Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Во дефицит на пудра, морав да се послужам со пудрата на мајка ми, па ми се уарни да ги користам нејзините работи. Арно ама, од лошото светло по дома, не забележав дека целосно сум ги утнала нијансите и личам на кловн. Па уште кога ме виде мајка ми одрекував дека нејзините сум ги користела. Нешто вака:

    [​IMG]

    Зини земјо голтни ме, не мора нигде да ме плукаш. :D
     
    На Miss.Ricci, 1209, Strumfeta93 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Вчера по полноќ се изгуби ова слатко детенце. Ако некаде го видите јавете се во полиција. Ставете го ова на вашиот профил да помогнеме да се најде ова детенце.


    http://gifura.orzhk.org/src/1332235315120.swf
     
    На green.eyes, stylishh и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  3. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Го уполаудирам моето прво видео youtube и сум толку нервозна што се препотувам :sweat: :sweat: :sweat: :sweat:



    И го избришав по 10 тина минути :D зашто? немам појма
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Da vi kazam samo deka nemam net :( ,ovaj e od komsivceto na mobilen,pa se citame koga ke imam pak.Leka nok vi posakuvam :*
     
    На Libera и Podarok им се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Исти празни муабети, исти глупи изговори, онаа никаква тишина, онаа предолга пауза, спуштени слушалки, изреволтирани гласови, премногу недоразбирања, премалку внимание, кратко време, барање одговори, добивање.... добивање ништо.
    Премалку ли давам,премногу ли барам, премногу ли зборам или можеби навистина многу молчам?!
    Само прашања и ништо друго.
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк супер е времетo.
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.825
    СДК демек ќе спиев до покасно, ама ништо, дождов ми отвори капаци на очи, ко на пенџере. Свеж воздух низ врата, се нишкаат тазе испрани алишта, мириса на пролет, денов се надевам ќе блесне!
    Вчера со Сања бевме на ручек, се изнасмеавме по повод патувањата и сите згоди ем незгоди што ни се случуваат и како се навикнуваме да растеме во пар со љубовите. Не’ покани кај неа во Риека на гости, и ветивме еден триаголник авантура летово. Сакаме и Трст и Љубљана кај Биси, така што плановите си постојат, но реализацијата ќе мора да се обмисли!
    Сум си шопингувала со даде вчера у едно уџумајлија бутикче карши раскрсницата со Драчево, си купив новчаник и две маички. Радост ко којзнае што да сум набавила. Денот беше тмурен, тежок, правлив. Скопје ремиксд го оставив за со женичкиве. И онака вчера р’сна дожд, гледавме филм и како јагниња си заспавме во 23. Некогаш ми се смее душава на тие навики со него. Како во брак, а во небрак :lol:
    Гушкање и прпелкање во кревет, туширање заедно и грофтање од колачи и лимонада.
    Што друго да посака човек во петок навечер?
    Не ми фалат журки.
    Не сакам да излегувам кога немам потреба.
    Со сила нема да си ја трошам енергијата. Ниту пак да договарам кафиња со луѓе што едвај чекаат да ти го истурат својот живот на тацна и очекуваат да ги жалиш а и да ги сожалуваш истовремено. Не може.
    Како поминува времево, си го гушкам најблискиот свет до себе.
    Јас и тој свет си градиме иднина и ништо не може тоа да го наруши.

    Како радост на сево ова, добив понуда да глумам во кратко филмче. Режирањето ќе биде во најобични услови, само ќе чекаме мај. Ништо однапред не очекувам, а ако биде, ќе се радувам.
    Утрово го посветувам на една прекрасна епизода од нашата Љубов со песнава:

    http://www.youtube.com/watch?v=9Z7562nMxSo
    :* и убав викенд имајте!
    Јас мојот ќе го трошам на точак со чадор :rofl:
     
    На 1209, bittersweet, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ми се измасира задникот утрово, по скопскиве улици. Косата аутоматски добива инстант волумен. Од дома до работа, повеќе дупки, него на месечината.

    А тој, тој е како конзерва со риба. Ама од оние, постарите, не модерните. За кои ти треба посебен клуч да ја отвориш. А остри ивици, секако ќе се исечеш. Ама тоа ти е упорност, човечко љубопитство, стрвност. Почна полека да се отвара, се наѕира некое убавко маслиново масло. Се надевам рибата внатре не е скапана!

    Убав ден денеска, нели :) ми се тркала во постела...
     
