Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Господе, те молам во иднина не ме доближувај до „мали луѓе‘‘. :bow:
     
    На thelittle17, Dazzle и creshicka им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ...не ја сакам ноќта. Ме прави меланхолична или гневна или комбинација - иако звучи ирационално, да, возможна е, барем кај мене... Всушност, ми пречи она чувство на празнина, кога овој свет на некој начин ти е повеќе ничија земја, отколку дом, иако крадеш мигови среќа повремено со неколку лажици Нутела директно од тегла или повеќекратни оргазми или интелектостимуланси, за повторно тие мали оази на мирот да бидат проголтани од Супермасивна Црна Дупка. Се сеќавам на една мисла, не знам од каде ми исплива во меморија - ќе си создадам сопствен пекол, барем ќе ми биде топло...

    И ми фали детскиот џагор пред зграда. Имам мала тајна поради која децата лесно ми ја даваат својата доверба - им пристапувам како на возрасни и еднакви, бидејќи тие најнепријателски гледаат на оние кои едвај чекаат да глумат авторитети, па дури и намирисуваат дека ги гледаат како ,,подредени,,. Всушност, не знам дали би била добар родител во овој свет, станувам скептична. Ако се земе во предвид дека толку луѓе, без трауми од детство и во услови кога крупни адолесцентски шокови и сите останати ,,индикатори за бихејвиорални аномалии,, изостанале, каде всушност треба да се бара коренот на злото наречено - незадоволство?! Зошто проклетата Барби Малибу секогаш се смее и ти дава лажна надеж дека возрасните се постојано среќни, па потајно сакаш да се убрза процесот на раснењето?!

    Туку често и ќе ја идентификувам кај некого својата карактеристика - да го допреш и дното од ароганцијата или потсмевот, секако оправданиот. И разбирам веднаш - тоа е единствениот серум со кој се бориш да не те совлада игнорантноста, рамнодушноста и сфаќаш дека индоктринацијата да бидеш перцепиран како ,,ладно копиле,, ретко кој ја демаскира. Ама, всушност тоа е и целта.

    И пак се навраќам на децата, додека ми одзвонуваат во уши нивните сеуште недомодифицирани гласчиња, сакам да се шлепам на нивната безгрижност и игривост, да им ја позајмам вревата доволно долго пред да ме покрие тишината и мракот и да најдам утеха во нивното незнаење за некои идни мрачни мисли. Често, тишината ми била и повеќе од потребна и сум визуелизирала како шамански се премачкувам со воени бои за наредните животни битки, меѓутоа понекогаш тишината е само Мунковиот врисок и тој е прегласен.

    А сепак - утре повторно ќе блесне нов ден, со или без петли во најава, со или без сонце на небесната платформа, со или без детски џагор. Јас ќе бидам можеби истата, а можеби и не, бидејќи го носам бремето на тоа да се биде жена, а тоа подразбира да жонглираш со сите темпераменти и со сите емоции :) .
     
    На bittersweet, Miss.Ricci, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Сдк how sweet will this revenge be!!! Bring it on! ]:) :geek:
    Туку ај доста трескам :wasntme: да фатам да поучам нешто се ближи сесија :wasntme:
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Немам гајле....
    Ќе си поплачам денес, ќе отерам се во бестрага, ќе се деси пресврт. Утре од почеток.
    Во круг.
    Али немам гајле, стварно. Од овие работи научив да бидам тоа што сум.
    Уште да научев да го прескокнам делот со плачењето....

    Да ти е*ам животот!
     
    На fashionista, thelittle17, stylishh и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Се изнатрчав низ маало како будала и сите што си седеа во своите дворови ми мавтаа, се избањав со новиот шампон со мирис на малинки па онака како на рекламине пливкав во океан и мижејќи со фаца свршавам се шлакав со пена и како за крај кркнав полна чинија шопска салата со екстра маслинки, сирење и оригано.
    И од једном, животецов да ти бил убав!
    Па убав е него како, штом знаеш да направиш најубава салата ќе биде!
    Од кога помина тромесечиево, додека професорите си фураат филм предавајќи нови лекции и нема толку тензија околу тестови или испрашување, си читкам книгуленце и си го шмукам милкшејкот преку розево цевче затоашто месецов се ми е розево! Иако ја мразам таа боја, добра е за компарација. Чинам секаде каде што газам никнуваат цветови и околу нив си леткаат спокојно пчелки и пеперутки. Џагорот од децата ми намамува насмевка, турканиците од пензионерите такоѓе.

