Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    2.582
    Не го сакам Скопје и готово.....ич ама ич. Вчера си се вратив од продолжениот викенд во мојот мил Охрид а веќе сакам да се вратам назад.од 3 испаднаа 6 дена и пак ми се малку. :( Си го сакам езерото,преку глава ми е од овие гужви, многу е топло, не ми се седит појќе.
    Колку ми е убо ко ќе станам, отворам прозорец и си го гледам езерото... А овде шо ќе видиш, отворам го гледам александар и само колиииии...Ајде нека поминат испитите и едвај чекам да си ги соберам парталите и правец Охрид :D :D
     
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Дождлив ден.Ама убав.
    Сладок појадок и љубовта на најблиските,зар може да посакаш нешто повеќе?
    Тетратката со поезија пред мене и нотите на Стинг во позадина.
    Ме топи парфемот на мама.Темјанушка,нежност,љубов,топлина, преслатко се лепат по нејзината кожа.
    Неповрзнани стихови и редови,ама таков е денот,зар не?
    Taнцување на дожд.Кој вели дека само сончевите денови можат да бидат убави?
    [​IMG]
     
    На anabel-a, L-enna и Hipster им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Се прашувам има ли крај ? !

    До кога , до кога туѓи постапки ќе се одразуваат на мене ? До кога јас ќе трпам туѓи грешки ? Уште колку ќе трае , кога ќе заврши ?

    Се прашувам и безпомошно одмавнувам со главата . Го мразам тоа чувство кога не можам ништо да сторам ЗА СЕБЕ !!!
    И по не знам кој пат јас сум медијатор , и арбитер и тампон зона , и изигравам кловн и сум жртвеното јагне епа видиш и мене ми е доста ! Не можам и не сакам повеќе да бидам во ваква позиција. Дечко ми , ми вели себична знаеш да бидеш гледаш само за себе , самобендисана си често . А не знае зошто сум ваква , нема поима . Епа вака мене Животов ме научил јас ваква не бев . Ама сфатив дека мора да се борам за... себе .. И ако тоа не го сторам ќе пропаднам , ќе потонам како Титаник . И не , не мислам само на надворешниов свет , туку и дома зошто не сум во стаклено ѕвоно , а не сум ни била . Не дека сега се правам филозоф и дека правам од ништо нешто . Само ми иде некоја нервоза , ма не е нервиза моментално фрустрирана сум од фактот , што се борам , сама и се уморувам и допирам . А кога тоа ќе го сторам гледам дека заостанувам како на трчање не смееш да допреш зошто губич чекор . А за тоа време многу работи се случиле и тоа оди на моја сметка .Штета на моја сметка ...
    Гледам од колку нешта во животов јас сум се лишила за доброто на сите бар на мнозинството . И тоа некој ќе ми го памти ? м ? Па не баш , не претендирам да ме поистоветуваат со Мајка Тереза . Само барам тоа што и секогаш сум го бварала ПРАВДА .
    А неа ... Ја немало ни ја има . Мене што ми останува да стартувам одново овој пат одам по мој пат . Во насока што јас мислам дека ќе ми донесе нешто . За мене успех ќе биде кога ќе се изборам за самостојност и тоа во секоја смисла на зборот . И кога ќе плаќам грешки тие ќе бидат МОИ !
    Се надевам дека ќе најдам сила , и трпение за да истраам и го исполнам одамна ветеното .
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Што да кажам ете со сликата се е кажано... многу мразам кога некој ветува нешто, а не го исполнува...
    Ако не сакаш да ме видиш само кажи ми го тоа, а не да одолговлекуваш. Не знам и јас дали ќе имам време кога ти ќе имаш. Не биди ѓубре, ама веќе е доцна за тебе мнооогу големо си станал. Штета, навистина голема штета, а јас мислев ќе се подобриш.
     

