Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Аман те бре луѓе, не ставајте такви фрикови у форма на вештерки, кловн или било какви кукли што крекаат како удрени у главите |(

    Инаку, воопшто не сум наспана.. Недостаток на енергија, ослабнат имунитет, алергиски реакции на полен, тестови. Ама некако се здобив со енергија да ги пцујам унгарците. :devil:
    Не се разочарувам јас од нашите македончиња затоашто знам дека даваат се од себе.. Нека се здружат сите судии што не хејтаат и нека наместат јас пак ќе ги величам затоашто тие се за мене победници.
    Само се нервирам што ватерполистите никаде и никој не ги спомнува! А треба уште една утакмица да добијат и влегуваат во Олимпијада. За малку не ќе се појавеле да играат затоашто немале пари за карта и владата одвај се смилувала да им овозможи се што им треба. Срамота :)
     
    На Divinebutterfly и starbucks им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ете човек ќе излезе намуртен, изнервиран, лут на цел свет, те нервира сечие присуство дури и сопственото, де ти е жешко, се вариш ко кокошка пошто времето нели е непредвидливо, мрсна ти е косата, и те мрзи да живееш, арно ама ете од која до која спротивност може да ти отиде денот, сега се враќам дома освежена, одморена и смирена. :sun:

    Е бре љубов, животот ми го разубавуваш со твоето присуство! :l:

    http://www.youtube.com/watch?v=X5h02Zme ... re=related
     
    На Hipster и Smilly им се допаѓа ова.
  3. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Конечно избришав се од фб, доста беше. Ми одземаше доста време. Сега уште да го деактивирам и готово. Со фб почнав да станувам како старите баби кои дремат на прозор :rofl: Сега повеке ке шетам, ке уживам во животот, него да седам пред компјутер.
     
    На veronikaveronika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Баш.....
     

    Прикачени фајлови:

    На maca99, srcekrsacka, CaperucitaRoja и 3 други им се допаѓа ова.
  5. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Кога луѓето ни покажуваат дека не нè почитуваат, тоа многу не навредува. Сепак, длабоко во своето срце, ниеден човек не се почитува доволно себеси.
    Жими мајка :D :D :D
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    И дојдоа и такви времиња, кога човек се чувствува поосамен меѓу 100 луѓе, отколку кога си седи сам во соба. :geek: Онака, за ќеиф, за раат и мир. Дефинитивнооо значи, дефинитивно, сакам да се дружам, и сакам луѓе и муабети, ама кога ќе ме мавне некој период на недефинираност.... Сакам само да готвам и да седам сама. Со исклучен телевизор, компјутер, свежо бањата, со тивко радивце во позадина, нескафе и така да си чмаам, да си вегетирам. :D Нит ми се чита, нит филмој, нада, натинг.

    Нешто како вицот со Мујо и Хасо. Седел Мујо на камен, иде Хасо и му вели:
    -Што правиш Мујо, седиш и мислиш?
    и Мујо му вика:
    -Не бе, само седам.

    Е и ја така нешто. :rofl:

    п.с. Многу мразам значи кога ме масираат по телефон. Сега ми ѕвони една типка, и ми вика погоди кој е. И викам не знам кој е. Ајде, ајде, погоди, си ме заборавила. И ти така кисело се смееш, хе хе, аа, знам кој е, :^) еве ја мајка ми... А ти иде да и кажеш: Мори жено, мори оток, мори опрај се, се кланкам со куфери цел ден, НЕ ЗНАМ КОЈ е, не ми е гајле кој е, кажи што имаш да кажеш и ди енд. Бреј. :smoke:
     
    На LilBaby, Strumfeta93, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Тој постои за јас да бидам среќна, а јас постојам за тој да биде најсреќен :l: :hug:

    Ти благодарам Господе што го прати во мојот живот...
     
    На Divinebutterfly, Bright, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Поздрав од Париз, супер си поминуваме, многу е убаво!
     
    На SarahTayMomsen, 1209, MandyLane и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Ненаспана сум, како издрогирана- мислам дека ќе се онесвестам.

    Ама... ГЕНЕТИКА СУМ ПОЛОЖИЛА! фак јеа :rock:
     
    На MandyLane, Waka-waka, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    17.250
    Многу ме натажи ова писмо.