    И морам да се испофалам, од мачорот добив був ланче. Многу беше убаво, во кутивче со катанец и нели сега мора некој да биде лошко и за да го добијам клучот морав да му подарам 10 бакнежи и 2 убави гушки. Итар е тој.
    Скроз исто е!
    [​IMG]

    Шалала-ла-ла... :music:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    One day :!: ,I will have driver licence, I will buy beautiful car,will have money for petrol and will drive and drive and drive...all the way...till I spend all money for petrol :D
     
  7. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Ми треба одмоооооооор!!!

    Држете ми среќа, полагам утре :sweat:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Добив Рипкааааааааааааа :) одсекогаш сум сакала да чувам рипка, мислам онака било што мало животинче да знам дека имам одговорност према некого ..
    Преубава е.. ми ја разубави собата :D

    Се на се сакам да кажам дека убав беше денов..
     

    Прикачени фајлови:

    На IvanaMkd, teddybear, stylishh и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денов, ми беше дефинитивно,еден од најпозитивните денови, годинава. Поправив 2 оцени, во еден ден. И уште некои ситници, што ме направија по среќна. :wasntme:
    А сега, аливедерчи, ме чека креветчето. :rofl:
    [​IMG]
     
    На LilBaby, mims-89, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.993
    Допаѓања:
    4.820
    Многу е интересно да имаш температура од 40, 3 дена со ред.... Woohooo!

    Не баш..
     
  11. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Има голема вистина во она - “Ако не треба да се јаде навечер, зошто има сијаличка во фрижидерот?’’

    Сега го посетив, ми се насмеаа патлиџанчињата и ми викаа - Напрај ме шопска, напрај ме шопска... :rofl: :rofl: :rofl:

    Ама кутрата јас, им реков - Утре :) :)

    Не се воздржувам од јадење навечер, не можам да легнам со празен стомак и да ми кркорат цревата... Знам дека калориите ќе ги истрошам, па не се устручавам многу со стриктни правила, ама оваа вечер така одлучив :)

    Ајде нека дојде тоа утре! :lol:
     
    На IvanaMkd и marama им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Тој што рекол дека сами си ја кроиме својата судбина, не излажал.
    Всуштност сами си ја кроиме и совеста, која знае да биде непријатна, посебно доцна пред да ја ставиш главата на перница...
    Да имаш некој што те сака многу и што се труди околу тебе е благослов.
    Да бидеш здрав, жив, комплетен е дар од Бога.
    Да имаш малку а да си исполнет е смисла на овој живот.
    Да ги сакаш еднакво сите што те сакаат и да им пружиш поддршка е доблест.
    Да сакаш и да бидеш сакан е привилегија.

    Да го добиеш сето ова на поклон а покрај тоа да жалиш за тоа што го немаш, е исто така привилегија, привилегија на неблагородниците и себичните.
    Во кој дел би сакале да сме, одлучуваме ние- ни Бог, ни некој околу нас, туку нашиот здрав разум...

    А јас каде сум?.... и јас тоа се прашувам во последно време, се почесто и почесто...
     
    На Izaabella и julie77 им се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Дека си направив виртуелен дечко и моментално сме на прошетка, а во план ни е да си посвоиме милениче :D
    Ете толку ми е досадно!
     
    На baguf4e, thelittle17 и sanjalica им се допаѓа ова.
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мене ова време више касно ми е , ама за ништо на светов не би си заминала сега ... Одамна немаме ваков муабет со другарка ми... Од сериозни теми до пукање сеири и муабети за козметика ...
    Абе колку само ми фалат луѓе у живот, толку и сум среќна што ги имам малку. Онака муабетот. Подобро еден вистински пријател одколку 100 лажни ..