    Прикачени фајлови:

  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Деновиве кај мене е лом. На мајка ми и текнало дека сака да се бојадисуваат зидовите дома и два дена сме растурени. Е многу мразам така, посебно кога треба да учам а немам каде, и ако ми се јаде неможам. |( Како и да е многу сум срекна дека омилениот розев лак од кој се на се се налакирав 3 пати ми се исуши но бог да го благослови ацетонот па сега повторно е во употреба.
    Зошто се расипа времетооооооооо? До вторник ке било вака лошо, тмурно и врнежливо а тоа ми носи главоболки и променливо расположение. Абе сакам сонце бе, жолто топло убаво :sun:

    Ве оставам во оваа врнежлива малку студена вечер, пуштете си некој филм и направете си пуканки, а ако имате за учење фатете некоја книга, јас одам да јадам бидејки цревата го свират Пајдушкото оро а останатите органи ми рапуваат во организмот. Е што да правам од глад откачија и тие. Ај...
     
    На Hipster и LilBaby им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк имам преголеми очекувања од луѓето! Ете ја мојата грешка!
     
    На stylishh, julie77, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Добив денес предроденденски подарок! Овај... три де! Не 3D :D
    • * Насмевка од најмилиот дедо со ѓевречиња, на која му возвратив.
      * Црвени топчиња со кои веднаш си ги закитив ушињата (кога ги здогледала Сестра ми, гласно го извикувале моето име!).
      * Мека гушка со бело-дамкаста крзнена топка која во себе носеше уште неколку и со која го споделив опојниот вкус на пица + убаво кафе во една Нова Доба.
    Среќна личност сум благодарение на оние околу мене. За сите по една нишалка!
     
    На Serafima, IvanaMkd, Annie.mk1 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Сдк се смируваат брановите полека полека и ми се поклопуваат коцки во мозочето мое. Ја знаете срцкана од клипот „Симпатија„ ? Е, ми се случи оној момент на просветлување што го имаше таа.. Понекад неки људи укључе мозак и схвате да су они уствари заљубљени у свој најбољи друг! Хиии ја сам се заљубила.. у Станка!!!! :D
    Јеееј, да, да... заљубена сум во другар ми! Се пресели тој од моето маало пред 2 дена и почна да ми фали бре, толку ми фали што се ме потсеќа на него, на сите вечери и денови поминати кај мене дома, на тераса, пред тв... ах леле. А иронијата е во тоа што неговиот најдобар другар е заљубен во мене. Шпанска сапуница, уствари упсс сега турските се на мода. :^)
    Ама мислам оти и тој осеќа нешто слично...само свесни сме дека е чудно и се правиме слепи при очи. А сакам да му светне светулката, ахх колку сакам. Како можев да бидам толку слепа до сега ?? Како кога тој е единствениот кој уште со својата појава прави се да изгледа подобро и пообоено..
    Сакам да го видам, се надевам ќе дојде на кафе за викендот кај мене дома.. Стискајте ми палци!! :)
     
    На IvanaMkd, CIA и creshicka им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Кој памет треба да го имаш, за да на професорите кои ти предаваат им кажуваш дека твој сокласник кога ќе се испоти мириса непријатно. Океј е да зборуваме меѓу себе, ама Боже мили да зборувам на професорката лошо за моите сокласници ни во сон, па колку и да не ги сакам. По милион пати повторувам едвај чекам да завршам веќе еднаш, да не мора да ги гледам секој ден тие малоумни фаци, вана би манекенки и модели, личности од видот ’види ме кој сум и што сум’. Ми се смачи од нив, повраќа ми се.
     
    На L-enna, Cynthia и Adi888 им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК дека никој неможе да ме насмее како Јоеy Tribbiani .
    Friends rules !
     
    На TeddyGrey, Doozy, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    11.413
    Пол:
    Женски
    СДК ако некогаш ве нападне нервоза почнете да си ги средувате книгите една по една сите што ги имате, :D , за секунда се изнервирав а ретко ми се случува тоа и за да се смирам решив книги да средувам ама втората минута веке се покајав собата ми беше рус вајс од книги ]:) , ама сепак се смирив а книгите ми се под конец :rock:
     
  12. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Сдк..
     

