Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Дека на Љубави му ја пукнав главата за лубеница на ова време, му ја пукнав. И тој со сиот ум заминал на ветриштава и се врати дома со лубеница....мама миа.Кај ја најде не знам. Ама најде. Ова трудноќава те повампирувала бре :devil:
     
    На Shelea, LilBaby, Bright и 14 други им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Не можам да си ги приберам мислите, ме фаќа страв, несоница, нервоза... Се плашам и од самиот збор хируршки зафат иако пред него речиси незабележително се спомнува мал.
    Тој се понуди да дојде да ме држи за рака ама знае дека не верувам многу во тие "романтични моменти" кои ни ги пласираат љубовните приказни.
    Денес ми се вртат некои тешки филозофски мисли, но ќе си ги задржам за себе. Можеби кога доволно ќе бидат подготвени ќе ги сервирам некаде и на некого.
     
    На LilBaby, creshicka и Noemi им се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ги гледам дрвцата како се нишаат лево-десно од пролетниот ветрец.Ги гледам и размислувам. :^)
    Да,луѓето не е воопшто тешко да ги споредиш со лисјата и гранките на дрвјата,многу лесно преминуваат од една на друга страна.Многу лесно можат да си ја вратат почетната положба,мада тогаш сигурно би изгубиле по некој лист,а понекогаш и гранка.
    Не знам дали тоа ми беше инспирација,или се поголемите конфликти во општеството,но се разочарав од луѓето.Темни облаци надвиснале над човештвото.Лошиот збор и остриот поглед го замениа она 'добар ден'.
    Тешко некој да те поздрави со искрена насмевка,а зошто?Не ги разбирам.Лош ден..секој ден може да биде толку лош,да не можеш да ја кренеш главата и да изустиш едно зборче.
    Лицемерие,озборување,насилство..пророци кои вешто шетаат по нашите улици,а на нас ни е сеедно!
    Лични проблеми не значат дека имаш право да ги истураш твоите фрустрации врз невиното дете.
    Дали среќата е толку недостижна? Зошто сите сакаат да другаруваат со тагата,солзите и болката во четири ѕидови?
    Соништата не се исполнувале? А кој вели? Дали значи дека на младината мора да и се кажува дека секој сон е недостижен,дека светот е премноу сив,дека вие сте живееле во најдоброто време,и се останато е толку лошо,темно и мрачно?

    Е не!
    Најубавите луѓе што ги познаваме се тие што знаат за пораз,знаат за страдање,знаат за загуба,а успеале да испливат од длаболините...
    Насмевките,солзите,задоволството и гневот се важни состојки во нашиот живот.Тие на прават она што сме - луѓе!
    Штета што некои треба постојано да ги потсетуваме на тоа ;) .

    http://www.youtube.com/watch?v=UAOxCqSxRD0
     
    На zhap4e, mims-89, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Толку сакам, а не можам.
    Од петни жили се трудам, малку е. Невидливо било, разликата невоочлива.
    Ми треба некој да ме врати во колосек. Излегов од патеката, веќе не можам да се препознаам! Ниту еден знак нема кој води назад, тотална темница..
    Темница, да. Штета, никогаш не се навикнав да гледам во неа.

    Се чувствувам.. лошо. Навистина многу лошо.
    И далеку е ова од минливо нешто.. уште колку труд, па и солзи додека да се добијат резултати? Има ли некој вишок сила да ми даде?
    Јас не можам.. зошто дополнително е тешко кога ништо не ти успева. Кога ништо не сака да мрдне од мртвата точка.

    Но, како и да е, тој е со мене.
    Ме поддржува, гали кога треба, совршено добро милува. И затоа сакам најмногу време токму со него да поминувам, прави да заборавам на сиот свет.
    Прави да е само тој. Јас со него.
    Да сме само ние..

    Штета што не можеме да го запреме времето кога ни е најубаво! Зошто јас, дефинитивно би го запрела кога сум со него.

    Што е, тука е. Ни прв ни последен шут на земја.
    Ни прва ни последна истркалана солза.
    Ни прво ни последно разочарување.

    Само.. вреди ли?
     
    На baguf4e, zhap4e, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    За првпат во тринаесет години, не знам која сум. Не сум она што бев порано, сигурно. И зошто мора да сум таков баксуз? :^) Еднаш сум ставила цигара во уста и одма некој ме слика од пи*ку си матер и и` дава слики на вештерката од класна. |( Уште па и етикета ми лепат, пушач сум била.. „Хај, јас сум пушач, а ни една сагламска цигара немам испушено. :hai: “ Али, ете с`ким си, такав си. Не. Не сум јас таква, тие си прават филмови.
    Но се` се случи толку брзо. И признав на мама за секојдневната психичка, а и физичка тортура во школо, и сега не можам во очи да ја погледнам. Ми се насолзуваат. Се чувствувам како јас да сум виновна за се`. Де бе, зар сум виновна? Виновна што сум во некаква си смешна средина? Не пораснав, а не сум ни дете. Ме измачуваат милион прашања, а ниту еден одговор..
     