    Така ми ти и идам...

    него небитно.

    Од овдека бегам. се гледаме во наредна прилика можеби утре, задутре незнам .

    леканоќ :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.260
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не сум го видела толку емотивен. Ме стопи со таа негова страна. Знаев дека ја има, ама досега толку јасно не сум ја видела. Толку ранлив... Срцето ми плачеше. И уште повеќе го засакав, ако е тоа можно некако.
    Ми рече, можеби затоа што ја имаме оваа љубов се друго ни оди надолу, зашто можеме да издржиме. Се е полесно кога сме заедно.
    И не би ја менувала оваа љубов за ништо.

    Љубете феминки, тоа е тоа што не прави да се чувствувме живи. :)
     
    На Strumfeta93, LilBaby, green.eyes и 11 други им се допаѓа ова.
  16. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    СДК Без да знам премногу сум станала зависна од него......... како да го оставам и едноставно да заминам..немозам..
     
  17. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    СДК цел ден дремам на фб како да чекам да ми пише некој, како да треба нешто да се случи па морам да бидам присутна... што ми бидна одеднаш де? :/
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сдк во ова ниедно време сонот не ми е ни на крај памет.Инсомнија,или што? После две испиени нес-кафиња нормално дека нема да ми се спие :tmi: .
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК
    Поминав четири прекрасни дена, јас, тој, бебушов и отворен пат.

    [​IMG]

    Среќна сум што сеуште можеме онака без планирање да тргнеме во непознат правец исто како и пред бебушов, и тој се погоди на мама и тато, скитниче :lol:
    Четири дена уживање во природата, вози, застани, јади, преспиј во некој од многуте bed&breakfast,
    поминавме преку 2000 км во возење натака, навака, иако онака малку преморени си поминавме прекрасно.

    Во кој правец и да тргнеш има што да се виде, природата не штедела на убавини тука, секаде е преубаво и колку и да шеташ никогаш нема да успееш се да видиш, посетиш.
    Единствена грижа по пат е да не ти излезе кенгур, судир со нив може да е фатален, а ги има многу :sweat:

    [​IMG]

    Сум патувала безброј пати ама овој пат беше најубаво, нема ништо поубаво од тоа да бидеш задоволна од животот и среќна дека истиот го делиш со саканите, секој миг поминат заедно ни се бесценети, исполнети со љубов......лебдам на облак од убавини :$
     
    На Strumfeta93, LilBaby, ludoto19 и 21 други им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.888
    Сабајлето станав,се спремив и не тргнав на работа.
    Без причина,ни самата незнам зошто.
    Решив да одморам и онака никој нема да ми каже фала.Не работам за фала,фала богу,но јас знам што жртвував за да некој ми пререче нешто.Барем не ми ја скратувај мотивацијата,зошто знаете дека без мотивација успешна работа-нема !!!
    Секој ден почнав да слушам како не работиме,и како ќе ни ја намалат платата.Не сакам некој да ме вбројува во сите и да ми кажува дека не работам,кога јас знам колку вложувам,се трудам и жртвувам.Зар никој не цени ништо? Уште колку повеќе се жедни директорите за пари? Колку ќе им стигне да бидат задоволни? Никогаш,тоа ми е јасно.
    Ете денес нека бидам со право без работник.Како што не нарекоа сите последниот пат.

    Друго,многу сум тажна,зошто драга колешка си даде отказ.Си заживеавме премногу и зошто иста работа работиме,секој ден си кукавме и тешевме заедно на телефон. Мило ми е за неа зошто отиде во огромна фирма,со трипати повеќе плата од нас,но сепак ми е тешко зошто се приврзувам ептен за луѓе кои се ретко добри и со кои убаво си живеам.Особено на работното место,е претешко да најдеш добар колега.Од сите се пазиш,со сомнеж и скепса.Размислуваш трипати пред да го одврзеш јазикот :|
     
    На Strumfeta93, IvanaMkd, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.