Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе, сакаат се на готово. Како ајварот, да им го изпече некој друг, да им го излупи, да им го испржи пиперот, па да им го даде? Епа јас ако сум го направила, јас и ќе си го изедам. :devil:
    Здраво, Чао, отидов јас, накај чколијата. :hai:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ајдееееее, денес уште едно полагање, ќе летаат кецови и нули :rofl:
    Само 0010 полагања поминаа, денес е 0011-тото, и остануваат уште 0100. Најтешките. Аман бе, кога ќе поминат... Додека да завршат овие полагања, ќе дојдат и другите. И ајде, за Енџи нема одмор ;( Па и јас сум човек бе, сакам и јас малку да одморам. Уште малку ќе почнам да сонувам кецови и нули, дрва и низи, редови и матрици, исклучоци и листи, автомати и граматики. Ај, битно да преживеам. |(
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Пишувам исфрустрирана од луѓето без срам,оние тотално безобразните.
    Не знам како после се они си се со крената глава без трошка покајување.
    Толеранцијата е доблест,али што е многу е многу.

    Прост пример:
    И даваш на другарка ти да носи маича за една вечер,а таа си ја носи нареден цел месец во секоја можна прилика.По твое инсистирање ти ја враќа неиспрана,искината,исфлекана,раширена.И нареден ден те вика на кафе,без „извини„ без било какво и да е оправдување.

    Bitch please!!
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Good things take time, great things happen all at once! :)
     
    На Marcey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Расположение = full.
    Насмевка - од едно до друго уво.
    Душата спокојна и задоволна.
    Срцето трепери во ритмот на есента.

    Аххх . Имајте и вие ваков убав ден исполнет со смеење и радости :*
     
    На unhappyy, SexyLady и teddybear им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес се подновив со нова книга-Куќата на Ривертон од Кејт Мортон, мислам дека е прва преведена книга на македонски јазик од овој автор, според некои критики кои ги прочитав се надевам дека е добра, иако не верувам многу на туѓи критики се додека лично не се уверам. Едвај чекам да почнам со читање и многу ми е криво што не наоѓам време да споделам размислувања за книгите кои ги читам, зашто за тоа ми треба време посветено само за тоа а некако сум во хаос.
    Инаку книгата ми ја даде со попуст 400 ден., инаку била 630 ден.во Матица :) :)
    И за плаќање чека како ти одговара кога имаш пари, зависно од плата и сл. ама сепак во разумен рок :P
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Вчера се заљубив, пак, во него.

    Убаво ми е.

    Кога чекавме на аеродром, такви светнати од новотијата, мирисот, се фативме за рака и си посакавме многу заеднички патувања.
    Очи мои, сончеви! :*
     
    На Springy, Strumfeta93, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    СДК си ја сакам мамичка највеќе на свет !!
    Обожавам кога ќе ми свари нескафе или пак кога ќе ми ги стави пижамите на креветото кога се враќам од град. :)
    Инаку денес во школо ќе биде тешок ден, но што е тука-тука е. Не сум којзнае колку спремна ама ќе помине некако.
    Имајте пријатен ден, примете ја мојата позитива денес (има за сите) :hug:
     
    На teddybear и eli25 им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Навиката (каква и да е ) е е...на ствар!
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Еден старец разговарал со својот внук за тоа како тој се чувствува.
    Тој рекол : „Чувствувам како да имам два волка во моето срце.
    Едниот волк е одмаздлив, гневлив ,насилен.
    Другиот волк е полн со љубов и сочувство. “
    Внукот го прашал : „Кој волк ќе победи во твоето срце?“
    Старецот одговорил: „Оној кој го хранам.“
     
    На Monna.Monna, Gordana10, dancing.queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    СДК доброутро на сите :)
     
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Честам!

    Јас си мислев кој знае колку ќе ми е тестот, а оно супер! Вчера цел ден го мислев, си велам ,,утре или тажен или среќен пост ќе пишувам на форумот‘‘ и ете дочекав среќен да биде! Поминаа тестови, испрашувањата, добро уште утре да видиме што ќе биде и толку. :whew: Викендот ќе го искористам за прошетки и одмор. Заслужив!

    [​IMG]
    [​IMG]

    И се‘ си милам дека сме петок. :wasntme:
     
    На Monna.Monna и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Морам да се надоврзам на Гарпова. Денес можам конечно да си заспијам со мирна глава. Конечно. А не само да мислам леле ова да научам, леле што ќе имам по ова, што по она. Заврши. Сега имам мирна глава 2 недели.
     