    Прикачени фајлови:

    • zenata-znae.jpg
      zenata-znae.jpg
      Големина на фајлот:
      166,7 KB
      Прегледи:
      348
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.238
    Допаѓања:
    140.299
    Ме фати носталгија претходниве денови, и денес бев во маалото каде што пораснав.
    Маалото и не е богзнае што, ама какви спомени ми надојдоа... срцето почна да ми чука 300 на саат, ми надојдоа солзи на очи, и како мало дете се радував.

    Се прошетав низ цело маало, си го видов училиштето - исто какво што беше, старо и испишано со имиња. Поминав и по улиците по кои одев до училиште, а врв беше кога си ја видов куќата во која поминав четврт век. Иста како што беше пред пет години, кога моите ја продадоа. Од тогаш воопшто не сум била таму. Мислев дека нема да можам, не сакав да видам што се случило. дали е доградена, надградена, дали нешто е сменето... а се беше исто. И старата влезна врата, и старата ограда, истите цвеќиња во дворот, како времето да застанало.
    Гаражата кај што беше кошот се распаднала. Некои од куќите беа обраснати, таму каде што знам дека повеќе никој не живее. Повеќето од децата со кои си играв се низ светов, а другите и не знам каде се.

    Не е до маалото, туку од спомените од детството и безгрижноста - најскапоцениот дел од детството.

    ***

    Денес гледав еден документарец за некои биолози кои бараа едно ретко животно, за да му стават околувратник со предавател, за да можат да исптражуваат, бла, бла... После неколку месеци конечно успеаја да го фатат животинчето. Во погледот на биологот што го виде животинчето се гледаше страст и радост. Рече дека ова се доживува еднаш во живот. Снимките од природа ми го кренаа адреналинот, ама и ми удрија шамар. Си реков - Ариел ма, што по ѓаволите правиш ти тука? Сакав да работам нешто во врска со природата, ништо не ме исполнува како природа, а тоа што го работам врска нема. Мој избор, и јас си ги трпам последиците. Нормално.

    ***

    Новата реклама на БеЕмВе - страста победува ме остави подзината. Вечна вистина. Страста го врти светот. Кога ја видов рекламата се почувствував како некој комплетно да ме разбрал.

    http://www.youtube.com/watch?v=uNHyLi7MzJE
     
    На Annath, Buttterfly, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Чувството кога сите мускули те болат и не можеш да се смееш - најслатка болка. :D Ваљда ќе можам да станам утре од кревет.
    Имам за бубање цела ноќ, ама ако, ќе издржам уште два месеца, па после ќе уживам.
    Не ми се верува дека стигнав до тоа ниво така да се радувам за едно двојче проклето, чак и вино дома за да славиме отворивме... :D Шала на страна, густо беше за во јуни, на време спасив глава. :wasntme:
    И така, не знам веќе што зборам, ама одвај мрдам со прстиве. Кафето ми е готово, одам да учам. :hai:
     
    На Johny и MandyLane им се допаѓа ова.
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк ке си јадам колку ми се јаде и ќе станам прасица.

    Ама ќе бидам со најслатките обравчиња на свет :) да те е милина да ме гледаш со канчето крем в раце вака пред компјутер во 00:00

    Повелете :*

    [​IMG]
    :rofl: :rofl:
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    Лизни,шизни,збесни,гризни! Уау!
     
  17. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    И дојде овој последен ден дома, пред да се вратам во пеколот, исполнет со пакување и гости, како војска да одам - Банкет имам пред секое одење таму. Најмногу ќе ми биде жал за моево најубо креветче... а бубашФабите ќе надополнат се друго, посебно моето тело и душа со поголема омраза кон нив.
    Дури трае се ќе се молам на Господ за Велигден да добијам викенд и да славам со моите најблиски а не само со еден член од семејството. И да се делиме на 2 дела на таков голем ден... :(

    [​IMG]
     
