Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    СДК:
    Kафето треба да биде црно како пеколот, јако како смрта, а слатко како љубовта!!
    Девојки!!!
    На здравје кафе!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На Loritaa, cigarce, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Дојде време да ти кажам збогум, те сакам премногу и ке ми недостасуваш многууу. Секој овој збор го пишувам јако болно, но дојде време да те ставам во кошот на убавите спомени!
    Дојде време да продолжам понатаму со животот, знам дека и ти истото го посакуваш!
    Те сакав премногу и сеуште те сакам ЗНАЈ и секогаш ке те сакам, ке се секавам на тебе каде што звуците на таласите никогаш не престануваат.

    [​IMG]
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Четврток.
    Пракса.
    АМА СКРАТЕНИ. хееееее.

    сдк овој џенцки период од месецот ме убива. Секое ковче ме боли.
    ме нервираат човеци. |(

    Сакам дома! Ама ќе си почекам до утре. Утре е ден за љубАв, насмевки и опуштање. :inlove:
    Оценките си ги средив, шо сум петки бре, бре, :rofl:

    И празнициве со душа ги чекам да здивнам малце. Сто посто ќе ги искористам да се опуштам максимално. 8) Се надевам викендот ќе се зачини со малце сонце да блеснам со насмевки уште повеќе. :wasntme:
     
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Незнам зошто луѓето мислат дека треба да прават како другите ,како поголемиот дел од толпата кои уствари само се движат а незнаат каде одат .Како можат попрво да ги следат другите иако не знаат дали одат по вистинскиот пат отколку да ги води нивниот инстинкт.Била на мода портокаловата боја и треба да имаш најмалку едно парче во таа боја за да бидеш кул, па нема шанси не ја сакам таа боја и нема да ја носам.Да почнам да пушам цигари поради тоа што сите во друштвото пушеле ,тоа не ми е доволна причина за да си го полнам телото со токсини и ич не се замарам дека само јас делам во друштвото кога сите излегуваат на пуш пауза надвор јас останувам внатре .Еднаш некој ми рече барал некој на фејсбук и неможел да го најде ,како било можно некој да го нема на фејсбук и мене ми светна нешто и реков: Од утре нема да имам фејсбук ,го избришав профилот и еве сеуште немам .
    На тој што му требам знае каде живеам ќе ме најде лесно ако стварно сака, а кога сум му лесно на дофат ќе му ''притребувам'' повеќе пати во денот ќе ме замара со глупости и слично .
    Следејќи го својот инстинкт поголеми се шансите да појдам побрзо до тоа што целам отколку да се придржувам до толпата која се движи во непознат правец.Се сликала некоја со напрчени муцки, ја ставила сликата на фб и после сите ставаат такви слики .Но зошто???
    Зошто луѓето подигнуваат кредити за свадби за да прават свадба бидејќи сите правеле ,иако знаат дека со подигнувањето на кредитот големи се шансите да пропаднат тие сепак би го направиле тоа побрзо отколку да се одделат од толпата .
    Јас нема да правам свадба . Сакам да облечам бел фустан и пред Господ да ја овековечам љубовта но не на таков начин како другите.Значи нема да има сала со 500 гости ,нема да канам луѓе кои не ги почитувам да бидат на мојот ден покрај мене, едноставно непотребни се ,нема да има жива музика не е тој мој жанр ,ме гуши таквата музика турбо фолк и народни едноставно ме гушат така да на мојот ќе има замена за нив од радивце со цд на кое ќе си ги преснимам песните кои мене ме исполнуваат затоа што тоа сепак е мој ден .
    Ќе ги земам само мама ,тато, дада ,закониците , идните свекор и свекрва и двете другарки кои ми секако сестри,друг ама апсолутно никој.Значи сакам венчавање во црква и после тоа во мало ресторанче ,ручек и дома. Повеќето се чудат и и викаат не неможеш да мислиш така .Епа можам не ми е гајле дали од кај зетот имале поинаква замисла за денот ,јас не се согласувам нека си бараат друга невеста тогаш. Ќе ме замразеле уште пред да појдам ? Нека знаат уште од почеток дека никогаш нема да правам работи кои не ги сакам , а дека ќе ме мразеле па не се вечни.
    Мислењата на другите за нештата кои ги правам не ми важни ако тоа мене ме исполнува и имам инстикт дека тоа е тоа правилното што го правам ,ако погрешам сама ќе сум си крива.
    Многу напишав а малку кажав ,се води кон едно исто: Не е секогаш правилно тоа што го прават повеќето , следете го својот инстинкт за нештата а не одете по стапките на другите ,направете си свој пат по кој ќе одите сами и побрзо ќе стигнете до својата цел.
    Одам да си ја дочитам книгата за после ќе се спремам и ќе одам на кафе , не за да бидам видена ,не за да бидам кул,туку за да си се видам со една многу мила личност .
    Имајте прекрасен ден :f: :f: :f:
     
    На eli25 и lovely91 им се допаѓа ова.
  5. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Знаеш како е кога не можеш да заспиеш? Кога лежиш на перница мокра од солзи? По некоја ќе се лизне и до усните, чисто да не заборавиш дека е солена. Кога сите ти велат дека знаат како се чувствуваш, а никогаш не биле повредени, оставени. :|
     