    На GarpovaV му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.983
    Допаѓања:
    123.618
    Луѓево бе :| Ноу комент
    Не можеш стан да најдеш ко што треба.Вчера и оставив капар на дотичната а денес ако не ја натепам Ели да не се викам :@ Два пати одам ,договорени да седиме од 1ви,претходниот го откажавме ,ама она сакала за студентки,ние дека сме биле вработени немало да бидеме сигурни за плаќање |( .Како? Не ја сфачам,жими се,која логика ја тера! И првиот пат рече за студенки е,ама ај оти ми се јавивте да ви го покажам! Не измерка од глава до пети,не испраша каде работиме,и сме и се виделе арни! Арно ама вчера кога требаше да оставиме капар,отидовме заедно до банкоматот и тој немаше пари.Отидовме до другиот извадовме 5о евра и и дадовме.Ама женава откако преспала "сфатила" дека не банкоматот,туку ние сме немале пари,и дека сме ваделе вторпат од некои кредитни картици :@ Ау која логика ја имаш бабуле глупо,после ќе се разбереме!Цццц,не ми се верува не и не и не!
    Сите патештесвеници ко мене и дечко ми,кој едвај наоѓаат АСАЛЕН стан за ПРИСТОЈНИ пари ќе ме сфатат верувам.
    И тоа го зборувам цело време-а никогаш не помислив дека ќе ми фали градчето мое.Сакав само што подалеку да избегам а сега сакам домаааааааа ;( Сакам да си ја средуваме куќата а не да фрлам пари за кирии за мизерни гарсоњери! И тоа ајде најди ја испод 180 евра. Жално за нас младите.Толку сме амбициозни,полни со елан,спремни да го вложиме своето знаење ама системот ќе те дотепа,и на крај ќе те разочара-до степен до депресија.Зошто така се чувствувам.Работам за кирија и сметки.Сакам со платата да се дотерам,да искачам барем 3 пати на вечера,да прошетам надвор,да и пратам пари на мајка ми да и купам некое парченце гардероба на сестра ми.......А јас работам за кирија и сметки!!! Не ја трошам платата за барем мало мое задоволство.Не можеш на еден шопинг да излезеш-сошто треба за работа, а камоли друго :worried:
    Е смачено ми е од се,а верувам и на многу други!!!!!! Државата е за некој мајка за некој маќеа.И партиска книшка да имаш-џабе ти е ако незнаеш да фрлиш некое евро и убаво,ама убаво да излижеш нечии за*ници :headbang:
    Планови-немам планови за иднина! Сакам да се мажам-ама нешто друго ми налага дека и да сакам -неможе! Нема минимална шанса.Така нека си течат годинити додека желбите се едно,можностите друго.Простор за планови нема.Границата за мажење не се поместува на 30 оти ние сакаме,некој друг-виша сила ја налага така.Епа јас се извинувам ,ама навистина ми се плаче,си велам што утре???Подобро да не се запрашувам.Плачев да најдам работа ја најдов и што?
    Ах катастрофа!
    А ако чуете на вести-натепана 60 годишна сограѓанка од Скопје-сетете се на мене ;)
    Кога ќе си го зимам капарот знаете што ќе и кажам-Те запамтив каде живееш ,па може ќе се сретнеме некоја вечер ;) Ете така нека и се стресе малку.Кучка!!!!!!!!! :swear:
     
    На Strumfeta93, blond, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Како може човек кого го стаиле во комисија да незнае дека при горење материјата што гори се сврзува со кислород? И при тоа на тие што пишале кислород да им рече неточен одговор а тие што пишале воздух точен? Можевме да земеме прво место.. ама не господинот тврdи дека се сврзувало со воздухот. Ми отвара на експлозија тука, а тоа врска си нема со прашањето.

    |(

    Колку паметни луѓе постојат, тоа чудо некое.. :@
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Од прозорецот сончев зрак ме милува по лицето... Звучи убаво, ама не е вистина. Сончев зрак ми смета в очи и се движам лево-десно да го избегнам :D Не дека не сакам сонце, јас си сакам, јас сум сончев човек :!: само маалку ми смета в очи моментално, тоа е се :D

    Размислувам за тоа дека секој човек на планетава е надарен за нешто. Под „надарен“ не подразбирам којзнае што (ниту пак нешто перверзно :D ) туку онака скромно кажано, на сите ни лежи некоја област, за која можеме да бидеме свесни за тоа од мали нозе, или пак да го откриеме во некоја позрела доба од животот. Само, колку од нас можат да ја искористат таа наша дарба? Некој може, ама кај некого ќе остане уште неоткриена, неразвиена, некој ќе ја користи како хоби од што нема услови да ја реализира.
    Во поразвиените земји, на децата уште на мала возраст им прават тестови, да ја откријат таа дарба, да откријат што е она во што ќе бидат успешни, и им помагаат околу тоа. Штета што кај нас не е е така :| Кој може ќе се снајде, а кој не... штета, навистина голема штета...
    Запомнете, сите имаме некаква дарба. :!:
     
    На blond, Gordana10 и eli25 им се допаѓа ова.
  17. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    СДК ми се спие-ми се плаче! И.......ќе си легнам и ќе си се изнаспијам |-)
    Чао.
     
  18. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    СДК положив уште два предмети...пресреќна сум :wasntme:
     
  19. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Веќе не ми се пишува на форумов... Ќе напишеш мислење и секој си го толкува како сака. И на крај, јас крива, зошто сум напишала така, зошто вака зошто онака.. :x
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Добро утро од мене, во скоро па 3 часот попладне...
    Толку навидум убав ден, а пак нешто во мене не ми штима...

    Надвор времето е прекрасно, не личи на ноември... Седам со отворен прозор, скришум влага по некој зрак сонце... Не ми е ни ладно...

    Заклучив, дека најчесто сум многу добра, не дека не заслужиле... Ама да си бев толку добра спрема себе, подалеку ќе догурав...

    Многу работи заклучив... Ама џабе.

    Како и да е, имајте убав ден... Ќе пробам и јас, имам и зошто!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.