    Моја девојко,
    Сега е ноќ, една Божиќна ноќ. Сите невооружени воини во мојата мала тврдина заспаа. Не се будни ниту брат ти, ниту сестра ти. Дури и мајка ти веќе спие. Додека стигнав до оваа полуосветлена соба, за малку ќе ги разбудев заспаните птички.
    Толку сум далеку од тебе! Но, нека ослепам, ако твојата слика не е секогаш пред моите очи. Твојата фотографија е овде на масата, блиску до моето срце. Но, каде си ти? Таму во бајката наречена Париз, танцуваш на величенствената театарска сцена на Шанзелизе. Го знам тоа многу добро, но ми се чини дека во тишината на ноќта слушам чекори, ги гледам твоите очи што сјаат како ѕвезди во зимското небо. Слушнав дека твојата улога во овој празничен спектакал е Персиската убавица, заробена од Тартар Кан. Биди убава и танцувај! Биди ѕвезда и блескај! Но, ако ентузијазмот и благодарноста од публиката те опива, ако аромата на цвеќињата те зашеметува, седни во некој агол и прочитај го моето писмо, слушај го гласот на твоето срце.
    Јас сум твојот татко, Жералдин!
    Јас сум Чарли, Чарли Чаплин!
    Дали знаеш колку многу ноќи седев до твојот кревет додека беше бебе, раскажувајќи ти приказни за „Заспаната убавица“, „Будниот змеј“…? А кога сонот ќе ми натежнеше на очите, му се смеев и му велев: „Оди си! Јас спијам со мечтите на мојата ќерка!“ Ги видов твоите соништа, Жералдин, ја видов твојата иднина, твојата сегашност. Видов девојка која игра на сцената, самовила која танцува во небото. Слушнав како зборува толпата: „Ја гледате ли оваа девојка? Таа е ќерка на една стара будала. Се сеќавате? Неговото име е Чарли.“ Да, јас сум Чарли! И да, јас сум стара будала!
    Денеска е твојот ред. Танцувај! Јас танцував во големи, искинати панталони, а ти танцуваш во свилено фустанче на принцеза. Танците и звукот на аплаузот понекогаш ќе те вивнат до небото. Летај! Полетај таму! Но, врати се на Земјата! Треба да видиш како живеат обичните луѓе, како живеат уличните танчери, кои танцуваат тресејќи се од студ и од глад. Јас бев како нив, Жералдин! Во текот на ноќите, оние магични ноќи кога паѓаше во сон од моите приказни, јас бев буден. Гледав во твоето лице, го слушав отчукувањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, дали ова маченце, некогаш ќе те познава?“ Ти не ме познаваш, Жералдин. Сум ти раскажал многу приказни во тие ноќи, но мојата приказна – никогаш. Таа е исто така, многу интересна. Зборува за гладен кловн, кој пее и танцува во сиромашните квартови на Лондон, а потоа собира милостиња… Тоа е мојата приказна! Јас сум го вкусил гладот, знам што значи да бидеш без покрив над главата. И повеќе од тоа, сум ја искусил понижувачката болка на кловнот-скитник, кој во неговите гради имаше бурен океан од гордост, болно повредена од оние кои му фрлаа парички. Но, сè уште сум жив, па ајде да го оставиме тоа.
    Подобро да зборуваме за тебе!