    На Trendafilka и Gea им се допаѓа ова.
  9. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    конечно дојде денот - квалификации за олипијада на нашите ракометари. Едвај дочекав и ако не успееме со школските да излезиме од часови со нетрпание ќе ја чекам репризата вечер :D
     
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...не ми се верува колку ги испуштив работите од раце, колку се излезе надвор од контрола.Ова не сум јас, ова е некоја друга личност која владее со моето тело и ги контролира моите постапки.Не знам што ми се случува, никогаш не сум била волку неодговорна како сега, никогаш не сум превземала толку многу ризици.Годинава, за прв пат, во мојот живот се почувствував бестрашно, како да се што може да ми се случи не е голема работа, се е небитно.Поради таа неоснована храброст, успеав да оставам се на мојата среќа.Ама, не оди така...Не знам што ќе правам, од сабајлево се прибрав некако, се врати старата јас во мене, ама мислам дека е предоцна.Не знам дали ќе можам денес да издржам... ;( :(
     
  11. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Аууууу какво е убаво чувството да си повторно дома,не мислев дека толку ќе ми недостига домот,таа миризба која што ја има само мојот дом,домчето мое мило после толку многу време лелееееееееееееее скокам од радост дома сум си домааааааааааааааа сакам да викнам и цел свет да ме чуеееееееееееее дека ептен сум радосна
     
    На Hipica, Gea, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ЗА КОГО???
     

    Прикачени фајлови:

    На cigarce, la-chicka, BeYourself и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Многу ми е криво што денес може многу повеќе да си постигне ако си дрзок и некултурен со луѓето, отколку ако си фин и љубезен.

    И времево ми е убаво, сега ќе си го натнам ранчето и ќе одам да шетам, да си ги закалосам чизмите, асален кал не видоа откако ги купив. Тудулу! :*
     
    На ines.h, anabel-a, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ау, глуп школси тајминг. Абе МАКЕДОНИЈА игра, а јас ќе слушам како се размножуваат растенијата. Ма је*бете се. Сите професори ПО РЕД. |( :@
     
    На Glossy-girl и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Како не им е глупо на девојченцава 2ра година средно да се облекуваат така вулгарно за во школо? Мислам надвор од образовната институција како сакаш облакај се ако ти така мислиш дека треба, ама во школо не ми иди молим те по танга онаа апла што се приметува на тесни залепени панталони и што се отцртува, онака фалбаџиски и намерно опната да се гледа, она селското уште што не беше подигната над панталоните. Мислам не е секси, вулгарно е! Па дури и машките што приметија денес и се чудеа на една викаа како може вака да доаѓа во школо бе нели и е глупо од професорите или мисли дека така ќе си ги заработи оценките, и одма и залепија етикета-курва. Нема смисла стварно, во моја генерација се облекуваме далеку попристојно од помаливе во школово. Опрајте се деца! Срам да ви е.
     
    На Izaabella, anabel-a, sadangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.888
    СДК едвај чекам да помине наредната недела :) Да дојде убавиот празник Велигден,да се собереме сите дома на јагнешко,да вапцаме јајца,да јадеме салатка со марулка и јајце :mm: Да се видам со луѓето кои ми фалеа и најбитно од се -да им поделам материјал за да ги почнеме бонбончињата за свадбата :lol:
     
    На Lepaaa, bittersweet, Miss.Ricci и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    ..улица мерена, екипа соберена, проверена, строго хардкор усмерена! :D :rock:
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    8.675
    Дождливо утро и многу свежина во него. Белег и модринка од иглата од анестезијата во едната рака и од земање крв во другата, ама гајле ми е.
    Преживеав. Не се сеќавам на ништо, само кога легнав и кога се разбудив.
    Толку брзо и решив да заборавам на малиот хируршки зафат. Колку сум храбра сама се изненадив. Не кажав никому, само на една пријателка, отидов и се вратив сама.

    Доволно бев стабилна да се вратам дома со автобус. Е таму секогаш ми се подобрува расположението.
    Отстапив место на мајка со немирно детенце. Да, секогаш отстапувам место на мајки што си ги земаат децата од градинка или училиште, пред или после работа, а не на пензионерите кои од едниот до другиот крај на градот менуваат 3-4 автобуси за да си купат зеленчук токму од тој пазар. Или баш таква боја волница од таа продавница.
    Тука немаат ни бесплатни карти па пак се влечат по автобуси со огромни чадори и делат морал.

    И сакам дома. На прозорецот од мојата соба најубаво се слеваат капките дожд... :)
     
    На 1209, bittersweet, maca99 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    ЗА МАКЕДОНИЈА! :inlove: :l: :beer:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да се потстопли времево па да си ги носам новото црвено фустанче.. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.