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Временска прогноза ме депресира! Начисто ме уништува!!Цел викенд тмурно и никакво? :x :worried:
    Градот во кој живеам ме уништува!Живеам во многу проклет град со многу проклети и неиживеани луѓе!Тука во Куманово или ке си Авганистанец(значи фул богат,најдобро афто,ланци и катанци околу врат,секој ден киснење во градскиве кафиќи,најјаки и најскапи најк патики мора да носиш и посебно да ги истакнеш..)или си никој и ништо,а исто така си многу накурчен.ДАДА,целиот свет е во твои раце.Фаца си.,вау-мау.Недај боже ако се муваш со некој,.верувај сите негови другари знааат каква си и какви манири имаш,тоа сигурно.Другарите негови повеќе знаат за тебе отколку мајка ти дома..Или пак Ако учиш во гимназија,во строг центар,е тогаш си јака фаца.Накурчена си,.шта да ти причам.Тие фаците се у гимназија.Таму се движат...Исто така имаш професионален апарат и сеа ти си професионалец.Сликаш,.ова она абе у пичку матер. :swear:

    Можеби и ширам негативна енергија,можеби и ништо ново и паметно не кажав, ама така ми дојде.Ми прекурчи се и сите околу мене.
    Сега заинат ке се најадам ко прасац некој од 150 кг и ке си легнам во моето најмеко и најубаво креветче.Дождот почна да удира по олуците надвор и почна да пљуска по прозорците.Се е темно и совршено за фантазирање и лебдење.....
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Girls out!!!
    Со мало задоцнување, вечерва излеговме со другарките да го прославам роденденот. Храна, алкохол, добра музика и сето тоа зачинето со доза на хумор. Уште од сабајлево ме разбуди убава вест која ме натера да скокнам од креветот, да потпевнувам низ станот, да се почастам ново парталче, да свртам неколу телефонски броеви и од другата страна да слушнам глас на многу пријатни луѓе, да буричкам по спомените, да рефреширам стари фотографии, да конзервирам пријатни чувства, да набилдам самодоверба, да ја изневерам монотонијата на секојдневието, да мирисам на пролет...
    Другата во мене е она првата, со широка насмевка, со оптимистичка идеја и огромна воља за живот. Не ми е потребно полнење батерии, функционирам на соларна енергија, иако денеска ми беше ускратена, но сфатив дека дождот мора да ја измие ноќта, за да утрото стане побистро.
    Мене осаменоста не ме убива, напротив ме тера да нурнам во длабочините на мојата потсвест и да ја активирам свеста да направи генералка, да го тргне правот од посакуваните, а нереализирани идеи, да го извакумира стравот од познатото непознато, да ги здипли реалните можности и да ја симне пајажината од соништата кои многу лесно можат да станат стварност.
    Приоритетот е неминовен, но сепак попустлив пред азбучниот ред од идеи.
    А девојките? Девојките блескаа, секоја со веќе изградена успешна кариера, личности во хармонија самите со себе, средени, насмејани, како порцелански кукли - знаеш дека секоја од нив е кршлива, но сепак сакаш да ги имаш во својата колекција, за да ти го разубавуваат животот. Не би ги менувала за ништо на свет. Толку различни, а сепак слични.
    Не сум уморна, само ме потиснува чувството на задоволство.
    А новата вест уште не ви ја кажувам 8) Но за брзо време ќе ја споделам, само прво сакам да скокнам, па потоа да речам ОП!
    Слатки соништа!



    http://www.youtube.com/watch?v=JDoFyKk-C4U
     
    На ljubam, Strumfeta93, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    91.839
    Пол:
    Женски
    Добрата вест е што не е најлошото на делот на кој се сомневаа, а лошата е што не можат никако да ми откријат што ми е. :worried:
    Битно кога го видов анестезиологот се стопив :wasntme: Многу беше личен, фин, само уште да не труеше на цигари рано посабајле.
    Прегладнета бев, утрово кога се погледнав во огледало не личев на себе. Ослабена сум добри 10 кг ако не и више. Од болница право на лесковачка :lol: Е не ќе гладувам! Супа никој да не ми спомне во наредниве 2, 3 години, сок од праски исто, компоти да не зборам...

    Ne mogu,ne mogu,ne mogu bez tebe ja
    dodji ja te molim,zeljan sam te danima
    samo ti,samo ti,samo ti si ta
    koju volim,moja jedina :wasntme: Хранааааа!

    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На ljubam, Divinebutterfly, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.