    После твоето име, Жералдин, доаѓа моето – Чаплин. Со ова име, повеќе од 40 години сум ги засмејувал луѓето насекаде. Но, јас повеќе плачев, отколку што тие се смееја! Жералдин, во светот во којшто живееш, не постојат само танцување и музика! На полноќ, кога ќе излезеш од огромната сала, можеш да ги заборавиш богатите фанови, но не заборавај да го прашаш таксистот, кој ќе те однесе дома, за неговата сопруга. И ако таа е бремена, а немаат пари за пелени за идното новороденче, стави му малку пари во џебот. И кажав на банката да ги покрие овие трошоци. За сите останати, плаќај исклучиво на сметка. Од време на време користи го метрото или автобус, оди пеш и истражувај го градот. Гледај во луѓето! Погледни ги вдовиците и сирачињата! И барем еднаш кажи си на себе: „Јас сум иста како нив!“ Да, ти си една од нив, моја девојко. Згора на сѐ! Уметноста, пред да му даде крилја на човекот, најпрво му ги крши нозете. И ако некогаш се почувствуваш многу поважно од твојата публика, напушти ја сцената. Качи се на првото такси и посети го соседството во Париз. Јас го познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери исти како тебе, дури и многу подобри, пограциозни и со повеќе гордост од тебе. Заслепувачкиот сјај на твојот театар нема да биде таму. Месечината е нивниот рефлектор. Погледни! Гледај внимателно! Зарем не танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, моја девојко! Секогаш ќе постои некој, кој танцува подобро од тебе, кој игра подобро од тебе! И запамети, во семејството на Чарли никој не бил толку груб и дрзок за да се потсмева со таксист или да се поигрува со просјак седнат покрај Сена.
    Јас ќе умрам, но ти ќе живееш…Сакам никогаш да не дознаеш што значи сиромаштијата! Заедно со ова писмо ти испраќам и еден празен чек, за да можеш да трошиш колку ќе посакаш. Но, кога ќе потрошиш два франци, не заборавај да се потсетиш дека третата монета не е твоја. Таа мора да му припаѓа на некој странец, на кого навистина му е потребна. А него лесно можеш да го најдеш. Треба само да посакаш да ги видиш тие кутри и сиромашни туѓинци, и ќе ги најдеш насекаде.
    Ти зборувам за пари, бидејќи имав можност да ја запознаам нивната ѓаволска моќ. Знаеш дека поминав долго време во циркусот и секогаш бев многу загрижен за акробатите (кои се движеа по тенко јаже). Морам да ти кажам дека луѓето полесно и почесто паѓаат кога стојат цврсто на земја, отколку акробатите од нестабилното јаже. Можеби некоја вечер блесокот на најскапиот дијамант ќе те измами. Во истата вечер тој дијамант ќе биде твоето нестабилно јаже, од кое со сигурност ќе паднеш. Можеби убавото лице на некој принц ќе те измами. Во истиот ден ти ќе бидеш неискусен акробат, а неискусните акробати секогаш паѓаат. Не си го продавај срцето за злато и накит. Зашто најголемиот дијамант е Сонцето. За среќа, тој блеска на лицето на секој човек. И кога ќе дојде времето и ти ќе се вљубиш, сакај со целото свое срце. Ѝ кажав на мајка ти да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта повеќе од мене и затоа е подобро таа да зборува со тебе, за неа.
    Твојата работа е многу комплицирана. Го знам тоа. Твоето тело е покриено само со мало парче свила. Во име на уметноста, на сцената може да се појавиш дури и гол, но оттаму треба да се вратиш не само облечен, туку и почист. Но, никој и ништо на овој свет не заслужува да ги види дури ни ноктите од стапалата на една девојка. Голотијата е болест на нашето време.
    Јас сум стар и моите зборови можеби звучат смешно, но според мене, твоето голо тело би требало да му припаѓа на оној што ќе се вљуби во твојата гола душа. Не плаши се ако твоето убедување на оваа тема е од пред десет години, од времето кое заминува. Не грижи се! Тие десет години нема да те направат постара. Но, како и да е, сакам да бидеш последниот човек, кој ќе стане поданик на островот на голите! Знам дека татковците и децата се во вечна борба! Војувај со моите мисли, моја девојко! Јас не сакам послушни деца.
    Во моите очи нема солзи додека го пишувам ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна вечер, ќе биде ноќ на чудата. Посакувам да се случи чудо и навистина да разбереш сè што сакам да ти кажам.
    Чарли е веќе постар, Жералдин! Порано или подоцна, наместо бела свила на сцената, ќе треба да се облечеш во црно за да дојдеш на мојот гроб. Сега не сакам да те вознемирувам. Само од време на време, погледни во огледалото. Таму ќе ги видиш моите карактеристики. Дури и кога крвта во моите вени ќе се излади, не сакам да го заборавиш твојот татко, Чарли. Јас не сум ангел, но секогаш се стремев да бидам човек. Обиди се и ти.
    Те бакнувам, Жералдин.
    Твојот, Чарли
     
    На SarahTayMomsen, 1209 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  11. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    и така ја среќна си реков ај ќе си стаам бисерно ехотонче на тиквава демек да не бидам жолта и си излегов сива ко рѓосана :D Од плава сега темно сива :D :D оф леле кој ќе ја мие главата паккккккккк...
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да му играм на дечко ми. Жими се.
    Да буткам столчиња со алиштата, да летнат две-три чаши, да направам тотално неизводлив покрет, да се сопнам сама од себе, за да тоа повеќе личи на циркус.... :D
    Тоа секако, е последица затоа што такви генијални идеи ми доаѓаат кога сум фино налеана со бели алкохолни пијалоци. И тоа исклучиво бели, затоа што тие темните не ми влијаат баш најдобро. А од беливе ми доаѓаат сјајни идеи, некои апсурни манијачки помисли, клептомански желбички, абе милина невидена. Баш како што сакам.

    Има денови кога многу ми е интресен животот, без никаква причина. Денес не е таков ден.
    Нервоза за ситници е страшна работа.
    Soske nervoza - dikele romantika! Така треба.
     