    На rozy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.826
    На Doozy, Hipster, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    е баш тоа, но тоа што го сакам не може да е мое не сум навикната на овој осечај секогаш добивам тоа што го сакам со труд но сега!? :x
     

    Прикачени фајлови:

    • znam ja.jpg
      znam ja.jpg
      Големина на фајлот:
      32,8 KB
      Прегледи:
      152
    На AnimeHQ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Хелоу :hai:
    Сабота! Run! :inlove: Ве поканувам сите да дојдете на местото каде што се прослави нашата Љубам (на ова ме потсети еден од организаторите :) )
    Во Дом на млади каде духот е и повеќе од младешки, место полно со спомени од нашите родители и оние кои сами ги создадовме. Во двор со десетици скришни места за лапање, кој сака може и нешто друго, со пиво во рака во местото каде владее уметноста и креативноста.

    Run! За љубителите на dnb, а и за оние кои не се, ама движењето прст-пета и е многу јако, како и групната слика на љубителите. Без шминка и фризура, во патичиња, ве поканувам сите да се испотиме добро и да си поминеме лудо и незаборавно :)

    [​IMG]
     
    На ljubam, Beauchamp, maja.kostovska и 5 други им се допаѓа ова.
  9. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    СДК да ми држите среќа, хемија едно тевче си праам денес, со господ напред и да ми е остро пенкалото :geek: :geek: :geek: :geek:
     
  10. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Воопшто не се чуствувам како да е четврток, некако како вторник ми е :?:
    Ај ве молам девојки која знае нешто за јачмен на око нека одговори во темата :$
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Се ужаснувам од луѓе што не водат лична хигиена.
    Денес пред видик ми се намести еден таков, и бев приморана да го гледам добри пола саат.
    Мрсна коса, па такво бело во косата од мрснотија (а не е првут :!: ), искрено да ти се згади животот.
    Колку и да се трудам пак не можам да сфатам во 21 век луѓево да се однесуваат така.
    Па барем вода и сапун не е скапо мајка му.
     
    На la-chicka, IvanaMkd, Divinebutterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...(и ова си го кажувам секое сабајле кога ќе отворам очи)
    Драг господе, денес јас се разбудив.Јас сум жива, јас сум здрава, па затоа ти благодарам на тоа.
     
    На IvanaMkd, cigarce, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Се беше полесно додека си изгравме низ маало мижитатара или ку-ку !
     
    На Elennaa, Serafima и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ах каква вечер...Хуху :D се радувам.Заспав конечно со насмевка од шестица до шестица,и бев од срце насмеана.Си се смешкав како старите добри времиња.Мајка ми се прашуваше што ми е но јас само и реков:Задоволна сум од тоа што се случи.Во еден момент помислив дека сонувам,но за срека јаве беше.
    Душата ми е исполнета брееееееее,исполнета ми е. :$ Сега,мислам дека е време да удрам еден шопинг,колку да се раслепшам уште малку :P

    Пријатен ден,ве сакам сите <3
     
    На IvanaMkd, Divinebutterfly и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Денес добив многу жална вест.Ама ни тоа не успеа да ме онерасположи.До крај ќе бидам со насмевка. :D :D
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Таа е форумската вистина нажалост .
     
    На Miss.Ricci и Rubiii им се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Официјално 2 години сме заедно! Повеќе од 2 се, ама ај официјалниот датум е овој. Леле каков значаен ден за мене е ова, АААААААААААААА! Вечер поклони, вечера во некој ресторан... па веќе 3та година тераме. Браво за нас, и за сите кои имаат долги врски :) Најмногу го сакам! :inlove:
     
    На IvanaMkd, Cynthia, Lov3 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    СДК дека нема ништо полошо од човек што не знае, и не знае дека не знае.

    се надевам дека стрпливоста ќе ми биде особина што ќе ме краси во иднина бидејќи сега премногуја тренирам...
     
    На MandyLane и blond им се допаѓа ова.
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Жено прееска додека го читав овоа,јадев и коа го видов твојот детално сликовит опис за косата,ми се одјаде :lol:
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Гледав еден документарец за бремена жена на која и‘ се јави огромен проблем - се прекина дотокот на храна на плодот, докторите имаа најцрни прогнози - од смрт до тешки компликации за новороденчето. Се роди малечката со само 600 грама (за компарација новороденчињата се раѓаат со тежина од 2,5-4,1 кг. во просек), а денес веќе е здраво девојченце со нормален развој и интелигенција. Сакам вакви вистински случки со позитивен исход од безизлезноста, ме потсетуваат дека сепак постои надеж :) .

    И врти-сучи пак почнувате да се оптеретувате со лајк4иња, што најчесто верувам предизвикува ваков одраз кај поголемиот дел - not this shit again, pretty please, гледајте правилно да доделувате и да ви доделуваат лајкс и дислајкс со реалноста, каде тоа навистина има значење, од овие тука леб нема, игри може и има, ама на крајот од краиштата не ви менува никому ништо суштински. Или пак :D ?
     
    На Strumfeta93, Buttterfly, la-chicka и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.