  6. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    леле и на мене минатата есен ми се јјавија од таа јупитер, :puke: глупости појке трошиш тоа не е без пари ,јас па во прага ке одев не можев да си верувам дека ке одам ,кога се слушам не мобилен со типката отиде јабана се :lol:
     
  7. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Работата ваше е само да си платите пат, смештај, храна и плус што ќе трошите за шопинг :lol: И мене еднаш ми стигна.. Глупости :wasntme:
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    После исцрпувачкиот час по пилатес, следи долг туш за освежување и средување на мислите.
    И додека седам во удобната фотелја, облечена во меки миризливи пижами - чувствувам како да лебдам...
    Од моето тело е ослободен и последниот атом негативна енергија.
    Сега следи порција тестенини во комбинација со Sex & The City.
    Па на полноќ ќе си се пикнам под јорганче со слушалките на уши, и ќе заспивам со love songs.
    И понеделник може да биде убав ден, што да не :wasntme:
    [​IMG]
     
    На LilBaby, Sanniii, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека ненормално многу мразам професори што се изживуваат врз ученици. ПРЕМНОГУ! Цел ден ми отиде во пропаст, ради тоа што примаат вештерки да „глумат“ професорки.
    Притисокот ми се качи цел ден не можам да се опоравам. Веќе не и` се појавувам на час. Подобро ќе беше да си полагав класен испит на крај.
    Нека помине годинава, немам повеќе сили. До година здравје, многу е веројатно да се префрлам...
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    [​IMG]
     
    На tweety26, Gordana10 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  11. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам...само што сакав да се жалам за тоа колку ми е тешко неделава ама се премислив :D

    Мајка ми само што ми дојде, како нинџа, не ја ни видов - почна да ме мачка со вода на косата и врат, а јас како што имам уплав од тоа некој косата да ми ја пипка, па и со ВОДА :o
    Почнав да претам како ненормална, па и си удрив бокс несакајќи ( уште ме боли носот ) ... Татко ми ми вика, супер- сега уште толку си го искриви |( Не ми е крив, жими мајка. Татко ми обожава да ме заебава.
    Почнав да урлам : Заштооо ми ја мокриш косатааа??
    И мајка ми: крстена вода е!!!

    |(
     
    На zhap4e и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Lux, IvanaMkd, Saraa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Јас сакам да кажам нешто, т.е. нешто да предложам :

    Ajде сите кои сакате да бидете различни од другите, кои го мразите телевизорот кога во исто време во сите соби го има 'Величествениот' или 'Езел', едноставно да си уживаме во 'Радувањата на Радован'.

    Животот е игра.
    Да не заборавиме дека се што е лошо нема рок на траење и поминува.
    Да не заборавиме да се радуваме.
    Да не заборавиме да го најдеме убавото во секој момент од животот.

    http://www.youtube.com/watch?v=YSi-ClQE ... re=related
     
    На Serafima и sesilija им се допаѓа ова.
  14. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    |(
     
    На cinderella5 и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Месецов ми започна со насмевка и шега, ќе се обидам во такво темпо да го одржам.
    Почнав да го љубам Понеделник, не е толку лош. Ние сме си самите криви што сме го мереле Скопје по цела вечер па неможеме да се прилагодиме на првиот работен ден после таков викенд.
    Денов ми почна кафе и женско друштво а заврши со шопска салата и неколку вежби, малку го реметам телцево. Ќе го испратам уште по совршено и заљубено - со лав сонгс на антенна5.
    А додека почнат, традиционално со мачорот на телефон ќе си гугаме, ќе си мекнееме јас во мојата постела тој во неговата а кога ќе дојде полноќ знае да ми пише некое заљубено пораче на уште позаљубена песна.
    Ех, цутам и јас заедно со пролетта.

    Оцени поправени, моите горди, смер за во трета година избран.. Април ќе си го посветам само на себе а мај веќе последна серија учење. Отидов јас сега да го гушнам месецов и да го припремам за моите лудории и пубертетлиско- ПиЕмЕсовски испади.
     
  16. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    854
    Kaко што ми беше тешко,оваа сликата барем малку успеа да ме утеши...
    Не знам веќе стварно,не знам колку работи ќе научам од многуте грешки што ги правам :sweat: Претешко ми е, не знам дали сум крива самата или пак толкава ми е среќата...
    Солзите сами ми се лизгаат по лицето,се чувстувам толку виновно,толку празно...целиот мој труд како да пропаднал во еден миг :( :|
    Од камен да беше човек,ќе пукнеше денес да беше на мое место.Не ми е криво да не можам,да има некој што ќе биде подобар и ќе ме надитри, ама сама да си копам гроб и да се закопам под кулата од моите грешки - ова никогаш нема да си го простам...

    Најдоброто што од оваа глупава грешка можам да го извлечам е дека никогаш нема да ја повторам, самата си знам како да се казнам за секоја моја глупава одлука во животот, туѓата казна не боли.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК дека имало и поголеми експерти за лапсузи :D таленти :rofl: :rofl: ех...лапсузи, само колку можат да му предизвикаат насмевка на човекот.Сакале ние или не сакале :rofl:
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ми фали кученцето мое убавко. Ја видов сликава и ми текна на него ;( .
    Кога ќе ми беше нешто тешко знаев да си седнам негде и да си се исплачам, а тоа ако ме видеше ќе дојдеше до мене да се гали. Ќе го наведнеше главчето и чекаше. Ако не почнев одма да го галам ќе почнеше да ми ја лиже раката и да ја бута главата. И ај како да не го погалиш. Ќе си се погалевме, ќе си се погушкавме и ќе ми поминеше и лутината и нервозата и се.
    Толку многу спомени ми надојдоа од тие 9 години заедно пројдени. Проклето ми фали ;( .

    Тоа сакав да кажам.

    [​IMG]
     
    На Juicy03, Divinebutterfly, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека според хороскопов секој месец запознавам некоја нова особа и во неа се заљубувам, али никако да ја запознаам. :D
     
    На sweet-cherry, zhap4e, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам, дека првпат во животов се почуствував љубоморна! Да, јас сум љубоморна. Љубоморам на глупост. Не е глупост, го сакам. Али неможам да признаам.

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.