски шеги, 10 пати машкото мое ме зезна брат ми, дури и тато... а ај онака......не ни изреагирав!!!
    А во вторник полагам Физичка, грдаа е , мноогуу е грдааа!!! Ја читаш, читаш, решаваш, запишуваш, се враќаш назад и сваќаш дека всушност НИШТО незнеш. И ај опет Јово на ново!!!!!

    Ах колку и е лесно на братучетка ми, низ смеа и шала заврши во Влахов, никогаш не се замраше, тресеше дали ке ја испрашаат, што оцени ке има... А јас Медицинаа, тресисе домашно ако немаш, тресисе мантил ако си заборавил, тресисе за ова, за она...
    Сега таа си работи во Веро на каса, ма не се замарааа тие 8.000 што ги зема ко алва ги троши, секој месец купува патики, штикли, фармерки, маички, јаде, пие од најубавото, најслаткотоо..........
    А јасс, нон-стоп под стрес, на ПМФ се запишав демек вааа, биохемичар ке станам, живот некогаш ке живеам....(ако доживеам). Штеди за фармерки, купувај на распродажби. Штеди од јадење, од пиење, од искачање... од СЕ!!! За на крај да ги дадам парите за скрипти, за оштета од вежби во лабораторија.....
    Си најде дечко, ма како си го потковаа, уффф срцкааа!!!! Ма го користи, го цицаа ко пијавицааа!!! А јас.. ме сака и моено машко, ама јас си знам низ СЕ што поминав со него, па и уште минувам..
    И што видов од животов... Кај отидов, што напраавив........
    Сума сумарум......=НИШТОООО
    Добив стресовии, мн непреспани ноќи (не од шетање!!), еве и кандида си фатив... Еве сега ме тепа и една депресија..............
     
  15. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    СДК дека денов е многу тапа зашо времево е ненормално и ми иде на живци.. Таман планирав во град да си искочам то врне :@ Ми се спие цела ноќ не сум спана сабајле у 4:30 се вратив, не ми се учи физика хемија :@ Ќе пукнам веќееееееееее.......... |(
     
  16. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Walt Disney :)
    [​IMG]
     
    На Butterfly15 и anabel-a им се допаѓа ова.
  17. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Изгледа само јас не знам у што да семаскирам вечерва :(
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Дека многу ми се шета во последно време, сакам да се изнашетам за цела зима што останав дома :lol: Уште да врнеа пари и се ќе беше ок :D
    Женска ненаситност, секогаш ни фали нешто, дали од шминка, дали од бижутерија, дали од облека. Значи не сакам да се луксузирам, туку кога сакам да купам нешто си викам: „Немам вакво, а ми треба, ќе ми одговара на она, ќе можам секаде да си го носам и ептен ќе ми е корисно...“ Ама кога ќе видиш, некако многу “корисни“ работи се збираат :lol:

    И СДК дека колку и да внимаваме сите правиме правописни грешки, не можеш цел правопис да го знаеш, ама навистина се запрепастив кога видов кои грешки се прават низ форумов... основни работи :x
     
    На Adi888, anabel-a, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.248
    Допаѓања:
    56.991
    Пол:
    Женски

    Што се случи Старбакс добар ли е? :worried:
     
    На Hipica, Divinebutterfly, Cynthia и 3 други им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Устето му е отечено и расцепено, малце е како малаксан и плаче постојано, ама во главно ништо лошо не му се случи, фала Богу. Фала ви на сите. :*
     
    На GarpovaV, teddybear, BlackSwan5 и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.