    На 1209, LilBaby, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК кога бараш нешто, не наоѓаш, а кога не бараш, тогаш наоѓаш, е ај сеа |( која иронија |( :D :wasntme:

    Понекогаш имам премногу енергија, некогаш ми се чини дека може и да не спијам комотно :D како струја без гајтан сум :rofl: :dance: :dance:
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    252.696
    Наместо Владата што фрли толку пари за да ги однесе навивачите во Шведска, па им плати и сместување и јадење, добро ќе беше тие пари да ги донира на оние кои во моментот им се најпотребни.
    Луѓе, и тоа многу, деца, млади, се мачат да соберат пари за трансплатација, за лекување, а Владата мува не ја лази, шири „патриотизам“.
    Битно, како да не! Кој ќе пее Едно име имаме. Болното дете сигурно не. Добра политика.
    И се чудам како има некој кој се воодушевува на ова :x .
    Срамота!
    Не дека имам нешто против навивачите и ракометот. И јас навивам, и јас си ја сакам државата и репрезентацијата, ама ете во моментот сметам дека има повредни работи од тоа да идеш и да пееш од трибини. На пример, на едно дете да му се овзможат средства за може да му се изврши соодветната трансплатација која ќе му го спаси животот. Или на некому да му се обезбедат минамални услови за живот, да не спие на улица.
    Повредно е нели?!
     
    На maca99 и Juicy03 им се допаѓа ова.
  15. sweetypie

    sweetypie Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    13
    СДК дека моментално сум мноооогу тажна,се чуствувам осамено :(
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.298
    Допаѓања:
    158.183
    Од толку вербално какање за наводниот нов закон за веш,вешот остана чист,ама устите... Аман,доста више!После цела недела уште твитате и уште статуси на фб,па за светската економска криза не прочитав толку статии и коментари у ЊЈТ и ФТ. Сите пачавричиња излегоа на површина. Само на такви им е ваква ниска ствар интересна за спрдашење. Моја гаќа и онака не се суши у прв ред,ниту пак на тераса која гледа кон целото соседство. Бооооооо! Проста,значи ПРОСТА раја!
    Несуптилноста и глупоќата увек ни биле јака страна. Само у Русија се протестира на прав начин. Се молат сите засегнати,млади моми утре во знак на револт да протестираат голи пред Влада. Молим лепо!

    И да,убаво е да си сакан! Денес го чувствувам тоа.
     
    На mims-89, JuLleE и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Почнува католичкиот велигден, се е украсено,дечиња насекаде со нацртани лициња и чоколадни зајачиња в рака. Денес бев низ град со мајка ми, си купив некои ситници, си прошетавме разгледавме што има низ бутиците, се смеевме си разговаравме. Си ја сакам многу, супер ми е, најдобро ме разбира и најмногу ме поддржува од сите.
    Потоа, додека миневме низ дуќанот во маало, се сетив на последниот пат кога бев таму со него и ме фати носталгија,го нема веќе, сега многу поретко ќе се гледаме. Може му фалам, а можеби и не ни помислува на мене... Не знам, ама јас мислам дека и тој не е рамнодушен само, во многу чудни околности сме и едноставно тешко е да се пушти првиот чекор.
    Неговиот најдобар другар е заљубен во мене, мојата другарка во него. :^)
    Оставам се да тече онака..ама се надевам дека се ќе се среди. Се надевам дека му фалам и дека ќе дојде деновиве дома. Тажна сум малку, признавам.
    Вечерва излегувам да се забавувам, не допираат до мене отровните стрели на друкарками, ничии.. Се што е мое ќе си дојде само кај мене. А таа, таа може да продолжи да зеленее од завист и да крои злобни планови, да прави глупи анализи..нејзино е.
    Мене ми останува да бидам јас, да љубам тивко и да чекам.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Султанот Сулејман само што ја праша Валиде-
    Што сакаш да ми кажеш ?? :D
    Епа еве јас ќе и одговорам.Хурем не е робинка повеќе. :lol: Абе смешки..
     
  19. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Ова турскиве серии стануваат опасни по здравје |( не мислев дека дотаму ќе оди работата
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Утрото не сакаше да ми предвиди колку ќе ме израдува срамежливото сонценце од попладнево.
    Прекрасен ден! Прегратки, галенки, их! :inlove:

    Гребаниците од стаклото на автобусот бесрамно се пикаа во столбовите на уличните светилки, а тие округли месечини поставени на дофат, без да им се најде ликот во обликот се повеќе и повеќе наликуваат на онаа што ме чека пред мојата порта.

    Колку е убаво да си дома. Колку е убаво да си сакан. Колку е убав животот. Колку сум среќна. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.